бела – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Nov 2023 12:25:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бела – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Водителката освен вербалната покажа уште една своја вештина: Пред да и го „пукнеш филмот“, добро размисли и кочи… Александра Бела стрела директно меѓу очи! https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-osven-verbalnata-pokazha-ushte-edna-svoja-veshtina-pred-da-i-go-puknesh-filmot-dobro-razmisli-i-kochi-aleksandra-bela-strela-direktno-megu-ochi/ Fri, 24 Nov 2023 11:43:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328425

До неодамна лице кое го препознававте од ТВ екраните на фреквенцијата на „Алфа“ ТВ, а по шест години минати во оваа ТВ куќа, од многу скоро со „трансфер“ во друг медиум иако на истата позиција. Новинар и ТВ водител, сега во видеоизданието на „Слободен печат“. Александра Бела како што сите ја знаат, однеодамна и со сменет статус во приватниот живот, во кој русокосата стана г-ѓа Вуксановиќ. Навидум кршлива, кротка, нежна, професионално вредна и елоквентна, а приватно... Прватно како и секоја жена и Бела во себе тајната ја носи... Убавината е видлива, професионалноста и новинарско-водителските вештини се гледаат на ТВ екраните, ама затоа она што не се знае и не се гледа, само на моменти може да избие на површина. Е тогаш, токму во таа  ситуација се гледа што тоа Александра се' умее, што јавноста не го знае. Деновиве Бела била на едно невообичаено место... Не барем за женско, иако  во овие денешни времиња ништо не не' изненадува. Зашто ракувањето со огнено оружје колку и да изгледа дека е машка работа, кога во свои раце пиштолот ќе го земе жена, во нејзина близина подобро  да те нема! Александра со својот сопруг деновиве заврши во стрелана. Имено, Бела за неговот роденден го однесе  (или тој неа),  на пукање! За него можеби рутинска работа било стрелањето, ама за една навидум нежна дама, прецизното гаѓањето во центарот на метата е повеќе од добра реклама!  Ако не друго, колку да видите со кого имате работа, за да не биде после дека не сте знеле. Така Александра и му го честиташе роденденот на нејзиниот  тазе маж... Со вистински омаж од прецизни погодоци, каде сите зрна завршиле таму каде што распуканата сопруга нишанела. Па сега ти погоди кај г-ѓа Вуксановиќ  дома кој ги мие садовите, усисува, брише прашина, пере, пегла... Ако треба и пее... и тоа по нејзини ноти?! А ваквата „показна вежба“ е и добар пример чисто заради предупредување и на оние другите, пред кои водителката освен вербалната покажа уште една своја вештина. Затоа, пред да и го „пукнеш филмот“, добро размисли и подобро кочи... Зашто Александра Бела стрела директно меѓу очи! Фото: Инстаграм/bela_f_now                    ]]>

По милионскиот успех на макфестовската „Бела“: Пајак и Лара повторно заедно со нов дует https://arhiva.vistina.com.mk/po-milionskiot-uspeh-na-makfestovskata-bela-pajak-i-lara-povrono-zaedno-so-nov-duet/ Fri, 06 Oct 2023 11:50:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321077

Познатото македонско дуо млади естрадниартисти  Пајак и Лара кои сите многу добро ги знаеме од минатогодишниот „Макфест“ кога се појавија со големиот  хит „Бела“ чие видео достигна над 33 милиони прегледи на Јутјуб, за своите фанови и македонската публика повторно подготвуваат дуетска песна. Тоа доаѓа некако природно, а и самата публика тоа би го очекувала по минатогодишниот хит кој Пајак и Лара ги крена на едно повисоко ниво, меѓу најголемите ѕвезди на македонската музичка сцена. „Ветуваме дека повторно ќе седнеме во студио и дека ќе направиме уште еден нов македонски хит“ - најави Лара. Инаку, во последниот период тие двајца често заедно настапуваат низ Македонија. Во очекување на најновиот заеднички хит помеѓу младите пејачи, само за момент потсетете се на минатогодишниот настап на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, кога токму тогаш овие двајца ја исполнија оваа денес насекаде позната и барана песна, нивната „Бела“. ]]>

Христијан Настески – Пајак: „Песна како ‘Бела’ се случува еднаш во цела кариера“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/hristijan-nasteski-pajak-pesna-kako-bela-se-sluchuva-ednash-vo-tsela-kariera-video/ Thu, 02 Feb 2023 11:42:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287098

