басист – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 20 May 2023 07:44:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png басист – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Енди Рурк, басистот на бендот „Смитс“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-endi-rurk-basistot-na-bendot-smits/ Sat, 20 May 2023 07:44:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303021

Басистот на поп-рок составот „Смитс“, Енди Рурк почина на 59-годишна возраст, соошпти неговиот поранешен колега од бендот, гитаристот Џони Мар. Во Твитер-објавата на Мар утрово се вели дека Енди починал по долго боледување од рак на панкреасот.
„Енди ќе биде запаметен како љубезна и убава душа од оние кои го познаваа и како врвно надарен музичар од љубителите на музиката. Бараме приватност во овој тажен миг“, додаде Мар.
Со првичната постава, составена од Рурк, тапанарот Мајк Џојс, Мар и пејачот Стивен Морисеј, „Смитс“ во жанровите рок, поп и панк, имаа низа хитови во 1980-тите, како што се „Heaven Knows I’m Miserable Now“ и „Girlfriend In а Coma“. Меѓу попознатите нивни албуми се „The Smiths“ и „Meat is Murder“. Имаат и три топ-10 хитови.
Бендот, инаку, престана да постои во 1987 година. Распаѓањето на четворката од Манчестер беше едно од најспектакуларните во музичкиот свет во Обединетото Кралство, по што во 1989 година Џојс и Рурк ги одведоа Морисеј и Мар на суд поради хонорарите.
]]>

Замина уште една рок легенда: Почина Дасти Хил, басистот на рок великаните „Зи Зи Топ“ https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-ushte-edna-rok-legenda-pochina-dasti-hil-basistot-na-rok-velikanite-zi-zi-top/ Thu, 29 Jul 2021 10:33:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213174

Дасти Хил, познатиот басист на групата „Зи зи топ“, почина во сон на 72 -годишна возраст. Бендот ја потврди тажната вест, соопштувајќи дека рок легендата почина во неговиот дом во Хјустон, Тексас во петокот. „Со жалење можеме да објавиме дека Дасти Хил почина во сон во Хјустон“, напишаа членовите на бендот Били Гибонс и Френк Бирд, пренесе Сан. Неговите „браќа од бендот“ додадоа дека ним, како и на армијата обожавателии, ќе им недостасува неговата смиреност. „Ние секогаш ќе бидеме поврзани, многу ќе ни недостасуваш, амиго“ - порачаа тие. Инаку Хил неодамна го повредил колкот, поради што отсуствувал од неколку настани претходните недели, но нејасно е дали повредата има било каква врска со неговата смрт. Фото: Инстаграм принтскрин/zztop Видео: Јутјуб/ZZ Top - Gimme All Your Lovin']]>

Почина Ненад Стефановиќ – Јапанац, најдобриот бас гитарист во екс Југославија: Замина човекот што свири на над 1000 плочи https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-nenad-stefanovikj-japanac-najdobriot-bas-gitarist-vo-eks-jugoslavija-zamina-chovekot-shto-sviri-na-nad-1000-plochi/ Sat, 09 Jan 2021 08:20:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184390

Ненад Стефановиќ, Јапанац, поранешен басист на „Пилоти“, почина вчера, 8 јануари 2021 год. на 62-годишна возраст, а денес е погребан. Во својата кариера соработуваше со многу познати личности. Многумина се простија од него на социјалните мрежи, вклучително и Бајага со своите “Инструктори“, која објави статус со емотивни зборови на Фејсбук. „Драги пријатели, минатата година ја завршивме тажно, со заминувањето на Миша Алексиќ, и за жал, и оваа започна лошо, со заминувањето на Ненад Стефановиќ - Јапанац, нашиот пријател и колега, еден од најдобрите бас-гитаристи досега не само на овие простори. Неша свиреше на нашите албуми „Са друге стране јастука“, „Продавница тајни“, „Музика на струју“ и уште на многу други песни. Свиреше на плочите и ЦД-ата на голем број наши колеги - Бијело дугме, Оливер Мандиќ ... Постои голема празнина на нашето музичко небо по неговото заминување. Почивај во мир, драг Нешо. Овој свет на музика повеќе нема да биде ист без тебе. Те сакаат твоите Бајага и Инструктори “, пишува во соопштението. Ненад Стефановиќ е роден во 1959 година во Крушевац. Се докажа како многу сигурен, прецизен, точен, оригинален и инвентивен басист, и како одличен познавач на применетата хармонија, свирејќи на гитара истовремено. Учествуваше во создавањето на над 1.000 изданија на југословенската и српската поп-рок сцена.]]>

