бербер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Feb 2023 14:00:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бербер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стефан Лазаров „остана на улица“: Јутјуберот бара работа, приложи и видео CV со лепеза работни способности и вештини (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-lazarov-ostana-na-ulitsa-jutjuberot-bara-rabota-prilozhi-i-video-cv-so-lepeza-rabotni-sposobnosti-i-veshtini-video/ Thu, 23 Feb 2023 09:56:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290163

Откако најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров ја крена јавноста на нозе со својот прв „новинарски подкаст“ во кој гостин му беше Драган Павловиќ Латас, па по хајката обајцата  обајцата завршија со „отворен предмет“ и обвинение во јавното обвинителство, по препорака на истото и јутјуберот и гостинот добија забрана за јавни медиумски настапи од Основниот кривичен суд Скопје. Или во превод - Стефан Лазаров барем засега, не ќе може да го користи својот Јутјуб канал, што ќе рече - остана без работа, спонзорите му откажаа, а со тоа остана и без приход. Откако неодамна правеше веридба, а и ја најави свадбата за годинава, за да не мора да биде домазет што ќе го рани невестата, Лазаров реши „принудно да смени професија“. Аналогно на ваквата одлука, јутјуберот решил да бара работа. И тоа јавно. За среќа, Инстаграм профилот не му го укинаа ниту забранија, па токму на своите Инстаграм приказни Лазаров реши да ги понуди своите работни способности вештини, па кој сака, нека види, размисли и ако му фаќа око, може слободно да го ангажира. Патем, откако лани добро се набилда, ни на крај памет не му паѓаше дека ќе дојде време кога  еден ден мускулите ќе му го вадат лебот и колку - толку, полнат џебот. Арно ама и тоа се случи, па затоа Лазаров одлучи јавно да се понуди, па дури и CV  да приложи. Млад, здрав, прав, силен, строен, копачот за него е како детска играчка на песок во плажа. Требало дупка или канал да се ископа, бавча или градина да се прекопа или цвеќињата во нечиј двор, викни го Лазаров - цена по договор! Како алтернатива во предвид доаѓа и работа со она што во позадина може да се види дека се движи и белее... Дете младо, да биде пастир на стадо, кога веќе мора од нешто да се живее. Шегата настрана, откако веќе претходно шегата ѓаволот ја зема, Лазаров сфати дека срам од работа - нема! Каква и да е, колку да е тешка или лесна, само да е чесна... И секако, пристојно платена... Како  онаа, кај другар му Ерко берберот, кој како на брат, прв му излезе во пресрет и му даде шанса за нов предизвик и нова „работна романса“... За почеток со метлата, како секој чирак! Брат за брат, чиракот за хигиена на подот во дуќанот и трк по кафе, цигари и бурек... Додека чиракот не стане калфа! Впрочем, Лазаров малку претходно, небаре е јасновидец, како сам да си ја претскажа судбината, покренувајќи иницијатива дека срам од знает - нема. Само неколку месеци подоцна, претскажувањата му се обистинија, па иницијативата за која се залагаше и ја покрена, лично нему му се најде! Во меѓувреме, додека не ја заработи првата плата, оние што до вчера ги рекламираше, редно е сега кога му е најтешко, да му се најдат и да се покажат како вистински мажи. Едно брзо бескаматно кредитче и... Белким понудата се' уште важи? Фото: Инстаграм принтскрин/mr.barber2019/_lazarovv
   ]]>

Не е веќе само Жаре бербер меѓу пејачите – водители: Ни(кој) не (те) шиша како Стефан Лазаров, а еве и зошто? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-e-vekje-samo-zare-berber-megju-pejachite-voditeli-ni-koj-ne-te-shisha-kako-stefan-lazarov-a-eve-i-zoshto-video/ Tue, 18 Oct 2022 08:12:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271709

