бејкстејџ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 30 Nov 2019 09:07:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бејкстејџ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Барбара е новата водителка на „Бекстејџ“: Ќерката на Мелита тргна по нејзините стапки (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/barbara-e-novata-voditelka-na-bekstejdz-kjerkata-na-melita-trgna-po-nejzinite-stapki-foto/ Sat, 30 Nov 2019 08:50:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121565

Она што некогаш го работеше бившата ТВ водителка Мелита Драгошановиќ, од скоро ќе продолжи да го прави нејзината се' уште малолетна ќерка Барбара Ракичевиќ. Имено, Барбара ќе биде новата партнерка на Миро Кацаров, која од скоро заедно со него ќе ја сочинува водителската двојка на најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ“ кој оди секој работен ден на Канал 5  телевизија. Мелита годинава токму во  „Бекстејџ“  одблизу ја претстави  својата тогаш 14 годишна ќерка, од бракот со сега веќе поранешниот сопруг, познатиот скопски угоститетел Владимир „Соме“ Ракичевиќ. Тогаш Барбара го покажа својот талент за пеење, но очигледно „крвта не е вода“, па она што мама Мелита некогаш го работеше во телевизиите: Сител, А1 и АБ канал, Барбара која неодамна наполни 15 години ќе го продолжи во „Бекстејџ“, каде треба да ја замени Миа Костова. Мелита тоа успешно го правеше без оглед дали водеше емисија за домашни миленици како „Пет шоу“ или забавно - музички и магазински програми или пак соспствено ток- шоу. Останува да видиме нејзината наследничка, слатката мала Барбара, дали го има истиот сенс, шарм и потенцијал да ги „залепи“ гледачите за ТВ екранот, како на времето мајка и. Како и да е, кога е ТВ водителството во прашање, Барбара има од кого да учи и прима совети, забелешки, пофалби и критики... од прва рака!    ]]>