бараж – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Jun 2023 09:16:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бараж – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Зошто пееш на бугарски кога си Македонец“? – Дарко Ѓорѓески во „Ѕвездите на Гранд“ за малку не доби директна дисквалификација од Саша Поповиќ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-peesh-na-bugarski-koga-si-makedonets-darko-gorgeski-vo-zvezdite-na-grand-za-malku-ne-dobi-direktna-diskvalifikatsija-od-sasha-popovik-video/ Mon, 05 Jun 2023 06:25:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304865

Младиот македонски пејач кој живее во Грац, Австрија, Дарко Ѓорѓески од тимот на Цеца, во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапи во дуел со Амна Јусиќ од тимот на Марија Шерифовиќ. Тие настапија последни во емисијата, а Дарко најпрвин се претстави со баладата „Тајно моја“ од Тоше Проески и на изненадување на многумина, па и на самиот Саша Поповиќ, следна песна што ја испеа беше  „Сен Тропе“ од  популарниот бугарски пејач Азис. И двајцата кандидати освоија по пет гласови што не беше доволно директно да се пласираат  во следниот круг. Но она што ги изненади сите во студиото беше коментарот на Саша Поповиќ наменет за пејачот од Македонија. „Што си ти по националност?“  -го праша креативниот директор Поповиќ нашиот натпреварувач. „Македонец“ - му одговори Дарко кој има гостиварско потекло. „Па, зошто тогаш пееш на бугарски? Ова е дисквалификација затоа што го прекрши правилото“, заклучи Поповиќ по што во разговорот се вклучија и останатите претставници на жирито. Босанац му се придружи на Поповиќ во мислењето,   но, на Дарко  „главата му ја спасија“ другите членови на жирито кои се спротиставија велејќи дека ние на Балканот сите сме слични и се разбираме?! Ја поддржувам идејата тука да се пее на сите балкански јазици. Кај мене на Милиграм ми гостува Азис со една интересна песна, но тој инсистираше да пее на српски. Тоа го поддржувам, додаде Александар Милиќ Мили. Ставот на Мили веднаш го подржа Вики Миљковиќ, но дискусијата околу јазиците ја прекина Поповиќ кој им кажа на кандидатите: „Добро, повеќе не мора да дискутираме, и двајцата кандидати одите во бараж и нека ви е со среќа“, им порача тој на Дарко и Амна, а Цеца затоа што го пушти нејзиниот кандида да се бори понатаму го награди Поповиќ со бакнеж... овој пат во образ! Но затоа во баражот беше густо и напнато до самиот крај, но Дарко и Амна сепак успеаја да поминат во следниот, седми круг. Настапот на Дарко погледнете го  во видеото во продолжение на 2 часа 39 минути и 30 секунди (02:39:30): ]]>

Шок во Палермо: Македонија ја елиминираше Италија на домашен терен https://arhiva.vistina.com.mk/shok-vo-palermo-makedonija-ja-eliminirashe-italija-na-domashen-teren/ Fri, 25 Mar 2022 07:14:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244302

Македонија ја елиминираше Италија во рамките на Квалификациите за СП во Катар. Македонија со голот на Александар Трајковски во 92 та минута, ја исфрли Италија во трката за настап на Светското првенсто. Италијанските фудбалери постојано притискаа, обидувајќи се да стигнат до посакуваниот погодок, но нашите мом;iwa одлично се поставија во шестнаесетникот и не дозволија изненадувања. Последна пречка на Македонија за заминување на СП во Катар ќе и биде селекцијата на Португалија, која со 3-1 славеше над Турција. Во втората минута од судиското продолжение, историскиот гол го постигна Александар Трајковски. Потсетете се уште еднаш на неговата магија, и историската победа која Македонија ја носи на чекор до пласман на Светско првенство.
]]>

Македонија против Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска или Велс во првиот бараж чекор на патот до Катар? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-protiv-portugalija-shkotska-italija-rusija-shvedska-ili-vels-vo-prviot-baraz-chekor-na-patot-do-katar/ Wed, 17 Nov 2021 10:21:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227657

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна сите можни противници во плејофот за пласман на Светското првенство во Катар, откако синоќа се комплетираше европскиот дел од квалификациите. Македонија нема да биде носител на ждрепката што ќе се одржи на 26 ноември во Цирих, што значи дека и во полуфиналето ќе игра на гостински терен. Носители, а со тоа и можен прв противник на Македонија ќе бидат Португалија, Шкотска, Шведска, Италија, Русија и Велс, додека во подредена стартна позиција ќе бидат и Украина, Турција, Полска, како и Чешка и Австрија, кои обезбедија пласман во баражот преку Лигата на нации. Според новиот систем, плејофот ќе се состои од три групи со по четири селекции, при што полуфиналињата се закажани за 24/25 март, а финалињата за 28/29 март 2022. Од Европа, директен пласман на СП обезбедија само првопласираните селекции во квалификациските групи: Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија и Холандија. Извор: СпортМ]]>

Фудбалерите на Македонија испиша нова историја: Во соблекувалната ечеше „Земјо македонска“, регионот со полна уста пофални зборови за македонските „фудбалски рисови“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fudbalerite-na-makedonija-ispisha-nova-istorija-vo-soblekuvalnata-echeshe-zemjo-makedonska-regionot-so-polna-usta-pofalni-zborovi-za-makedonskite-fudbalski-risovi-video/ Mon, 15 Nov 2021 08:44:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227194

