беше друга македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Nov 2020 14:19:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png беше друга македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бен Хур не потсетија на убавите времиња кога – „Беше друга Македонија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ben-hur-ne-potsetija-na-ubavite-vreminja-koga-beshe-druga-makedonija/ Mon, 23 Nov 2020 14:00:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177568

Прилепската група „Бен Хур“ деновиве ја сними својата најнова песна  насловена „Беше друга Македонија“, чии стихови говорат и потсетуваат на едно друго време,  пред осамостојувањето, кога важеа на високите морални, етички, културолошки, спортски... со еден збор општоцивилизациски вредности кои тогаш постоеа, за разлика од денес,  во ова време на испревртени норми, мерила и параметри за успешност. „Државата ја прават луѓето, а дефинитивно не сме ние истите какви некогаш бевме... Кој ќе се пронајде во неа, нека ја сподели и... само за добро да е“ - напишал во Фејсбук најавата авторот на музиката и текстот Душко Темелкоски, вокалот на групата, кој умешно ја направил паралелата на она што е животот денес во оваа и некогаш, во онаа „друга“ Македонија. Аранжманот и продукцијата се на гитаристот на групата Борче Шабаноски, некогашен член на мегапопуларните „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“. За песната е снимен и видеозапис реализиран во една позната прилепска пицерија, чиј ретро – амбиент совршено се вклопил во приказната од стиховите на песната. Видеото е во реализиција на „Фан продукција – Зоран Пилата“ од Прилеп. По сугестија на Ранко Петровиќ , сопственикот на скопското радио „Бубамара“ вметнати се стари фотографии и кусии видео инсерти кои прикажуваат незаборавни лица од тоа време од светот на музиката, спортот, актерството, како легендарните Дарко Панчев или групата Меморија кои се лајт мотив во рефренот. Видеото за  „Беше друга Македонија“ на прилепчаните „Бен Хур“ кое можете да го проследите во продолжение, е снимено со несебична поддршка на АД Витаминка – Прилеп. https://www.youtube.com/watch?v=FAcSHnZdyZc&feature=emb_logo]]>