Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 17 Nov 2022 11:30:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) едвај чекаат да дојдат во Скопје! https://arhiva.vistina.com.mk/barcelona-gipsy-balkan-orchestra-bgko-edvaj-chekaat-da-dojdat-vo-skopje/ Thu, 17 Nov 2022 11:21:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276289

„Едвај чекаме да дојдеме во Скопје и заедно да ја отпееме „Море сокол пие“. Се гледаме на 11 декември во Македонска Филхармонија“, ова е пораката што на чист македонски јазик ја испраќаат членовите на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO). Премиерната дружба со македонската публика е во рамките на јубилејната турнеја по повод десетгодишнината од формирањето на бендот. На чело со неверојатната Маргерита Абита од Сицилија (вокал), дел од BGKO се и Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија). Концертот во Скопје им е прво доаѓање во земјава, но тоа не ги спречува во репертоарот да имаат неколку македонски теми. Освен одличната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие“, неверојатната Маргерита ги пее и „Македонско девојче“, како и една тема од кралицата на ромската музика Есма Реџепова – Теодосиевска. Но, велат, подготвуваат и изненадување какво што моментот заслужува. „Многу македонски песни поминаа низ нашиот репертоар за 10 години и нема крај на истражувањето на неисцрпните музички богатства на оваа земја. Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!“, велат членовите на БГКО. Концертот е закажан на 11 декември во Македонска Филхармонија, а билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на МКтикетс (https://mktickets.mk/event/barcelona-gipsy-balkan-orchestra). Уживајте во изведбата на безвременската „Море сокол пие“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ на 11 декември во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/barcelona-gipsy-balkan-orchestra-na-11-dekemvri-vo-makedonija/ Mon, 10 Oct 2022 11:06:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270803

11 декември е датумот резервиран за премиерната дружба со македонската публика и концертот на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO). Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) е бендот, чиј вокал, неверојатната Маргерита Абита од Сицилија пред светот ја претстави магичната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие“. Начинот на кој Маргерита ја отпеа оваа традиционална песна, на чист македонски јазик ги собра симпатиите на јавноста, и не само домашната. Концертот на Barcelona Gipsy Вalкan Orchestra (BGKO)е закажан во Македонската Филхармонија, со почеток во 20 часот, а екипата составена од Италијанката Маргерита Абита (вокал), Иван Ковачевиќ(контрабас, Србија)Стелиос Тогиас(перкусии, Грција)Жулиен Шанал (гитара, Франција)Чави Пендон(кларинет, Шпанија),Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) иФернандо Салинас (хармоника, Шпанија) по 6 издадени албуми, концерти во повеќе од 40 земји, повеќе од 160 000 следбеници и 90М прегледи, доаѓа во Скопје во рамки на концертната турнеја по повод јубилејната 10. година од основањето.  
Меѓу нивните последни интерпретации на традиционални песни од сите краишта на светот е и, како што велат самите, безвременскиот класик, нашата „Море сокол пие“, а на 11 декември публиката ќе може да ужива уште и во изведбите на „Македонско девојче“ и веселата и ритмична румба на кралицата на ромската песна Есма Реџепова - Теодосиевска „Калеја Јаца“. Kalejaca Jaca - Barcelona Gipsy balKan Orchestra.
]]>