белорусија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Mar 2021 13:14:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png белорусија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Евровизија ја забрани песната што требаше да ја претставува Белорусија, зашто наводно ги исмева протестите против Лукашенко https://arhiva.vistina.com.mk/evrovizija-ja-zabrani-pesnata-shto-trebashe-da-ja-pretstavuva-belorusija-zashto-navodno-gi-ismeva-protestite-protiv-lukashenko/ Tue, 16 Mar 2021 13:14:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194467

Евровизија ја забрани песната што требаше да ја претставува Белорусија на годинашниот фестивал зашто наводно ги исмева демонстрантите против лидерот Александер Лукашенко. Песната „Ќе ве научам“ ја изведува петчлената група „Галаси Зместа“, која беше избрана од националната радиодифузна мрежа, место да се одржи јавно гласање, како што беше случај во изминатите години. Групата е позната како гласен поддржувач на режимот на Лукашенко и на својот сајт објави дека „не може да биде рамнодушна додека демонстрантите се обидуваат да ја растурат земјата“. Белорусија ја погодија најголемите протести во 26-годишното владеење на Лукашенко откако тој беше прогласен за убедлив победник на изборите во август. Пејачот Дмитри Бутаков ја опиша песната на руски како сатирична и кажа дека не се однесува на протестите. Сепак, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека постои политички контекст во стиховите и со тоа ги прекршува правилата на фестивалот, кој забранува политички пораки. Од ЕБУ кажаа дека Белорусија ќе мора да ја преработи песната, избере нова или ќе биде дисквалификувана.]]>

Скандал околу гласањето на жирито: Oваа држава ги прекрши правилата, па беше дисквалификувана од Евровизија https://arhiva.vistina.com.mk/skandal-okolu-glasanjeto-na-zirito-ovaa-drzava-gi-prekrshi-pravilata-pa-beshe-diskvalifikuvana-od-evrovizija/ Mon, 20 May 2019 10:56:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88805

Во сабота вечер заврши 64-то издание на Избор на песна за Евровизија на кое Македонија го освои осмото место. Меѓутоа, вистински скандал се случил неколку дена пред тоа односно во среда, пред втората полуфинална вечер. Имено, членовите на жирито на Белорусија во едно интерјву откриле како гласале поради што жирито на оваа држава беше дисквалификувано и немаше право да гласа во финалето.
Европската радиотелевизиска унија го распушти белоруското жири откако во средата во интервју за белорускиот Тут откриле како гласале. „Едногласно одлучиме за три победници. Генерално, не се размислуваме за првите шест, седум места. Потоа требаше да одлучиме кои ќе бидат на осмо и девето место. Се мислевме околу 10минути“ вели претседалот на жирито, Валериј Пригун. Откривањето на гласовите е против правилата на Евровизија поради што е донесена одлука жирито на Белорусија да биде дисквалификувано. „Во согласност со правилата на Евровизија, ЕБУ ги презема сите потребни работи и го распушти белоруското жири за финале на Евровизија“ пишува во изјавата на ЕБУ. Членовите на жирито откриле како Ангелина Микулскаја својот глас го дала на  Австралија, Валериј Пригун својот глас ги дал на Чешка, Естонија и Грузија. Третиот член на жирито своите гласови ги дал на Естонија, Грузија, Австралија и Чешка. Артем не ги коментирал гласовите, но изјавил дека негови фаворити се Грузија и Сан Марино додека Анастасија Тихановиќ ги пофалила Грузија, Чешка, Словенија, Естонија, Грција и Австралија. https://youtu.be/6IxL8uvArVg]]>

Марија Спасовска со песната „Дома“ и го донесе 12. место на Македонија на детскиот „Евросонг“ https://arhiva.vistina.com.mk/marija-spasovska-so-pesnata-doma-i-go-donese-12-mesto-na-makedonija-na-detskiot-evrosong/ Mon, 26 Nov 2018 11:31:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59748

Во арената „Минск“ во белоруската престолнина вчера, 25 ноември 2018  се одржа 16. издание на детската Евровизија, во чии рамки се натпреваруваа рекорден број од 20 земји. Нашата земја, која учествува во натпреварот од самиот почеток во 2003 година, овој пат ја претставуваше 13-годишната Марија Спасовска со песната „Дома“, потпишана од авторите Дарко Димитов и Елена Ристеска. Емотивната балада беше меѓу омилените на евровизиските обожаватели, но сепак не успеа да добие доволно поддршка за да победи на фестивалот, ниту да го собори досегашниот рекорд од највисокото освоено 5. место (2007 и 2008). Имено, нашата Дома“ од стручните жирија доби 64 поени, а од публиката 35, така што со вкупниот збир од 99 поени го освои 12. место,што за нашата земја е дури осми пат да заврши на оваа позиција.
Откако беа објавени гласовите од сите жирија, на ред дојдоа оние од публиката, која гласаше онлајн изминативе два дена. Милионите гласови од гледачите беа претворени во поени, започнувајќи од дваесетина до над сто, така што неизвесноста беше голема до самиот крај, кога победата ја понесе полската претставничка Роксана Венгиел, чија песна „Anyone I Want To Be“ освои вкупно 215 поени.
На второто место се пласираше Французинката Анжелина со темата „Jamais Sans Toi“ (Никогаш без тебе), што е одличен пласман ако се има предвид дека земјата годинава учествува само по вторпат откако се врати во натпреварот по пауза од 12 години, а на третото место заврши фаворитката на жиријата – Австралијанката Џаел со темата „Champion“.                                                                                      Финална табела со поени
Без оглед на крајниот резултат, нашата Марија имаше навистина спектакуларен настап во Минск, а многумина прокоментираа дека оваа моќна балада беше соодветна дури и за големата Евровизија. За сето тоа да биде одлично поставено на сцена се погрижи режисерката Љупка Јакимовска, која се               погрижи „Дома“ да изгледа како бајка.
Честитки за целиот тим што работеше на ова можеби најдобро претставување на нашата земја досега, а како изгледаше и звучеше Марија на евровизиската сцена во Минск дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=0LI1VXv9BIk Извор: РадиоМК]]>

Со песната „Дома”, 13-годишната Марија Спасовска од Скопје ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија 2018″ https://arhiva.vistina.com.mk/so-pesnata-doma-13-godishnata-marija-spasovska-od-skopje-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-detskata-evrovizija-2018/ Tue, 16 Oct 2018 12:37:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53212

Со песната „Дома”, 13-годишната Марија Спасовска од Скопје, ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија 2018″ што е закажана за 25 ноември во Минск, Белорусија. Песната испраќа топла и хумана порака до сите деца во светот, со музика и аранжман на Дарко Димитров, текстот е на Елена Ристеска и Дарко Димитров. Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“. Лани, на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји учеснички, завршивме на 12 – то место.]]>