без маска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Aug 2022 12:30:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png без маска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Јосифовски – ѕвездата на „Гранд“ за приватниот живот и борбата со зависноста: „Пет месеци не сум се напил капка алкохол“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-josifovski-dzvezdata-na-grand-za-privatniot-zivot-i-borbata-so-zavisnosta-pet-meseci-ne-sum-se-napil-kapka-alkohol-foto/ Tue, 02 Aug 2022 08:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257763

Александар Јосифовски последниве две години е еден од милениците во „Ѕвездите на Гранд“. Музичарот од Охрид со своето пеење ја освои публиката и заврши втор во шоуто. Неговиот ментор Ѓорѓе Давид во полуфиналето понесен од емоции се расплака и јавно кажа дека Александар со години бил алкохоличар кој се бори со зависноста. „Ѓорѓе полудуваше со мене, имаше навистина голема мака. Ме прими како свое дете, па работевме многу заедно. И мило ми е што спомна јавно тоа за проблемите алкохолот. Тој многу ми помогна во мојата борба“, искрен е пејачот и вели дека не му се лути што ја раскажа неговата приказна. Тие и приватно се многу блиски. Ѓорѓе наскоро ќе оди во Охрид и веќе побарал баба му на Александар да му направи ѓомлезе, познатиот охридски рецепт. Јосифовски ни откри дека не пие веќе пет месеци и е среќен што на време сфатил дека има проблем со алкохолот. „На почетокот ми беше тешко. Моите беа изненадени, не веруваа дека сум решен да престанам да пијам, ама имаа голема надеж дека ќе истраам. За секоја ваква одлука треба храброст. Мора да постои поддршка и од страна, ама ако твоите не ти помогнат, нема кој. Лекови не пијам и не ми требаше голема професионална помош. Ја водам својата борба, а и заради сè што ми се случува, ете и натпреварувањето со 'Гранд' што ме држеше фокусиран, тоа многу ми помогна", раскажува тој со многу емоции. Ни откри дека е разочаран што не победи во „Гранд“, но тоа што доби 87.000 гласови, му покажало колкава поддршка има од публиката. „Со самото тоа што седнав на последните две столчиња за мене беше еднакво на победа. Ми затрепери срцето, не ми се веруваше дека толку многу луѓе гласале за мене“, искрен е Александар за „Репортер“. Со иста страст зборува и за музиката и за риболовот. Малкумина знаат дека обожава да лови риби и тоа го наследил од татко му, кој живее во Австралија. Кога е таму, секогаш заедно одат по риба. „Сме биле и во лов на ајкули, а најголемата риба што сум ја уловил имала околу 12 килограми“, ни кажа тој. Тука се и муабетите за сопругата, но и за детството во Охрид. Разговаравме и со мајка му Елизабета, која ни откри дека бил дебел ко мал и многу сакал да јаде грав. Обожавал да игра и фудбал и не сакал да се прибере дома додека не даде 20 гола. Каква музика слушале дома , оти мајка му пее фолк, а тој сака рок, какви се Цеца и Карлеуша приватно и како го пречекаа во Босна веднаш по финалето на Гранд, гледајте го интервјуто. ]]>

Елена Стефановска: „Два дена пред свадбата моравме да најдеме нова локација“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-stefanovska-dva-dena-pred-svadbata-moravme-da-najdeme-nova-lokacija-video/ Fri, 22 Jul 2022 06:09:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259802

