бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Feb 2024 12:17:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Можете ли да ја препознаете, некогаш пееше во познат бенд, денес е една од најпознатите српски пејачки и изгледа тотално поинаку? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mozhete-li-da-ja-prepoznaete-nekogash-peeshe-vo-poznat-bend-denes-e-edna-od-najpoznatite-srpski-pejachki-i-izgleda-totalno-poinaku-foto/ Wed, 14 Feb 2024 12:14:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338668

Пејачката кариерата ја започна во бенд кој беше мегапопуларен во деведесеттите, а сега е една од најпознатите дами од поп музиката. Сите ја знаат како атрактивна русокоса која го кажува своето мислење без влакна на јазикот, а на почетокот била црнка и никој не ја препознавал. „Како бенд бевме, некако, секој на своја страна. Веќе не функционираше. Знаеш кога, човече, никој не разговарал со никого. Само се среќаваме на сцена и се гледамве за настапи. Тоа веќе не ми се допаѓаше“ – изјавила пејачката еднаш кога ја започнала својата соло кариера. „Дојдов до втора година на Земјоделски факултет и имав одлични оценки. Си реков или ќе се вработам во некој бутик,  или ќе учам за да завршам факултет. Веќе не функционираше така. Воопшто немав поим дека ќе продолжам соло да се занимавам со музика. Навистина. Бев одличен ученик. Можев да направам сè, но премногу го сакам ова“ - рекла таа еднаш. Ако се' уште не можете да препознаете за кого се работи, во прашање е пејачката Гоца Тржан, која беше сосема поинаква кога се појави на јавната сцена. Инаку, нејзиниот љубовен живот често е под будното око на јавноста. Пејачката се омажи и доби дете со Иван Маринковиќ од кој се разведе и не останаа во добри односи. Среќата ја најде крај тапанарот Раша Новаковиќ, кој е 14 години помлад од неа и се' уште се заедно. Фото: YouTube prinscreen/ Инстаграм/gocatrzan]]>

Вулгарно сквернавење на македонската музика небаре доаѓа од „провинциска депонија“, а не од кафуле во град среде Македонија: Кога „Дирлада“ ќе зазвучи како песна со полна уста омраза! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vulgarno-skvernavene-na-makedonskata-muzika-nebare-doaga-od-provintsiska-deponija-a-ne-od-kafule-vo-grad-srede-makedonija-koga-dirlada-ke-zazvuchi-kako-pesna-so-polna-usta-omraza-video/ Mon, 12 Feb 2024 10:52:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338369

„Меморија“ е секако една од најголемите македонски поп-рок групи во историјата на македонската музика. Бендот кој постои 40 години и се уште е активен секако дека залужува место меѓу легендите. „Нена“, „Оган по ѕвездите“, „Одам засекогаш“, „Зошто Боже“, „Снежо, Снежана“... и уште дузина хитови од нивниот репертоар се вбројуваат во оние безвременски песни кои се слушаат со години и децении и ги пеат сите генерации. Меѓу нив секако е и култната поп-рок химна „Дирлада“, која  одолевајќи му времето доживува разни стилски трансформации и преработки, но останува една од ретките македонски евергрини која ќе се пее довека! Една од ретките македонски песни која има речиси 7 милиони прегледи на Јутјуб! Арно ама, дека баш и не знаеме да си го негуваме, чуваме и цениме своето, покрај бројните примери од типот: „Туѓото е подобро“, покажаува и една од последните срамни случки кои спаѓаат во оние уште пострашни и попогубни, не само за македонската музика, туку и а целото македонско битисување, постоење и живеење! Имено, лидерот и основоположник на „Меморија“, бас гитаристот Петар Георгиевски - „Камиказа“ на својот Фејсбук споделил една снимка од кафуле, за кое се тврди дека е локал во централна Македонија, иако мноумина се оградуваат дека се работи за посочениот, туку во прашање е друг македонски град. Но сеедно, каде и да се случува, она што може да се види на видеоснимката е атмосферата во еден ноќен локал во кој „извесен бенд“ музицира и наводно ја забавува клиентелата. И навидум ништо необично, освен ако убаво не ги заслушате стиховите на песната што се пее во локалот, каде веднаш можете да препознаете дека во прашање е токму споменатиот македонски мегахит - „Дирлада“... Арно ама со стихови испеани во сосема друг контекст, конотација и содржина... Срамна, брутално понижувачка, преточена во вулгарно сквернавење на македонската музика, небаре доаѓа од „провинциска депонија“, а не од кафуле во голем град среде Македонија! За жал, на снимката така звучи „Дирлада“... Како песна испеана со полна уста омраза! Како поинаку да го протолкувате нејзиното брутално сквернавење со зборовите: „Дирлада“, да го е*ам цело Скопје и нашата држва, Дирлада, да ви е*ам мајката, да го е*ам цело Скопје и... скопјанките“! „Се прашувам, дали песнава заслужува вакво скрнавење?! Кавадарци е местото на изведба на овој срам“ - напишал лидерот на „Меморија“ во објавата на срамното видео иако како што веќе споменавме, мноумина се оградуваат дека се работи за посочениот, туку велат дека е во прашање е сосема друг македонски град. Сеедно каде е... Вакво недолично, срамно и понижувачко пеење во јавен локал без никаква причина и повод е надвор од умот и никому не служи на чест. Ниту на изведувачите што претендираат да бидат познати и популарни на ваков начин, ниту на оние што со нив прифаќаат ова да го пеат во локалот, иако далеку од тоа дека е во прашање колективно прифаќање, уште помалку за сопственикот кој ангажира и дозволува вакви недолични „примитивци од бендот“ да му го уриваат угледот! Конечно, срам за сите нас, на кое мизерно дереџе спаднавме! Фото и видео: Фејсбук/Petar Georgievski - Kamikaza]]>

