бела ноќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 02 Oct 2023 11:19:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бела ноќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Музичкото училиште „Ентерпрајз“ – Скопје сo Rock&Roll на “Бела Ноќ“ https://arhiva.vistina.com.mk/muzichkoto-uchilishte-enterprajz-skopje-so-rock-roll-na-bela-nok/ Mon, 02 Oct 2023 11:19:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320642

Музичкото училиште Ентерпрајз“ од Скопје ја имаше честа да ја отвори централната манифестација на традиционалната „Бела ноќ“ која се одржа во саботата на 30. септември пред Порта Македонија. Рок концертот на класата на ученици на Ентерпрајз од 10 до 18 години претставуваше посебно доживување и за многубројната публика но и за младите рокери, кои како вистински професионалци царуваа на сцената. Секоја нумера беше поздравена со огромен аплауз од публиката. Концептуално концертот се состоеше од настап на 17 бендови составени од учениците на Ентерпрајз, а секој бенд изведе по една нумера, а вкупно беа изведени 17 песни. Програмата која се изведуваше, беше составена од кавери на популарни рок нумери избрани од самите ученици. Музичкото училиште "Ентерпрајз" е првото и најголемото рок училиште кое започна со работа во далечната 2002 година под водство на Валентино Скендеровски. Во текот на изминативе две децении училиштето прерасна во институција која ги открива, инспирира и образува новите генерации на рок и поп музичари. Настапот на централната манифестација на „Бела ноќ“ е уште еден доказ дека учениците на Ентерпрајз се иднината на македонската рок сцена.]]>

„Бела ноќ“ по 17-ти пат https://arhiva.vistina.com.mk/bela-nokj-po-17-ti-pat/ Fri, 20 Aug 2021 13:13:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216192

Објавен е јавен повик за културната манифестација „Бела ноќ 2021“ која годинава ќе се одржи по 17-ти пат. Организаторот Град Скопје и ЈУ Универзална сала информираат дека на годинешнава „Бела ноќ“ ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип) како и применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб-дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм, проекции и јавна уметност и урбани изведби и перформанси.
Квалитетот, иновацијата и карактерот во опсег на предложениот концепт, ќе бидат главните критериуми при селекцијата на апликациите. Поднесени пријави треба да се осмислени така што ќе постои можност за истите да бидат применети мерките за заштита од ковид-19 кои ќе бидат активни на денот на реализација на настанот – велат од Град Скопје.
Пријавите треба се испратат најдоцна до први септември 2021 година.]]>

Концерт на платото пред „Универзална сала“: „50 години Скопски“ на претстојната „Бела ноќ“ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-paltoto-pred-univerzalna-sala-50-godini-skopski-na-pretstojnata-bela-nokj-vo-skopje/ Wed, 02 Oct 2019 09:56:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109914

На 15-тата јубилејна „Бела ноќ“ во Скопје, на 5-ти октомври како дел од годинешната програма, на платото пред Универзалната сала ќе се одржи концертот „50 години Скопски“. Почетокот е закажан за 20 часот. Овој настан ќе ја одбележи важноста на еден грандиозен фестивал на кој се родиле голем број музички имиња што оставиле огромни хитови, кои се уште се актуелни. Во придружба на Биг бендот, скопјани ќе се потсетат на најголемите хитови од Скопскиот фестивал со настапите на Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристовска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов, Ѓоко Таневски, Сара Мејс и “Ај Кју“. На 15 локации, истовремено, уметници, музичари и сите кои се дел од „Бела ноќ“ на присутните ќе им понудат најразлична културно-уметничка содржина. Веќе 15 години, фестивалот ја доближува уметноста до граѓаните, со концептот кој одговара на урбаната заедница која се поистоветува со својот град.  ]]>

„Бела ноќ“ во Скопје: Бојан Маровиќ во живо во „Еквилибриум“ https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-sabota-bojan-marovikj-vo-zivo-vo-ekvilibrium/ Tue, 01 Oct 2019 07:37:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110883

Оваа сабота, 05 октомври 2019 година во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“ во Скопје покрај културните и естрадните активности кои ќе се одвиваат на повеќе различни локации низ градот, баровите, кафулињата, кафеаните, рестораните, клубовите, дискотеките... во македонската метропола ќе имаат продолжено работно време. Тоа дава можност за збогатена програма, па така во сабота, за време на годинешната скопска „Бела ноќ“, кафе барот и ресторан „Еквилибриум“ на своите гости ќе им понуди вечер со црнгорскиот заводник, пејачот Бојан Маровиќ познат по своите хитови меѓу кои се издвојуваат безвременските балади како „Теби је лако“ или „Више те нема“. Во „Белата ноќ“, Маровиќ во живо, покрај своите песни, ќе изведе и избор од голем број незаборавни екс ЈУ, како и хитови од регионот, па затоа сите што сакаат пријатна атмосфера, пдобра забава и уште подобро дружење со храна, пиалаци и добра музика во добро друштво, навреме нека резервираат свое место во реномираниот скопски локал. Сабота, 05 октомври 2019 год. -  „Бела ноќ“ за Ваше задоволство, Бојан Маровиќ од 22:00 часот. Резервации на: 02/60-90-555 или http://equilibrium.mk/#rezerviraj]]>

„2 бона“ ја опишаа „горе-доле“ нивната еротска „Бела ноќ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/2-bona-ja-opishaa-gore-dole-nivnata-erotska-bela-nokj-video/ Thu, 04 Apr 2019 12:16:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81157

Хип-хоп, рап и ар-ен-би дуото „2 бона“ кое се појави за прв пат на музичката сцена во 2015 година, деновиве ја претстави својота нова тема насловена „Бела ноќ“. Ова е нивна втора песна за нешто повеќе од еден месец, по соработката во темата  „Дијамнати“ со „Слаткаристика“.
Овој пат се работи за тема во која членовите на дуото - Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито се сами изведувачи, додека музиката е авторско дело на Иван Јованов - Ивајо, кој заедно со Кун го направил и миксот и мастерингот на песната која звучи прилично трендовски, модерно и продукциски издржано, иако...
Едноставното видео чија визуелизација повеќе наликува на туристичка разгледница и баш и не ја следи приказната од „Бела ноќ“ се појавуваат само членовите на дуото, без статисти, модели, секси девојки, скапи автомобили, урбан декор... А, приказната е одново иста, прилично преџвакана, безброј пати веќе слушната и видена: акт на секс, опијати, алкохол... Далеку од здрав разум, камо ли од здрав живот, иако во спотот има само природа и нивните два лика: Кун и Тонито, снимени со камера и кадрите од дрон на Денис Хајдаревиќ, а сето тоа потпишано од видеопродукцијата „God Eye Production“.
Во продолжение проследете ја „Бела ноќ“ на „2 бона“ па од слушнатотоо и виденото и самите извлечете заклучок за кажаното: https://www.youtube.com/watch?v=A6LEjsd6JZE    ]]>