бејбиситер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 May 2019 11:38:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бејбиситер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Горда сестра, горда тетка: Тијана го доби најодговорниот ангажман во евровизискиот тим! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/gorda-sestra-gorda-tetka-tijana-go-dobi-najodgovorniot-angazman-vo-evroviziskiot-tim/ Wed, 08 May 2019 07:52:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86518

Македонскиот евровизиски тим на чело со Тамара веќе е во Тел Авив.
Подготовките наголемо течат,  се одвиваат првите проби, а паднаа и првите интервјуа кои нашата годинешна евровизиска претставничка ги даде за многубројните медиуми.
На првата од пробите, неофицијално слушнавме како испеа, а премиерно го видовме и евровизискиот костим на Тамара...   И може да се каже дека во старт сме многу горди!
Она што остана дилема се домашните, односно семејните обврски на пејачката. Или поточно прашањето, кој ќе ги чува Дарен и Хана додека од дома е отсутна мама? Децата фала Богу имаат и татко, а и баби и дедовци на располагање... Арно ама, пред сите нив, предничи една, зашто само една е тетка. Така тетка Тијана покрај позирањето во видеото за „Proud“, доби уште еден евровизиски ангажман. Ако не најтешкиот, тогаш сигурно најодговорниот: Да ја менува мама барем кај Хана, додека Тамара е на Евровизија!
А гордата и искусна тетка сериозно си ја сфати задачата, па своето најсилно оружја - песната, го употреби како анимација и занимација при чувањето на внуката!
„Johny, Johny - Yes papa...“ - најдобрата песничка за деца сигурно ќе ја заврши работата... Барем сега за сега! https://www.youtube.com/watch?v=F4tHL8reNCs Но, по се изгледа дека изборот на Тијана за извршување на најкомплексната „евровизиска задача“ не е ниту случаен, ниту од немајкаде, напротив!
Тета Тијана уште од малечка покажа афинитети кон оваа света должност. Тогаш тоа немаше врска со Евровизија, ама ја имаше иста функција како и денес. Само што во прашање не беше внуката, туку помалата сестричка, денес наша евровизиска претставничка - Тамара!
Тета тогаш собираше приправнички стаж, со нејзиниот Вук дипломираше, а сега со Хана - докторира на тема, чување деца во отсуство на родител!
„Тета, Тијана - јес Хана“?  Бејбиситер без мана!
   ]]>