Од танго до чочек, од забавно до народно: Бендот на браќата Нуне и Мими Јовновска на турнеја низ Австралија https://arhiva.vistina.com.mk/od-tango-do-chochek-od-zabavno-do-narodno-bendot-na-brakata-nune-i-mimi-jovnovska-na-turneja-niz-avstralija/ Tue, 06 Feb 2024 12:06:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337691

„Бендот на браќата Нуне“ и Мими Јовановска за прв пат заминуваат на турнеја низ Австралија, а со нив заминува и Дарко Билбиловски. Прво искуство и за нив, но и за нашинците кои ќе ја имаат привилегијата да ги слушнат во живо.  А според најавите и според она што досега го имаат сработено, има и што да се слушне. „Македонци, подгответе се за една поинаква забава, за нешто што многу ќе ви се допадне и што ќе го барате повторно“, се ветувањата на музчките ѕвезди,кои досега многу пати ја покажале нивната големина. „Бендот на браќата Нуне“, Мими и Дарко заминуваат  на покана на друштвото „Никола Карев“ од Мелбурн, друштво кое има традиција од половина век.  Турнејата ќе трае месец и половна, а планирани се  девет концерти. Првиот концерт е закажан за 23 фебруари во Волонгог, следниот ден се во Сиднеј, на први март се во Квинбиен, за осми март во Мелбурн и на девети март во Џилонг. Во Мебурн, како град во кој им најмногу Македонци планирани се уште два концерти и тоа на 15 и 15 март, а последниот концерт ќе се случи во Перт на 23 март. Како за прво патување во Австралија и прва соработка со „Никола Карев“ нашинците во Австралија треба да очекуваат нешто сосема ново и поразлично од она што се навикнати да го гледаат од другите гостувања. Тие имаат сосема поразличен концепт на концерти, нивните настапи се во боја и подготвуваат музичко шоу кое ќе се памети. Ќе се пее и свири исклучиво македонски песни и ора, секако забавни и народни. Песни од нашата богата ризница што одамнане ги слушнале. -Ова е прва средба мегу нас и нашинците во Австралија. Затоа ќе биде забава за публика од 7 до 77. Од од танго до чочеци.  Сите жанрови на едно место, стари хитови, евергрини, но и модерна македонска музика. Затоа  обединете се Македонци, дојдете во што поголем број на забава каква што немаат видено до сега, порачуваат музичарите. На настапот секако ќе има нивни авторски песни, инструментали,  песни Васка до Есма. Дека по многу нешта публиката во Австралија им значи покажува и фактот што  Мими нејизната најнова песна „Мајко“ за прв пат на жив настап ќе ја промовира токму пред австралиската публика. „Мајко“ е песна посветена за сите нашинци кои се далеку од дома, за сите кои морале да ги напуштат родителите и да заминат во светот, што е приказна во која ќе се пронајдат тие, кои ја доживеале истата судбина. Фото: Фејбук/Bendot na brakata Nune/Dule Janev, Antonio Stankov, Nikola Kocev]]>

