белград – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2024 09:08:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png белград – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Даниел Кајмакоски под сомнеж на сопругата дека сака друга: „Јас немам одбрана и тоа само поради едно“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-kajmakoski-pod-somnezh-na-soprugata-deka-saka-druga-jas-nemam-odbrana-i-toa-samo-poradi-edno-foto/ Tue, 05 Mar 2024 09:05:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341067

На македонскиот пејач со српска адреса, Даниел Кајмакоски, постојјано гледаме и читаме дека му цвета во љубовта откако ја најде како што вели вистинската- втората сопруга Марина. Неговата понежна половина и сродна душа е она што отсекогаш го барал кај жена, барем така тврди самиот, па изненадување беше кога објави дека Марина има сомнежи кон него и тоа љубовни!
Да се биде сопруга на познат пејач, веројатно не е лесно за една жена, па на убавата црнокоса природно и оправдано и се јавиле овие прашалници, дилеми, сомнежи кога нејзиниот Даниел е на работа. Имено, Кајмакоски неодамна објави дека е дел од бендот на телевизијата на Жељко Јоксимовиќ К1, поточно на емисијата „Кец на 11“.
А таму, еден од колегите, редовно го радува со босанска пита на која Даниел не може да одолее. -Кога жена ти се сомнева дека сакаш некого на работа, а ти не се браниш. Се’ тоа поради босанската пита, пишува Даниел.
Покрај оваа необично признание, Даниел се фотографираше со колегата кој вака го дарува со домашно месена пита на домаќинката која точно назначила дека парчето е за познатиот пејач. Сепак, во случајот станува збор за љубов, ама на Марина веројатно и стана појасно дека е само гастрономска. За потсетување, Даниел Кајмакоски и Марина кон крајот на месец јануари од Новата година прославија годишнина од бракот. фото: instagram printscreen/ daniel_kajmakoski]]>

Сања Барби редовно пее во кафеана, а овој пат таа се најде од спротивната страна: Пејачката уживаше кај една од српските легенди (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/sana-barbi-redovno-pee-vo-kafeana-a-ovoj-pat-taa-se-najde-od-sprotivnata-strana-pejachkata-uzhivashe-kaj-edna-od-srpskite-legendi-foto/ Thu, 29 Feb 2024 07:10:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340627

Естрадните уметници освен што може да си бидат конкуренција едни на други можат нешто и да научат од поискусните колеги,  особено од некои кои денес важат за големи музички имиња. Македонската фолк пејачка Сања Цинцева – Барбика овој пат го направи токму тоа и ги фасцинираше нејзините фанови од поинаква перспектива, па наместо некоја секси фотосесија на која го покажува нејзиното тело со бујни  облини или додека пее пред публиката таа ги изненади со нешто сосема друго. Имено, атрактивната струмичанка сподели дека заминала во Белград, па само онака случајно или со повод уживала во кафеана. Барби која е доста актуелна и во соседна Србија каде имаше низа гостувања, а сними и неколку песни на српски јазик  но овој пат  наместо со микрофонот в рака, таа била од спротивната страна во публиката и се забавувала додека пеела фолк ѕвездата Весна Змијанац. Освен што  уживала во атмосферата, таа сето тоа и го снимила за да го сподели со нејзините следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде што е мошне активна. На видеото се гледа преполната кафеана како игра и пее во добро расположение заедно со Змијанац, а Барби веднаш ја вклучила камерата за спомен од овој весел момент додека Весна ги редела нејзините хитови. https://youtube.com/shorts/HLXUFP93Koc?si=vzkcJWKNoEARR7oB Фото: printskrin/instagram/sanjacincevaa]]>

Три месеци по трагедијата на нејзиниот концерт Калиопи го отпеа ветеното во Белград: „Во контакт сум сум со семејството на несреќната жена“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tri-mesetsi-po-tragedijata-na-nejziniot-kontsert-kaliopi-go-otpea-vetenoto-vo-belgrad-vo-kontakt-sum-sum-so-semejstvoto-na-nesreknata-zhena-foto/ Wed, 07 Feb 2024 08:35:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337781