Водителката Елена Стефановска, по речиси четири години врска, се омажи за Бојан Најдоски. Иако си го смени презимето, вели дека и понатаму останува Елена живот со стил, по емисијата што ја прави веќе единаесет години и по која е препознатлива. Од свадбата на Елена и Бојан поминаа две недели. Во пет до дванаесет морале да ја сменат локацијата на венчавката, но Елена признава дека и покрај целиот стрес претходно, ништо не би менувала и дека тоа ѝ е најубавиот ден во животот. „Неколку дена пред свадбата сфативме дека ќе врне и дека нема да може да се венчаме на отворено. За 48 часа најдовме нова локација. И моравме да откажеме сè, да смениме декорации и да најдеме нова идеја како ќе изгледа ентериерот. Наместо ѕвездено небо и прв танц на свеќи под ѕвездите, имавме прскалки и облаци од пареа, ама беше романтично, во стилот на Италија, како што си замислувавме. Ама ако сега ме прашаш дали би правела свадба на отворено и би сменила нешто, ќе ти кажам не, вака беше совршено“, вели Елена за „Репортер“. Додека разговаравме во семејниот дом, Елена ни ја раскажа љубовната приказна со Бојан. Се запознале преку заедничка пријателка во италијански ресторан во Скопје. Тој не сака да се појавува во јавноста, но се гордее со Елена и нејзините успеси. Бидејќи и двајцата се романтичари, кои сакаат да патуваат, а ја обожаваат Италија, решиле првиот свадбен танц да им биде на песната Love in Portofino од Андреа Бочели. На свадбата им пееше и српскиот пејач Никола Роквиќ, кој сними видеопорака за „Репортер“ и раскажа за познанството со водителката и нејзиниот сопруг. Со Елена зборувавме и за стилот, ритуалите за убавина и колку ја плаши стареењето, а и како се снаоѓа во кујната, но и за тоа колку се разликува приватно од она што го гледа јавноста на „Инстаграм“ и дали во текот на годините ѝ ставале сопки во кариерата. „Повеќе од 15 години работам напорно да стигнам до овде кај што сум денес. Никој ништо не ми дал на тацна. Поради кариерата, сум пропуштила многу родендени, свадби на пријателите. Сега е време да се смирам и да уживам“, искрена е таа. За идеалната венчаница што ја нашла во Солун, а не во Милано, колку ѝ било стресно за два дена да организира нова свадба, за романтичното барање на раката во Москва за Нова година, но и блискоста со сестра ѝ, која живее во Хрватска, и времето кога работеше како радиоводител.... Гледајте го интервјуто. ]]>

Сатја Грабулоски – дизајнер: „Требаше да му направам патики на Коби Брајант, но дента кога стигнав во Лос Анџелес тој загина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/satja-grabuloski-dizajner-trebashe-da-mu-napravam-patiki-na-kobi-brajant-no-denta-koga-stignav-vo-los-andzeles-toj-zagina-video/ Fri, 15 Jul 2022 06:14:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258770

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски веќе седум години црта патики за големите светски ѕвезди.  Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Мајли Сајрус, Дуа Липа и Тиесто... или нашите Горан Пандев, Елиф Елмас,  се само дел од околу тристате ѕвезди кои имаат патики со негов потпис.
Тој и неговиот тим рачно ги изработуваат уникатните дизајни, а некогаш им требаат и преку 200 часа за еден чифт патики. Сепак, Сатја никогаш не си ја исполни желбата да дизајнира за Коби Брајант, иако било договорено и тој да добие пар патики. „Бев во САД и требаше да имам состанок со Л.А Лејкерс околу деталите на нашата соработка. Но, дента кога стигнав во Лос Анџелес се случи хеликоптерската несреќа во која загина Коби. Кога слетав, уште на аеродромот гледав фанови во негови дресови и на почетокот не знаев што се случува. Дури потоа ми кажаа дека Брајант загинал, а патиките за коишто имавме и готова скица, никогаш не ги направив“- раскажа Грабулоски за „Репортер“. Денеска соработува со најголемите ѕвезди и лесно стига до нив преку контактите и пријателствата што ги создал низ годините. Уште во средно школо почнал со маркер за платно да чкрта по своите патики. И денес првиот пар го чува во неговото студио. Така и почнал со оваа работа за ден денес да стане светска приказна. „Изгледа неверојатно дете од Скопје да стигне до некои имиња. Но, уште на почетокот си реков дека нема да се оптоварувам со имиња и сите ќе ги третирам исто. Ама, не е секогаш сеедно и раката знае да ми се затресе од возбуда. Тоа ми се случи кога ги цртав патиките на Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на светот“- рече Сатја и ни ги покажа патиките кои се веќе готови и кои наскоро треба да ги испрати кај славниот кошаркар. Јавноста го познава како дизајнер, но малкумина знаат дека дедо му Јордан Грабул го дизајнираше Македониумот во Крушево, а баба му го изработи ентериерот. И мајка му Лира е наградуван уметник, познат костимограф и уметнички педагог,  па искрен е кога вели дека семејното име понекогаш му создава притисок. Но горд е на фамилијата и се надева дека еден ден и тој ќе стигне до нивното ниво. „Не се сеќавам кога последен пат сум бил во Македониумот, најверојатно затоа што последниот пат кога бев таму, внатре имаше некоја училишна клупа на која се продаваа сувенири, што според мене е навреда за авторството. Пред неколку години во Њујорк се организираше изложба на југословенската архитектура, а меѓу дизајните што беа изложени, беше и Македониумот. Беше убаво да го видам вниманието што го добива работата на дедо ми и ми беше чест да бидам таму, ама и поттик да продолжам и јас напред“, вели Сатја.  
Низ разговорот ни откри и дека само 10% од она што го работат се објавува во јавноста, па еден ден сака да направи изложба што ќе ја прошета Европа. Тука се и муабетите за семејното наследство , но и колку често се расправа со мајка му за работата, оти од неодамна и таа е дел од неговото студио SWithaDot. Како се прават патиките, како ракометарката Андреа Лекиќ му дала ветер во грб во кариерата и со кои светски ѕвезди од соработник станал пријател...   Гледајте го интервјуто.
]]>

