без збор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 16 Feb 2022 12:34:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png без збор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шест начини на кои мажите велат те сакам без да кажат ниту збор https://arhiva.vistina.com.mk/shest-nachini-na-koi-mazite-velat-te-sakam-bez-da-kazat-nitu-zbor/ Wed, 16 Feb 2022 13:30:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239349

Не се сите мажи исти кога станува збор за искажување чувства. На некои им е тешко да ги изразат своите емоции. Како тогаш да знаете дали вашиот партнер ве сака, дури и ако никогаш не ви го каже тоа. Прочитајте ги невербалните знаци што ви ги испраќа. Неговите бакнежи се долги и страсни Кој не сака долг бакнеж? Кога тој е оној кој иницира вакви бакнежи и се чувствува страста секогаш кога ќе го направи тоа, јасно е дека е многу возбуден кога е во ваша близина. Сака да ви биде во близина Знаете колку е досадно кога ви се приближува некој што не ве интересира? Сосема спротивно е кога некој што го сакате има тенденција да биде поблиску до вас од другите луѓе. Се смешка откако ќе ве бакне Секако, можете малку да се насмеете откако ќе се бакнете со некого во чие друштво уживате, но дали некогаш се чувствувате како да блескате од среќа откако ќе ве бакне некој што го сакате? Ако го фатите со широка насмевка од уво до уво после бакнежот, тоа е јасен сигнал дека е пресреќен што е со вас. Внимателно ве слуша Иако можеби нема да зборува многу кога станува збор за вашата врска и неговите чувства, фактот дека внимателно слуша кога зборувате е неверојатно важен. Може да се навали поблиску кога разговарате за важни теми или да кимнува кога ќе кажете нешто трогателно, покажувајќи колку му значат вашите зборови. Се јавува или праќа пораки без причина Не сите луѓе го прават ова кога се заљубени, па не го сфаќајте тоа лично ако вашиот партнер не го прави. Сепак, тоа е знак дека се чувствува удобно со вас во неромантичните ситуации и дека мисли на вас во текот на денот. Спонтано ве допира Кога сте на јавно место, дали ви ја става раката на грб кога стоите еден до друг? Или ве фаќа за рака пред да влезете во толпата за да не се изгубите? Со допирањето покажува дека сака да одржува физички контакт, дури и кога не е сексуален. извор: попара.мк]]>

Најголеми кукавици се луѓето кои си заминуваат без збор https://arhiva.vistina.com.mk/najgolemi-kukavici-se-lugjeto-koi-si-zaminuvaat-bez-zbor/ Tue, 23 Apr 2019 13:35:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84620

„Здраво“ и „Чао“ се меѓу првите зборови кои ги учиме и луѓето секогаш запомнуваат да ти кажат „Здраво“ кога влегуваат во твојот живот, но некако сѐ почесто забораваат да кажат „Чао“. Дали знаете што се случува кога некој ќе си замине од твојот живот без да се поздрави? Ако некогаш ви се случило ова, сигурно го знаете чувството. Кога некој едноставно ќе исчезне од вашиот живот, тоа дефинитивно те крши. Заминувањето и не е толку болно колку сознанието дека некој не сака да биде со тебе и дека воопшто не се грижи ни да ти каже во што е проблемот. И потоа те остава само така за ти да си ја лупаш главата и да се преиспитуваш околу тоа што си згрешила. Кога ќе влезат во твојот живот, луѓето се многу фини и имаш чувство дека засекогаш ќе останат во твојот живот. И тогаш, одеднаш, си заминуваат без збор. Исчезнуваат. Како најголеми кукавици. Луѓето кои исчезнуваат без збор се најголемите кукавици на светот. Кога ќе се случи ова, не може, а да не се запрашаш каде си згрешила? И не само тоа, кога некој ќе исчезне, дури и кога си свесна дека нема да се појави, сепак некако се надеваш дека ќе добиеш некаков вид објаснување, дека некако ќе ги расчистите и разјасните работите за да можеш мирно да ставиш точка. Тоа речиси никогаш не се случува, а ти остануваш со милион прашалници над главата, без да имаш можност да добиеш одговори. Најчесто таа надеж прави да си велиме: „А што ако се врати?“ И, што ако се врати? Оваа приказна завршила одамна, без оглед на тоа дали си добила збогум или не. За него тоа е завршена приказна, но ти самата си ја развлекуваш болката и не си даваш шанса да продолжиш понатаму. Да, тоа што се случило е грдо и боли и те оставило полна со несигурности и дефинитивно не си заслужила таков крај, но не можеш да го промениш тоа. Ако имал храброст да ти каже „Здраво“, требало да има храброст да ти каже и „Чао“. Храброста не е да скокнеш од карпа, храброст е кога ќе ја погледнеш личноста која некогаш си ја сакал и отворено ќе ги соопштиш твоите чувства. Храброст е да кажеш дека си заминуваш и да објасниш зошто е тоа така. Не праќаш мешани сигнали, нема оставање пораки кои поттикнуваат „Што ако“ муабети и дополнителна лажна надеж. Собираш храброст, се збогуваш и ставаш пристојна точка на приказната. Сѐ друго е кукавичлук. Кога некој е кукавица, кога си заминува без збор, бидете поголема личност. Наместо да се плашите да продолжите понатаму и вие да се нервирате, самите ставете ја точката. Наместо да чекате, прифатете дека е готово. Бидете храбри и немојте повеќе да ги чекате. Тоа е најдобрата одмазда и најдобрата работа која можете да ја направите за самите себе. извор: Курир.мк]]>