безвременски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 11 May 2021 10:25:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png безвременски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Балетанките се тренд број 1 оваа сезона: Еве како да ги носите овие безвременски чевли https://arhiva.vistina.com.mk/baletankite-se-trend-broj-1-ovaa-sezona-eve-kako-da-gi-nosite-ovie-bezvremenski-chevli/ Tue, 11 May 2021 12:40:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202069

Иако претходните неколку години балетанките не беа моден избор број 1, оваа година се апсолутен хит! Тие се вратија на модната сцена во голем стил, а овие безвременски чевли лесно ќе ги вклопите во сите стајлинзи. Имаат класичен дизајн, па слободно извадете ги од плакарот балетанките кои долго не сте ги носеле бидејќи нема да погрешите ако ги одберете за прошетка низ град или за на работа. Тие се совршен избор за фармерки со должина до глуждовите, кратки панталони, но и лелеави миди фустани. Балетанките отсекогаш биле синоним за Французинките, жените со најдобар стил, како што често се нарекуваат. Уште од времето на Брижит Бардо, балетанките излегоа од балетските студија на улиците и ги освоија срцата на многу жени. Прекрасната Брижит ги носеше во филмот „Juliette“ кој ја направи ѕвезда на големиот екран, но и во хитот од 1956 година – „Et Dieu… créa la femme“, како и на премиерите на филмовите. Оттогаш балетанките се синоним за лежерна елеганција, а ги обожуваше и холивудската икона Одри Хепберн која ги носеше буквално со сè. Денес тие се достапни во сите бои, дезени и материјали, но предмет на желба се само едни: оние на „Chanel“ кои се појавија во продажба во далечната 1984 година. Во продолжение погледнете неколку идеи како да ги носите балетанките оваа пролет и лето:
извор:кармин/точка.ком.мк]]>