бети сикрет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Nov 2018 08:37:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бети сикрет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали „дното на кариерата“ се купува со реклама, па сега „дното е врв“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-dnoto-na-karierata-se-kupuva-so-reklama-pa-sega-dnoto-e-vrv-foto/ Wed, 07 Nov 2018 08:16:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56609

Ексцентричен на изглед, пис на јазик, остар на зборови, тој не штеди „епитети“ кога треба да ги критикува оние кои тој ден се на неговото модно мени! Не така неодамна, дојде и денот, кога на листата за „отстрел“  на Сергеј Варошлија во неговата емисија на „1ТВ“ се најде и Бети Цонева, во македонската метропола и пошироко попозната како Бети – „Сикрет“, повеќе од десет години сопственичка на истоимениот салон за убавина во Скопје.
Откако коментарот на македонскиот „моден гуру“ за нејзиниот моден изглед не и се допадна на „газдарицата на тајните“,  „тајната Бети“ реши жестоко да му возврати користејќи ја моќта на социјалните мрежи!  На „вербалната војна на модните светови“ можете да се потсетите ако кликнете на потцртаниот линк погоре. Ние само ќе ве потсетиме на статусот на Бети - „Сикрет“ преку кој му се обрати на Варошлија, тврдејќи дека „фраерот“ од „Студио мода“, е всушност „гола вода“... Според неа, секако:
„Се прашувам дали дното на кариерата изгледа вака? Врвен талент кој од седативи и алкохол не се будеше со денови и изневери 250 невести и клиенти во својата кариера, стаса на ТВ да коментира малолетнички со отворени профили и кутри деца кои нема кој да ги одбрани, па малку беше, и се фати да ме коментира мене, на која споредна работа во животот ми е Фејсбук сликање од причина што сум презафатена со бизнисот, кој успешно го водам деценија и кусур. Нека му служи на чест и нему и на оние кои му купуваат цигари… Пепел со секој салон, пепел ќе биде и емисијава… Со среќа… ќе ти треба“ – напиша тогаш револтираната газдарица, покрај постираните фотографии на својот Инстаграм профил! Ништо ново, ниту необично во светот на познатите - помислија многумина. Се чекаше само разрешницата... Судска, најверојатно! Но само некој месец подоцна, види чудо! А ќе го видиш ако повторно гледаш „Студио мода“. Сергеј се' уште е таму, принципот на работа и коментарите на „модниот гуру“ се тие, а нови се само неговите „модни жртви“ и...
Да, да... убаво сте виделе, не е грешка!  Нова е и рекламата за  салонот за убавина „Студио Сикрет“, на истата таа Бети Цонева.
Газдарицата која летово јавно се прашуваше дали „дното на кариерата изгледа вака“? Секако, алудирајќи на истиот овој Сергеј Варошлија во чија емисија сега оди нејзината реклама?!!
Дали тоа Варошлија и “ТВ империјата“ решиле наместо да фрлаат пари по адвокати и судови, да компензираат со отстапен простор за ТВ реклама или газдарицата на салонот за убавина проценила дека е попаметно да го стори истото, па да им понуди нешто што не се одбива токму во емисијата на својот „моден душман“ или во прашање е  само „модно примирје“? Што и да е, во секој случај е интересен начин да се закопаат „воените секири“ на вербално завојуваните „разубавувачи“ на нацијата!      ]]>