бели дробови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Jun 2023 07:34:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бели дробови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина актерот од култниот филм „Титаник“, кој сите го паметиме по една од најтрогателните сцени (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-akterot-od-kultniot-film-titanik-koj-site-go-pametime-po-edna-od-najtrogatelnite-stseni-foto/ Tue, 27 Jun 2023 07:30:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307808

Актерот од култниот филм „Титаник“, кој сите го паметиме по една од најтрогателните сцени, почина по тешко боледување. Според неговото семејство, актерот починал од рак на белите дробови. Лу Палтер (94) беше најпознат по трогателната сцена каде старец и старица, кои знаат дека нема да можат да избегаат од Титаник што тоне, се гушкаат на креветот додека водата навлегува во кабините на бродот. Инаку, сцената е инспирирана од вистински пар патници на „Титаник“, а од необична игра на судбината, двајцата старци биле предци на сопругата на сопственикот на подморницата „Титан“, Стоктон Раш. Погледнете ја сцената каде се појави Палтер. Фото: Принтскрин/Јутјуб]]>

Згасна животот на првиот македонски ријалити победник: Почина Драги – „Шпага“ https://arhiva.vistina.com.mk/zgasna-zhivotot-na-prviot-makedonski-rijaliti-pobednik-pochina-dragi-shpaga/ Wed, 31 May 2023 09:11:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304348

Замина уште еден урбан градски скопски лик. Драги Христов кого сите го познаваа по прекарот Драги - „Шпага“, почина на 52 годишна возраст по кусо и тешко боледување, откако му беше констатиран карцином на белите дробови. Скопјени и скопската урбана градска шема го памети со години наназад уште од средината на деведесеттите години, од ноќните излегувања по култните места во македонската престолнина. Беше запаметен по неговата луцидност заедно со неговиот тогашен другар Дејан Органџиев, кои знаеа необично и екстравагантно да се облекуваат во светкави костуми или оние со животински принт и да носат различни перики, отскокнувајќи од масата со изглед налик на ликови од некој првоаприлски маскенбал. Пошироката македонска јавност сепак го запозна во 2004 година по учеството во едно од првите реални шоуа во Македонија, кога имаше обид самостојно да создаде ријалити од овој тип. Реалното шоу се викаше „Тоа сум јас“, а се снимаше во куќа во Скопје и беше сличен формат на „Големиот брат“. Шоуто се прикажуваше на МТВ, а подоцна имаше обиди за негови варијации на други телевизии. Драги - Шпага беше токму победникот во првата сезона на ова реално шоу, а како награда тогаш доби автомобил „Шевролет - Матиз“. Годините подоцна станува лик за кој ќе зборува целата македонска јавност , но и регионот откако во продукција на најпознатиот македонски секс шоп, ќе биде главниот машки „актерски“ лик во филмската порно комедија: „Жена ми Мира пак масту*бира“, филм за возрасни кој ќе биде издаден и на видеокасета односно ДВД формат. Оттогаш натаму Драги Шпага ќе го добие епитетот „порно актер“ иако потоа никогаш повеќе нема да ја повтори ваквата улога. Потоа ќе се повлече, а во јавноста одново неговото име ќе одекне по појавата во камп - шаторите пред македонската влада, за време на таканаречената „Шарена револуција“ со чија помош СДС дојде на власт. Неговата фотографија гушнат со тогашната потпретседателка на „комуњарите“, Радмила Шеќеринска беше хит на сите насловници на македонските медиуми, а истата ја пренесоа и повеќето во регионот. Короната ќе биде следната неволја со која Драги Христов - „Шпага“ ќе се соочи, а инфекцијата со заразната болест едвај ќе ја преживее. Во полусвесна состојба, па во кома дваесет часа, со тешка пневмонија и внатрешно крварење во желудникот од кое  изгубил многу крв, шансите да преживее му  биле едвај 20%.  Матичниот лекар подоцна му рекол дека бил случај  за во учебниците... за енциклопедија. За жал, дали како поседица на короната и тешките диети, на Шпага ќе му откажат бубрезите... Последните години остануваат надвор од нивната функција, па тој ќе стане еден од оние пациенти кои ќе мораат два до три пати во неделата да одат на дијализа. Според кажувањата на блиските пријатели, неодамна токму при една од дијализите на Шпага му се слошило, по што му биле направени итни детални прегледи, по кои за жал било констатирано нешто, за што самиот ниту знаел, ниту чувствувал некакви симптоми - карцином на белите дробови во поодмината фаза со метастази. По кусото и тешко боледување опаката болест го зема својот данок и Драги Христив - „Шпага“ починал. Погребот бил извршен вчера, на 30 мај 2023 година, во попладневните часови во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство. Фото: Фејсбук принтскрин/Dragi Hristov Spaga]]>

