барби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Oct 2023 07:30:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png барби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вистинска барбика: Цеца Ражнатовиќ во розов фустан со шлиц и бисери околу градите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vistinska-barbika-tsetsa-razhnatovik-vo-rozov-fustan-so-shlits-i-biseri-okolu-gradite-foto/ Thu, 26 Oct 2023 07:30:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323958

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на новата емисија на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Цеца на снимањето се појавила во барби верзија. Имено, пејачката за оваа прилика избрала розев фустан со длабок шлиц и со бисери околу градите, како и сако во иста боја. Стајлингот го заокружила со чанта од познат моден бренд, а нејзината цена е околу 8.000 евра, пишува „Блиц“. Високите потпетици ги истакнаа нејзините долги нозе, а коментарите за нејзиниот изглед продолжија да се нижат „На оваа жена годините ништо не и можат “, „вистинска барбика“, „убава комбинација“, се само дел од коментарите за изгледот на Цеца. Фото: Принтскрин/Ата Имаџес]]>

Филмот „Барби“ со заработка од над една милијарда долари https://arhiva.vistina.com.mk/filmot-barbi-so-zarabotka-od-nad-edna-milijarda-dolari/ Mon, 07 Aug 2023 07:45:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312755

Филмот постави рекорд за Грета Гервиг, која стана прва режисерка која ја надмина границата од милијарда долари заработка. Дистрибутерите на филмот велат дека тој ги надминал нивните „најоптимистички предвидувања“. Филмот „Барби“ по само две и пол недели прикажувања во кината ширум светот, донесе заработка од над 1 милијарда долари (повеќе од 900 милиони евра), соопшти „Ворнер Брос Пикчрс“. Според продукциската фирма, само во САД и Канада досега се продадени билети во вредност од 549 милиони долари, а од почетокот на прикажувањето на филмот на 21 јули во светот се продадени билети во вредност од 572,1 милиони долари. „Како шефови на дистрибуција, ние не остануваме толку често без зборови поради изведба на некој филм, но Барбилион ги надмина дури и нашите најоптимистички предвидувања“, велат Џеф Голдстајн и Ендру Крипс, кои се задолжени за домашната и меѓународната дистрибуција на филмот. Продажбата е потврдена и од фирмата за медиумска анализа Комскор. Главниот конкурент на „Барби“ во последните две недели, биографскиот филм за Опенхајмер на Кристофер Нолан, во меѓувреме собра 228,6 милиони долари дома и 552,9 милиони долари на глобално ниво, што го прави филм со најголема заработка меѓу филмовите кои се само за возрасни. Филмот „Барби“ постави рекорд за режисерката и косценарист Грета Гервиг, со што таа стана првата соло режисерка која ја надмина границата од 1 милијарда долари заработка. Други режисерки ја имаат надминато оваа граница, но како корежисерки.]]>

Крупен кадар во бујните гради: Надвор врие, а Сања Барбика дополнително им ја качи температурата на следбениците (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/krupen-kadar-vo-bujnite-gradi-sanja-barbika-im-ja-kachi-temperaturata-na-sledbenicite-foto-video/ Tue, 25 Jul 2023 07:00:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257666

На профилите кај познатите речиси и да нема такви кај кого не осамнаа фотографии од плажа, особено оние од море. Фолк пејачката Сања Цинцева, попозната како  Сања - Барбика, е една во низата со ваквите објави.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by SANJA CINCEVA ® (@sanjacincevaa)

Нејзиниот одмор е документиран со фотографии и видеа за следбениците да видат како таа го минува времето и колку тоа е расположена да го покажува свето тело, женственоста и сексапил.
 
Едно бикини, второ, трето, и така се’ по ред, кадри на песок, во вода, до вода, од грб и такви во крупен кадар особено на бујните гради кои очигледно таа ги смета за свој најсилен адут. За да се види поубаво, Сања реши да снима и видео, такво како по примерот на својата колешка Гававова, во движење и со крупен кадар во градите, за уште поубаво да се види и доживее бујната предница.
 
