бардовци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 03 Oct 2023 07:54:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бардовци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Бејби ја распаметија свадбените трубачи, ама Игор Џамбазов „ја дотепа“: Кога другар ти ќе ти каже искрено… да пазиш „жолтото комбе“ по тебе да не е дојдено? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-ja-raspametija-svadbenite-trubachi-ama-igor-dhambazov-ja-dotepa-koga-drugar-ti-ke-ti-kazhe-iskreno-da-pazish-zholtoto-kombe-po-tebe-da-ne-e-dojdeno-foto-video/ Tue, 03 Oct 2023 07:52:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320701

Она што е Игор Џамбазов меѓу машките актери, тоа е и Весна Бејби Петрушевска кај дамите... Обајцата врвни глумци, ТВ водители, забавувачи, автобиографи... Со тоа што Џамбаз е и пејач - блузер, а Бејби - едукатор со своето училиште за млади актерски таленти. И над сето тоа, професионално се колеги и  соработници во разни заеднички проекти, а привартно можеби и најдобри другари. А кога имаш така близок другар тој и во арно и во лошо може да ти се најде и помогне, ама може да си дозволи и да ти каже што сака! Така Весна Бејби пред некој ден во влезот од нејзината зграда слушнала гласна плех музика... Во живо! Од трубачи и тапани ечеле и влезот и целата зрада зашто некој нешто славел... Свадба најверојатно!? Чешитата Бејби како што ја дал Господ, не е жива ако не се пошегува, најчесто  на своја сметка како и овој пат, па шегата јавно ја споделила на социјалните мрежи: „Јас мислев мене дошле за невеста да ме земат. како сум се извадила од памет“ - шеговито споделила Бејби на своите Инстаграм приказни, терајќи шега на своја сметка! Свадбените трубачи и блех музиката можеби и ја распаметија, ама Игор Џамбазов со својот коментар на нејзината објава -  „ја дотепа“ откако Џамбаз во репликата и напиша: „Ти глеј од Бардовци да не те земат...“!  Или што би рекле жаргонски во превод: „Внимавај, кога ќе се паркира 'жолто комбе',  по тебе да не е дојдено?“ До душа и тој на шега, ама... некако „несолена“?! Така барем тоа го сфати неговата колешка и другарка Весна, на која како да не и беше право, па само „процедурално“ му возврати на колегата - „шегобиец“ со реплика на репликата: „Шубаво ми мислиш, ја на тебе никад вака“! Дали во моментот Бејби се сетила на старата добра поговорка: „Во секоја шега - половина вистина“, или само онака од чиста забава и таа му одглумила „повредена персона“ - знае само актерката?! Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska  ]]>

Игор Џамбазов заврши во Барадовци (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-zavrshi-vo-baradovci-foto/ Wed, 23 Oct 2019 08:54:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114062

Македонскиот актер, водител и шоумен Игор Џамбазов заврши во Бардовци. Претходно имаше чудна објава на својот Инстаграм профил во вид на кусо видеоклипче. Најпрвин им посака „Добар ден“ на сите, за потоа да им каже: „Априлили“... среде октомври!
 
View this post on Instagram
 
Април у октобру...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Дека деновите ни се далеку од добри е оддамна јасно, а деновиве и старата проверена ку*ва Европа среде октомври ни направи: „Априлилили...“ за пристап, па можеби Џамбаз тоа сакал да го каже, тврдеа некои. Други пак велат, на топлото време мислеше човекот. Пролет во есен! Април во октомври! Но, оние што добро го познаваат сомничаво вртеа со глава, особено откако неговата најнова Инстаграм објава беше од - Бардовци! „Бардовци, на релакс“ - напишал Џамбазов покрај матната фотографија на која уморен и подзамижан, како нешто важно да сака да соопшти, да каже, ама... https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dzambazov-za-bekstejdz-chichko-igor-nema-deca-i-ponekogash-si-plache-sam/ Ама не се секирајте се' е во ред со човекот. Бардовци е одлично место за живеење, освен една локација во него. А, Џамбазов престојуваше во елитната скопска населба во која е лоцирано студиото „Тра ла ла“ на  Мите Димовски, каде се снимаше новата песна на Игор, која наскоро ќе ја здогледа виделината на денот. Насловена е некако симболично: „И племето и семето“,  па се надоврзува со приказната за „добрите“ денови од  почетокот на текстов. Оние кои веќе ја слушнале, Како Весна - „Бејби“ на пример,  велат дека ќе биде вистински мегахит. Џамбазов можеби никогаш не правел хитови во класична смисла на зборот, но многу од она што го испеал, било чиста реалност и станало евергрин. Така мириса и овој пат!  ]]>

ДНК предизвик: Панчо и Андреј ја придвижија свеста среде Бардовци (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-predizvik-pancho-i-andrej-ja-pridvizija-svesta-srede-bardovci-foto/ Wed, 20 Mar 2019 08:18:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78317

