Белма Хусеинефендиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Aug 2022 06:49:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Белма Хусеинефендиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ, огнен дует на „Охрид фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-josifovski-i-belma-huseinefendikj-ognen-duet-na-ohrid-fest/ Thu, 11 Aug 2022 06:49:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262195

Тие двајцата се финалистите на Гранд: Александар Јосифовски го освои второто место, а Белма Хусеинефендиќ беше пласирана меѓу првите десет во мегапопуларното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Патем, пласманот и не е важен туку можноста нивните таленти, енергии и музиката што ја имаат во вените, да се спојат во дует а истиот да има премиера на 29-тото издание на „Охрид фест“, на Интернационалната вечер на 3 септември. Песната што тие ќе ја изведат се вика „Глупаво е да си сам“ а ја потпишуваат Горан Шарац-музика, Огнен Неделковски- текст и Александар Валенчиќ- аранжман.
„Со Белма се знаеме од предминатата сезона - вели Александар - и некако веднаш се споивме со тие наши енергии. Одтогаш сакаме да направивме нешто заедно, секоја средба кулминираше со муабет за дует, кој еве ќе се случи на „Охрид-фест“. Штом Горан Шарац ми ја пушти песната, си реков- тоа е тоа! Му благодарам што му текна на нас, што еве музички ја спојуваме Македонија и Босна и со здружени сили очекуваме добар фидбек од публиката. Инаку, кога и се јавив на Белма со веста дека ќе правиме дует, таа веднаш се согласи а дури отпосле ја слушна песната. И така тргна: снимањето беше на две страни- таа во Босна, јас - тука, бевме воодушевени кога ја слушнавме и, да: едвај чекаме да настапиме.“
Спотот ќе се снима во септември и како што не информира Александар, ќе биде и убав и откачен, и ќе ја има нивната енергија. „Глупаво е да си сам“ ќе се снима и за Гранд продукција, во српска верзија, но најважно од се е што премиерата на песната, за која одсега многу се зборува е на „Охрид фест“. Им посакуваме многу среќа, сето останато го имаат! фото:Инстаграм/Александар Јосифовски]]>

Кандидатка на Јелена Карлеуша поминала еден ден во нејзиниот дом: Еве како се однесува пејачката зад затворени врати https://arhiva.vistina.com.mk/kandidatka-na-jelena-karleusha-pominala-eden-den-vo-nejziniot-dom-eve-kako-pejachkata-se-odnesuva-zad-zatvoreni-vrati/ Fri, 02 Jul 2021 11:10:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209439

Финалистката на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Белма Хусеинефендиќ поминала еден ден во вилата на Јелена Карлеуша. Белма е фасцинирана од куќата и семејството на пејачката. „Се подготвувавме психички за финалето, потоа размислувавме што да облечеме, разговаравме за некои случувања, но и за понатамошната кариера. Ги запознав нејзините ќерки, сопругот Душко и можам да кажам дека ми е чест што бев во едно такво семејство кое ме дочека со раширани раце“, изјави Белма. „Немаше атмосфера како Јелена да е ментор, а јас кандидат туку се изгледаше фамилијарно, како Јелена да ми е мајка. Многу е грижлива жена, но и мајка и сопруга. Најмногу се играше со нејзиното куче кое е преслатко, па и кажав дека еден ден ќе дојдам и ќе го украдам“, вели учесничката во музичкото шоу. Освен пријатната атмосфера, Белма е воодушевена и од луксузниот дом на пејачката. „Што се однесува до нејзината куќа, таа е фасцинантна, се е стилско уредено и преубаво изгледа. Мене најмногу ми се допадна дневната“,  порача таа за 24седам.  ]]>