На македонската естрада не е непозната пракса некои од пејачите да бидат ТВ водители. Така можеби најпознатиот беше покојниот Драган Вучиќ, па ТВ емисии воделе и Зуица Лазова, Адријана Алачки, Благоја Грујовски, Вера Јанковиќ, Јулија... а имало и обратни случаи кога ТВ водители се опробале на естрадата да запеат, како Лила Филиповска, Крумислав Барзов, Александар Блажевски, Жаре 1 на 1... И третата најчеста комбинација, кога актери биле и ТВ водители и пејачи... од Игор Џамбазов, преку Тони Михајловски, па се' до Драган Спасов Дац и Жарко Димовски на пример, иако примери има уште многу! Но, сепак еден редок феномен, се случил само еднаш... Или барем толку паметиме. Да биде пејач, ТВ водител, а во исто време и бербер му тргнало од рака само на познатиот скопски забавувач Жарко Богатинов, во светот на шоубизнист познат како Жаре - бебер, кој навистина беше професионалец во сите три категории: водење пред ТВ камерите, пеење и потстрижување. Познат по својот специфичен стил на водење, незаборавните ноќни журки по локалите и клубовите и берберското мајсторство во неговиот дуќан. Арно ама, феноменот траеше се' до сега... Отсега не е веќе само Жаре бербер меѓу пејачите - водители, зашто ако не сте знаеле, ни(кој) не (те) шиша како Стефан Лазаров! Имено, најпознатиот  македонски јутјубер кој го запознавме најпрвин како ТВ водител иако се' уште тоа и е, само што  ТВ каналот го замени со Интернетот и Јутјуб каналот, патем е и пејач, односно активен рапер, а отсега и бербер! Ново хоби или професија, допрва ќе видиме, ама затоа она што можевме да го видиме е дека... Ни(кој) не (те) шиша како Стефан Лазаров, а еве и зошто? Првиот муштерија, како за сефте кој друг, ако не другарче... За не дај Боже нешто да не тргне наопако, па новопечениот бербер наместо бакшиш од муштеријата да добие ќотек! Лазаров со машинката в раце и работата повторно „му е песна“... Па нели кој пее зло не мисли? Арно ама, кој умее да мисли, не му е до песна. Како што не му беше ниту на првиот муштерија, после потсрижувањето од Лазаров, кој дури и се обиде да биде „уметник со елекричниот брич“! До душа, не знаеме што сакаше да искреира, каква „уметничка слика“ на тилот на својот прв муштерија, во случајов неговото другарче, ама она што се гледа ни личи наааа... Знаете веќе што?! Барем нам! А, веројатно и вам?! Епа, наздравје шишање мајсторе! А бога ми и она што потоа следувало, кога муштеријата „си го видел тилот“  во огледало! Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv

Виртуозот со ножички доаѓа во Скопје: Четиричасовно шоу на познатиот европски бербер – Саја Мајстор! https://arhiva.vistina.com.mk/virtuozot-so-nozichki-doagja-vo-skopje-chetirichasovno-shou-na-poznatiot-evropski-berber-saja-majstor/ Mon, 06 Jun 2022 06:44:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253223

Она што е Меси или Роналдо во фудбалот, тоа е Саја Мајстор во светот на берберите. Токму тој Саја Мајстор на 18-ти јуни доаѓа во Скопје каде ќе одржи четиричасовно шоу во хотелот „Мериот“. Интересот за да се присуствува на овој настан е огромен, бербери и фризери од речиси сите градови на Македонија бараат влезница повеќе со цел за првпат лично да го видат, да учат и да го запознаат познатиот бербер од Белград. Пред околу 200 гости познатиот виртуоз со ножички ќе демонстрира потстрижување, правење фризури, „цртање“ тетоважи на коса и уште неколку други „магии“ со неговиот алат за работа... Сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на ова бербер-шоу потребно е да се јават на телефонскиот број +389 78269942 и да резервираат влезница. Цената не влезниците се: 1800 денари. За сите присутни на ова шоу ќе следи и изненадување од организаторите „Колор Медиа“.]]>

Микрофонот го замени со ножици: Ако Жаре од бербер стана пејач, Таско од рапер стана бербер? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mikrofonot-go-zameni-so-nozici-ako-zare-od-berber-stana-pejach-tasko-od-raper-stana-berber-video/ Thu, 19 Mar 2020 09:14:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140278

Низ јавните кругови се шушка дека после сиот овој успех, Таско ќе ја остави музиката и ќе менува професија. Од рапер, станува бербер! Екипата на Бекстејџ реши да провери на лице место. И додека сите мислат дека периодов Таско е затворен во студио и подготвува нови песни, него еве ти го во еден фризерски салон, но не како муштерија, туку како мајстор.... за фризури! „Комши, сакаш на кец или уште пократко?“ Мајстор Таско знае што е тоа модерна фризура, па не треба многу, многу да му се објаснува, или...?  Дали и како, раперот се снаоѓа во улогата на бербер, ќе го биде детето па ќе добие бакшиш од задоволните муштерии или откако ќе се видат во огледало што им направил, тие него ќе го бркаат со машинка в рака за да му направат „Х“ среде глава или да го потсрижат на „нула“? Едно е сигурно: И официјално, Таско се обиде да ја смени својата професија. Дали раперот дефинитивно стана бербер или музиката му оди многу подобро, ќе видите во видеото подолу. Патем, ако  имате нешто да го прашате или ако ви се допаѓа како потстрижува, а немате бербер... Таско вечерва е тука за сите вас. И тоа во  #Бекстејџседидома во 20.00 часот во живо на онлајн муабет со уредничката Ева Јакимовска, но и подготвен да одговара на вашите прашања! Затоа, седете дома и погледнете „како шиша“ Таско... За да имате вечер што да му кажете: ]]>

