бела вода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Mar 2023 08:55:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бела вода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Нокаут“ имаа осмомартовски концерт во Велес, а таму се најде една (не)очекувана гостинка: Ноне ја погоди песната или секој заслужува и втора шанса? https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-imaa-osmomartovski-kontsert-vo-veles-a-tamu-se-najde-edna-ne-ochekuvana-gostinka-none-ja-pogodi-pesnata-ili-sekoj-zasluzhuva-i-vtora-shansa/ Fri, 10 Mar 2023 08:53:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292691

Еден од најпознатите и најпопуларни македонски бендови „Нокаут“ во низата настапи, имаше закажан концертен настап за Денот на жената во велес. Поточно, во „Бела вода“, еден од најубавите угостителски објекти покрај Велешкото езеро „Младост“. На Пере и екипата популарноста со години им е на врвот, па така влезниците беа распродадени доодека трепнеш. Дотолку повеќе што како специјален гостин , кој неретко настапува со нив, беше најавен и македонскиот  шоумен, Игор Џамбазов. Салата преполна, атмосферата прекрасна, расположението пуштено на најсилно, а среде забавата и една (не)очекувана гостинка... македонската џепна венера, некогашната колешка на оние на сцената, сега светската морепловка или како што ја нарекуваат „најшетаната велешанка“, Нона Неделковска. Сите мислеа дека во моментов е преку седум мориња и океани, работејќи на големите крузери, кога ете ти ја Ноне меѓу гостите на концертната журка. Дотерана, средена, стокмена, налик на европска дама во црн комплет од широки светкави панаталони, ликра маичка на прерамки, качена на високи потпетици, со шминка и долга пуштена коса, бојадисан во модерна костенливо-црвенкаста нијанса, некогашната  пејачка навистина изгледаше светски. Покрај својата убавина и стил, Ноне доминираше и со својот телесен раскош, со што веднаш се издвои од масата и со префинетата елеганција, стилот и ликот кој не старее и не се заборава, иако долго време не е дел од естрадата. Во опуштената празнична атмосфера, дојде време и за романтични мигови, па амбиентот со запалените свеќи на масите го претворија во љубовна бајка звуците на баладите... „Нокаут“ и Џамбаз и тоа како знаат тоа да го изведат и да ги разнежнат присутните, па по се изгледа ја разнежнија и неа, нивната (не)очекувана гостинка и некогашна колешка, но се уште нивна пријателка... Стиховите кои и го допреа срцето на Ноне и направија мислите да и прошетаат низ минатото: „Сите погледи исти се, тешки и опасни... Тие очи не се за тебе, само кој да им објасни...?“ Ама по се изгледа и да ја стават во нова дилема: „И само... Помисли на тоа што се можеме... Можеби е доцна, а може не…?“ Дали песната „Во бестрага“ толку ја погоди некогашната пејачка, што не одолеа да не сподели парче од рефренот и атмосферата, ама и дел од стиховите во постот на своите профили на социјалните мрежи?  Или пак песната Ноне  ја поттикна и наведе на помисла дека... Секој заслужува и втора шанса? А, кој да знае, освен самата Ноне? Впрочем... Можеби е доцна, а може не?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nona 🌸 (@nona.nedelkovska)

Фото: Инстаграм принтскрин/perrenokaut/nona.nedelkovska]]>

Вината на „Тиквеш“ со 15 награди и признанија на најголемиот светски вински натпревар „Декантер“ https://arhiva.vistina.com.mk/vinata-na-tikvesh-so-15-nagradi-i-priznanija-na-najgolemiot-svetski-vinski-natprevar-dekanter/ Mon, 27 May 2019 06:16:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89741

Вината на „Тиквеш“ и ‘тероар’ вината од новата бренд-платформа „Tikves Chateaux & Domaines“ забележаа одличен успех на еден од најголемите и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter“, кој по 16-ти пат се одржува во Лондон. Врвното црвено ‘тероар’ вино „Барово“ од бербата 2016-та и оваа година освои златен медал во конкуренција од над 16.500 вина од 57 земји, што претставува факт кој сам по себе најдобро ја отсликува големината на овој успех. Црвеното „Барово“, од бербата 2015-та пак, освои злато и на минатогодишниот „Decanter“, што му овозможи влез во специјална оценувачка сесија на која, од страна на стручното жири на натпреварот, му беше доделен плaтинест медал, со што ова врвно македонско вино беше издвоено од сите останати добитници на највисоки награди.
Дека оценувачкото жири на „Decanter“, кое оваа година беше составено од дури 280 вински експерти, високо го цени квалитетот на сите вина на „Тиквеш“, покажува и вкупната бројка на наградени вина која на годинешниот напревар се искачи на 15. Имено, покрај златниот медал за црвеното вино „Барово“, на годинешниот светски вински натпревар „Decanter“, сребрени медали освоија четири врвни вина и тоа: „Vranec Special Selection 2017“, „Sauvignon Blanc Special Selection 2018“, „Domaine Lepovo Pinot Noir 2016“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2016“, а дополнително уште четири други вина се наградени со бронзени медали. Тоа се: црвените вина „Alexandria Cuvée 2017“, „Alexandria Classic 2017“, белото „Muscat Ottonel Special Selection 2018“ и розе виното „Domaine Lepovo Rosé 2018”. На овој натпревар, шест врвни вина на „Тиквеш“ и „Tikves Chateaux & Domaines“ добија специјални пофалници, и тоа: „Viognier Special Selection 2018“, „Temjanika Special Selection 2018“, „Merlot Special Selection 2017“, како и белите ,тероар’ вина „Барово“ и „Бела Вода“ од бербата 2018-та. Со овие признанија вкупниот број на освоени награди за вината на „Тиквеш“ на најпрестижните светски вински натпревари, кои во текот на пролетта традиционално се одржуваат на европскиот континент, се искачи до бројката 37. Ваквата импозантна бројка на освоени награди претставува ново одлично достигнување кое наговестува дека и оваа година вината на „Тиквеш“ и новата бренд-платформа „Tikves Chateaux & Domaines“ ќе го потврдат, а можеби и ќе го надминат сопствениот рекорд од минатите години кога освојуваа и по 60-тина високи признанија на најспрестижните светски винските натревари кoи се одржуват во текот на целата година.]]>

Моќта на тероарот низ вината на Тиквеш https://arhiva.vistina.com.mk/mokjta-na-teroarot-niz-vinata-na-tikvesh/ Fri, 19 Apr 2019 12:07:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84076

Како дел од презентирањето на премиум линијата на винарската визба Тиквеш на неодамна одржаниот Новосадски вински салон, беше одржано предавање на тема „Моќта на тероарот низ вината на Тиквеш“. Предавањто го водеа Никола Кузмановски енолог и Звонко Херцег соработник за винска едукација, кои успешно влегоа во коштец со контроверзната тема тероар и вина, на која почиваат апелациите од Стариот Свет, но и често неприфатлива опција за Новиот Свет. Низ предавањето се дегустираа последните берби од вината на Тиквеш при што до детал се објаснуваа карактеристиките на треоарите од каде потекнуваат вината, односно експрсијата на тероарот во тие вина. Несебично беа презентирани голем број корисни информации, а посебна заинтересираност покажаа посетителите во однос на поседите Барово, Лепово и Бела Вода.
„За мене сега вината од Барово добија друга димензија, земам голтка, ги затворам очите и пред мене го имам пејсажот на неговото родно место“, изјави задоволно еден од посетителите на предавањето.
]]>