бен афлек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Feb 2024 10:04:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бен афлек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џенифер Лопез почувствува потреба јавно да се исповеда: „Не планирав да му се вратам на Бен“ (аудио) https://arhiva.vistina.com.mk/dhenifer-lopez-pochuvstvuva-potreba-javno-da-se-ispoveda-ne-planirav-da-mu-se-vratam-na-ben-audio/ Tue, 20 Feb 2024 10:04:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339345

Џенифер Лопез во текот на гостувањето во „Kyle and Jackie O Radio Show“, кажа дека морала да се спознае себеси откако славниот пар се раздели во 2000-те години. „Се заљубив во љубовта на својот живот претходно во животот, но поради којзнае кои причини, почувствувавме потреба да се разделиме“, објаснила Џеј Ло. „Се разделивме, добивме деца со други луѓе и бевме во долги врски. Не планирав да му се вратам него“, вели Џеј Ло. Да ве потсетиме, Лопез и Афлек ја започнале врската во 2002 година, а се вериле подоцна истата година. Меѓутоа, парот во 2004 година се разделил, откако една година претходно ја откажале венчавката. Славната Џеј Ло прво се венчала за Марк Ентони во 2004 година, а заедно со него ги има близнаците Макс и Ема, а се развеле во 2014 година. Афлек пак бил во брак со Џенифер Гарнер од 2008 до 2018 година, а имаат две ќерки Вајолет и Серафина. По години разделеност, Лопез и Афлек конечно повторно се споиле во 2021 година и се венчале во 2022 година. „Мислев дека сум добро и дека го сакам својот живот, но сметам дека тогаш навистина ми се отвори универзумот и потврдив дека се подготвувам за она што навистина го сакам“, објаснила пејачката.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Не можев да верувам, а мислам дека ниту тој“, рекла таа и објаснила дека „тоа не е нешто кое го планирале“. „Навистина продолживме со своите животи, но кога повторно се поврзавме, знаевме дека тоа е тоа“, објаснила таа. Лопез исто така отворено зборувала за тоа како фактот дека станала мајка ја направила подобра личност. „Откако се родија децата, на вистински пат од патувањето сум“, рекла пејачката и додала дека се обидува да биде подобра верзија од себеси и да биде најдобрата личност која би можела да биде „прекрасна мајка и прекрасен пример за своите деца“. фото:Instagram printscreen/ jlo видео: You Tube/ Page Six]]>

Џенифер Лопез и Бен Афлек направија лудило на „Супербоул“, а милиони се воодушевени (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dhenifer-lopez-i-ben-aflek-napravija-ludilo-na-superboul-a-milioni-se-voodusheveni-video/ Mon, 12 Feb 2024 08:47:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338340

Џенифер Лопез и Бен Афлек го потресоа светот по премиерата на рекламата на „Super Bowl“ и ги воодушевија сите што ја видоа. Освен овие двајца, во рекламата се појавуваат и Мет Дејмон и Том Брејди. Имено, во рекламата Бен Афлек влегува во студиото во кое е Џенифер Лопез за да и ја претстави својата рап песна, бидејќи „таа влезе во мојот бизнис, сега треба да и покажам што знам“, а кога ќе ја слушне песната, на прашањето дали ќе се појави на албумот, тој вели „Разговаравме за тоа“. Секако, Мет Дејмон во еден момент му вели на Афлек: „Понекогаш е навистина тешко да се биде ваш пријател“. Откако ќе ја заврши својата мини-изведба, Дејмон и Афлек го напуштаат студиото, а Џенифер му вели на Том Брејди: „Том, можеш да останеш“. Креативните реклами како оваа не се новина за „Super Bowl“, бидејќи брендовите цела година чекаат на настанот што го гледаат 100 милиони луѓе и се борат за секундите за кои плаќаат. Погледнете ја рекламата: фото:You Tube printscreen/ Dunkin']]>

Екс- сопругата на Бен Афлек јавно го пофали неговиот полов орган: „Ви треба широк објектив“ https://arhiva.vistina.com.mk/eks-soprugata-na-ben-aflek-javno-go-pofali-negoviot-polov-organ-vi-treba-shirok-objektiv/ Mon, 25 Dec 2023 10:57:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332262

Поранешната сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, го пофали актерот „гласно“ кога станува збор за неговиот пенис. Имено, Џенифер тврди дека пенисот на Бен е толку голем што на филмаџиите им е потребен „широк објектив“ за сето тоа да го овековечат пред камера. Додека го снимаше филмот „Gone Girl“ во кој има сцена каде е целосно гол, Бен тогаш и се пожали на сопругата, а таа не пропушти прилика да го пофали.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jennifer Garner (@jennifer.garner)

