безусловна љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Dec 2022 09:01:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png безусловна љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сања Маринковиќ долго го криеше нејзиниот емотивен статус, а сега е целосно маѓепсана од новото момче (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-marinkovikj-dolgo-go-krieshe-nejziniot-emotiven-status-a-sega-e-celosno-magjepsana-od-novoto-momche-foto/ Thu, 15 Dec 2022 09:01:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280134

Познатата водителка Сања Маринковиќ со години избегнува јавно да зборува за приватниот живот, па ретко се случува нешто да излезе надвор од четирите ѕида. Дури и кога беше во брак, избегнуваше да зборува за љубовта. Во нејзините емисии често можеше да се дознае нешто, а тоа е дека Сања никогаш не криела дека сака принц на бел коњ, кој ќе ја сака со или без шминка, кој ќе може да го цени нејзиниот успех и со се да се справи но и да  биде нејзината најголема поддршка со безусловна љубов. Откако реши да се раздели со Александар Ухрин, српската водителка долго време беше сингл, барем за јавноста, но изгледа тоа во последно време се промени. Новото момче на Сање Маринковиќ сосема случајно се најде во центарот на разговорот меѓу неа и нејзините гости во емисијата „Магазин ИН“, па така пошироката јавност доби информација дека таа повеќе не е соло. Сосема неочекувано во текот на разговорот за врските и партнерите, колегата на Сања, Милан Милошевиќ,го споменал нејзиниот избраник, по што водителката поцрвенела и признала. - Убеден сум дека имаш дечко, блескаш! Тоа ви го кажав и лани и бев во право - изјави водителот, а Сања не негираше. Сè уште не е откриено кое е новото момче на Сање Маринковиќ и како изгледа, но фактот дека тој постои е доволно интересен за публиката која секоја сабота ја гледа водителката додека разговара на љубовни теми и разговара со гостите како да разговараат., како да го освојат, кој е рецептот за хармонија и слично. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб]]>

Што е безусловна љубов? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-e-bezuslovna-ljubov/ Mon, 23 May 2022 13:15:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251703

Секој од нас посакува вистинска љубов во животот, но дали знаеме што претставува љубовта? Безусловната љубов е многу поразлична од љубовта што сме навикнати да ја примаме, па така повеќето од нас не знаат што таа навистина претставува. Всушност, концептот на љубовта во денешно време повеќе се сведува на различни форми на занес, страст, наклонетост или егоистичка потреба. Реалноста е дека вистинската љубов е толку ретка и скапоцена. Моментот кога ќе искусите вистинска, безусловна љубов е моментот кога ќе почувствувате дека другата личност ве разбира, ве прифаќа и што е најважно од сè, ве сака онакви какви што сте. Еве на кои начини можете да покажете безусловна љубов кон себе, но и кон другите: 1. Не отфрлајте ги емоциите кои не ви се допаѓаат туку научете да ги прифаќате Уште од детството сте научени да ги избегнувате и потиснувате „негативните“ емоции по секоја цена. Сепак, ова е знак дека не сте во состојба да се прифатите себеси и она што сте. Затоа, прифатете ги вашите чувства, наместо да се борите да ги запрете емоциите или да се преправате дека сè е во ред. Почитувајте ги вашите чувства такви какви што се, заедно со нивните пораки. 2. Воспоставете врска со вашето тело Како се чувствува вашето тело додека ги искусувате негативните емоции? Дали сте болни, уморни, нервозни или напнати? Внимателно набљудувајте го телото без да носите заклучок однапред. Дишете длабоко и обидете се да се опуштите. Тоа ќе ви помогне и да дојдете до подлабоките нивоа на внатрешниот мир. 3. Прифатете ги вашите негативни мисли и навики Запомнете дека овие мисли и навики не ве дефинираат и затоа не мора да се идентификувате со нив. Прифатете ги негативните мисли, па дури и тенденцијата да се мразите себеси или другите. Дури и чувството на одвратност кон себе е начин на практикување безусловна љубов. 4. Запрашајте се дали го условувате на некој начин односот кон другите Бидете искрени. Дали нечие однесување или верување е главната причина поради која не можете да ја изразите љубовта? Во ред е во одреден момент да почувствувате лутина и тага кон друга личност, но искажувањето љубов е сосема друга приказна. Што можете да направите за да го отворите своето срце пред друга личност или група луѓе во вашиот живот? 5. Простете им на другите, но и себеси Простувањето е вистински чин на самоослободување. Преку простувањето, вие се ослободувате од товарот на огорченоста од вашето срце. Размислете за сите незадоволства кои ги доживувате во моментот. 6. Сакајте се себеси, но сакајте ги и другите Безусловната љубов значи прифаќање на своите, но и туѓите убави и грди карактеристики. Запомнете дека никој не е совршен, ниту пак некој ја има таа способност да постане совршен, затоа што животот е постојан процес на растење и учење. Откако прочитавте што претставува безусловната љубов, можеби ќе сакате да прочитате и 6 цитати за безусловната љубов кои целосно ќе ви го променат животот. Извор: themindsjournal.com/кафепауза.мк]]>

Трите најголеми митови за безусловната љубов https://arhiva.vistina.com.mk/trite-najgolemi-mitovi-za-bezuslovnata-ljubov/ Fri, 03 Jan 2020 12:30:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127319

Крајно време е да престанете да верувате во митовите поврзани со љубовта и да ги прилагодите вашите очекувања според реалноста! Кога гледаат филмови и серии во кои има совршен пар, повеќето луѓе имаат нереални очекувања за љубовта и врските. Врз основа на ова, се формираат некои заблуди, кои може да го уништат вашиот љубовен живот – па затоа е подобро што побрзо да престанете да верувате во овие митови. Мит број 1: Ако се сакате еден со друг безусловно, врската не треба да биде оптоварување Љубовта е процес и обајцата треба да работите на одржување на врската за таа да биде успешна и среќна. Значи, колку и да се сакате себеси, важно е да се трудите во врската – инаку љубовта нема да опстане. Замислете ја љубовта како убаво цвеќе што ќе овене ако не го наводните… За да ја одржувате вашата врска, добро е да научите некои комуникациски вештини кои ќе ви помогнат да имате отворена и чесна комуникација со партнерот што е и основа за развој на меѓусебната доверба. Мит број 2: Ако некој друг сексуално ве привлекува не се сакате меѓусебно Ако ви се случи да бидете сексуално привлечени од некој што не е вашиот партнер, веројатно се плашите дека повеќе нема љубов меѓу вас и дека сè е изгубено. Како и да е, треба да знаете дека доколку некој друг ве привлекува, но ништо не се случи помеѓу вас, тоа не е фактор што ја дефинира вашата врска со партнерот. Вашето однесување е критериум во врската, а не одредена краткотрајна привлечност. Мит број 3: Ако тој навистина ме сака, ќе се потруди да ме направи среќен/на Наместо да посакувате вашиот партнер да се откаже од сè за да ве направи среќни, одвојте време да се слушате еден со друг во врска со чувствата и грижите. Меѓусебното сослушување и можноста да си ги искажете потребите е многу поголем показател за успехот во вашата врска отколку „симнувањето ѕвезди од небото“ како што гледаме во филмовите. Имајте на ум дека намерата е важна, дури и ако вашиот партнер понекогаш не успева да ги исполни вашите очекувања. Вистинската љубов постои и навистина можете да уживате во среќна и здрава врска ако ги прилагодите очекувањата кон реалноста – размислете за тоа што е можно поскоро. извор:кафепауза.мк]]>