Животот е предизвик. Од првиот плач до последниот земен здив. Се' што правиме, сакаме да го направиме онака како што сме го замислиле, а сепак да биде п оубаво, подобро, повредно... и уште во многу други нешта „по“ од она , што фо прават другите. Истото или нешто сосема поразлично, сеедно. Важно е да си одговориш на предизвикот што си го поставил самиот или ти го поставил животот. И додека за повеќето, меѓу кои и за голем дел од македонските естрадни ѕвезди предизвик е да си истурат кофа студена вода на глава или да покажат на фотографија преку социјалните мрежи како изгледале пред 1о години, некои од нив си задаваат и поинаков предизвик. Опшополезен за сите!
На Панчо и Андреј во ДНК-то им е музиката. И на тој предизвик успеале да одговорат максимално успешно, тоа е барем познато. Но малкумина знаат или одвреме-навреме дознаваат дека овие двајца македонски ар ен би музички артисти  во своето ДНК кријат уште многу други предизвици, меѓу кои и оној со хумана нота!
Веројатно се' уште паметите кога неодамна му се придружија на проектот „Среќа“,  па одвоија дел од својот хонорар, купија новогодишни подароци и пакетчиња и им ги делеја на децата од ранливите категории.
Или кога на една самохрана мајка од крива Паланка и нејзините деца, им подарија производи од бела техника и прехрамбрени продукти!
Или кога ги посетија со истата цел седумгодишните близнаци, напуштени од нивните родители и оставени да живеат со нивните дедо и баба во беда, сиромаштија и целосно заборавени од оштеството!
И овој пат ДНК двоецот реши да ги остави настрана сцената, микрофоните и наградите, да ги засука ракавите, да плукне во рацете па да се соочи со новиот предизвик, Овој пат - еколошки! Дивата депонија во близина на населбата Бардовци, создадена од несовесните граѓани или селани сеедно, го загадуваше ова ретко  парче чиста околина во близина на Скопје.
Едно ударничко „ура“ и за час, два или пет, сеедно, депонијата ја снема. Исчистена, средена, локацијата вратена во првобитната состојба, а ѓубрето и шутот уредно спакувани во пластични вреќи, подготвени за на отпад!  Доказот во вид на фотографија пред и потоа, самите ДНК ја постираа на социјалните мрежи! Не за да се пофалат кои се, туку за да покажат како треба! Со сопствен пример!
„Драги наши, денеска по 5 часа работа и собрани преку 50 кеси шут и ѓубре се решивме да направиме еден поразличен ЧЕЛИНЏ, кои воедно треба да ги поттикне сите наши колеги, сограѓани, и истовремено да ја разбуди самосвеста кај луѓето. Искрено ваши ДНК Локација: Населба Бардовци - Скопје“  - напишале Андреј и Панчо во постот!
А Бардовци? Со нивниот ДНК предизвик,  Панчо и Андреј покажаа како Бардовци може да изгледа и поинаку! Ја придвижија свеста, барем за миг. Онаа, еколошката!  ]]>

За неа Бардовци е рајот: Андријана Јаневска ужива во боите на есента во нејзиниот двор! https://arhiva.vistina.com.mk/za-nea-bardovci-e-rajot-andrijana-janevska-uziva-vo-boite-na-esenta-vo-nejziniot-dvor/ Mon, 29 Oct 2018 07:51:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54980

Обично, кога ќе се спомене Бардовци, веднаш првата помисла буди лоша асоцијација. Се разбира, освен ако не сте прошетале низ селото кое ја произведува најдобрата зелка во Македонија  или уште подобро низ елитната новоизградена скопска населба! А токму таму во своето опкружување семејниот мир го нашле многу познати и признати македонски јавни фаци... Од Влатко Стефановски до Андријана Јаневска, кои изградиле свој дом, а споменатата поп пејачка заедно со својот сопруг и семејното студио Гиновски.
Но, овој пат познатаа македонска пејачка, виолинистка и музички педагог не уживаше во студиската работа, туку во убавините на есента во нејзиниот двор. А, Андријана има двор како од бајките.
Можеби не е кој знае колку голем и простран, но затоа е уреден, среден, чист, накитен со цвеќиња, дрвца и растенија кои опкружувањето го прават како место од приказните.
Есента пак, како едно од најколоритните годишни времиња, како сликар на платно, ги испомешала своите бои, па сончевите денови, ги претопуваат зеленилото на тревата и зимзелените дрвца, со жолто-златните нијанси на свенатите и паднати лисја и останатите живи бои на се' уште свежите цвеќиња во дворот на македонската музичка уметница.
И самата инспирирана од боите на есента во нејзиниот прекрасен двор, но и од моќта на прекрасната поезија на големиот македонски писател и поет Блаже Конески, Андријана ги споила двете убавини, па постирала неколку фотографии, зачинети токму со стиховите на една од песните на големиот поет:
„Почини, немирна душо,  не блуди в приквечер бледна,  во есенска.  Листот е попаднат вeќe,  и ако шум се слуша,  шум е од тага една,  од есенска“ - пишува Андријана покрај една од своите есенски фотографии на својот Инстаграм профил.
Убаво, силно и моќно, како и боите на есента во нејзиниот двор, како стиховите на големиот македонски поет, како и самата таа.
И додека ја оставаме „есента во неа да царува“, се наметнува заклучокот дека и таа за некого знае да биде  најубавото годишно доба!
A, Барадовци? За кого - како... За Андријана Јаневска и нејзиното семејство е рајот!]]>