- Ми рече: „Еј, денес на работа (режисерот Дејвид) Финчер ме наговори да се истуширам. Само му реков: „О, одлично, добро, се надевам дека имаше широк објектив“, рече Џенифер во шоуто „Елен Деџенерис“ во 2014 година. Актерот како и неговите колеги биле шокирани од нејзината изјава, а самиот Бен никогаш не го коментирал фалењето на Џенифер. Инаку, Џенифер Гарден и Бен беа во брак од 2005 година до разводот во 2018 година. Актерот набрзо ја најде среќата покрај својата поранешна свршеница Џенифер Лопез. фото:Instagram printscreen/ benaffleckkofficial/ jennifer.garner]]>

Се бакнуваат како да нема утре: Новите фотографии од Џеј Ло и Бен Афлек се доказ дека се луди еден за друг (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/se-baknuvaat-kako-da-nema-utre-novite-fotografii-od-dhej-lo-i-ben-aflek-se-dokaz-deka-se-ludi-eden-za-drug-foto/ Thu, 30 Nov 2023 11:28:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329319

Славниот пар пред неколку дена се прошета во Лос Анџелес, а за време на утринската прошетка „паднаа“ бакнежи. Џеј Ло и нејзиниот сопруг ја започнаа својата врска пред 20 години, имаа низа пехови во јавноста кои многумина ја протолкуваа како најава за крај на нивната врска. Тоа не се случи. Нивната серија на јавни бакнежи продолжи. Пред само неколку дена, Џенифер Лопез и Бен Афлек беа забележани како се бакнуваат во продавница за мебел откако купуваа замок во Лос Анџелес, вреден 60 милиони долари. Некој ќе каже дека со јавни бакнежи сакаат да ставаат приказни за кавги на втор план. Беше повеќе од очигледно дека на Џенифер Лопез многу и пречеа натписите за намќорното однесување на Афлек во нејзино друштво и за несогласувањата доловени од виралните видеа.
Сепак, има многу детали од нивното минато и сегашност кои не треба така лесно да ги натераат да се сомневаат во нивната љубов. Џенифер Лопез и Бен Афлек започнаа врска во 2002 година. Тие раскинаа две години подоцна, таа во бракот со Марк Антони ги има близнаците Ема и Максимилијан, додека тој има три деца од бракот со Џенифер Гарнер. Џеј Ло и Бен се свршија во април 2022 година. Тие се венчаа минатиот јули во Лас Вегас, а потоа направија втора свадба во Џорџија следниот месец. Нивните бакнежи ги видовме неколку пати оттогаш и на црвениот тепих, но она што изгледаше како идилична втора шанса за љубов го расипаа неочекуваните ситуации во јавноста како расправии и лошо расположение, кои во случајот на Афлек достигнаа сериозно ниво.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Добро е што работите се свртеа, Џеј Ло во неколку наврати потенцираше колку го сака Бен, која исто така му е исклучително важна. фото: Instagram printscreen/ jlo/ benniferxstory]]>

На Бен Афлек одлично му оди со поранешната: Папараците „ги уловија“ премногу блиски во автомобилот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-ben-aflek-odlichno-mu-odi-so-poraneshnata-paparatsite-gi-ulovija-premnogu-bliski-vo-avtomobilot-foto/ Mon, 18 Sep 2023 11:39:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318490

Парот од своето смирување, на кое нивните фанови чекаа дури 17 години, изгледа среќно и хармонично, а Афлек негува одлични односи и со поранешната сопруга, познатата актерка Џенифер Гарнер. Иако во минатото имале многу конфликтни моменти, родителите на 3 деца се трудат да останат пријатели и сè одлично да функционира во нивното семејство, а сега покажале и дека се поблиски отколку што мислиме - толку блиски што дури и Џеј Ло можеби ќе почувствува малку љубомора. На фотографиите до кои дојде порталот „Page Six“ се гледа како Бен Афлек и Џенифер Гарнер се возат во автомобил во друштво на ќерката Серафина, а во еден момент Џенифер која седи на задното седиште, го прегрнува Афлек додека тој се потпира на неа, со затворени очи, и се смешка. Поранешниот пар се венчаше во 2005 година, но нивниот брак се распадна поради неверствата, алкохолизмот и зависноста од коцкање на Бен. Гарнер му давала многу шанси, но на крајот се разведоа во 2018 година. Откако се разделија, тие очигледно одлично функционираат, а Џенифер е веќе 5 години во врска со бизнисменот Џон Милер додека Бен по повеќе кратки врски се венчаше со некогашната вереница, Џеј Ло. фото:Инстаграм принтскрин/ BACKGRID]]>