20 години „ДНК“: “И денес сме исти како на почетокот, ама тоа нѐ одржа во живот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/20-godini-dnk-i-denes-sme-isti-kako-na-pochetokot-ama-toa-n-odrza-vo-zivot-video/ Mon, 04 Jul 2022 08:54:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256828

 Македонското ар ен би дуо ДНК оваа година слават 20 години јубилеј. Андреј Ѓоргиески и Владимир Блажев - Панчо неодамна ја почнаа турнејата со настапи низ Македонија, а јубилејот ќе го завршат на есен, со промоција на нов албум и голем концерт во Скопје.
Пред да станат ДНК, двајцата членуваа во други бендови. Андреј беше во ТНТ, а Панчо во ОК. Но кога нивните бендови се распаднаа, велат, решиле да пробаат нешто заедно. Немале очекувања и мислеле дека ќе траат само неколку години. „Не верувавме дека ќе дојдеме до дваеска“, ни кажаа во разговорот. Андреј за себе вели дека е смирен, а Панчо е бунтовникот кој секогаш гласно кажува што мисли. „Слични сме карактерно, ама и различни и најверојатно тоа нè држи заедно сите овие години. Андреј многу пати го јадел заради мене, ама знае дека работите не ги правам за внимание и собирање поени“, вели Панчо во муабетот за „Репортер“. Дури и кога се сликаат со луѓето за кои  донираат, тоа го прават за да поттикнат и други да се вклучат во иницијативата, велат тие, не за да се фалат што направиле. Забавни, секој на свој начин, Панчо и Андреј ни раскажаа интересни приватни приказни. Панчо ни кажа дека на снимањето на новиот спот првпат пробал свинско. Тука се муабетите и за Перо Антиќ, со кого се родени на ист ден, па Панчо вели дека му зел 10 сантиметри од висината, но и за МЗТ, другарството со Елиф Елмас и тетоважите. Ни откри и дека е колекционер на патики, па има преку 140 пара.   „Најскапите ми се Џорданки и ги платив околу 480 долари. Јас си ги лечам фрустрациите на тој начин, пошто како дете сум немал и мајка ми не можела да си дозволи повеќе од еден два пара да ми купи, па сега синовите секогаш имаат врв патики“, искрен е Панчо. Андреј, пак, со многу љубов зборува за ќерката Јана за која вели дека му пополнила празнина што и не знаел дека ја има. „Кога ќе погледнам во огледало, не се гледам само себе, туку ја гледам и неа. И знаеш, да не беше сопругата Наталија, мислам дека можеби и ќе останев сам во ова префригано време. Таа ме освои со природноста, нормалноста, скромноста“, ни раскажа тој низ емоции. Зборувавме и за пријателството со Наум Петрески, за кого вели дека е рокер и често знаат да запеат некоја рок-песна, но и за времето кога глумеше во скечовите на К-15 со Бубо, Миле и Тошо... Гледајте го видеото:

Зоки Фаци: „По операцијата од канцер долго не можев да ги прифатам лузните на телото“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoki-faci-po-operacijata-od-kancer-dolgo-ne-mozev-da-gi-prifatam-luznite-na-teloto-video/ Fri, 17 Jun 2022 06:27:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254835

Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, со години важеше за еден од најконтроверзните естрадни новинари. Иако се повлече од телевизија, тој и понатаму привлекува внимание на социјалните мрежи, но и со јавните препукувања со луѓето од естрадата. Неодамна откри дека се оперираше од рак и ова речиси скроз му го смени животот. „Кога ми кажаа дека имам тумор, отидов во црква да се помолам. Од ногата ми извадија канцер од 750 грама. На почетокот не можев да си ја гледам лузната. Ми требаше долго време да ја прифатам и да се навикнам на неа“, искрен е Зоки за болеста. На почетокот се повлекол во себе. Комуницирал само со неколку луѓе, меѓу кои и Лила Филиповска, која му била голема поддршка. Вели поминал лесно, без хемотерапија и две недели по операцијата веќе бил на нога. Мирот оттогаш го наоѓа во куќата во Катланово, која му ја остави починатиот татко, ама мир наоѓа и покрај коњите во клубот „Бравадос“ каде што доаѓа често. „Дедо ми беше сточар, имаше своја фарма и тој ме научи да јавам на шест години. Иако имаше многу внуци, секогаш велеше дека јас ќе бидам негов наследник. Станав ветеринар, но никогаш не работев во струката“, ни раскажа Зоки за „Репортер“. Тој веќе некое време не работи како новинар, но со емоции зборува за годините поминати во медиумите. Приказната тргна пред 15 години, кога почна да пишува прилози за животни во весникот „Вест“. Од тогашниот уредник Горан Михајловски доби шанса да пишува за естрадата. Кога по некоја година почна да работи на телевизија, ја направи емисијата „Фаци“ и го доби прекарот што го носи и денес. „Таблоидното новинарство е една од најтешките професии во Македонија. Сум снимал и политичари и проститутки и луѓе од подземјето, но од сите најголем предизвик ми бил Азис. Дојде во емисија со тројца дечки, тројцата исто облечени. Па кога го прашав дали има партнер, ми кажа дека е во врска со еден од нив, но не сакаше да открие кој и додаде дека тие секогаш се облекувале исто за новинарите да не дознаат кој од нив му е дечко“, се сеќава Зоки. На прашањето дали измислил афера за некого, само за да му се одмазди вели: „Признавам, сум го правел и тоа“. Не крие дека во минатото некои луѓе му плаќале за да ги направи ѕвезди. Но, сето ова низ годините му донесе и проблеми. Го нападнаа со шипка и заврши во болница, добиваше закани, а лани беше објавено и негово приватно видео, за кое ни рече: „Да се случеше тоа пред 15 години, дома ќе си ја трескав главата од ѕид, што ќе кажат моите, ама сега ми е сеедно. И кога ќе ме повредат, знам да се носам со тоа достоинствено. А ако го сака тоа јавноста, јас ќе направам уште пет видеа, нека ми ги пуштат.“ Кој се обиде да го киднапира додека работеше како новинар, за спомените со Тоше Проески и другарството со Лила дознавме во интервјуто. Но, и за борбата со ракот, колку е близок со својата сестра, зошто не разговара со Елена Ристеска, дали некогаш ќе се врати пак на телевизија... Гледајте го видеото. ]]>

Дадар: „Кога зборувам со некоја жена секогаш замислувам како треба да е нашминкана“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dadar-koga-zboruvam-so-nekoja-zena-sekogash-zamisluvam-kako-treba-da-e-nashminkana-video/ Fri, 27 May 2022 05:47:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252088