Коментарите очекувано се редеа, особено оние од посилниот пол кои Барби ги зашемети и им ја качи температурата.
 
Се’ на се’ уживање за сите сетила, како за Барби, така и за нејзините обожаватели кои ако не на плажа, исплакнаа очи пред монитор. фото:Инстаграм/ Сања Барбика]]>

Еве колку е платена Маргот Роби за главната улога во филмот „Барби’ https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kolku-e-platena-margot-robi-za-glavnata-uloga-vo-filmot-barbi/ Mon, 24 Jul 2023 10:57:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311334

Славната актерка Маргот Роби ја доби централната улога во филмот „Барби“, кој постигна неверојатна побарувачка во предпремиерното издание, а еве колку пари зема главниот лик. Филмот „Барби“ го зафати целиот свет и постигна огромен успех и во предпремиерното издание. Популарната продукција заработи 22,3 милиони долари на американскиот бокс офис во прегледите во четвртокот. Првичните очекувања се дека вкупната заработка во првата недела од објавувањето ќе биде околу 100 милиони долари. Премиерата на „Барби“ го надмина претходниот рекорд од 17,5 милиони долари што го држеше „Guardians of the Galaxy Vol. 3“. Сепак, она за што можеби најмногу се шпекулира се хонорарите што ги добиваат главните ликови. Пред самиот почеток на прикажувањето на филмот протекоа и платите на актерите. „Variety“ напиша дека Маргот Роби добила 12,5 милиони долари за улогата на Барби, додека Рајан Гослинг добил исто толку за улогата на Кен. Познатата убавица беше најплатената актерка во 2022 година, токму благодарение на филмот „Барби“. Марго уште во 2014 година изјави дека отсекогаш имала силна работна етика и секогаш штедела. - Работев три работи истовремено. Во аптека, во магацин, се занимавав со угостителство. Секогаш се трудев да заштедам пари – изјавила тогаш таа. Изгледа дека успеала во тоа. Според страницата „Celebrity Net Worth“, богатството на актерката Маргот Роби се проценува на 40 милиони долари, што вклучува заработка од филмови, соработки со големи брендови и поседување недвижен имот. фото: Инстаграм принтскрин]]>

Сите погледи вперени во неа: Mанекенката Софија Милошевиќ ja оживеа куклата Барби (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/site-pogledi-vpereni-vo-nea-manekenkata-sofija-miloshevik-ja-ozhivea-kuklata-barbi-foto/ Fri, 21 Jul 2023 07:45:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311067

Тема број еден е филмот „Барби“ , како и манекенката Софија Милошевиќ која со својот изглед ги засени сите на премиерата во Србија. Нејзиниот изглед едноставно маѓепсува и изгледа како целосно да ја оживеала куклата барби, а ова го изјави манекенката додека беше покрај популарниот розов кабриолет. - Како дете создавав барби кукли кои беа смешни. Тогаш, секако, мислев дека тоа е ремек-дело, а денеска ми е особено драго што сум во фустан на настан - изјави Милошевиќ. Да потсетиме, манекенката е горда и успешна сопственичка на брендот „Софи Мило“ и се занимава со производство на гламурозни тоалети, а популарната манекенка на овој настан присуствуваше како амбасадор на споменатиот бренд. Покрај неа присуствуваа и пејачките Анџелина и Сара Џо, како и манекенката Данијела Димитровска. Фото: Принтскрин/Милета Мирчетиќ]]>

„Ајде Барби, ајде да одиме на забава“- Викторија Лоба со розевиот тренд го привлече вниманието на сите (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ajde-barbi-ajde-da-odime-na-zabava-viktorija-loba-so-rozeviot-trend-go-privleche-vnimanieto-na-site-video/ Wed, 19 Jul 2023 08:40:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310766