„Жал ми е “:  Слоба Радановиќ ја прекина соработката со момците од неговиот бенд  (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/zhal-mi-e-sloba-radanovik-ja-prekina-sorabotkata-so-momtsite-od-negoviot-bend-foto/ Mon, 22 Jan 2024 10:10:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335616

Угледниот пејач Слоба Радановиќ на Инстаграм го објави прекинувањето на соработката со бендот. Радановиќ и момците од бендот соработуваа со години, но дојде до прекин во соработката, причината за прекинот на соработката не и е позната на јавноста, но пејачот им посака многу успех во иднина . Слоба на својот Инстаграм профил сподели емотивна порака во која им се заблагодари на членовите на бендот за годините во кои соработувале и истакна дека споменот на нивната работа секогаш ќе го носи во своето срце. -  Благодарам за деновите, годините и километрите патување и непроспиените ноќи, настапите, смеата... Знаете дека ви посакувам се што си посакувам за себе. Се надевам дека другите ќе ве ценат и почитуваат исто како и јас, а верувам дека тоа ќе го направат затоа што сте врвни музичари. Жал ми е што заминувате, но секој си го избира патот и што е најдобро за него... Убаво беше - изјави Радановиќ. Фото: printskrin/instagram/slobaradanovic]]>

„Секој што не го прави тое е ѓубре!“ – Барбара Бобак „удри“ по колегите и нивниот однос кон сопствениот бенд (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-shto-ne-go-pravi-toe-e-gubre-barbara-bobak-udri-po-svoite-kolegi-i-nivniot-odnos-kon-sopstveniot-bend-foto/ Thu, 02 Nov 2023 08:43:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325014

Пејачката Барбара Бобак моментално е една од најбараните пејачки на сцената, а важи и за кралица на бакшишите. Имено, Барабра често се занимава со приватни прослави, а сега во едно интервју откри дека бакшишите кои ги добивала од гостите никогаш не ги чувала, туку им ги давала на своите музичари. - Никогаш не сум земала бакшиш, оставам се да споделат музичарите, мислам дека секој што не го прави тоа е проклето ѓубре, тие луѓе имаат дневница, а пејачите земаат илјадници и илјадници евра, а ако ти треба таа илјада на твоите 6.000 евра - еве ти! – рекла таа, пренесува „Мондо“. Да потсетиме, Барбара во една прилика откри што правела пред да влезе во пејачките води. - Потекнувам од обично, нормално семејство. Бев одлична во основно и во средно училиште, гимназија. Долго работев како копирајтер во една австралиска компанија, бидејќи се трудев од 18 години да не им бидам товар на родителите и да се осамостојам. Работев и во теретана пред да почнам да ги пишувам тие статии на англиски. Желбата за пеење дојде случајно кога на социјалните мрежи видов објава на другарка која е пејачка. Секогаш пеев убаво, но бев срамежлива и избегнував да пеам пред други. Седев со моите пријатели од факултет во тој момент кога го видов. Инаку, студирав програмирање.]]>

„Бело Копче“ tribute “Bijelo Dugme бенд“ со концерт на „Аква бела ресорт“ во Штип https://arhiva.vistina.com.mk/belo-kopche-tribute-bijelo-dugme-bend-so-kontsert-na-akva-bela-resort-vo-shtip/ Thu, 01 Jun 2023 11:05:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304674