Мајката на Џенифер Лопез проговори за зетот Бен Афлек: „Се молев 20 години…“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/majkata-na-dhenifer-lopez-progovori-za-zetot-ben-aflek-se-molev-20-godini-video/ Fri, 05 May 2023 10:06:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300807

Гвадалупе Родригез, мајката на славната пејачка и актерка Џенифер Лопез, накратко се појавила во емисијата „Today“ на „NBC“ во која нејзината ќерка гостувала со цел промоција на новиот филм „The Mother“ кој наскоро излегува на „Netflix“. Во таа прилика Гвадалупе зборувала за својот зет, Бен Афлек. „Знаев дека двајцата ќе бидат повторно заедно бидејќи се молев 20 години за тоа“, изјавила мајката на Џеј Ло, коментирајќи го прекинот на славниот пар во 2004 година. Џенифер во текот на емисијата истакнала дека нејзиниот сопруг е одлична татковска фигура на нејзините близнаци Макс и Ела (15). „Тој им е прекрасен татко и татковска фигура. Освен неговите три прекрасни деца, сега сме тука и ние и тој е фантастичен. Навистина добро се справува со предизвикот и тие го сакаат. Го ценат, како што го ценам и јас“, изјавила Лопез. Бен Афлек неодамна во текот на гостувањето во емисијата „The Drew Barrymore Show“ изјави дека Џенифер Лопез е најубавата жена на светот, а во таа прилика открил и што прави неговата сопруга за да го одржи младешкиот изглед и какви прехранбени навики има. „Ќе ти кажам нешто што ќе те изненади. Џенифер едноставно јаде што ќе посака. Што и да посака. Јаде колачиња, пица, сладолед, сè“, ѝ кажал Бен на водителката Дру Баримор и додал дека неговата сопруга е „вистинска жена со самодисциплина“ и поминува многу време вежбајќи. фото:Инстаграм принтскрин/Јутјуб]]>

Бен Афлек призна дека со Мет Дејмон делеле иста банкарска сметка: „Ни требаше за игри, пиво и аудиции“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ben-aflek-prizna-deka-so-met-dejmon-delele-ista-bankarska-smetka-ni-trebashe-za-igri-pivo-i-auditsii-foto/ Fri, 24 Mar 2023 10:30:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294940

Актерите Бен Афлек (50) и Мет Дејмон (52) открија дека делеле иста сметка во доцните 80-ти години кога биле тинејџери. И двајцата ја наполниле сметката со пари од улоги и ја користеле за аудиции и играње игри. Во тоа време тие беа цимери и на секој начин си помагаа да успеат во актерската кариера. – Сакавме да бидеме таму еден за друг. Беше како: „Нема да бидеш сам. Нема да бидам сам. Ајде да го направиме ова заедно – откри Афлек за време на гостувањето во подкастот на Бил Симонс. Мет сепак додал дека било невообичаено да се делат парите. Се додека еден од нив има пари, знаеле дека нема да им ја прекинат струјата. – По една улога во Џеронимо имав околу 35 илјади во банка. Му реков: „Мирни сме една година“, изјави Мет. Актерите додале и дека имаат правила за земање пари од сметката. Десет долари дневно ги користеле за играње игри, а останатите пари за аудиции. – На крајот си дозволивме да се обидеме да купиме пиво, но тоа никогаш не ни успеа – опиша Дејмон. 30 години подоцна, банката каде што имале сметка е затворена, но Дејмон и Афлек сè уште работат заедно. Неодамна соработуваа на филмот Air во режија на Бен. – Ми се допаѓа да работам со ова момче. Сакам да се дружам со него – заклучил Афлек. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

Бен Афлек има проблеми во сообраќјот како обичните смртници: Дали не знае да паркира или се почесто е малерозен? (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ben-aflek-ima-problemi-vo-soobrakjot-kako-obichnite-smrtnitsi-dali-ne-znae-da-parkira-ili-se-pochesto-e-malerozen-foto0/ Thu, 02 Mar 2023 11:14:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291364

