бесплатно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 Aug 2023 12:48:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бесплатно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бесплатна проекција на „Нешто слатко“ во Паркот на франкофонијата https://arhiva.vistina.com.mk/besplatna-proektsija-na-neshto-slatko-vo-parkot-na-frankofonijata/ Fri, 11 Aug 2023 12:48:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313530

Во Паркот на франкофонијата вечерва во 20.30 часот ќе се одржи проекција на филмот „Нешто слатко“ во режија на Тин Водопивец со Сашко Коцев и Јелена Јованова во главните улоги. Проекцијата ја организираат Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Агенција за млади и спорт во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на младите. Настанот е од отворен тип. – Во духот на овогодишената тема „Зелени вештини кај млади лица за одржлива средина“, за проекцијата на филмот ќе се користи струја која ќе се произведува од вртежи на велосипеди, за да заштедиме електрична енергија и да ја заштитиме животната средина – велат организаторите. извор:умно.мк]]>

„Тестирајте“ се дома – еве како бесплатно да проверите дали имате симптоми на коронавирусот https://arhiva.vistina.com.mk/testirajte-se-doma-eve-kako-besplatno-da-proverite-dali-imate-simptomi-na-koronavirusot/ Mon, 14 Dec 2020 13:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180752

Ова е најлесниот и најбрзиот начин да дознаете дали има некаква промена во вас и дали телото ви дава некакви сигнали. Како што знаеме, еден од главните симптоми на Ковид-19 е губење на сетилото за мирис. Околу 44 до 77 луѓе кои што биле заразени со коронавирусот го изгубиле сетилото за мирис, а кај некои од нив доаѓа и до „пореметување“ на самото сетило, во поглед на интензитетот на самото чувство, па така некои работи за нив имаат малку поразличен мирис од оној стандардниот. Поради тоа важно е луѓето секојдневно да се обидуваат да мириснат некои работи. Ненадејното губење на сетилото на мирис може да биде ран знак за Ковид-19. Освен тоа тестирањето на мирисот може секој да го направи дома, па така тоа може да биде една од алатките во борбата против пандемијата и порано откривање на вирусот (доколку истиот се наоѓа во вашето тело). Напомена: Губењето на сетилото за мирис не мора нужно да биде поради коронавирусот, затоа што не секоја личност која има намалено ниво на сетило за мирис или пак изгубено е заразена со коронавирус. Еве што треба да правите секој ден дома: Додека го пиете првото утринско кафе, проверете дали го чувствувате неговиот мирис. Додека се туширате – помирисајте го шампонот. Се верува дека секојдневната проверка на сетилото за мирис дома помага во исполнување на потребата за брз, поевтин и поспецифичен „алат“ за проверка. Доколку го изгубите сетилото за мирис, изолирајте се (превентивно) и контактирајте го вашиот матичен доктор. извор: точка.ком.мк]]>

Кинотека додели 100 примероци од ДВД изданието со филмовите на Кирил Ценевски https://arhiva.vistina.com.mk/kinoteka-dodeli-100-primeroci-od-dvd-izdanieto-so-filmovite-na-kiril-cenevski/ Tue, 16 Jun 2020 12:58:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154004

Кинотека на Македонија одбележува една година од смртта на филмскиот режисер Кирил Ценевски (1943-2019) на 16 јуни  (вторник) и по тој повод во периодот од 9 до 15 часот, на заинтересираните филмофили бесплатно им се доделени 100 примероци од ДВД изданието со неговите играни филмови. Се работи за ДВД изданието со дигитално реставрираните играни филмови на Кирил Ценевски што Кинотеката го промовираше пролетта минатата година, неколку месеци пред заминувањето на легендарниот автор во македонската кинематографија. Роден е во Крива Паланка, 28.1.1943. Филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот ЦЕНАТА НА ГРАДОТ (1970). Во 1971 година Ценевски го режира филмот ЦРНО СЕМЕ, за којшто добива повеќе награди: Златна арена за режија на фестивалот во Пула, Златен венец за најуспешен деби, 11 Октомври… Потоа ги сними ЈАД (1975) и ОЛОВНА БРИГАДА (1980), а по четвртиот игран филм ЈАЗОЛ, Ценевски не застана зад камерата повеќе од три децении. Неговиот (пре)долг авторски молк, по експлозивната деценија ипол во неговото неконформистичко творештво, секогаш е причина за навраќање на овој, по многу нешта исклучителен, филмски опус, со дигитализираното издание на неговите играни филмови.]]>

Оригинален и креативен: Сопругот на Александра Пријовиќ започнува нов бизнис! https://arhiva.vistina.com.mk/originalen-i-kreativen-soprugot-na-aleksandra-prijovikj-zapochnuva-nov-biznis/ Fri, 06 Jul 2018 10:33:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36594

Сопругот на Александра Пријовиќ, Филип Живојиновиќ ќе отвори онлајн училиште за бремени жени. Со оглед на тоа што тој и неговата сопруга планираат проширување на семејството, таа ќе биде дел од тоа училиште.  Исто така, Пријовиќ ќе биде задолжена за промовирање на истото. „Филип е познат по својата креативност, затоа во Америка беше еден од најпознатите спортски менаџери. Кога дојде на идеја да формира училиште за бремени жени поддршка имаше од семејството, сопругата, но и пријателите. Неговата идеја беше сите бремени жени да имаат достапни информации, вели извор за Курир.