Почина Миша Алексиќ: Басистот на „Рибја чорба“ ја изгуби битката со коронавирусот https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-misha-aleksikj-basistot-na-ribja-chorba-ja-izgubi-bitkata-so-koronavirusot/ Sun, 29 Nov 2020 10:37:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178545

Басистот на рок групата „Рибја чорба“, Мирослав Миша Алексиќ, почина на 67-годишна возраст. Познатиот музичар ја загуби битката со коронавирусот. Миша Алексиќ се лекуваше во Клиничкиот болнички центар „Бежанијска Kоса“, а состојбата му се влоши и беше ставен на апарати за дишење. Неговата ќерка Мина Алексиќ неодамна на Фејсбук напиша дека славниот басист добил ковид-19,  бил пренесен во болница и ставен на респиратор. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gitaristot-na-ribja-chorba-e-zarazen-so-koronavirus-i-tri-dena-se-naogja-na-respirator/ „Секој час е негова борба за живот, исто како мојата и на мајка ми за него. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат кој е лав и борец. Би сакала сите луѓе што го сакаат и го почитуваат како мајстор на рок овие денови да бидат со нас “, напиша Мина Алексиќ. Кариерата ја започна во 1970 година во групата „Ројали“ како бас гитарист и пејач. Таа година групата го освои второто место на натпреварот „Вечер со радио“, организиран од уредникот на емисијата Радио Белград. Следната година, тој отиде во САД, каде што заврши средно училиште во Пајксвил, Мериленд. По враќањето во Југославија и под влијание на британските рок-великани „Deep Purple“ и „Led Zeppelin“, Миша ja формира групата „СОС“ со Драган Штуловиќ, Драган Тасиќ и Стеван Стевановиќ. По неколкуте промени во составот, во бендот се приклучија Рајко Којиќ и Вицко Милатовиќ, со кои Алексиќ ја направија „Рибја чорба“ во 1978 година заедно со поранешниот пејач на групата „Рани мраз“, Борислав Бора Ѓорѓевиќ. Покрај тоа што беше басист на групата, Миша Алексиќ беше и текстописец и продуцент на албумите на „Рибjа чорба“, еден од најпопуларните рок бендови на овие простори. За време на неговата кариера, тој исто така пишувал песни и продуцирал албуми за бројни други уметници и бендови.]]>

И басистот на „Рибја чорба“ на респиратор води тешка битка на „живот и смрт“ со коронавирусот: „Држи се куме, ќе го победиш и ова зло“ – му порача Бајага https://arhiva.vistina.com.mk/i-basistot-na-ribja-chorba-na-respirator-vodi-bitka-na-zivot-i-smrt-so-koronavirusot-drzi-se-kume-kje-go-pobedish-ova-zlo-mu-poracha-bajaga/ Wed, 25 Nov 2020 10:56:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177975

Басистот на рок групата „Рибја чорба“, Миша Алексиќ е исто така заразен со коронавирусот и од 13 ноември се лекува во ЦБЦ „Бежанијска коса“. Тој е веќе неколку дена ставен на респиратор и во моментов води тешка битка на „живот и смрт“ со Ковид 19. По тој повод се огласи неговиот колега и пријател, некогашниот  член на првата постава на „Чорба“, Момчило Бајагиќ - Бајага, кој му посака што побрзо да закрепне и ми испрати зборови на поддршка. Држи се, куме, стар мајсторе. Досега успешно си поминал многу работи, па затоа сум сигурен и верувам дека ќе го победиш и ова зло. Веднаш штом ќе се опоравиш, те чекаме на пробата на Таш. Знаеш дека има некои работи што не вреди без тебе да се свират. Бајага и тимот те сакаат! “ - напиша на официјалната Фејсбук страница Бајага.]]>

Почина Пол Метерс, поранешниот басист на „AC/DC“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-pol-meters-poraneshniot-basist-na-ac-dc/ Fri, 16 Oct 2020 11:06:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171824

