без галама – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Mar 2018 14:14:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png без галама – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Премиера во МНТ: Се подготвува „Без галама“ по текст на Мајкл Фрејн https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-vo-mnt-se-podgotvuva-bez-galama-po-tekst-na-majkl-frejn/ Thu, 01 Mar 2018 14:14:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14511

Во Македонскиот народен театар се подготвува претставата „Без галама“ според текстот на Мајкл Фрејн, во колективна адаптација, а во режија на Тони Михајловски. „Без галама“ е претстава во претстава, и зборува за тоа што се случува на сцената - она што публиката може да го види, но благодарејќи на ротирачката сценографија, дејствието на претставата се случува и зад сцената. - Публиката ќе има можност да учествува во секој сегмент во создавањето на претставата, ќе ги види заткулисните пикантерии и „хаосот“ кој се случува зад сцената, што прават актерите кога не ги играат своите улоги и ќе ги открие сите тајни на една театарска магија. По големите успеси на претставата „Брачна игра“, за Михајловски ова е второ режисерско остварување во матичната куќа. Овојпат го одбира комичниот текст на Фрејн кој е еден од најдобрите и најиграните текстови во светската драматургија, а кој првпат се поставува во МНТ, соопшти Македонскиот народен театар. Премиерната изведба е најавена за 31 март во 20 часот на големата сцена на МНТ. Во претставата играат: Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Јасмина Поповска, Камка Тоциновски, Нино Леви, Александар Михајловски, Александар Ѓорѓиески, Емилија Мицевска и Стефан Спасов. Сценограф е Татјана Христоска, костимографијата е на Ивана Кнез и Сињори, изборот на музиката е на Тони Михајловски. Извор: МИА]]>