Христијан Настески во јавноста познат под уметничкиот прекар „Пајак“ е талентирано момче кое ни доаѓа од убавиот Охрид, а пополека но сигурно го освојува Балканот. Инаку тој е студент во прва година на студиите по информатика. Со музика започнал да се занимавам уште од негова шестгодишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, младите и атрактивни Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова заедно во дует на сцената ја претставија нивната најнова заедничка  песна „Bella“, која што верувале или не, за кратко време стана тотелен хит буквално во целиот регион. Песната стана вирална, после нивниот настап на YouTube веднаш беше промовиран и постиран и официјалниот видеоспот за истата, која веќе ја знаат и во соседна Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска… во целиот екс-ЈУ регион и пошироко... Речиси насекаде низ Балканот. Во ексклузивно интервју за естрадниот ТВ магазин “Бекстејџ”, Пајак  откри дека “Бела” е песна која еднаш се случува и дека следува уште еден дует со Лара, а во меѓувреме наскоро излегува и дуетот со познатиот српски изведувач МС Стојан. Што се' друго кажа Пајак, проследете во видеоинтервјуто во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Пајак и Лара во дует пејат за секојдневието на еден вљубен пар и нивниот љубовен пат во – “Bella” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pajak-i-lara-vo-duet-pejat-za-sekojdnevieto-na-eden-vljuben-par-i-nivniot-ljuboven-pat-vo-bella-video/ Thu, 27 Oct 2022 09:48:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273086

На штотуку завршениот “Макфест 2022”, едни од учесниците кои се појавија на фестивалската сцена беа и младите пејачки имиња, траперот Пајак и пејачката Лара Иванова кои заедно во дует со својата изведба ја промовираа нивната најнова песна која веруваат дека ќе биде голем хит. “Bella” е насловот на песната, а за неа се погрижија Христијан Настески – Пајак кој ги напишал музиката и текстот, додека пак аранжманот, миксот и мастерингот ги изработил Иван Јованов – Iwayo. За оваа песна уште пред стартот на фестивалот од страна на Урбан Рекордс беше снимен видео спот кој веднаш по макфестовската изведба беше промовиран на нивниот YouTube канал. Инаку Лара Иванова,  го привлече вниманието на јавноста со музичките песни; „Ремек Дело“, „Некогаш ќе помине“, „Цвеќе на тагата“, „Душа“... Додека  Пајак веќе долго време соработува со познатата продукција „Urban Records“, а неговите хитови „Ноќва“, „Срце“, „Проблем“ и многу други, имаат милионски број прегледи, што го потврдува  дека овој млад пејач го очекува уште поуспешна кариера. Песната зборува за секојдневието на еден вљубен пар и за сите авантури што им се случуваат на нивниот љубовен пат. „Тоа, тоа, тоа што го правиш намерно, тоа, тоа јас по тебе трагам упорно...“, пеат Лара и Пајак, а вие во продолжение погледнете за што станува збор и како сето тоа изгледа во видеото (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Уште една македонска ТВ водителка се сврши: Александра од „ТВ Алфа“ замина на скијање, а заврши со веринчки прстен (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-makedonska-tv-voditelka-se-svrshi-aleksandra-od-tv-alfa-zamina-na-skijanje-a-zavrshi-so-verinchki-prsten-foto/ Mon, 14 Feb 2022 08:29:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238829

Уште една македонска ТВ личност е на прагот да стане од девојка жена или поточно нечија сопруга. Александра Овчарска, или попозната како Бела Александра, ТВ водителка на утринската програма на ТВ Алфа замина на скијање на Копаоник, а заврши со веринички прстен на раката. Таа и нејзиното момче Саша имаа романтичен викенд во познатиот српски скијачки центар, кој заврши со понуда за брак! Имено, нејзиното момче, отсега и вереник и потенцијален сопруг и зет во семејството, ја изненадил водителката со веренички прстен. Како точно изгледал чинот на запросување не опишале ниту обајцата, но едно е сигурно: Идниот младоженец го искористил заедничкиот зимски викенд, па во предвечерјето на празникот на вљубените  Св. Валентин, го направил (пред)брачниот чин - ја побарал водителката за жена. Ниту Александра, ниту нејзиното момче, кој инаку работи во една шведска Ај Ти конасалтинг компанија, не ја обзнанија јавно свршувачката, ама затоа пак среќниот момент прва го објави сестрата на водителката, која исто така е ТВ лице, презентерката на временската прогноза на Телма, Елена Манојловски. „Посакувам да сте секогаш вака среќни и заљубени Санулка моја ми го разубавивте денот, месецот годината ма животот“ - напишала среќната сестра споделувајќи ја фотографијата на која во прегратките на зетот, идната невеста гордо го покажува свршеничкиот прстен од ски терените на Копаоник. Епа, Бела чао... од моминскиот живот секако и добредојде на прагот на брачниот клуб... Нека е со среќа! Фото: Фејсбук принтскрин/Sasha Vuksanovich/Елена Манојловски]]>