Барби манијата го зафати светот, а изгледа на неа не и одолеа и македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба. На нејзиниот профил на Инстаграм таа објави неколку фотографии на кои позира во розево издание кое овој пат беше испирација од најпознатата куклата на светот на сите времиња, русокосата Барби. Лоба со години е на музичката сцена и секогаш ги следи трендовите, без разлика дали се работи за музика или мода, а тоа беше случај и сега. Пејачката ги воодушеви сите со нејзиното модно издание, покажувајќи дека и таа е заразена од популарниот тренд “Barbiecore”. - Ајде Барби, ајде да одиме на забава - Облека инспирирана од Барби - напиша таа на објавата.
Уште откако се појавија првите фотографии од снимањето на филмот „Барби“, „розе трендот“ стана уште попопуларен, а сега кога филмот е веќе во кината, модниот тренд е на својот врв. Се чини дека и Google е воодушевен од него и реши да ги изненади љубителите на филмот. Па, кога ќе напишете Барби во пребарувачот на Google, првото нешто што ќе ви се појави се трејлерите и страниците поврзани со самиот филм, а потоа следи изненадување - целиот екран ќе ви стане розов и ќе ви излезат розови ѕвезди. Инаку, претходните денови ширум светот се одржаа премиери на филмот „Барби“ во кој главните улоги ги толкуваат Маргот Роби и Рајан Гослинг. А, филмот е на репертоарот на „Синеплекс“ во Скопје од 20 јули. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викторија Лоба]]>

Ваква досега не сте ја виделе: Марјана Станојковска „заразена“ од розевиот тренд (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vakva-dosega-ne-ste-ja-videle-marjana-stanojkovska-zarazena-od-rozeviot-trend-foto/ Wed, 12 Jul 2023 07:36:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309897

Вистинската Барби пристигна и кај нас во Македонија, благодарение на атрактивната ТВ водителка Марјана Станојковска. Пуштената долга руса коса, впечатливата шминка и облеката ја направи Марјана да личи како реплика на Барби од 60-тите, а на нејзиниот Инстаграм профил сликите кои ги објави во кратките приказни, личеа како за насловна страница од некое познато светско модно списание. Филмот „Barbie“ на режисерката Грета Гервинг наскоро ќе се прикажува во кината, а покрај Марго Роби како Барби, Рајан Гослинг го глуми Кен, со бланширана бела коса. Филмот е на репертоарот на „Синеплекс“ во Скопје од 20 јули, а по тој повод се инспирираше и Марјана која одлучи да ги сподели фотографиите на кои го покажа нејзиниот розов стил кој потсетува на оригиналната Барби. Розово - белата комбинација на Марјана не и е непозната, таа одамна е „заразена“ со неа, а со таквиот изглед навистина наликува на познатата кукла Барби. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марјана Станојковска/Варнер Брос/Твитер]]>

Тина Тарнер доби барби кукла со нејзиниот лик (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tina-tarner-dobi-barbi-kukla-so-nejziniot-lik-foto/ Fri, 14 Oct 2022 11:34:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271393

Познатиот производител на играчки „Mattel“ направи кукла барби во чест на пејачката Тина Тарнер, со што ја одбележа четириесетгодишнината од нејзиниот голем хит „What's Love Got To Do With It“. Куклата, која е дел од серијата на „Mattel“ посветена на музиката, ја носи облеката што Тарнер ја носеше во спотот на нејзината позната песна - црн мини фустан во комбинација со тексас јакна -и ја има препознатливата фризура на познатата пејачка. „Чест ми е да и посакам добредојде на мојата кукла барби во групата познати жени кои веќе беа претставени на овој начин и да ја пренесам приказната за моето патување до уште повеќе деца“, рече 82-годишната Тарнер во својата изјава.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Barbie (@barbie)

Тарнер е добитник на осум Греми награди. Нејзиниот голем успех започна кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите кога настапи со нејзиниот тогашен сопруг Ајк Тарнер, од кој по турбулентниот брак се разведе во 1978 година. По последната турнеја, која заврши во 2009 година, Тарнер се повлече од сцената. На почетокот на ноември 2019 година, на Бродвеј беше изведен мјузикл кој го опишува нејзиниот живот и дело, а Тарнер присуствуваше на премиерата. Една од најпознатите пејачки на сите времиња е родена во Тенеси, а се преселила во Швајцарија во 1995 година со нејзиниот партнер, продуцентот со германско потекло Ервин Бах. Со него се омажила во 2013 година, а истата година станала и швајцарска државјанка. Фото:Принтскрин/Инстаграм]]>

