безброј сни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 16 Sep 2020 10:59:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png безброј сни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Еден бакнеж“ – пејач(к)и рој: Теа во чест на Нина… и безброј сни за сите нас! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eden-baknez-pejach-k-i-roj-tea-vo-chest-na-nina-i-bezbroj-sni-za-site-nas-video/ Wed, 16 Sep 2020 08:30:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167095

Неодамна замина и таа, легендата на македонската староградска и забавна песна, единствената Нина Спирова. Испеа безброј староградски песни и новосоздадени шлагери, а нејзината интерпретација го остави можеби најсилниот љубовен печат на сите времиња, во историјата на македонската забавна музика. Таа  ќе остане запаметена по своите евергрини и нејзината специфична изведба, која можеби е највпечатлива во вечната тема, безвременскиот македонски шлагерски бисер, „Еден бакнеж“. И токму тој, нејзиниот „музички бакнеж“ имаа „желби рој и безброј сни“ одново да го препеат и испеат голем број пејачи кои доаѓаа на сцената по неа, но никој не успеа како неповторливата Нина. Нина замина во вечноста, но нејзиното име и дело останаа во аналите на македонската музичка историја, нејзините изведби во сеќавањата на публиката, а нејзините песни запишани во вид на аудио и видео записи, како аманет за навека на идните поколенија, од кои се раѓаат новите генерации македонски музички ѕвезди. Во чест и сеќавање на Нина Спирова, младата македонска пејачка Теа Трајковска сподели на својот инстаграм сопствена изведба на вечниот евергрин „Еден бакнеж“.  Песна која симболично години подоцна беше една од насловните нумери во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, чие пак име “Сенки“, исто така го носи и неодамна објавената најнова песна на младата пејачка. Со спојот на таа симболика во чест на големата Нина, Теа сама зад пијаното ја пее безвременската „Еден бакнеж“. Сигурно не за да докаже дека и таа умее и знае, туку за да покаже дека сопствените вредности треба  да умееме навреме да ги препознеме,  никогаш не треба да престанеме да си ги цениме и почитуваме и вечно да ги чуваме. Само така и останатиот свет и нас ќе не почитува!  „Еден бакнеж“ од Теа за последно збогум на Нина и безброј сни... за сите нас!
 
View this post on Instagram
 
Tribute to Nina Spirova ♥️ #MkMuzika

A post shared by THEA (@theatrajkovska) on

]]>