бејбифејс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Dec 2020 08:22:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бејбифејс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Некои за маска не сакаат ни да слушнат, а водителката Елена Стојановска маската не ја вади ни по дома! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekoi-za-maska-ne-sakaat-ni-da-slushnat-a-voditelkata-elena-stojanovska-maskata-ne-ja-vadi-ni-po-doma-foto/ Mon, 21 Dec 2020 08:16:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181738

Водителката на утринската програма на ТВ Сител - „Ја сакам Македонија“ со својот „бејбифејс“ многу често оддава таканаречен „лажен изглед“, односно изгледа многу помлада од годините што ги има, иако се разбира ниту оддалеку не е престарена. Сепак, кога ќе го погледнете нејзиниот лик, Елена личи како да е тинејџерка, иако оддамна тоа не е. Со овие зборови луѓето, па и написите во медиумите често знаат да ја опишат водителката Елена Стојановска- Јанковска со која гледачите го почнуваат утрото на ТВ Сител. Веројатно заслугите за ваквиот изглед лежат во генот или поточно, најмногу  можат да и се припишат на мајката природа, зашто Елена нема никакви естетски зафати и корекции на себе, особено не на своето лице. А кога веќе имаш таков младешки лик, а уште згора на тоа си и ТВ лице, лицето мора да се чува и да се штити. Корона пандемијата ни наметна носење маска, па сакале или не, ем е задолжително, ем е препорачливо сите да ја носиме. Според протоколите и на отворено и во затворено... И додека едни строго се придржуваат кон тоа, други „не фермаат жива сила“, верувале или не, Елена маската не ја вади од лице и по дома. Да - добро прочитавте, водителката и кога е дома на своето лице има маска. И пред да останете изненадени со подзината уста или да скокнете од место и да кажете: „Па оваа не е нормална“, да ги образложиме работите за нештата да бидат појасни. Маска - да, ама не заштитна против Ковид 19! Имено, водителката откри дека тајната на нејзиниот младешки изглед, меѓудругото лежи токму и во маската. Но онаа, козметичката, која ја става на лицето за нејзината кожа да изгледа „ѓоамити е на бебенце“! „Најмногу ја сакам неделата која ми е ден за уживање и релаксација. Маската за лице содржи 2 антиоксиданси, Q10 и витамин Ц кои веднаш го ублажуваат изморениот изглед на лицето. Кожата се ревитализира, станува освежена и сјајна. За повеќе детали проверете на Фејсбук страницата на брендот“ - напиша Елена на својот инстаграм демонстрирајќи ја уметноста на одржувањето на својот младешки изглед. И додека едни „маските на животот“ на себе ги носеа и пред пандемијата, други маски ставаа само за маскенбал на 1-ви април, повеќето од нас  денес заштитните медицински маските ги симнуваат само дома. Но, на  ТВ водителката Елена Стојановска - Јанковска маската и е најдобра другарка за „вечна младост“. Барем во ликот, а веројатно и во духот, зашто ако лицето е огледало на душата, тогаш маската на водителката и помага да остане „вечно девојченце“, во секој поглед!]]>