Серијата концерти на нашата ултра позната и обожувана регионална музичка ѕвезда Калиопи беше прекината поради еден немил настан. Имено, пред три месеци беше закажан концерт во Белград, но за жал истиот беше одложен бидејќи на една жена од публиката и се слоши и почина. Тогаш Калиопи со длабоко желење реши да стопира се’,па средбата со белградската публика да ја закаже за подоцна. Тоа подоцна се случи сега во МТЦ салата каде Опи го отпеа ветеното пред своите обожаватели. Максимално предана на сцена, со пеење од срце и тон емоции, токму онаква како што ја знаат и очекуваат да ја видат и слушнат сите кои со нетрпение го чекаа концертот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

-Балград, ти засекогаш остануваш во моето срце! Оооо каква ноќ!, напиша Калиопи во описот на фотографиите од концертот кои ги постави на својот Инстграм за да сведочат на уште еден феноменален музички спектакал полн со бура од емоции каков таа секогаш знае да приреди. Се вели дека музиката ги поврзува луѓето и говори со јазикот на љубовта, а Калиопи умее совршено и магично да ги конектира. Токму затоа пред српските медиуми таа кажа и дека со позитивна мисла, поистоветување и емпатија, успеваме да се зближиме уште повеќе, мислејќи и на немилиот настан за кој биле објавени и невистини. - Имаше многу неточни информации за самиот настан. Само ќе кажам дека гледаме напред и размислуваме позитивно, тоа што го доживеавме некако не собра уште повеќе, доживеавме нешто незамисливо. Во постојан контакт сум со семејството на несреќната жена. Токму тој момент направи нешто примарно и не натера да го цениме животот повеќе од порано – изјавила пејачката за Пинк.
 
Белградскиот концерт на Калиопи беше совршено музичко стартување од годинава, а таа како и секогаш неуморна за споделување љубов и музика продолжува со полна агенда настапи. Следно ја слуша и гледа македонската публика и тоа во Маврово на 17-ти февруари. фото:Instagram printscreen/ kaliopi_official]]>

Романа Паниќ конечно се смири по сите скандали: Од затвор во Австралија до италијански ресторан во Белград (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/romana-panik-konechno-se-smiri-po-site-skandali-od-zatvor-vo-avstralija-do-italijanski-restoran-vo-belgrad-foto/ Mon, 05 Feb 2024 13:12:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337517

Пејачката Романа Паниќ се смири по бројните скандали, а сега ужива во љубовта со непознат маж за јавноста, со кој започна бизнис во Белград. Имено, пејачката и нејзиниот избраник, со оглед на тоа што се големи љубители на италијанската кујна, бидејќи дека живееле во таа земја, дошле на идеја да отворат ресторан со италијанска храна. Како што откри Романа, идејата за бизнисот ја имале заедно, а тој го започнал бизнисот, додека таа му помага во се'. „Така е, почнавме бизнис, поточно мојот избраник. И јас помагам, прекрасна приказна, тоа е мал ресторан со италијанска кујна. Ја сакам нивната кујна и така таа прекрасна идеја се роди“, вели таа за Телеграф. По цели три години, Романа неодамна си ја отвори душата и раскажа засега непознати детали за издржување на казната во затворот во Австралија. „Едноставно јас сум таква, а Австралија е специфична земја со посебен систем. Љубовта кон една личност, затоа што правев се' од љубов, како и тоа лудило, што го прифатив тој компромис, дека некој во мојата врска имаше дете, не осудив некого што направил нешто, туку бев некако негов поддржувач, па се најдов во таква ситуација. Испадна дека сум соучесник, а кај нас сите се обидоа да објаснат дека јас сум организатор“ - ја започна пејачката својата приказна за „Скандал“. „Сакав на луѓето да им раскажам дел од мојата приказна, го имам тој дневник, кој го пишував во затвор. Не можам да им го објаснам тоа искуство на луѓето, на крајот остануваш сам, го имаш само Бога до себе си. Немаш телефон, никаков контакт со надворешниот свет. Буквално успеав да се спасам со молитви. Филип ми е партнер, останавме заедно без разлика на сиот тој притисок. Си пишувавме писма, тој ми напиша неколку песни. Никогаш не требаше да добиеме некаква казна, бидејќи кога ќе направиш прв прекршок, потоа те пуштаат, ќе добиеш само условна казна, а ние бевме принудени на поинаква казна“ - раскажа Романа. Фото: Инстаграм/romana_panic]]>