Овие симптоми не смеете да ги игнорирате: Ракот на белите дробови е страшна болест – и непушачите се во опасност https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-simptomi-ne-smeete-da-gi-ignorirate-rakot-na-belite-drobovi-e-strashna-bolest-i-nepushachite-se-vo-opasnost/ Wed, 01 Feb 2023 13:45:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286875

Доколку ги почувствувате овие симптоми, никако немојте да ги занемарувате! Иако пушењето се смета за главен виновник во 85% од случаите на рак на бели дробови, оваа опасна болест ги погодува и непушачите. Повеќето пасивни пушачи всушност не се ни свесни за ризикот и кога ќе се појават првите симптоми, не им ни паѓа на памет да одат на лекар. Британските лекари во медицинското списание Royal Society of Medicine предупредуваат дека препознавањето на првите симптоми е пресудно за да се открие опасната болест на време. Дури и кога кашлицата е посилна и поинтензивна од вообичаено, многумина мислат дека тоа е последица на настинка или воспаление, па не одат на детални прегледи. Симптоми кои не смеат да се игнорираат:
    • Кашлицата не престанува ни по две до три недели
    • Кашлицата се влошува
    • Инфекции на градниот кош
    • Искашлување крв
    • Болка за време на дишењето и кашлањето
    • Честа задишаност, дури и без голем напор
    • Постојан умор и недостиг на енергија
    • Губење апетит и ненадејно губење тежина
Извор: Курир.мк]]>

Еликсир кој ги чува белите дробови: Направете си го овој здрав и природен лек https://arhiva.vistina.com.mk/eliksir-koj-gi-chuva-belite-drobovi-napravete-si-go-ovoj-zdrav-i-priroden-lek/ Wed, 03 Aug 2022 11:08:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261348

Можете лесно да направите природен лек со оригано и мед, истиот треба да го консумирате по една лажица секое утро. Ориганото е зачин кој дава на храната специфичен вкус, особено ако уживате во италијанската кујна. Покрај својата единствена арома, ориганото се карактеризира и со бројни лековити ефекти, а и познато е дека има корисен ефект врз здравјето на респираторниот систем. Самиот Хипократ го користел ориганото како антисептик, а присуството на рузмаринска киселина и тимолот во оригано го прави овој зачин одличен предизвикувач на имунитет. Има антибактериско дејство, е природен диуретик, го подобрува здравјето на срцето и го детоксифицира организмот. Ориганото често се користи за ублажување на кашлицата и респираторните проблеми при астма и бронхитис, но исто така е одлично за спречување и зачувување на здравјето на белите дробови и респираторниот систем. Може лесно да направите природен лек од оригано и мед, кој ќе ви ги чува белите дробои и ќе ви го зголеми имунитетот. Еве што ви е потребно за да го направите: Рецепт за природен лек од оригано и мед Земете една тегла од еден литар и наполнете ја до половина со свежи лисја од оригано (пополнете 1/4 од теглата ако користите суво оригано), а другата половина пополнете ја со ливадски мед. Добро измешајте за да исчезнат сите меурчиња. Затворете ја теглата добро и оставете да отстои 30 дена крај прозорецот, односно на светло место со многу сончеви зраци. По 15 дена, свртете ја теглата наопаку за повторно обединување на сè. Кога ќе поминат 30 дена, можете по желба да ги отстраните лисјата од оригано од теглата. Чувајте го лекот затворен и земајте по една лажица секое утро. извор:курир.мк]]>

