бејбиситерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Feb 2021 11:52:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бејбиситерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ана Штајдохар, пејачката од бендот во шоуто на Иван Ивановиќ ја имала најславната дадилка: Нема да ви се верува кога била мала, која и била бејбиситерка!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-shtajdohar-pejachkata-od-bendot-vo-shouto-na-ivan-ivanovikj-ja-imala-najslavnata-dadilka-nema-da-vi-se-veruva-koga-bila-mala-koja-i-bila-bejbisiterka-foto/ Mon, 01 Feb 2021 11:50:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187632

Ана Штајдохар можеби не е така голема пејачка ѕвезда, иако зад себе има завидна естрадна километража, а на јавноста и стана позната додека настапуваше со познатиот белградски бенд „Тап 011“, каде дојде на местото на Гоца Тржан и Ивана - „Негатив“. Денес русокосата „џепна венера“ Анчи сите ја знаат како пејачка и предводник на сопствениот бенд, кој настапува во ток шоуто на мегапопуларниот Иван Ивановиќ, кое оди секој петок на  српската ТВ Нова, а се гледа во целиот регион. Од друга страна, малкумина знаат дека можеби најголемата пејачка фолк ѕвезда, Лепа Брена, работела и други работи пред музиката. Иако ќе дојде во Белград во 1979 година за да студира, Брена морала да започне да заработува пари за да му помогне на своето петчлено семејство, кое не стоело добро со финансиите. Целото семејство живеело само од платата на нејзиниот татко, кој работел како медицински техничар, додека мајката повремено заработувала како шивачка. Тоа не било доволно за финансирање на еден студент во Белград во тоа време, па Брена морала да се вработи. Таа се јавила на огласот за чување деца во семејството Штајдохар, кај тогаш младата брачна двојка Цвета и Томислав. Ним им требала дадилка за нивната новородена ќерка Ана, која во тоа време имала само неколку месеци. Брена живеела во мал стан на Ташмајдан, за кој и го плаќал семејството Штајдохар, сокое  поминала неколку месеци. Таа не зборуваше за тој период во јавноста, но проговори, Ана, денес познатата пејачка. „Јас навистина не се сеќавам на тој период, бидејќи бев бебе. Она што го знам е она што го слушнав од моите родители. Во тоа време, Лепа Брена била само Фахрета Јахиќ, која живеела во стан изнајмен од моите родители, под Ташмајдан, близу пазарот Палилула. Инаку, таа работела кај нас како бејбиситерка и се грижела за мене кога немало никој од моите дома. Наскоро нејзината кариера тргнала по нагорна линија, а таа симпатична анегдота остана од тој период“ - раскажала Ана. Лепа Брена брзо сфатила дека не може да преживее во големиот град со ниски примања и истовремено да студира, па се вратила во родното Брчко. Сепак, таа имаше големи амбиции и соништа да стане пејачка. Започнала да настапува со еден локален бенд во нејзиниот роден град, но тие изведувале рок музика и тоа било сè додека еден ден групата „Лира шоу“ на Саша Поповиќ не дошла во Брчко. Тогаш тие барале пејачка и Брена се јавила на нивниот оглас. Останатото е историја. Фото: Инстаграм принтскрин]]>

Димитар Атанасовски има еден проблем… или се два: „Шо мислеше, шо мислеше, ка’ се онадеше?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-atanasovski-ima-eden-problem-ili-se-dva-sho-misleshe-sho-misleshe-ka-se-onadeshe-foto/ Sat, 07 Sep 2019 08:52:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105637

Македонскиот водител и маркетинг менаџер Диматар Атансовски има голем проблем. Имено, тој и неговата сопруга пејачката и харфистка Сара Мејс ја имаат ќеркичката Илина, која веќе потпорасна, а тие секојдневно мораат да ги исполнуваат своите работни обврски, па малечката убавица нема кој да ја чува. Веројатно опцијата за одење во градинка не им се бендисува заради возраста на малата Илина или од некоја друга причина, па засегнатите родители решија да бараат друго чаре.
Маркетинг менаџерот најдобро знае како социјалните мрежи можат да се искористат и во сопствени цели, за да ти го решат проблемот, па довитливиот Димитар преку својот Фејсбук профил имсе обрати на пријателите со јавен повик за помош:
„ Пријатели, ако познавате некој кој чува деца и е слободен периодов, ве молам пратете ми контакт во инбокс... Излезе дека ова била најтешката работа во животот, затоа помагајте“! Е била... Ама најтешка, никако. Ееее, уште ништо не си видел водителе. Допрва ти е „назад зимата“. Вака отприлика би му рекле поискусните родители, особено татковци, ама и пријателите не останаа покуси, па му возвратија. Кој на шега, кој со сериозна понуда... па и предлог.
„Шо мислеше, шо мислеше ка се онадеше“, „Плачко“... беа некои од машките шеговити коментари на пријателите на водителот, а меѓу нив и една женска понуда од типот:
„Јас ќе се вратам за детето твое. Свое немам, туѓо гледам, германски ќе учиме заедно“! 
Понудата прифатена и проблемот за Димитар решен. Или со понудата проблемите од еден стануваат два? Во зависност од тоа што ќе каже на ова Сара Мејс!
Ќе биде: имаме бејбиситер или бејби(сиктер) за некого? Зашто во понудата не е баш најјасно нагласено со кого тоа бејбиситерката има намера да учи заедно германски... Со малечката или со таткото?]]>