Српската ријалити учесничка и пејачка, Марина – Барби заврши во болница: Излегла на сцена да пее, а гостите ја гаѓале со шишиња и столици (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-rijaliti-uchesnichka-i-pejachka-marina-barbi-zavrshi-vo-bolnica-izlegla-na-scena-da-pee-a-gostite-ja-gagjale-so-shishinja-i-stolici-foto/ Thu, 15 Sep 2022 09:28:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267063

Српската старлета Марина Глушица, попозната како Марина - Барби, поранешна учесничка во познатото ријалити „Парови“ доживеала трауматично искуство кога неколку мажи наводно фрлале шишиња и столици на нејзиниот настап додека пеела.  Како што изјавила, тоа им се случува и на други пејачи, па морала да заврши во болница, а за медиумите открила во каква состојба е во моментов.   „Два месеци страдам на настапи. Никој не реагира. Еден лик  фрли со тап предмет по мне додека пеев, ми беа изобличени окото, рамото, ногата. Ме гаѓаа и со шишиња“ - рекла вознемирената Марина - Барби, па продолжила:   „Пред тоа на истиот настап еден лик ме турна од сцената и почна да ме удира со палка. Бев во болница, носев и медицинска крагна околу вратот“ - раскажала старлетата во обид да биде и пејачка. Ја навела и наводната причина зошто тоа и се случува.  „Беа пијани, па се извинуваа“ - изјавила за еден српси портал барби. Додала дека завршила во болница, а лекарите биле шокирани кога ја виделе глетката. Наравоучение: Од ријалити старлета, тешко се станува музичка ѕвезда! Фото: Инстаграм принтскрин/marina.barbi1]]>

Ова е најконтроверзната „Ѕвезда на Гранд“ која досега се појавила: Слободан го смени полот и денес се вика Сања! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-najkontroverznata-dzvezda-na-grand-koja-dosega-se-pojavila-slobodan-go-smeni-polot-i-denes-se-vika-sanja-foto/ Mon, 14 Feb 2022 11:07:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238887

Публиката уште во 2003 година имаше можност да го запознае Слободан Катаниќ, кој стана хит по аудицијата на „Ѕвездите на Гранд“. Се претстави како Барби и рече дека ќе биде пејачка, а не пејач, што ги насмеа сите, но многумина не го сфатија сериозно, верувајќи дека се' е само дел од настапот. Но, Слободан остана доследен на своите ставови и намери, а во меѓувреме влезе во процес на промена на полот, а потоа го смени името во Сања. „Имав десет години кога сфатив дека сум жена, а не маж. Мајка ми знаеше од самиот почеток и веднаш ме поддржа, додека татко ми долго време се противеше, но на крајот и тој прифати“ - изјавила Барби минатата година во интервју за порталот Србија данас. Тој се повлече од јавноста поради смртта на неговиот брат, а како што рече го одбил договорот за соработка со Гранд бидејќи не му одговарале условите. Настапот таму ми донесе многу. Станав познат и тргнав да ги остварам моите соништа. Што се однесува до коментарите, не ме интересираат. Не ми е гајле што велат соседите и околината, затоа што не живеам од нив. Кога станува збор за грди намери, јас сум стабилна и силна личност и тоа не ме засега“ – истакна Барби за споменатиот медиум. На крајот проговори и за непристојните понуди што ги добивала. Имав неколку непристојни понуди од познати личности, дури и од влијателни бизнисмени. Ми понудија 5.000 евра за ноќевање со нив, имаше се' и сешто безобразно во нив. Имам момче кое ми верува и кој добро се справува со сето ова, па затоа сето тоа што ми го нудеа го одбив“ – заклучила Барби.]]>