Дарко – Спејко го смени физичкиот изглед: Не направи естетска туку, „берберска“ корекција, па заличи на еден македонски водител! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-spejko-go-smeni-fizichkiot-izgled-ne-napravi-estetska-tuku-berberska-korekcija-pa-zalichi-na-eden-makedonski-voditel-foto/ Mon, 20 Jan 2020 08:48:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129815

Дарко - Спејко се' уште е соло... барем официјално!  Откако набрзина влезе во реалното шоу „Задруга“, каде баш и не успеа да се снајде па за неполн месец излезе од него, некако, како да се повлече од јавноста. Последното големо јавно појавување му беше на доделувањето на наградите за „Инфлуенсер на годината“ во почетокот на декември минатата, 2019 година и оттогаша „големиот брат“  како да го снема...?! Се помалку фотографии на социјалните мрежи, се' поретко на јавните настани, нема нови љубовни афери, нема нова девојка... Не барем јавно... или за сериозно! Ама затоа има нов имиџ. Или поточно, Спејко реши да му се врати на стариот изглед. Досега брадата и долгата коса беа неговите обележја, а познатиот кумановец реши еден од заштитните знаци да го врати на старо. Како некогаш, во времето на „Големиот брат“ или од времето на почетоците на врската со струмичката модна блогерка и инфлуенсерка, Љупка Митрова. Мажите не се толку многу склони на естетски зафати и хируршки интервенции заради убавина, па наместо естетска, Спејко направи „берберска“ корекција и ја скрати косата. Одстрана многу кратко - на кец, речиси бричено, а горе со доволна големина... Со новиот имиџ за оние кои не го паметат од порано, Дарко - Спејко е речиси непрепознатлив, како да е друг човек. Дали проблематичното одржување на долгата коса, потребата за промени од чиста здодевност или некоја женска сугестија го натераа кумановецот да смени имиџ, само Спејко знае! До душа сега некои велат дека почнаа да заличуваат со Миро Кацаров - водителот на „Бекстејџ“, кој до скоро го негуваше истиот или многу сличен имиџ. Можеби заличуваат, можеби не, ама едно е сигурно: Спејко и Миро „Де Ниро“ не се во никаква роднинска врска!  ]]>

ДНК од дуо станува трио: Берберот на Панчо шиша, бричи, масира… и пее како билбил! https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-od-duo-stanuva-trio-berberot-na-pancho-shisha-brichi-masira-i-pee-kako-bilbil/ Fri, 02 Feb 2018 10:28:03 +0000 http://vistina.mk/?p=11512

Владимир Блажев, алијас ДЈ Шорти или Панчо-ДНК, ако сакате е на „тешки“ маки! Раперот е пред дилема: Дали ДНК од дуо да стане трио?
Популарниот ДЈ Шорти оддамна оди на разџубавување кај еден ист бербер... извесен, мајстор „Кобра“! И човекот со право си го носи прекарот. Брз, ефикасен, точен, прецизен, уреден... потсрижува, бричи, фазонира, масира... Ама при тоа „Кобра“ не е обичен, туку е вистински, „севиљски берберин“.
Ај што ја има работата во „мал прст“- ја има, туку „Кобра“ иако има змиски прекар, има и „птичји глас“. Берберот на Панчо, пее како билбил! Скриениот талент на мајсторот, Панчо го откри при еден од последните третмани!
Па потоа се стави на тешки маки: да го прават ли со Андреј дуото трио или... да останат со „Кобра“ на потсрижување и бричење? И додека берберот го масираше раперот, тој со нетрпение го чекаше одговорот: Што ќе каже Андреј на идејата?
А, Андреј никако да се јави, па... „севиљскиот берберин“ од мака запеа: „А тебе неееема, а тебе неееееемаааааа...“!  Ех „Кобра“ бре... пејачиште!!!]]>