Владо Јаневски има нов имиџ со кој е ист како еден македонски политичар: Кој доби двојник, пејачот или екс – функционерот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-ima-nov-imidz-so-koj-e-ist-kako-eden-makedonski-politichar-koj-dobi-dvojnik-pejachot-ili-eks-funkcionerot-foto/ Sat, 03 Apr 2021 06:53:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162657

На социјалните мрежи човек може се' да види... Само отворете ги и полигонот за забава, понекоја информација и помалку едукција е тука. Широко ќе ви ги отвори своите видици, а  во непрегледното поле на лаги и вистини, на трачеви и озборувања, на потврдени информации и спинови, на агенциски и лажни вести... буквално можете да наидете на се' и сешто! Инстаграм во главном шокира со фотографии, понекое кусо видео и споделен пост кој  најчесто го појаснува визуелното доживување при перцепцијата на „воајерот“ на туѓи слики. Она што осамна во вид на неколку фотографии на профилот на еден од најпознатите македонски поп пејачи веројатно изненади многумина, а најмногу неговите обожаватели. Владо Јаневски ионака оддамна тера американски имиџ на „недопирлив среде паланка“, па со години или воопшто не комуницира со новинарите и медиумите или комуникацијата му е сведена на „нужен минимум“ и тоа само кога нему му треба. Кога има нова песна, спот или концерт и потреба истите да ги испромовира и изрекламира. Токму затоа посетителите на социјалните мрежи останаа вчудовидени од фотографиите кои ги затекнаа на неговиот Инстаграм профил, кој патем, пејачот ретко го ажурира. На нив Владо Јаневски со брада!? До сега никогаш невиден во јавноста во вакво издание... Или не барем во пошироката, зашто комшиите од маало не се бројат. Покрај фотографиите споделен и пост во вид на текстуална информација која дословно гласи: „Во инбокс нѝ стигнаа фотографии што датираат од пред неколку години. Ни ги испрати поранешен вработен во Хепи радио кој замоли да остане анонимен, а на сликите е #владојаневски со брада! Мислевме дека знаеме сѐ за него, но не и дека некогаш носел брада. Се испостави дека во годините кога бил партнер и директор во Хепи радио вработените секојдневно го гледале во вакво бајаги посериозно и бизнисменско издание. Што мислите вие за овој негов имиџ?“ Од она што се знае е дека пејачот навистина беше директор во некогашното „Хепи радио“, подоцна „преименувано во „Хит радио“, а сега со нов сопственик во радио „Лидер“, кое тогаш заедно со  „Нова ТВ“ важеше за еден од медиумите на бизнисменот Сеад Кочан. Дали имал партнерски однос со него во бизнисот, знаат самите, но факт е дека Јаневски беше тоа што беше - директор на „Хепи радио“, кое беше лоцирано во истиот објект како и телевизијата. Ако подобро го загледате новиот имиџ на „чаирскиот пејач-бизнисмен“, особено оние кои ја следат и музиката и политиката веднаш ќе забележат дека Владо Јаневски вака „забраден“ неодоливо потсетува на еден доскорешен македонски политичар. Или што би рекле, чаирчанецот Владо Јаневски е ист со кумановецот Чедомир Чедо Краљевски, некогашен член на ВМРО-ДПМНЕ, потоа и на  ВМРО-НП, инаку отприлика и врсник на пејачот по години.  Роден 1956 година во Куманово, правник со правосуден испит и адвокат, кој работел во Управата за јавни приходи, бил претседател на Антимонополската управа, а своевремено беше и пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во еден од претходните парламентарени состави на Македонското собрание. Според споделените фотографии, не само што пејачот што е „плукнат во лик“  на политичарот, туку споделениот пост и поставеното прашање, се наметнуваат две нешта: Или Владо Јаневски прави штик проба за да го опипа пулсот на својата публика од која сака  да го слушне нејзиното мислење дали да тера или не ваков „брадосан“ имиџ или дискретно дава до знаење дека промената на ликот е најава за нова „бизнис авантура“ на пејачот, која следува наскоро? Што и да е, како што и самиот прашува, најважно е само едно:  Што мислите вие?  Дали во вакво „белобрадо издание“,  Владо Јаневски е „ист“  Чедо Краљевски?  
 ]]>

