белградска филхармонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Jun 2023 08:51:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png белградска филхармонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Отворен Балкан на културно поле почнува со Гала-концерт на Зубин Мехта и Филхармонијата во Белград https://arhiva.vistina.com.mk/otvoren-balkan-na-kulturno-pole-pochnuva-so-gala-kontsert-na-zubin-mehta-i-filharmonijata-vo-belgrad/ Tue, 20 Jun 2023 08:51:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306930

Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започнува денес со одбележување на стогодишнината на Белградската филхармонија со Гала-концерт на Зубин Мехта и во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, а потоа следи гостување на 22 јуни во Тирана и на 24 јуни во Скопје, со што ќе се означи почетокот на соработката на оваа иницијатива на полето на културата, јави дописникот на МИА од Белград. Во неделата што претстои, иницијативата Отворен Балкан (ОБ) ќе ја открие и својата културна димензија. Помирување и културна толеранција, отворањето нови канали за комуникација за независните културни организации, нудење можност за регионално вмрежување, ќе биде нов чекор и задача во соработката на земјите од регионот. Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ, најавувајќи го почетокот на реализација на Отворен Балкан на културно поле, за РТС изјави дека иницијативата ОБ беше создадена најпрвин како платформа важна за економска соработка на земјите од ОБ или на оние кои ќе се приклучат во иднина, но на самитот во Охрид на министрите за култура се роди идејата, таа дефинитивно да се прошири и на културниот сегмент. – По тој повод во Охрид ние тројцата како министри за култура на Србија, Северна Македонија и Албанија потпишавме меморандум за соработка во сите сегменти на културата, рече Гојковиќ. „Сега веќе имаме соработка во областа на националниот театар што го почна Светислав Гонциќ, потпишаа и договори, три претстави, опери, балети, а се договоривме иницијативата Отворен Балкан во областа на културата да започне токму со прославата на стогодишнината на Белградската филхармонија, каде Зубин Мехта предложи да се одржат три концерти, првиот е во Белград, утрешниот Гала-концерт во присуство на министерката за култура на Северна Македонија, а потоа ќе се оди во Скопје и Тирана, со што ќе го означиме почетокот на нашата голема соработка во областа на културата, рече таа. Гојковиќ најави и дека уметници од сите три земји на 13 јули во Културниот центар на Србија во Париз со голема премиера заеднички ќе имаат изложба „што е значајно за креативност на овие земји да се претстават во странство и ќе покажеме што ги обединува овие три земји во областа на културното и природното наследство“. – Кустосот е личност која е многу позната во меѓународните кругови, како некој што е значаен за уметничкото творештво, таа избра тројца автори од трите земји, а Србија ја претставува Нина Кнежевиќ. Сите тројца уметници добија задача да го проучуваат она што не обединува на Балканот и во областа на заштитата на животната средина, културното наследство и сите тројца уметници ќе одговорат токму на таа тема, рече Гојковиќ. Таа додаде дека наредната година во КИЦ на Србија во Париз, за време на Олимпијадата, уметниците од Отворен Балкан ќе имаат шест месеци настап и презентација. Диригентот Зубин Мехта со својот успешен настап во Белград ја започнува својата регионална турнеја како дел од иницијативата Отворен Балкан, а ќе ја предводи Филхармонијата на концертите во Тирана на 22 јуни и во Скопје на 24 јуни. На програмата на сите три концерти се Симфонијата бр. 7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“ од Хектор Берлиоз. – Многу сум среќен што ќе свириме во Северна Македонија и Албанија. Прв пат ќе настапам во Тирана, а по втор пат ќе бидам во Скопје. Бев во Скопје во 1963 година по разорниот земјотрес … Сигурен сум дека и во Скопје и во Тирана ќе имаме одлични концерти со Белградската филхармонија, изјави Мехта. извор:курир.мк]]>

Откажано гостувањето на Белградска филхармонија во Скопје поради ненадејната смрт на Иван Тасовац https://arhiva.vistina.com.mk/otkazano-gostuvanjeto-na-belgradska-filharmonija-vo-skopje-poradi-nenadejnata-smrt-na-ivan-tasovac/ Fri, 01 Oct 2021 12:41:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221501

Гостувањето на Белградска филхармонија во Скопје, на 9 октомври е откажано, поради ненадејната смрт на директорот Иван Тасовац, кој почина синоќа, во својот дом во Белград, соопштија од Филхармонија.
На сите кои купија билети за овој настан, ќе им бидат рефундирани средствата. Гостувањето ќе се реализира во наредниот период, а за датумот ќе бидете дополнително информирани, додаваат од Филхармонија.
]]>

Почина директорот на “Белградската филхармонија“ Иван Тасовац https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-direktorot-na-belgradskata-filharmonija-ivan-tasovac/ Thu, 30 Sep 2021 10:35:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221260

Иван Тасовац (55) ненадејно починал вчера во својот дом во Белград откако му се слошило. Екипи на Итната медицинска помош се обиделе да го реанимираат, но без успех. Тасовац е роден во 1966 година во Белград. Дипломирал и магистрирал клавир во Москва. За време на професионалната пијанистичка кариера имал голем број настапи во Италија, Швајцарија, Шпанија, САД, Русија, Белгија, Ирска, поранешните југословенски држави и останати земји. Беше директор на Белградската филхармонија од 2001 до 2013 година. На позицијата министер за култура беше назначен во септември 2013 и оваа функција ја извршуваше до август 2016 година. Во јануари 2017 повторно беше именуван за директор на Белградската филхармонија. Добитник е на голем број награди.]]>