Славниот актер Бен Афлек се почесто има проблеми со паркирање, а будното око на јавноста и папараците тоа знае и да го забележи со камера. Неделата на холивудскиот актер Бен Афлек баш и не му започнала добро, барем судејќи според неговите најнови папарацо фотографии, на кои бил „уловен“ во неволја со странично паркирање. 50-годишниот Бен својот црн луксузен Мерцедес го паркирал странично на паркинг место на улица, додека еден автомобил веќе бил пред него, а друг зад него, поради што не можел без проблем да излезе од своето место. Видно вознемирениот Бен решил да направи пауза за цигара и кафе пред да се обиде да замине, а потоа влегол во автомобилот и се извлекол од „неволјата“. Папараците го фотографирале како пишува на мобилниот телефон додека бил потпрен на возилото кое на крајот успеал да го извлече од паркинг местото, а се чини дека сепак дошло и до мал контакт со другите паркирани автомобили. Познато е дека Бен е голем љубител на металните миленичиња. Тој неодамна беше фотографиран зад воланот на неговиот Ford Bronco, кабриолет вреден околу 1,9 милиони долари, како пуши цигара и гледа замислено. Покрај тоа, тој може да се пофали дека поседува Lexus RX, Tesla Model S, класичен Chevrolet Chevelle SS, жолт Lamborghini Urus, Bentley Bentayga и Dodge Challenger SRT Hellcat. Фото:Backgrid/TMZ printskrin/youtube printskrin]]>

Доста и беше: Џеј Ло се огласи по невкусните коментари за неа и Бен Афлек (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dosta-i-beshe-dhej-lo-se-oglasi-po-nevkusnite-komentari-za-nea-i-ben-aflek-video/ Wed, 08 Feb 2023 09:59:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287921

Џенифер Лопез се огласи на Инстаграм откако на социјалните мрежи започна да се шири видео од непријатниот момент помеѓу неа и сопругот Бен Афлек на доделувањето на Греми наградите. Имено, камерата ги фатила Џеј Ло и Бен додека имале кратка расправија, а подоцна се огласи и читач од усни коj изјавил за „Daily Mail“ дека пејачката му кажала на сопругот „да се потруди да делува посимпатично и да изгледа мотивирано“. Сепак, се чини дека Џенифер со последната објава на Инстаграм одлучи да стави крај на гласините дека нешто не е во ред со нејзиниот однос со Афлек. „Најдоброто време е со мојот сопруг, мојата љубов“, напишала пејачката покрај видеото на кое се гледа како таа и актерот се забавуваат и се бакнуваат пред камерите на церемонијата на Греми.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Снимката има повеќе од 1 милион лајкови и мноштво коментари од фановите. „Прекрасни сте“, „Не дозволувајте хејтерите да ви го уништат бракот“, „Бенифер засекогаш“, пишувале едни, додека други признале дека сè уште сметаат дека сето ова е фарса. „Не можеш никого да прелажеш со ова. Дефинитивно нешто не е во ред помеѓу вас“, „Бен изгледа многу несреќно“, „Не си требала да го тераш да дојде со тебе“, гласат другите коментари. фото:Instagram]]>

Џеј Ло блеска, а Бен Афлек бесен како рис: На црвениот килим тој дојде лут и нервозен, а ова е причината… (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dhej-lo-bleska-a-ben-aflek-besen-kako-ris-na-tsrveniot-kilim-toj-dojde-lut-i-nervozen-a-ova-e-prichinata-foto/ Mon, 06 Feb 2023 11:57:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287520

Џенифер Лопез се појави на Греми 2023 година и „заслепуваше“ во гламурозен фустан на Гучи. Латино дивата ја додели наградата за најдобар поп вокален албум, која ја освои Хари Стајлс. Нејзиниот тегет фустан беше покриен со драматичен шлеп, шлиц до бутовите и кристален раб. Својот изглед го комплетираше со накит на Булгари и сребрени потпетици. Откако го завршила своето воведување, Лопез се сместила на своето место со сопругот Бен Афлек, кој и подарил сладок бакнеж кога таа завршила со излегувањето на сцената. Иако разменуваа нежности во првиот ред до сцената, Бен не изгледаше воодушевен што ќе ја придружува сопругата на гламурозниот настан. Секој пат кога камерата се насочуваше кон Бен, актерот изгледаше скршено додека Џенифер разговараше со Двејн Џонсон и неговата сопруга Лорен Хашијан. Да потсетиме, не е првпат Бен да не го крие својот анимозитет кон јавните настани и медиумското внимание. Во август беше виден со тажен израз на лицето, а не изгледаше најсреќно ниту на меден месец во Париз, каде што папараците го фатија како спие на брод. Познато е дека Бен не е воодушевен од медиумското и јавното внимание кое го добива најмногу поради сопругата. Исто така, минатото лето во Њујорк покажа лут израз на лицето, а ни Џенифер не можеше да го смири. фото:ROB LATOUR / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA/ PHILLIP FARAONE / GETTY IMAGES / PROFIMEDIA/EMMA MCINTYRE / GETTY IMAGES / PROFIMEDIA/Rob Latour / Shutterstock Editorial  Profimedia]]>