По улогата на Косара во „Преспав“, Тамара Тодевска повторно глуми на филм, но овој пат е брутална со оружје во рацете (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-ulogata-na-kosara-vo-prespav-tamara-todevska-povtorno-glumi-na-film-no-ovoj-pat-e-brutalna-so-oruzje-vo-racete-foto/ Tue, 27 Oct 2020 08:42:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172846

Пејачката Тамара Тодевска за разлика од повеќето свои колеги пред да се воведат строгите мерки за музички настапи поради коронавирусот, таа имаше доста настапи најчесто во Скопје. Сега паузата од настапи и забава е непознато до кога ќе трае, па Тамара наместо на пеење, се префрли на глума. Имено, таа на својот Инсатграм откри дека е дел од снимањето на нов македонски филм под наслов „Black ops“ каде ја игра улогата на Бела во брутално издание со оружје во рацете.
 
View this post on Instagram
 
Coming soon @blackopsfilm, and me as Bella........ 💥 💥💥 Stay tuned........

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Освен Тамара на филмот ќе се појави и младиот македонски рапер Таско – барем засега е познато само за нив.
 
View this post on Instagram
 
@tasko.ur 📽#blackops

За потсетување, пред нешто повеќе од година ипол, Тамара Тодевска за првпат се проба во глумата во улога на пејачката Косара во серијалот „Преспав“.]]>

Ова е новиот Панки: Престојот „таму каде што беше“ си го направил своето, но пејачот му се враќа на стариот живот со концерт на „Куку леле“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-noviot-panki-prestojot-tamu-kade-shto-beshe-si-go-napravil-svoeto-no-pejachot-mu-se-vrakja-na-stariot-zivot-so-koncert-na-kuku-lele-foto/ Wed, 11 Dec 2019 07:38:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123175

Деновиве одекна веста за враќањето дома на пејачот на ,,Куку Леле”, Сашо Каимовски (52) познат како ,,Панки”, кој  беше пуштен на слобода од грчкиот затвор, откако во март годинава беше уапсен на преминот Евзони на пат кон Грција. Каимовски се бараше со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати во Минхен, Германија. По враќањето дома, барем досега Панки се нема огласено во јавноста во врска со неговиот случај, но едно е повеќе од јасно, а тоа дека пејачот полека му се се враќа на стариот живот. Оние што го виделе , а и од фотографиите што осамнаа на социјалните мрежи можеше да се забележи дека неколкумесечниот праестој „онаму каде што беше“ си го направил своето. Панки видно ослабен, помалку истоштен, со проретчена и побелена коса и долга бела брада, речиси на работ на препознатливост...! Но тоа беа само првичните фотографии. Естрадната ѕвезда знае дека бргу мора да се доведе во „нормала“, па не мина долго за пејачот да се трансформира во оној стариот препознатлив Панки. Ги бојадиса косата и брадата, која сепак ја остави како знак на распознавање на новиот имиџ. „Доме слатки доме“ му напишал во знак на добредојде на Панки сопственикот на познатиот скопски ресторан на градскиот кеј крај Вардар, место кое е главното одредиште и свратилиште на пејачот или како што некои велат неговиот „втор дом“. А, Панки заедно со Роберт Саздов или обајцата попознати како дуото „Куку леле“ токму таму в четврток, на 12-ти декември 2019 г. ќе го одржат својот повратнички настап, во вид на предновогодишна забава за присутните и добредојде дома за себе како почеток на новиот или враќање на стариот живот на пејачот!    ]]>

