бело копче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Jun 2023 11:07:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бело копче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Бело Копче“ tribute “Bijelo Dugme бенд“ со концерт на „Аква бела ресорт“ во Штип https://arhiva.vistina.com.mk/belo-kopche-tribute-bijelo-dugme-bend-so-kontsert-na-akva-bela-resort-vo-shtip/ Thu, 01 Jun 2023 11:05:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304674

На  3-ти јуни (сабота) сите што ќе дојдат на настапот на најпознатиот македонски трибјут бенд ќе имаат можност да потонат во носталгијата на времето и да ја почувствуваат магијата на вонвременските хитови и незаборавни балади на легендарните „Бијело Дугме“! „Бело Копче tribute Bijelo Dugme бенд“ ќе настапи во прекрасниот Aqua Bella Resort во Штип и ќе ве пренесе во времето со прекрасните мелодии и носталгични стихови. „Заборавете на секојдневните грижи и дозволете им на романтиката и емоциите да ви ги наполнат срцата. Придружете ни се за една неверојатна ноќ со врвни музичари кои ќе ги изведат вашите омилени хитови на Бијело Дугме. Чујте ги класиките како "Тако ти ја мала моја кад љуби Босанац", "На задњем седишту мога аута", "Селма", "Липе цвату" "Ѓурѓевдан" и многу други“ - порачуваат од бендот кој и така свири ама и автентично изгледа, правејќи костимографски промени во зависност од тоа која песна од кој период и фаза на музичкото постоење на групата ја изведува... За нивното „лице да звучи познато“ на сцената. Исклучителна прилика да го славите наследството на еден од најголемите бендови во историјата на балканската музика и убавите времиња. Резервирајте си билет веднаш и осигурајте си место на ова неверојатно музичко доживување.  ]]>

Првиот македонски трибјут бенд „Бело копче“ заедно со најголемите регионални ѕвезди на првиот интернационален „Рок и етно фест“ во Улцињ https://arhiva.vistina.com.mk/prviot-makedonski-tribjut-bend-belo-kopche-zaedno-so-najgolemite-regionalni-dzvezdi-na-prviot-internacionalen-rok-i-etno-fest-vo-ulcinj/ Thu, 14 Jul 2022 12:38:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258628

Спој на рок и етно култура, карактеристичен звук и познати музички имиња - сето тоа го носи првиот интернационален „Рок и етно фест“. Четири дена добра музика, но и разновидна културно-уметничка програма, во срцето на морскиот брег, Улцињ, ќе ги собере најпознатите рок групи како: „Тешка индустрија“, „Генерација пет“, „Црвена јабука“, „Краљевски апартмани „... Ним ќе им се придружат регионалната ѕвезда Индира Форца – екс „Колонија“, необичниот македонски трибјут бенд „Бело копче“ трибјут „Бијело дугме“, но и многу други изведувачи од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Хрватска и  Македонија. Покрај љубителите на добриот звук, свое место во модерниот јавен парк на семејството Хајдари ќе најдат и љубителите на уметноста, ракотворбите, модата и фолклорот. Покрај големите музички концерти, во програмата на фестивалот има и настапи на фолклорни групи од Западен Балкан. Покрај тоа, ќе се одржи саем за ракотворби, модна ревија и етнографска изложба. Првиот Интернационален Rock & Ethno Fest започнува на 4-ти август во 19 часот. Првата фестивалска вечер ќе настапи „Бело Копче“ трибјут „Бијело дугме“, а истата вечер публиката ќе ја забавуваат Индира Форца - екс „Колонија“, „Тешка индустрија“, Билјана Ѓошева, „Трилоџи бенд“ и Адријан Љуљџурај.  „Бело Копче“ трибјут на „Бијело дугме“ настапуваат и втората вечер, како и „Тешка индустрија“, Билјана Ѓошева и „Трилоги бенд“. Освен нив, на 5 август на сцената ќе се појават „Епилогија“ и „Краљевски апартман“. Третиот фестивалски ден е резервиран за концертот „Генерација 5“, „Црвена јабука“, како и за музиката на „Фјола и бенд“. Истата вечер публиката повторно ќе има можност да ги слушне „Тешка индустрија“ и „Епилогија“. На последниот ден од манифестацијата ќе настапат  Шкумбин Исмаили, Пони, Кораб Шаќири, Сидорела Кељменди. Конечно, фестивалот се затвори со хитовите на „Тешка индустрија“, а публиката уште еднаш ќе го слушне бендот „Фјола и бенд“. Првиот Интернационален Rock & Ethno Fest го организира невладината организација „Глобус Арт“ од Улцињ, која зад себе има низа успешни културни манифестации кои се одржуваат во Улцињ и низ целиот Балкан. Билетите за настанот можете да ги купите на веб-страницата www.gigstix.me. Цената на билетот за една вечер чини 9 евра, додека цената на билетот за сите четири вечери на фестивалот изнесува 29 евра. „Поминете ги деновите на една од прекрасните плажи, а потоа подгответе се и дојдете на најдобрата забава во градот. Време е за добар стар звук и нови спомени“ -порачуваат организаторите кои помпезно ги најавуваат настапите на македонскиот трибјут бенд „Бело копче“. Повеќе информации за фестивалот можете да најдете на официјалните социјални мрежи: Facebook: https://www.facebook.com/International-Rock-Etno-Fest-112254891536027 Instagram: https://www.instagram.com/international_rocketno_fest/]]>