Александар Билјановски – Дадар цели 22 години ги разубавува дамите. Сеедно дали се тоа од јавниот живот или сосема обични девојки и жени кои доаѓаат во неговиот салон, Дадар вели дека за него е предизвик кога треба некого да разубави. Како минуваат годините, така и тој го менува стилот, па сега веќе не ја шминка секоја девојка со виолетови нијанси како на почетокот. „Тогаш мислев дека знам сè и дека секоја жена треба да ја шминкам со виолетово, без разлика дали ѝ стои или не. Низ годините научив нови трикови и техники, и сега со дамите секогаш се договараме пред да почнам да ги шминкам“, ни кажа Дадар во разговорот. Ни откри и дека оваа сезона хит се интензивни бои, зелени, портокалови и розови нијанси. Во неговото студио доаѓаат сите. Од домашни и странски пејачки и актерки, до бизнисменки и политичарки, скоро и да нема некој со кого Дадар не соработувал низ годините. Искрен е кога вели дека на почетокот имал многу поголема самодоверба, но и младешки ентузијазам и дрскост. Која дама и да дошла за да ја нашминка, тој никогаш не се плашел дека тоа нема да ѝ се допадне. Шминкањето му е прва љубов, а почнала во осмо одделение кога случајно нашол цртеж од око што го нацртал татко му. Вели, толку многу се опседнал со сликата што окото почнал да го црта буквално секаде. „Потоа почнав да шминкам, прво сестра ми близначка, братучетките, другарките, секогаш имав модели на кои можам да вежбам. Знаеш, на сестра ми ѝ велат дека ѝ е лесно оти Дадар ѝ е брат, па во секое време има професионална шминка, а таа е спортски тип, сосема спротивна од мене и доаѓа да ја шминкам еднаш во две - три години. Имам и брат, кој е пет години постар од нас и со кого сме многу блиски“, раскажува за „Репортер“ познатиот мејкап артист. Тука ни ја раскажа и приказната за невестата што му заспала на столче додека ја шминкал пред свадба, но и за поранешната Мис на Македонија, Сања Николиќ. Кога се запознале, Сања го прашала дали е добро нашминкана. „Ѝ кажав дека изгледа одлично, ама кога ме праша што би сменил, ѝ реков дека белата боичка за очи би ја заменил со кафена, би избрал друга боја на кармин а и поинаква сенка. 'Па добро ми викаш убаво сум нашминкана, а ништо не ти се бендиса'. И така почна нашето пријателство“, низ насмевка се сети тој. За пријателството со Каролина и дали купува билети за концерти или пејачите секогаш му даваат гратиси, Дадар зборува многу искрено. Тука се и приватните муабети за внуците кои не крие дека ги обожава. Но и за тоа дали имаат дамите нереални очекувања кога ќе дојдат кај него, кои се матурските трендови и што им препорачува на невестите оваа сезона, дали има клиенти мажи и што бараат тие... Гледајте го видеото. ]]>

Виктор Апостоловски: Имам проблем со недовербата кај жените, а кога сум во врска не гледам на страна (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktor-apostolovski-imam-problem-so-nedoverbata-kaj-zenite-a-koga-sum-vo-vrska-ne-gledam-na-strana-video/ Sat, 23 Apr 2022 07:09:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247382

Кога во февруари ја испеа „Супермен“ на домашниот избор за Евросонг, на Виктор Апостоловски му се случува истата приказна како во времето кога пееше во „Идол“. Добива пораки од обожавателки, го застануваат на улица за да се фотографираат, родители му испраќаат видеа од нивните деца кои пеат и играат на песната со која не успеа да стигне до Евросонг. Виктор повторно преку ноќ стана популарен. „Пред некој ден си го земав пасошот и уште не влезен, вработените во МВР ми рекоа: Еееееј, многу ми е криво што не победи. Луѓето ме паметат од времето на 'Идол', а сега почнаа да ми пишуваат и луѓе што не сум ги видел 20 години. Има и непристојни пораки од луѓе што не ги знам, и од машки и женски. Без влакна на јазикот се, па кога ќе прочитам нешто, се фаќам за главата и се прашувам од каде им толкава храброст што си дозволуваат да пишуваат сè“ - вели Виктор  во разговорот за „Репортер“. Иако долго живееше во Скопје, сега пак е во Битола за да отвори свое музичко студио. Ни раскажа за детството во Баир Маало, најозлогласената населба во Битола. „Во маалото од дете научив многу животни лекции. Не дека не сакав да живеам во некои поубави услови, ама поубави услови прават слаби луѓе, а јас таму научив да не се откажувам“ -  кажува Виктор. Виктор раскажува и за измислениот лик Роки, кој го користеше како псевдоним среде карантинот, а со откачените видеа што ги снимаше ги забавуваше фановите. Вели, реакциите биле супер и ова се покажало како добра забава. Не сака да открива многу за приватниот живот, оти тоа многупати му се удрило од глава. „Луѓето се водат од предрасуди, па кога си пејач, ти си автоматски пијаница, наркоман, женкар. А јас кога сум во врска, не гледам ништо на страна. Само љубомората е страшна работа. На почетокот сите се супер, интересно им е што си јавна личност, ама после почнуваат другите муабети, недовербата, коментари од типот - ете, одиш во Скопје, којзнае што правиш таму“ - се пожали Виктор. Меѓу сите муабети за „Идол“, семејството и за детството во Битола, Виктор нè однесе на гости кај композиторот Владимир Дојчиновски. Заедно ја напишаа „Супермен“. Среќни се што песната е хит, ама признаа дека им е криво што не отидоа на Евровизија. За приватниот живот на Виктор, од вреќите вар до Евросонг, за соработката со американските хип-хоп музичари, како звучи Бруно Марс во негова изведба... Гледајте го видеото. ]]>