Прележавте коронавирус? Овие намирници ќе придонесат за побрзо закрепнување на белите дробови https://arhiva.vistina.com.mk/prelezavte-koronavirus-ovie-namirnici-kje-pridonesat-za-pobrzo-zakrepnuvanje-na-belite-drobovi/ Tue, 22 Feb 2022 13:45:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240202

Воспалението на белите дробови е најчест здравствен проблем кој доаѓа со коронавирусот. Белите дробови и црниот дроб заслужуваат посебно внимание бидејќи се најголеми чистачи на телото. Помеѓу бројните функции на црниот дроб е дека ја прочистува крвта, а белите дробови внесуваат кислород, притоа филтрирајќи ги токсините од воздухот и понатаму, го исфрлаат штетниот јаглерод диоксид од организмот. Со одржување на здравјето на црниот дроб и белите дробови, клетките и ткивата во нашето тело се задоволуваат со здрава крв која е богата со кислород. За квалитетната работа и добрата функција на белите дробови и црниот дроб е исклучително важна и храната која ја консумирате. Во продолжение, ви претставуваме неколку намирници кои ќе придонесат за целосна детоксикација на овие органи.

Зелен лиснат зеленчук

Овој вид зеленчук е пред сè познат по изобилството од витамини како витамин А, Ц, К и фолна киселина. Витаминот А е неопходен за здравјето на вашата кожа и очи, витаминот Ц е еден од најсилните антиоксиданти досега, а витаминот К е неопходен за згрутчување на крвта. Фолната киселина е еден од витамините Б и една од нејзините најважни улоги е обновување на крвните елементи. Спанаќот, зелената салата, зелката, младиот кромид, кељот и коријандерот се најдобриот избор на лиснат зеленчук за чистење на организмот. Можете да ги јадете сирови, бланширани или во форма на смути. Благодарение на содржината на калиум и магнезиум, овој зеленчук го подобрува здравјето на белите дробови, а бидејќи зелениот лиснат зеленчук изобилува и со хлорофил, тој помага во чистење на организмот од тешки метали.

Јаболкo

Ова овошје е богато со пектин, витамини и флавоноиди кои во голема мера придонесуваат за чистење на црниот дроб. Флавоноидите и антиоксидантите го чуваат здравјето на белите дробови и целиот респираторен систем. Редовното консумирање јаболка секој ден, после појадок и после ручек ќе ги реши проблемите со гихт, ревматизам, артритис, проблеми и болести на црниот дроб и бубрезите, опструкција на крвните садови, а воедно ја прочистува крвта и ги елиминира маснотиите. Јадењето јаболка позитивно влијае на нервниот систем како и на забрзување на метаболизмот и губење на вишокот килограми. извор: точка.мк]]>

По долго и тешко боледување во Австралија: Почина композиторот и пејач Тоде Новачевски https://arhiva.vistina.com.mk/__trashed-11/ Thu, 10 Feb 2022 19:48:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238626

Почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејачката Маријана, после долго боледување од рак на белите дробови. Новачевски беше синоним за најпопуларниот сестрински дует кај нас и песните како„Признавам“, испеани од сестрите близначки, пејачките Маријана и Росана. Тој повеќе децении беше во брак со Маријана, минатата година откри дека веќе две години се бори со карцином, но зборуваше и за подемите и падовите во бракот со Маријана и разводот. „Иако мојот карцином на белите дробови нема никаква врска со ковид-19, почетокот на проблемот пред две години и развојот на болеста беа скоро исти. Од страшна инфекција стекната заедно со грип и по лошо поставена дијагноза, за неколку месеци достигнав внатрешно крварење, карцином на крв и метастази кои максимално ме потресоа и физички и психички. Сепак, засега, барем низ оваа последна епизода од мојот живот, поминувам како да ми е почеток на нов, поубав и попросперитетен период, иако сум свесен дека е многу можно да не доживеам подлабока старост“ - говореше Новачевски во едно од своите последни интервјуа дадени лани летото за за Свет Австралија. Благодарен на Маријана што не дозволила нивното разделување и развод да влијаат негативно на врската која ја имаат со децата, свесен дека тие се најмалку виновни за недоразбирањата кои во кризниот период на нивнаата врска, не успеале да ги надминат. Тој најсреќните вести ги добил во најтешкиот период од животот. „Токму во најтешкиот период на живот, ми стигнаа и најубави вести, најпрво за моето мало дедино срцуле Ива, ќерка на мојот син Филип и снаата Анастасија, па веридба на моето големо срцуле, ќерката Магдалена и Ерик. Можете да замислите со колкава радост и гордост сме исполнети Маријана, јас и најбликите од двете страни на нашите семејства“ - оптимистички и со искреност истакна тогаш  композиторот, чиј живот згасна по борбата со тешката болест. Рековме Збогум. Сакам песно мојата да те испејам, сета болка моја како солза да ја слеам… Одетај, песно моја гулабице,  побарај ведро небо за мојот бол на срце... Почивај во мир Тоде мој... Таму некаде, каде болки и премрежја не постојат“ - се зборовите со кои неговата бивша сопруга пејачката Маријана Нoвачевска се прости од својот некогашен сопруг со кој и покрај се', очигледно останале во пријателски односи. „Нашиот композитор, еден и единствен композитор,  човек кој ни ги подари најубавите евергрини на сите времиња, скромен, голем, татко на моите внуци, си замина во вечноста. Сега заедно со нашиот брат, горе некаде заедно нека компонираат и музицираат, бидејќи музиката им беше живот. Голема благодарност и почит до него, спомените за него и неговите песни секогаш ќе бидат во моето срце. Тивко живееше, тивко и си замина... Почивај во мир мој Тоде“ - со овие зборови на свокот Фејсбук се прости од нејзиниот некогашен зет и композитор на најубавите песни што ги испејаа, сестрата близначка на Маријана, пејачката Росана Сариќ Тодоровска. Маријана  како последно збогум ја постираше нивната заедничка песна „Ако не исчезнам“. Песна која со текот на годините стана еден од вечните македонски евергрини напишани од  сега покојниот Тоде Новачевски, а испеани од нив тројцата на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 1989 година. ]]>

Мишо Ковач одново итно хоспитализиран: Пејачот повторно заврши во болница (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/misho-kovach-odnovo-itno-hospitaliziran-pejachot-povtorno-zavrshi-vo-bolnica-foto/ Fri, 26 Nov 2021 12:46:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229036

Легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач, како што дознаваат медиумите, сношти, 25 ноември 2021 г. повторно завршил на болничко лекување, откако итно бил хоспитализиран на одделот за пулмологија. Семејството и пријателите се во страв поради неговото здравје и се плашат дека ќе се случи најлошото. Да потсетиме, Мишо на крајот на октомври заврши во болница, а по неколку дена лекарите решија да го пуштат на домашно лекување и дополнителни прегледи кои беа неопходни за да се уверат во неговата здравствена состојба. Меѓутоа, пред два дена, според хрватските медиуми, Мишо имал висока температура, која го скршила одвнатре, а дури вчеравечер брза помош дошла да го земе во Строжанац. Мишо живее во станот кој го изнајмил со својата сопруга Лидија,  каде пристигнала брзата помош и веднаш го хоспитализирала пејачот. Како што беше соопштено, медицинскиот персонал и лекарите се сомневаат дека се работи за воспаление на белите дробови, но дека е во прашање почетна фаза. Мишо Ковач еднаш беше тестиран на коронавирус, но како што соопштија, резултатите од тестот покажале дека и тој и неговата сопруга Лидија  се негативни на Ковид -19.]]>

Српската фолк легенда и кум на покојниот Тома Здравковиќ е тешко болен и мора да оди под нож: „Ако по операцијата не можам да пејам, немојте ни да ме будите“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-folk-legenda-i-kum-na-pokojniot-toma-zdravkovikj-e-teshko-bolen-i-mora-da-odi-pod-noz-ako-po-operacijata-ne-mozam-da-pejam-nemojte-ni-da-me-budite-foto/ Fri, 12 Nov 2021 11:45:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227088

