баритон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Dec 2019 08:23:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png баритон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Предновогодишниот концерт „Come fly with me“ на Павле Камилоски ја крена публиката на нозе (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prednovogodishniot-koncert-come-fly-with-me-na-pavle-kamiloski-ja-krena-publikata-na-noze-foto/ Mon, 30 Dec 2019 08:23:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126393

Извонредниот и наградуван баритон, Павле Камилоски ја заврши својата веќе успешна година со уште еден спектакуларен концерт. На својот предновогодишен концерт во МНТ, Павле ги пееше безвременските песни на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бубле и останати, како и Божиќни песни кои ја пренесоа празничната еуфорија на присутната публика и не ја оставија рамнодушна. Полната сала на МНТ беше на нозе и со овации го испратија овој спектакл кој за прв пат се случуваше во Скопје. Камилоски изведе и прекрасен дует со Александар Тарабунов, а на сцената му се придружија еминентни и искусни музички имиња од Македонија, заедно со балетски уметници. „Come fly with me“ оддаде почит кон едни од најслушаните артисти преку лична, оригинална изведба на евергрините, како и со самата режија, сценографија и кореографија што покажа дека продуцентите нудат новитети со секој следен проект. По успехот кој го постигна со своето ремек дело „Мала Италија патува“, Павле Камилоски, неодамна беше награден со меѓународно признание во Неапол, Италија – „Амбасадор на Италијанската музика за 2019 година“ во Источна Европа. ]]>

„Охридско лето“: Смртта на баритонот Хворостовски е голема загуба https://arhiva.vistina.com.mk/ohridsko-leto-smrtta-na-baritonot-hvorostovski-e-golema-zaguba/ Wed, 22 Nov 2017 14:52:27 +0000 http://vistina.mk/?p=4468

Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј, кој на отворањето на „Охридското лето“ во 2013 година, одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар, велат од дирекцијата на фестивалот.
Фестивалот „Охридско лето“ жали за големата загуба, смртта на светската оперска легенда Дмитри Хворостовски, кој ќе остане запишан во фестивалската историја како еден од најголемите ѕвезди кои настапиле на сцената од „Охридско лето“. Големите личности секогаш имале посебно место на сцената на „Охридско лето“. Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј, кој на отворањето на „Охридското лето“ во 2013 година, одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар. Воодушеви со неговата скромност и харизма. Без посени специјални барања, освен во неговата соба да нема цвеќиња со интензивен мирис. „Македонската публика е многу топла и пријателска. Бев многу среќен што пеев на оваа сцена, возбуден од целата убавина што ме опкружува. Сигурно пак ќе дојдам со моето семејство“, изјави Хворостовски по концертот во Охрид каде пристигна заедно со синот Максим. Уживаше во секој миг додека престојуваше во градот. Воодушевен од прекрасниот поглед на езерото рече дека глетката е доволна за да се чуствува како во рајот. „Не ми треба ништо друго. Доволно е ова место за да ја имам врската со Бога“, рече славниот уметник. Светската оперска легенда Дмитри Хворостовски, кој ќе остане запишан како еден од најголемите ѕвезди во фестивалската историја на Охридско лето почина на 55 годишна возраст во неговиот дом во Лондон. „Во името на семејството Хворостовски, со голема жалост објавуваме дека почина Дмитри Хворостовски – сакан баритон, сопруг, татко, син и пријател. Тој почина мирно утрово, опкружен со семејството во близина на неговиот дом во Лондон. Нека топлината на неговиот глас и дух секогаш бидат со нас“, објави семејството. Во 2015 година му беше дијагностициран тумор на мозок. Легендарниот пејач се врати на сцена кратко по првата сесија со терапија во септември 2015 година. Заедно со рускиот сопран Ана Нетребко, изведе делото „Трубадур“ од Верди, во Метрополитен операта во Њујорк. Кога Хворостовски излегол на сцена, салата еруптирала од аплаузи. Хворостовски е еден од најпопуларните оперски ѕвезди, кој настапувал на најголемите светски сцени и со најпознатите солисти и диригенти. Rоден e во Краснојарск, Сибир, Русија на 16 октомври 1962 година. Во 1989 година ја освоил престижната награда „Кардиф“ на светски натпревар. Од почетокот на неговата кариера, публиката беше одушевена од неговиот култивиран глас, природното легато. По оперското деби на Запад, во операта во Ница со „Пикова дама“ на Чајковски, неговата кариера доживеа врв во најголемите оперски куќи и фестивали, меѓу кои Ројал опера хаус, Ковент гарден, Метрополитен, Париската опера, Миланска Скала. Станал првиот оперски пејач што настапил соло со оркестар и хор на Црвениот плоштад во Москва, концерт пренесуван во повеќе од 25 држави. Вечна му слава! Извор:Охрид24
]]>