бездомно лица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Sep 2021 08:18:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бездомно лица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо и Андреј од ДНК понудија лекување на бездомно лице: Естрадните уметници повторно покажаа дека се многу повеќе од забавувачи, додека власта и системот одново потврдија колку се „трули и распаднати“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-i-andrej-od-dnk-ponudija-lekuvanje-na-bezdomno-lice-estradnite-umetnici-povtorno-pokazaa-deka-se-mnogu-povekje-od-zabavuvachi-dodeka-vlasta-i-sistemot-odnovo-potvrdija-kolku-se-truli-i-raspadna/ Thu, 23 Sep 2021 08:18:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220277

Македонија - земја на многу работи, најмногу на апсурди! Повеќе има грижа за домашните миленици и кучињата скитници, отколку за луѓето... Особено ако се работи за некој кој е на улица, без дом,  приходи, никој свој, напуштен, сам, гладен и болен со длабоко нарушено здравје... Едноставно бездомник во тешка материјална и здравствена состојба. Токму едно такво лице, легнато на афалтот крај жичената ограда, во полубесознание, со очигледно нарушено здравје и животнозагрозувачки функции, оставено само да умира среде центарот на Скопје. Без никој да му пријде, погледне, помогне, пружи соодветна нега и помош... Тажно јадно и бедно, нехумано, нечовечки... Очајна слика на „распадот на системот“ во кој се изгубени сите човечки, етички и морални вредности, во кој човечкиот живот вреди помалку од кучешкиот. И додека институциите на „системот во распаѓање“  никаде ги нема, за подоцна веројатно како по обичај во медиумите да почнат да си ја префрлат топката, чија надлежност и одговорност била човекот да се згрижи и да му се помогнем, естрадата уште еднаш прва посегна да помогне. Панчо и Андреј од ар-ен-би дуото „ДНК“ уште еднаш покажаа дека се многу повеќе од „само забавувачи“  туку пред се' хумани луѓе, подготвени секогаш кога треба да помогнат. И додека  додека власта и системот одново потврдија колку се „трули и распаднати“  двајцата естрадни уметници понудија помош во лекување на напуштеното и оставено во лоша здравствена состојба  бездомното лице. Панчо јавно се огласи на својот Фејсбук профил опишувајќи ја ситуацијата, нудејќи ја својата и помошта на неговиот музички ортак за лекување на нивна сметка на човекот, но и прозивајќи ги власта и институциите  на државата кои се толку инертни, што додека реагираат може да биде доцна, зашто лицето е речиси на работ. Потоа премиерот како по навика, веројатно одново  ќе тврди дека „прозивките за оставки“ се... баналност?!   Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/djshortypofficial/Vladimir Blazev  
]]>