Гола во постела бела: Лила дозволи да и ѕирнете в кревет за да дознаете, не со кого, туку со што спие водителката? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/gola-vo-postela-bela-lila-dozvoli-da-i-dzirnete-v-krevet-za-da-doznaete-ne-so-kogo-tuku-so-shto-spie-voditelkata-foto/ Sat, 09 Nov 2019 09:51:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117568

Таа што и да направи, надалеку се слуша, зашто претходно за тоа, наголемо се зборува. Едноставно, магично - привлечна и неодолива е секоја нејзина постапка, секој гест, секој направен чекор, секој кажан збор... Од чаршиските муабети и трач кафињата, па се' до коментарите на социјалните мрежи и написите во медиумите... Тоа е Лила Филиповска - магнет за нацијата! И сите сакаат за неа да знаат се', зашто и покрај 25 години јавна работа, само малкумина знаат што крие најхаризматичната македонска водителка во себе, во своите мисли и своето срце!? Останатите знаат многу малку или само оноа, што таа сака да се знеа за неа. Дозирани информации, за медиумска пропаганда! А Лила, и медиумите, и социјалните мрежи, и тоа како умешно знае да ги користи... Се разбира, секаогаш се' што ќе се појави како информација, напишан текст или фотографија, претворајќи го во своја полза! Таква умешност на живеењето кај нас имаат само малкумина други од јавниот свет! Затоа Лила и понекогаш дозволува да и завират во приватноста... Секако, онолку колку што неа и треба. Душата јавно никогаш не ја отворила до крај, ама затоа неретко со широко отворени очи гледаат во нејзините фотографии и клипчиња, споделени на социјалните мрежи, особено на Инстаграм! Како и многупати, така и овој пат, Лила дозволи да и ѕирнете в кревет и тоа не случајно. За да дознаете не со кого, туку со што спие водителката? А таму, таа гола во постела бела, со шолја чај за да се загрее пред да... заспие, белким?! Освен ако нема некаков друг план или не е во некоја посебна прилика?! Зашто на фотографијата така некако изгледа... Како чајот да е загревање, ама не за сон... Зашто на неа, Лила е баеги накитена за пред спиење! Ептен свечано, како невеста пред прва брачна ноќ! „Кој вика дека накит се носи само во свечени прилики. Секоја прилика може да биде свечена, ако така одлучиш...Особено ако тој накит е златен и доаѓа од најдобрите...“ - напишала Лила па го споделила постот покрај фотографиите од белата постела. И не дека не е во право! Намерата јасна, целта постигната, само приликата остана некако недефинирана: „Дали секое легнување треба да ти биде свечено? Или зависи од тоа со КОГО или со ШТО легнуваш?  Дали веќе накитена или легнуваш за да те... „накитат“?  ]]>

Ја шокираше јавноста: Била во врска со 46 години помладиот од неа татко на светски познатите модели – сестрите Хадид!? https://arhiva.vistina.com.mk/ja-shokirashe-javnosta-bila-vo-vrska-so-46-godini-pomladiot-od-nea-tatko-na-svetski-poznatite-modeli-sestrite-hadid/ Thu, 08 Nov 2018 11:59:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57018

Полјакињата Џастина Монд (24) тврди дека тоа е романса со палестински бизнисмен Мохамед Хадид (70) и додека тој веќе бил верен со Шива Сафаи (36), кој сега се' уште е неговата свршеница.
Џастина тврдеше дека нејзиниот однос со Мохамед траел од 2014 до 2017 година, а Хадид уште во 2013 год. беше верен за многу помладата дизајнерка Шива.
Како што рекла Полјакињата, тие си разменувале секси пораки и фотографии, а додека била со со бизнисменот, тој никогаш не ја споменувал Шива.
"Бевме во хотелот и уживавме. Одговараша само на повиците на неговата свршеница. Таа сака да  држи се' под контрола. Му се јавуваше по неколку пати“ - изјавила Џастина која со Мохамед се запознале на Бали, а подоцна се гледале во Лос Анџелес, Франкфурт и Дизелдорф.
Она што е бизарно, е фактот што многумина Полјакињата физички ја споредуваат со Џиџи Хадид (23), ќерката на палестинскиот милионер, која ја доби од бракот со поранешната манекенка Јоланда Хадид, со кого ја има и ќерката Бела, која е една година помала од Џиџи).
Фото: Профимедиа и Инстаграм принтскрин]]>