Басистот на легендарната група AC/DC Пол Метерс, кој во бендот се придружи во 1975 година почина, а причината за смртта засега не е објавена. Во групата тој се приклучил по објавување на албумот „High Voltage“, но фронтменот Бон Скот го отпуштил по само неколку недели. Метерс ја напушти музиката по заминување од групата, а во бендот го замени Марк Еванс. Пред AC/DC тој свиреше бас за бендот „Армагедон“, а наводно од тука добил отказ бидејќи бил „премногу убав, премногу самостоен“. Смртта на Метерс на Фејсбук ја соопшти неговиот пријател Род Вескомб кој открил дека музичарот живеел повлечено во поодминатите години и дека ронкенрол начинот на живот оставил последици по неговото здравје, пренесува Дејли Мејл.]]>

На Северина не и оди во кариерата, остана без менаџерот, а сега ја напушти уште еден соработник https://arhiva.vistina.com.mk/na-severina-ne-i-odi-vo-karierata-ostana-bez-menadzerot-a-sega-ja-napushti-ushte-eden-sorabotnik/ Tue, 26 Mar 2019 10:57:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79385

Северина Којиќ, според пишувањето на хрватските медиуми, полека ги губи конците во својата кариера. Имено, откако во јавноста се појави веста дека ја прекинала соработката со долгогодишниот менаџер и пријател Томица Петровиќ, уште еден член од тимот на Северина ја јапушти. Станува збор за басистот Хенри Радановиќ кој за „24 сата.хр“ признава дека нема повеќе да настапува со Северина. Тој како што наведува медиумот, најпрвин немал коментар, а потоа потврдил дека информацијата е точна.
-Баш сте упорни. Не сакам да зборувам, немам никаков коментар, изјавил тој, но новинарите биле упорни. -Вистина е, нема да свирам во бендот. Моментално двајцата имаме други планови, за што разговаравме неколкупати. Работно, Северина е исклучителен професионалец, а мене лично ми е драга особа. Ние двајцата секогаш ќе бидеме пријатели, вели басистот. Инаку, медиумот пишува дека Северина има проблеми, и пропаднаа три концерти, и откажаа адвокатите, ПР и менаџерот, а сега и басистот.]]>

Почина басистот на „Прљаво казалиште“, Дубравко Ворих https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-basistot-na-prljavo-kazalishte-dubravko-vorih/ Tue, 12 Mar 2019 14:07:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77249

Минатата пролет на музичарот Дубравко Ворих му беше дијагностициран тежок карцином, додека бендот беше на австралиска и американска турнеја. Денес, легендарниот басист на „Прљаво казалиште“ ја загуби битката со тешката болест и почина во Загреб, на 59-годишна возраст.
Беше еден од најдобрите хрватски басисти, а со „Прљаво казалиште“ свиреше повеќе од една деценија. По враќањето во Загреб од австралиско-американската турнеја, „Прљаво казалиште“ спремаа спектакуларен концерт на домашен терен кој Ворих во никој случај не сакаше да го пропушти. На лична иницијатива свиреше на тој концерт, а а веќе следниот ден замина на операција.]]>

Цел Холивуд на венчавката на годината, а познатиот басист ја покажа „гордоста“ на тераса! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/cel-holivud-na-venchavkata-na-godinata-a-poznatiot-basist-ja-pokaza-gordosta-na-terasa-foto/ Wed, 25 Oct 2017 11:30:52 +0000 http://vistina.mk/?p=1412

Рио де Жанеиро е моментално светската престолнина на џет-сетот, со оглед на тоа дека многубројни ѕвезди дојдоа на „обновеното“ венчавање на менаџерот на Мадона, Гај Осириј и неговата сопруга Мишел Алвеш. Гај и Мишел се венчале во 2006 година, а сега решиле да ги обноват брачните завети, а за таа прилика резервирале цел спрат во луксузен хотел во Рио, а списокот на гости бил импозантен, од Мадона и Метју Метонахи, до Крис Рок и Ештон Качер. Меѓу гостите се нашол и Фил, басистот на бендот „Red Hot Chili Peppers“, кој папараците ги почести со своето голо тело.
Опутено излегол на тераса како од мајка роден, а фотографиие од неговиот полов орган го заобиколија светот.