Ѓорѓе Давид ја одржа најавената прес конференција за медиумите во Белград: „Видов жена во сино бел капут, а потоа човек чија глава беше отворена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gorge-david-ja-odrzha-najavenata-pres-konferentsija-za-mediumite-vo-belgrad-vidov-zhena-vo-bel-kaput-a-potoa-chovek-choja-glava-beshe-otvorena-video/ Fri, 02 Feb 2024 12:21:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337326

Музичарот и член на жирито на регионалното музичко натпреварување, талент шоуто „Ѕвездите на Гранд“, рокерот Ѓорѓе Давид  во Белград организираше ПРЕСС конференција за медиумитево врска со страшната несреќа што се случи во Македонија. Тој кажа дека бил во болница и во полиција. „Имам два конци на левата рака поради исекотини од возачкото седиште кои пукнаа. Фала му на Бога, имав силен автомобил, бидејќи да немав, којзнае што би се случило“, рече Ѓорѓе. Тој откри и некои детали од страшната несреќа во која загина жена и призна дека се се случило во дел од секундата. „Таму бев десетина дена, имав обврски во вид на вештачење, земаа траги од кочници и слично, имав голема помош од самиот старт од двајца луѓе. Имам адвокат кој ме застапуваше таму, го имам и овде во Белград. Ќе морам еднаш месечно да се јавувам во Обвинителство или кога ќе наредат, тоа е сега моја обврска“, рече тој и додаде: „Три четири дена пред немилиот настан се одеше одлично, бев среќен и горд на себе и бендот, се јавував дома… Во саботата наутро кога тргнав имаше ненормално невреме и снежна бура која беше доста изненадување. Стигнавме во Скопје, пиевме кафе, вечерта околу 7:15 заминав за Белград, некаде околу 2.5 километри пред граница се случи таа ситуација. „На таа приказна и претходеше тоа што девојката влегла на спротивната лента на автопатот и директно се судрила со автомобил каде сите се повредени, не знам кои се последните информации. Лицето кое било во автомобилот кој возел во погрешен правец, мајката на девојката која била зад воланот, жената излегла од тотален шок, не знам што се случило и како. Таа беше неповредена или со полесни повреди. Јас потоа влегов во магла, ја намалив брзината и во еден момент ми се причини дека нешто не е во ред. Се' се случи во дел од секунда. Јас тргнав да свртам десно, да излезам од автопатот, за да ја одбегнам таа несреќа, па приметив жена во бел капут и се случи тоа што се случи. Кога застанав со автомобилот, излегов, тоа што го видов беше страшно. Не знаев што се случува. Видов човек на кој главата му беше отворена, мислев дека удрив во него. Мене ме однесоа во болница, а потоа ми кажаа дека сум удрил во жена“ - рече Ѓорге Давид. Фото: Јутјуб/Пинк.рс]]>

Ѓорѓе Давид снимен пеш во центарот на Белград: Рокерот изгледа блед и исцрпен и повеќе не вози автомобил (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/gorge-david-snimen-pesh-vo-tsentarot-na-belgrad-rokerot-izgleda-bled-i-istsrpen-i-poveke-ne-vozi-avtomobil-foto/ Thu, 01 Feb 2024 13:04:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337171

Рокерот Ѓорѓе Давид минува низ тежок период откако неодамна имаше сообраќајна несреќа во Северна Македонија. Ѓорѓе Давид пристигна во Белград, а папараците го уловија во еден трговски центар во Белград. Имено, рокерот бил сам, забрзано одел, а потоа седнал во еден ресторан да јаде.   Инаку, Ѓорѓе Давид пристигна во Србија по правната процедура во Македонија низ која помина. Давид веднаш се сретнал со својот адвокат, по што излегол од станот, го фрлил ѓубрето, а потоа со такси се упатил кон градот, од што може да се заклучи дека рокерот повеќе не вози автомобил, по сообраќајната несреќа. Рокерот изгледал блед и исцрпен,  зашто евидентно минува низ тежок период откако неодамна доживеа сообраќајна несреќа во близината на Куманово, во која возејќи во услови на магловито време и слаба видливост, налета на жена која по претходно доживеана сообраќајка се движела по автопатот и ја усмрти. Инаку, во информацијата од судот наведуваат дека определената мерка за претпазливост осомничениот да се јавува секој вторник и петок во Основен суд Куманово е заменета со тоа што, тој сега треба да се јавува секој 15-ти во месецот. Ако е 15 е неработен треба да се јави наредниот работен ден. Против ваквото решение немаше жалба од ОЈО Куманово и решението е правосилно на ден 30.01.2024 година (вторник), патната исправа и личната карта му беа вратени на српскиот државјанин, велат од кумановскиот Суд. Фото: Инстаграм/djordje_david
 ]]>

