без скокање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Jan 2021 07:27:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png без скокање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Богојавление – Водици: Годинава без вековната традиција – скокање по крстот https://arhiva.vistina.com.mk/bogojavlenie-vodici-godinava-bez-vekovnata-tradicija-skokanje-po-krstot/ Tue, 19 Jan 2021 07:27:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185740

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Верниците сведочат за чудото што секоја година се случува во реката Јордан, а тоа е што по фрлањето на крстот и освестувањето на водата, реката почнува да тече во спротивен правец. Но годинава ќе го нема традиционалното фрлање на крст. Поради корона кризата, наложно е Водици да помине без вековната традиција.]]>