На  3-ти јуни (сабота) сите што ќе дојдат на настапот на најпознатиот македонски трибјут бенд ќе имаат можност да потонат во носталгијата на времето и да ја почувствуваат магијата на вонвременските хитови и незаборавни балади на легендарните „Бијело Дугме“! „Бело Копче tribute Bijelo Dugme бенд“ ќе настапи во прекрасниот Aqua Bella Resort во Штип и ќе ве пренесе во времето со прекрасните мелодии и носталгични стихови. „Заборавете на секојдневните грижи и дозволете им на романтиката и емоциите да ви ги наполнат срцата. Придружете ни се за една неверојатна ноќ со врвни музичари кои ќе ги изведат вашите омилени хитови на Бијело Дугме. Чујте ги класиките како "Тако ти ја мала моја кад љуби Босанац", "На задњем седишту мога аута", "Селма", "Липе цвату" "Ѓурѓевдан" и многу други“ - порачуваат од бендот кој и така свири ама и автентично изгледа, правејќи костимографски промени во зависност од тоа која песна од кој период и фаза на музичкото постоење на групата ја изведува... За нивното „лице да звучи познато“ на сцената. Исклучителна прилика да го славите наследството на еден од најголемите бендови во историјата на балканската музика и убавите времиња. Резервирајте си билет веднаш и осигурајте си место на ова неверојатно музичко доживување.  ]]>

Почина Енди Рурк, басистот на бендот „Смитс“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-endi-rurk-basistot-na-bendot-smits/ Sat, 20 May 2023 07:44:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303021

Басистот на поп-рок составот „Смитс“, Енди Рурк почина на 59-годишна возраст, соошпти неговиот поранешен колега од бендот, гитаристот Џони Мар. Во Твитер-објавата на Мар утрово се вели дека Енди починал по долго боледување од рак на панкреасот.
„Енди ќе биде запаметен како љубезна и убава душа од оние кои го познаваа и како врвно надарен музичар од љубителите на музиката. Бараме приватност во овој тажен миг“, додаде Мар.
Со првичната постава, составена од Рурк, тапанарот Мајк Џојс, Мар и пејачот Стивен Морисеј, „Смитс“ во жанровите рок, поп и панк, имаа низа хитови во 1980-тите, како што се „Heaven Knows I’m Miserable Now“ и „Girlfriend In а Coma“. Меѓу попознатите нивни албуми се „The Smiths“ и „Meat is Murder“. Имаат и три топ-10 хитови.
Бендот, инаку, престана да постои во 1987 година. Распаѓањето на четворката од Манчестер беше едно од најспектакуларните во музичкиот свет во Обединетото Кралство, по што во 1989 година Џојс и Рурк ги одведоа Морисеј и Мар на суд поради хонорарите.
]]>

По случаен пад од тераса или обид за двојно самоубиство почина скопскиот музичар Филип М. додека неговата девојка, Кристина Г. – пејачката на бендот „Bеrnays Propaganda“ се бори за живот https://arhiva.vistina.com.mk/po-sluchaen-pad-od-terasa-ili-obid-za-dvojno-samoubistvo-pochina-skopskiot-muzichar-filip-m-dodeka-negovata-devojka-kristina-g-pejachkata-na-bendot-bernays-propaganda-se-bori-za-zhivot/ Mon, 13 Feb 2023 17:22:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288715

Вчера попладне пред зграда во центарот на Скопје биле пронајдени починат маж и тешко повредена жена. Двајцата претходно паднале  или скокнале од тераса во зградата, а полицијата сѐ уште истражува дали  дали се работи за обид за двојно самоубиство по љубовна расправија. На 12.02.2023 во 12:57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, се вели во соопштението од МВР. Неофицијално, се работи за Филип М. кој познат креативен уметник и музичар, и Кристина Г., вокалистка од македонскиот бенд „Bеrnays Propaganda“, кои биле во љубовна врска. Жената е сѐ уште е во критична состојба. Од клиниката за Карил, за „ТВ Телма“ изјавиле дека повредената жена е во тешка и критична состојба, со многу скршеници и без свест. Во истрагата која трае, полицијата  засега не соопштува дали станува збор за несреќен случај, самоубиство или убиство.Се очекува да се дознаат повеќе детали за мистериозната трагедија по подобрувањето на здравствената состојба на повредената девојка.]]>

На оваа ретро фотографија се две македонски поп ѕвезди кои некогаш имаа свој бенд: На старата подизбледена слика едниот свири виолина, а другиот хармоника (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-ovaa-retro-fotografija-se-dve-makedonski-pop-dzvezdi-koi-nekogash-imaa-svoj-bend-na-starata-podizbledena-slika-edniot-sviri-violina-a-drugiot-harmonika-foto/ Sat, 12 Nov 2022 08:10:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252073