Српскиот фолк пејач Зоран Калезиќ откри дека заболел од рак на белите дробови, а за лекување ја избрал Црна Гора, иако имал пријатели ширум планетата кои можеле да му овозможат лекување каде било во светот. „Во понеделник одам во болница, имам канцер на белите дробови. Имам пријатели низ целиот свет, би можел да се оперирам каде било. Но, сепак, зошто јас, покрај нашинците и децата кои имаат слични проблеми и кои се лекуваат овде, би се оперирал некаде, зошто би отишол во Цирих, или на било кое друго место?“ - рече Калезиќ. Тој е свесен за операцијата што следува во вторник, но на овој начин сака да им оддаде почит на домашните лекари на кои им верува. „Свесен сум за се и операцијата и овојпат сакам да им оддадам почит на лекарите, бидејќи верувам дека ќе направат се' што е потребно. Не посегнав по лекување на друго место, бидејќи знам дека ќе дадат се' од себе да ми помогнат. Мојата желба беше да покажам почит кон лекарите со кои контактирам и благодарен сум им за нивната пожртвуваност. Восхитен сум и повеќе им верувам на оние од својот народ и подготвен сум да им го препуштам својот живот во нивни раце“ - изјави пејачот кој му беше и кум на покојниот колега, сега по филмот за него, одново актуелниот Тома Здравковиќ. „Гледам дека имаат желба да ми помогнат, но јас им кажав само едно: Не ме будете, ако не можам да пеам по операцијата. Мојот живот е песна, ако ми ја земат песната, тогаш подобро да ме нема“ - изјави тој за „Дан“. ]]>

Мустафа Надаревиќ повторно во болница: Легендарниот актер се бори со канцерот на белите дробови (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mustafa-nadarevikj-povtorno-vo-bolnica-legendarniot-akter-se-bori-so-kancerot-na-belite-drobovi-foto/ Thu, 10 Sep 2020 12:07:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166527

Мустафа Надаревиќ, кој се бори со рак на белите дробови, во моментов повторно е во болница. Повозрасните гледачи го знаат по неговите маестрални улоги во многу екс Ју филмови, додека помладите го запознаа ка Изет од хумористичниот босански ТВ серијал „Луд, збунет, нормален“. „Јас сум во болница, сега не би зборувал за ништо“ - рекол кратко Надаревиќ, запрашан што се случува. Во врска со информацијата дека во БиХ ќе се емитуваат нови продолженија на серијата „Луд, збунет, нормален“, актерот побарал разбирање, пишува босанскиот портал „Аваз“. Актерот претходно оваа година објави дека се бори со рак на белите дробови, но дека има волја да ја надмине и победи опаката болест: „Кога сфатив дека и болеста е дел од животот, тогаш ја прифатив. А, кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се надмине и малигна болест“-  изјавил тој за Медиа сервис во времето кога медиумите обзнанија за прв пат со каква болест се соочува и каква е здравствената состојба на актерот.]]>

Српскиот пејач хоспитализиран, се сомнева дека е заразен со корона https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-pejach-hospitaliziran-se-somneva-deka-e-zarazen-so-korona/ Sat, 27 Jun 2020 08:16:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155949

Коронавирусот се уште е присутен во целиот свет,  а во последно време неколку јавни личности се позитивни на Ковид 19. Пејачот Љуба Перучица на својот „Инстаграм“ објави фотографија од болницата на „Бежаниска коса“ во Белград. „Драги мои, ова ќе биде моја единствена изјава и ве молам да не ме вознемирувате. Не сум единствен кој се лекува, телефонот ми ѕвони, а тоа не ме неривира само мене туку и луѓето кои се тука.  Имам воспаление на белите дробови, се уште не ги добив резултатите од Ковид 19, но секако се сомнева на оваа болест. Се чувствувам добро, не сум на апарати, ги примам потребните лекови и за неколку дена ќе бидам дома. Би ги замолил сите кои беа во контакт со мене, да внимаваат и да се проверат доколку имаат некои симптоми. Чувајте се и благодарам на разбирањето“, напиша пејачот на „Инстаграм“. Потсетуваме, неодама Цеца Ражнатовиќ и Вељко оздравија од коронавирус, а сега и тенисерот Новак Ѓоковиќ е позитивен на Ковид 19.]]>