Фрајле: Македонските мажи се топли и внимателни, затоа се заљубуваме во нив (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/frajle-makedonskite-mazi-se-topli-i-vnimatelni-zatoa-se-zaljubuvame-vo-niv-video/ Fri, 15 Apr 2022 06:12:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246600

Новосадската група „Фрајле“ по една и пол година дојдоа во Скопје за да го најават големиот концерт на 18 јуни пред платото на МОБ. Тие првпат дојдоа како тројка, оти пред неколку месеци од групата си замина Марија, пејачката поради која пред 13 години настанаа „Фрајле“. Велат, тој период сега е зад нив, па расположени ни открија дека се радуваат на секое ново дружење со публиката. „Знаете што е ново? Конечно ги фрливме барските столчиња и сега стоиме и играме на настапите. Се случи тоа спонтано, на првиот концерт после короната. Без да се договориме, трите само станавме на истата песна и почнавме да играме. Како сме можеле да седиме до сега не ни е јасно“, раскажуваат за „Репортер“ Наташа, Невена и Јелена. За Македонија отсекогаш ги врзувале убави спомени. За Јелена и Невена тие се поврзани со пријателите што ги стекнале тука, но и со храната. Кога е во Скопје, Невена не пропушта да отиде до старата чаршија на баклава и да си купи нов шешир, а Јелена вели дека ако не проба тиквички и ајвар, исто како и да не била кај нас. Наташа, пак, Македонија ја потсетува на љубов. „Имав јас врска со неколку момчиња Македонци, ама имаше еден што баш беше упорен. Го запознав на настап, нормално, каде инаку. Има нешто што многу ме привлекува кај македонските мажи, топли се и мене тоа ми се допаѓа. И не се плашат од мене, иако сум остра и висока“, искрена е таа. Додека седите покрај нив, не може, а да не ја забележите енергијата и блискоста што ја имаат. Се договараат со поглед, една на друга си ги завршуваат речениците и секогаш се расположени за пеење, па ни ги испеаја „Во коси да ти спијам“ и нивната последна песна “Тамбураши“. Зборувавме и за книгата „Како станав Фрајла“, што Јелена почна да ја пишува среде корона, а од неодамна е во продажба. А во книгата има сè, од нивните почетоци до денес, анегдоти, приказни, емоции. „Луѓето кога ја читаат мислат дека е измислена, а сè што е напишано таму е вистина. Нам ни велеа нема да успееме, не сме добри, нè одбиваа, ама ние станувавме и се боревме оти имавме цел. Се сеќавам, еднаш последните пари ги дадовме за гориво и за еден сендвич кој го поделивме на четири дела, зашто немавме пари да купиме повеќе. Кога еднаш ќе паднеш на дното, после е лесно да се кренеш. И тоа во штикли“, рече Јелена “. Ни откри и дека во книгата пишува и за бившиот дечко-пилот, со кого мереле кој ќе помине повеќе километри во една недела, тој во авионот или таа во нивниот фрајламобил. За тоа како е да се одржува љубов на далечина, колку километри поминуваат неделно и како во еден ден настапиле во три држави, но и за концертот на Антички во Охрид, за документарниот филм за „Фрајле“ што тие три го снимија неодамна, за песната што му ја посветија на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ... Гледајте го видеото. ]]>