баскерфест 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Jun 2018 11:48:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png баскерфест 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пет дена „Баскерфест 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/pet-dena-baskerfest-2018/ Mon, 04 Jun 2018 11:48:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=30576

„Баскерфест 2018“ ќе се одржи од 12-17 јуни на плоштадот „Македонија“ во Скопје, но традиционално и во другите градови, посетителите ќе имаат можност да уживаат во караванот кој носи среќа. Фестивалот на улични изведувачи оваа година ќе понуди многу забава за сите возрасти. Сите посетители, па и случајни минувачи, освен во врвните баскер-мајстории на жонглери, акробати, циркузи и кловнови, ќе може да уживаат и во многу нови, забавни содржини.
Најмалите секојдневно ќе можат да се дружат и едуцираат во детската едукативна работилница, каде што ги очекуваат многу изненадувања. Тука ќе биде и катчето за животни, односно катче за миленици, каде што преку забава ќе се едуцираат за милениците заедно со Марко Новевски, а ќе се собираат донации и за бездомни животни.
На плоштадот „Македонија“ ќе има и базар на ракотворци, а за првпат е организиран и „Аrt’s-n-Craft’s“ за луѓето кои имаат креативност и знаат како од обични предмети да креираат уметност. На првото издание на „Art’s-n-Craft’s“, задачата на пријавените креативци е на метални буриња за пиво да ја изразат својата визија и креираат уметност.  Настанот ќе има натпреварувачки карактер со награди за најдобрите, а рокот за пријавување е 10 јуни.
Ќе бидат поставени и интерактивни инсталации кои ќе ги анимираат сите посетители. Како главна атракција е „Тунелот на стравот“, каде што со воз на шини ќе се минува низ неколку страшни конструкции опремени со соодветно осветлување, реквизити и звучни ефекти. Ќе има и ѕид со гуми за качување, фото-бут (photo booth), кафез со балони, арт-маса и уште многу интересни инсталации во кои публиката ќе може интерактивно да се вклучи.
За љубителите на спортот, пак, ќе биде поставено спортско катче, со игри од натпреварувачки карактер, како и катче каде што ќе може да ги научите стрелачките вештини. Во склоп на „Баскерфест“, покрај атрактивната баскер-програма на улични изведувачи, ќе има и музички сцени со одлични бендови од сите страни на светот.]]>

Фестивал на улични изведувачи „Баскерфест 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/festival-na-ulichni-izveduvachi-baskerfest-2018/ Mon, 14 May 2018 10:04:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26878

Од 12 до 17 јуни, на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје ќе се одржи 13. издание на фестивалот со улични изведувачи – „Баскерфест 2018“ кој е поддржан од град Скопје. Над 30 улични артисти од разни краеви на светот во театарот под отворено небо шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје.
Оваа година, на програмата на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери, како и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни и уште многу забавни содржини за сите посетители.  ]]>