Македонската фудбалска репрезентација  вчеравечер, недела, 14 ноември 2021 год.  испиша нова историја. По победата над Исланд од 3:1 нашите „фудбалски рисови“ се најдоа во баражот за Светското првенство во Катар 2022 година. Од пласман Македонија  ја делат  две победи, кои не ма да бидат лесно остварливи со оглед на силинината на евентуалните противници, но сепак, оваа генерација покажа дека ништо не е невозможно. Овој голем чекор се славеше и се' уште се слави наголемо во нашата земја. Македонија знае како тоа се прави, по радоста и пласманот  на Европско првенство, сега за првпат можеме да се најдеме и на еден Мундијал. Успехот на нашите фудбалери не остана незабележен во целиот регион. Наголемо пишуваат и нашите соседи и останатите од некогашните ЈУ репблики, кои на нивните страници го величаат успехот на нашите фудбалери со наслови посветени на „рисовите“ и волшебната ноќ што ни ја приредија вчеравечер нана арената Тодор Проески во Скопје. Во соблекувалната пак радоста фудбалерите ја поделија на себе својствен начин. Како што и самиот капитен Стефан Ристовски истакна, таму нема, Македонци, Албанци, Турци... Таму има само едно име, една земја, еден национален дрес, повеќе нации сплотени во една репрезентација... Единството не прави победници, а победата се слави  и со песна. Во соблекувалната по натпреварот ечеше „Земјо македонска“. Пееја македонските фудбалери и плескаа со рацете и тоа сите... Зашто за Македонија се игра со срце, но  Македонија и се сака со срце. Истото она кое се остава на терен, а се сплотува со останатите во славењето на успесите... Сите како еден, репрезентацијата како едно семејство!
Но, не треба да се заборави дека успехот не ќе беше тоа доколку во него не оставија свое срце, не вткајаа и свој дел и оние кои повеќе не се дел од репрезентацијата, оние кои се дел од легендите, од историјата на фудбалска Македонија како екс селекторот Игор Ангеловски - Мрме, Гранде Горан Пандев, Иван Тричковски, Крсте Велковски... Но и оние кои од различни причини не можеа да помогнат на последните два натпревари како  Адеми, Николов, Несторовски... Земјо македонска, фудбалска Македонијо те уважува цела свет... Биди горда, радувај се, надевај се... Следните два чекори до пласман на СП во Катар се тешка, но, не и невозможна мисија! Радоста за овој успех гордо ја споделија и нашите јавни и естрадни личности, пејач(к)и, ТВ водител(к)и, манекенки, мисици, инфлуенсери.... на своите профили на социјалните мрежи. Еве како некои од нив ја доживејаа победата и пласманот во баражот:
  1. Панчо - ДНК
2. Каролина Гочева 3. МартијаСтанојковиќ 4. Анастасија Деа Богданоска 5. Лина Пејовска 6. Дарко Влогс 7. Емилија Розман 8. Александар Белов 9. Некст Тајм 10. Снеже Велков 11. Димитар Атанасовски 12. Ненад Ѓорѓиевски 13. Викторија Јаначковиќ 14. Марија Петровска Фото: Инстаграм принтскрин/ffmacedonia/Социјални мрежи]]>

Учесничката во „Ѕвездите на Гранд“ не можела да дојде на себе: „Доживеав нервен слом поради Саша Поповиќ“ https://arhiva.vistina.com.mk/uchesnichkata-vo-dzvezdite-na-grand-ne-mozela-da-dojde-na-sebe-doziveav-nerven-slom-poradi-sasha-popovikj/ Wed, 12 May 2021 08:29:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202179

Натпреварувачката во „Ѕвездите на Гранд“, Наталија Јоксимовиќ, откри дека бурно реагирала за време на шоуто кога ги слушнала зборовите на Саша Поповиќ: „Оди, продолжува“, а потоа и нејзиното име. - Се смеев и заплакав и за две секунди доживеав мало нервно нарушување. Не бев добро, бев целосно мокра - рече Наталија во емисијата „Гранд Специјал“, па предупреди: - Ако повторно завршам во бараж, ќе умрам.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Во разговор со Сања и Воја за време на шоуто, нејзиниот соборец од натпреварот, Немања Ѓурчевиќ, додаде дека досега не доживеал бараж, но дека може да претпостави на какви игли се натпреварувачите, што Наталија одговори: - Не знаете што ви недостасува. Еве, ќе договорам да доживеете, да видите јасно колку е убаво.]]>

Ќе биде весело во „Задруга 2“: По Станија се враќаат и бившите, Александра Суботиќ и уште некој… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kje-bide-veselo-vo-zadruga-2-po-stanija-se-vrakjaat-i-bivshite-aleksandra-subotikj-i-ushte-nekoj-foto/ Wed, 06 Feb 2019 12:43:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71429

Во саботата вечер во "Задруга 2" пристигна Станија, која ТВ гледачите долго време ја чекаа! Сега се подготвува уште еден „ураган“, бидејќи следнава сабота по сѐ изгледа ќе биде одржан баражот.
Овие вести се пробија со брзина на светлината, па гледачите на ријалити шоуто веќе шпекулираат за тоа кој ќе добие втора шанса, за да се бори за вредната награда.
Се разбира, најчесто спомнувано е името на Александра Суботиќ, која сигурно ќе стори се' за да ја расипе „идиличната“ врска помеѓу нејзиното довчерашно момче Давид Драгојевиќ и неговата нова љубов, а нејзина ривалка,  Ана Кораќ. Но, исто така се шпекулира дека во шоуто се враќа уште еден бивш љубовник.
Во прашање е Владимир Томовиќ, кој, според фановите на "Задруга 2" сега, кога неговата поранешна девојка Станија е одново во шоуто, и за него  мора да има место во Белата куќа. Како и да е, едно е сигурно: продолжението ќе биде весело, бурно и „жешко“!]]>