Тајната за „Белград“ на Цеца откриена по три децении: Еве кој прв ја снимил прочуената песна https://arhiva.vistina.com.mk/tajnata-za-belgrad-na-tsetsa-otkriena-po-tri-detsenii-eve-koj-prv-ja-snimil-prochuenata-pesna/ Thu, 18 Jan 2024 12:36:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335407

Песната „Белград“ е еден од најголемите хитови на Цеца Ражнатовиќ. Имаше различни приказни за тоа како дошло до тоа, додека Дино Мерлин еднаш откри дека го напишал специјално за неа. Создаден е во швајцарскиот град Сен Гален, една ноќ на почетокот на 1991 година, на барање на тогашниот партнер на Цеца, Харун Самарџиќ. Легендарниот сараевски музичар никогаш не ја отпеал бидејќи, како што рече, не изведува композиции што ги напишал за други. „Белград“ се најде на албумот „Љубав фатална“ од 1995 година, но - Цеца не е прва што ја сними оваа песна. Еве ја вистината, после 29 години. Мухамед Фазлагиќ Фазла, босанскиот кантавтор, на пошироката јавност и е познат како првиот претставник на поранешната југословенска република на Евровизија. Во Даблин во 1993 година ја изведе песната „All the pain in the world“ напишана од, погодувате, Дино Мерлин. Истата година, тој сними и сингл наречен „Jednom sam probao“. Ако личи на „Белград“ на Цеца, тоа е затоа што е истата песна, само името на градот е испуштено од текстот на Фазла. Музиката е горе-долу иста. Покрај музиката, Фазлагиќ во своите млади денови тренирал фудбал, па во 1996 година, откако се преселил во САД, го основал фудбалскиот клуб Јунајтед во Луисвил. Подоцна магистрирал дипломатија во Америка. фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic]]>

ДНК го „вратија“ Врчак во музичкиот свет: Слушнете ја заедничката – „Посреќна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-go-vratija-vrchak-vo-muzichkiot-svet-slushnete-ja-zaednichkata-posrekna-video/ Mon, 20 Nov 2023 11:56:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327690

Тоа што многумина со нетрпение го очекуваа - Раде Врчаковски  - Врчак и официјално да се „врати“ на македонската музичка сцена, се случи. На сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и дуото од ДНК  со наслов „Посреќна“ , кое допрва треба да покже дали вредело што јавноста чекаше толку долго време за повторно да се случи овој музички спој. Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, додека пак аранжманот е дело на Лазе. Иако можеби изгледа како вчера да беше кога Врчак се повлече од музичката сцена, сепак, ова е негова прва песна по цели 15 години. Исто така и на ДНК после спектакуларниот концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3. декември 2022 година не беа творечки активни, па така ова  е нивна песна по пауза од речиси една година. За оваа музичка соработка, Панчо и Андреј, заедно со Врчак пред извесно време престојуваа во српската престолина каде го снимија и видеоспотот за новата песна. Покрај нив тројца, во видеото улога има и преубавата Елена Ѓоргоска (23), која е член на познатата модна агенција од Милано - „E2 Model Management“, а која одлично си ја заврши својата задача. Видеото во Белград го снимаше професионална екипа, на чело со Макарије Топаловиќ, кој соработува со најпознатите регионални ѕвезди како Сенидах и многу други... Инаку ова е само најава за она што допрва го планира Врчак кога станува збор за музичките планови, а исто така и ДНК веќе работи на нивните најнови проекти, кои публиката допрва ќе има прилика да ги слуша и да ги види... Слушнете ја песната и погледнте го спотот за „Посреќна“ во видеото во продолжение: ]]>

Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе: Не можеше да се изначуди ни самиот Раде, како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-e-do-kamerata-dali-e-do-skalite-ili-do-dolgite-manekenski-noze-ne-mozheshe-da-se-iznachudi-ni-samiot-rade-kako-toa-toj-e-povisok-od-nea-a-manekenkata-mozhe-burek-od-glava-da-mu-jade-foto/ Tue, 07 Nov 2023 10:06:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325732

Како што вети, Раде Врчаковски - Врчак ветеното по се' изгледа почна и да го остварува и полека да се враќа на естрадната сцена, со што израдува многумина. Особено припадничките на понежниот пол се посреќни, зашто русокосиот рапер беше нивни идол, со неговите песни растеа, се радуваа, плачеа, вљубуваа, водеа љубов, раскинуваа... А многумина од нив и во него самиот беа „зацапани“! Некои, веројатно се'  уште и се! Врчак со помош на своите стари пријатели од времето на продукција „Република“, Андреј и Панчо од ар ен би дуото ДНК, деновиве престојуваше во Белград. Таму го снимаа видеото за нивната најнова заедничка, за Врчак и повратничка песна, која претходно ја снимија во студиото на проверениот хитмејкер и музички продуцент, Лазар Цветковски. Спот како спот, несомнено ќе биде на нивото кое ДНК  досега го прикажуваат, а во видеото како по обичај мора да има и убави девојки, што на Андреј и Панчо исто така им е вообичаена пракса. Впрочем, стројните манекенки и топ модели отсекогаш ги имало во нивните спотови, па од тоа не отстапиле ниту овој пат. Јавноста не можеше да биде „Посреќна“ (како што им се вика и новата заедничка песна) откако ја дозна веста и ги виде најавните фотографии од снимањето. Тројцата стари пајташи одново заедно еден до друг, рамо до рамо во новото видео. Арно ама, сижето на прикаската е такава, што „рамо до рамо“ или поточно, „лице в лице“ одблизу мора да бидат и главниот протагонист и неговата партнерка во видеото, во случајов стројната манекенка. И види сега неволја или барем нејаснотија, на која никако не може да и се изначуди ни самиот Раде: Како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?!  Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе, има ли некој да одгатне, мили Боже? Во прашање е „оптичка илузија“ или чиста конфузија кога се сантиметрите во прашање, што воопшто и не е така важно? Важно е да има љубов, па макар и на спот, зашто гледано во глобала, телата се изедначуваат кога ќе се најдат... „во хоризонтала“! Тогаш воопшто не е важно дали е повисока, важно е да е... „Посреќна“! Фото: Инстаграм и Фејсбук/djshortypofficial/Раде Врчаковски  ]]>

Калиопи проговори за трагичниот настан: Жената која почина на нејзиниот концерт е само една година постара од неа и не е од Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-progovori-za-tragichniot-nastan-zhenata-koja-pochina-na-nejziniot-kontsert-e-samo-edna-godina-postara-od-nea-i-ne-e-od-makedonija/ Mon, 06 Nov 2023 13:27:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325652

Откако синоќа беше откажан концертот на Калиопи (56) во салата на МТС во Белград поради тоа што непосредно пред концерот почина жена во публиката, пејачката денеска за српските медиуми проговори за трагичниот настан.
„Зборувам во името на сите нас кои тажно и трагично ја доживеавме синоќешната трагедија. Најтажниот момент во мојата кариера. Голем шок за сите нас. Концертот уште не беше почнат, чекавме сите да влезат, да се наполни салата и да го славиме животот, а една од нив беше и госпоѓата што почина. Веднаш се симнав до публиката и сфатив дека имаме тежок случај. Сите се молеа да се случи чудо, но за жал, тоа не се случи. Еден живот вреди повеќе од стотина концерти. Госпоѓата е само една година постара од мене, не е од Македонија, таму беше и нејзината ќерка, се грижевме и за неа, додека остатокот од семејството не дојде на лице место. Жената е мајка на мој обожавател и не би го открила нејзиниот идентитет“ изјави Калиопи во емисијата „Премиер-Викенд Специјал“.
Жената наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош, но и по триесетминутно ренимирање, таа ја изгуби борбата со животот. Првичните информација беа дека жената била на 70-годишна возратс и дека од Македонија дошла во Белград на концерт на Калиопи.]]>