Старите добри времиња... По нив сите копнееме... Ги паметиме, се сеќаваме, раскажуваме, се потсетуваме... И заради тоа што тие биле времиња на нашата младост, но и заради тоа што реално, вистински и многу поубаво се живеело. И заради стандардот, но и заради дружбата, другарството, искреното пријателство, сочувството, емпатијата... Заради сето она што се нарекува живот! Вистински, достоинствен, искрен, реален... А не како денешниов „крпен живот“, лажен, манипулаторски, бескруполозен, криминален, виртуелен, само од полза... Или просто кажано - „имитација на животот“ наместо вистински живот! Старите фотографии се еден од наједноставните начини да се сетиме токму на убавите времиња. И покрај појавата на дигиталната технологија, сите ние се' уште ги чуваме, некaде во некоја фиока, куферче, на некоја полица... Како ковчег со благо од „златни спомени“ на нашаето детство, младоста, убавите години, старите добри времиња... А по тоа ковчеже во кое се спакувани најубавите спомени од нашите изминати години, не ретко знаеме да посегнеме и да извадиме по некоја фотографија за да ја ублажиме сопствената носталгија или да се потсетиме колку убаво сме живееле. Овој пат истотот го направи ја и некои од познатите македонски личности или поточно две естрадни фаци. Обајцата школувани музичари, кои некогаш свиреле на исто место во ист бенд, денес секој од нив засебно позната македонска поп ѕвезда. Секој од нив пејач со кариера, грст хитови, дузина награди, многу настапи, концерти... На старата подизбледена слика едниот свири виолина, а другиот хармоника. Денес обајцата не ги свират своите инструменти, но затоа се познати популарни по своите песни.   Ако се' уште не ги препознавате, еве да ви откриеме. На оваа ретро фотографија снимена пред еден нивни настап во Битола прд 21-на година се денес познатите македонски поп пејачи Димитар Андоновски и Влатко Лозаноски - Лозано. На сликата, првиот на виолина, а вториов на хармоника на некогаш нивниот заеднички настап, денес на нивното патување низ спомените од годините што изминале. Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Lozano - Vlatko Lozanoski/dimitarandon  ]]>

„Прљаво казалиште“ се распадна: Основачите на бендот повеќе не ни разговараат меѓу себе https://arhiva.vistina.com.mk/prljavo-kazalishte-se-raspadna-osnovachite-na-bendot-povekje-ne-ni-razgovaraat-megju-sebe/ Fri, 06 May 2022 06:12:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248923

Готово е! Се случи она што со месеци се шпекулираше на музичката сцена. Го нема веќе „Прљаво казалиште“, барем не како што го знаеме со години. За Јутарњи лист е потврдено, по 45 години се распадна најмоќниот бенд, кој во 1979 година го издаде својот прв ЛП наречен „Прљаво казалиште“. Но, тоа е долго и славно минато, напишано од долгогодишни пријатели, кумови и големи музичари кои заедно ги исполнија арените и стадионите и ја фрлија публиката во транс. Денеска, Тихомир Филеш и Јасенко Хоура, основачите на бендот за чие распаѓање нивната публика вечно ќе жали, веќе не зборуваат, а како почнало, во иднина би можеле да разговараат само преку своите адвокати. За тоа дека членовите на бендот имаат различни музички визии и желби, како и тоа што се заситија еден од друг, се зборуваше уште во 2021 година. Никој не му придаваше преголема важност на тоа, бидејќи престрелките и полошите периоди не се невообичаени за групи со повеќе луѓе, па така и за бенд колку што е Прљаво казалиште. Но, наместо да се смират страстите, да се заборават лошите денови, работата ескалирала и резултирала со распад на бендот, но и можни тужби. Имено, иако е јасно дека нема да продолжат да соработуваат, Хоура, вели Филеш, се договорил на 24 јуни за изведбата на Прљаво Казалиште во Врбник на Крк. Во соопштението објавено на социјалните мрежи од Туристичкиот одбор на Врбник не пишува кој ќе пее и кој ќе свири, но Филеш, кој е сопственик на брендот и името на бендот, вели дека настанот не треба да се нарекува „Прљаво Казалиште концерт“ ако музичарите и туристичкиот одбор не сакаат да биде тужени. – Секако, бендот може да настапува под друго име. Не е проблем. Но, под името Прљаво Казалиште – не – се определува Филеш.]]>