To the ? and ?

A post shared by Filip Zivojinovic (@carpediem_fbz) on

Тој истакна дека министерството го препознал овој проект на Филип и дека го подржува. „Интересно е што сите предавања се бесплатни. Предавањата траат еден месец, а потоа матријалите се достапни. Овој проект го подржа и Министерството за трговија, туризам и телекомуникации, вели зиворот.    ]]>

Кои прегледи ни следуваат бесплатно кај матичните лекари? https://arhiva.vistina.com.mk/koi-pregledi-ni-sleduvaat-besplatno-kaj-matichnite-lekari/ Thu, 01 Mar 2018 08:13:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14398

Прегледите кај матичните лекари се бесплатни. Меѓутоа, не сите избрани доктори го почитуваат ова законско правило. Додека најголем дел од општите лекари и педијатри не им наплатуваат на пациентите, кај поголемиот дел од гинеколозите се плаќа, а кај различни стоматолози има различни интерни правила. Факултети.мк провери што сè им следува бесплатно на осигурениците на Фондот за здравствено осигурување, на колку време и колку може да се наплати за она за што избраните лекари имаат право да земат пари. Правилата велат дека во ординациите на видно место треба да биде истакнато што е бесплатно за осигурените пациенти. Не се плаќа за ЕКГ кај општите Во ординациите на матичните општи лекари, велат од Фондот за здравство, бесплатен е прегледот, како и помошните дијагностички прегледи, како оној со ЕКГ-апарат (електрокардиографија - ЕКГ е стандардна метода на снимање на импулсите на електричната активност на срцевиот мускул). Д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари, објаснува дека со превентивните цели, кои им се задача на матичните, прегледот со ЕКГ е бесплатен на две години. - Меѓутоа, тој може да се прави и по потреба по процена на лекарот. Бесплатни се и инхалациите ако лекарот има инхалатор, а има колеги што прават и ЕХО и имаат апаратчиња за мерење шеќер. Сето тоа го набавуваа за да се зголеми конкурентноста, но матичниот не мора да ги има. Проблемот е во тоа што кај нас има многу прегледи, а од нив добар дел се непотребни зашто пациенти доаѓаат за сè и сешто. Некои и по неколку пати дневно за мерење притисок. Истовремено имаме многу административни задачи што мора да ги завршиме и во тие метежи нема доволно време за да можеме да им излеземе во пресрет со плус услуги на осигурениците. Токму поради тоа и побаравме да се наплаќа мала сума за влез за една дијагноза. Така би се намалиле непотребните прегледи, а ќе се намали и можноста за грешки – вели д-р Чолакова-Дервишова. Услугите кај матичните педијатри исто така не се наплатуваат. Колку чини пломбирање и вадење заб?  Кај матичните стоматолози бесплатен е само прегледот. Д-р Маријан Денковски, претседател на Друштвото на доктори на дентална медицина, вели дека цените за другите услуги се објавени во „Службен весник“ во јули 2011 година. Така, вадење млечен заб чини 100 денари, вадење траен заб – 200 денари, додека тешко вадење заб треба да се наплати 300 денари. Цената за пломбирање заб со амалгамска пломба е 200 денари, со композитна пломба е 450 денари, а со двокомпонентна обична бела пломба е 260 денари. Пломбирање заб со нанокомпозит е 600 денари. За ендодонска терапија определената цена е 400 денари, за прва помош (апликација на лек) е 150 денари, а за други услуги (освен превентивните) е 200 денари. Кога следува бесплатен ПАП-тест?  Кај избраните гинеколози, според Фондот, треба да се бесплатни дијагностички прегледи со ЕХО, колпоскопија, земање брис. Д-р Душко Филиповски, претседател на Здружението на приватни гинеколози, објаснува дека ПАП-тестот е бесплатен на секои три години и за него се повикуваат пациентите по возрасни групи, според веќе определена програма. - За ПАП-тест еднаш годишно се плаќа партиципација од 60 денари. Прифатените светски правила велат дека ако трите последни теста се уредни, наредниот се прави за три години – вели д-р Филиповски. Иако по закон за прегледите кај матичните гинеколози не треба да се наплаќа, најголем дел од нив им земаат пари на пациентките. Кога избраниот гинеколог ќе побара пари за бесплатен преглед, советуваат од Фондот, осигуреничките треба да му посочат дека се запознаени со нивните права и дека прегледот кај избран лекар не се наплаќа. - Во случај кога се инсистира на наплата за прегледот, потребно е да побараат фискална сметка за извршените здравствени услуги и да го информираат Фондот, било преку претставка доставена во писмена форма било преку електронска форма, а во прилог да достават фотокопија од финансиската документација (фискална сметка) – велат оттаму. извор:факултети.мк]]>