барабара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Jul 2022 19:58:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png барабара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мелита се истетовира на видливо место: „Крвав загриз“ и едно битно име осамнаа на силиконската предница на „скопската тигрица“, која побргу би умрела од страст, отколку од досада (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/melita-se-istetovira-na-vidlivo-mesto-krvav-zagriz-i-edno-bitno-ime-osamnaa-na-silikonskata-prednica-na-skopskata-tigrica-koja-pobrgu-bi-umrela-od-strast-otkolku-od-dosada-foto/ Sat, 23 Jul 2022 08:30:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257652

Поранешната ТВ водителка и позната трендсетерка Мелита Ракичевиќ  Инстаграм обилно го користи како место на кое сите можат да го видат и разберат она што сака да го каже и покаже. Од големи мисли, во вид на цитати на познати луѓе и сопствени коментари,  преку разголени бујни облини сликани на разни егзотични дестинации кои неретко ги посетува, па се до скокотливи пози од секој нејзин телесен сегмент, сликани во домашен амбиент. Овој пат Мелита реши да сподели нешто друго... Слично на кажанато, ама сепак различно од досега виденото! Расната скопска убавица реши да го украси своето стројно тело со две тетоважи. И тоа на прилично специфично, видливо место. „Крвав загриз“ и едно битно име осамнаа на силиконската предница на „скопската тигрица“! Имено, Мелита во горниот дел, на самиот почетокот на левата града истетовирала нешто што е налик на заштитниот симбол, односно логото на славните „Ролинг Стоунс“. Слично, ама различно, зашто јазикот на нејзината тетоважа не се плази, туку се оближува од „крвавиот загриз“. Кој, зошто и за што е гризнат... е друго прашање! Или е тоа само симболична  опомена, сликовито предупредување какво каснување го чека секој оној што ќе се обиде да и наштети на скопската убавица! Она што на другата страна од горниот дел на телото и го истетовирала Мелита е едно име... Посебно, најбитно и најважно во нејзиниот живот, зашто тетоважата со името на нејзината ќерка Барбара говори се'! Логично и нормално за секоја  посветена мајка, детето да и биде се' во животот... Па дури и нејзиното име да го носи на гради! „Не очекувам некој да ме направи среќна... сама избирам да бидам среќна, го живеам моментот. Не живеам во заблуди и глума. Сето она што душата ми ја гали и работи што ме прават да се чувствувам како мало девојче, и тоа како ме усреќуваат. Вистинската жена и мајка се бори ако има зошто а или се повлекува, свесна дека треба да остане истата онаа која е вредна и важна,  зашто животот лета. Среќнасум и кога не сум...“ - порачува меѓудругото Мелита во својата објава споделувајќи уште една серија фотки во секси пози. Патем, дивата, нескротлива скопска тигрица нема недоумица, кога се животните задоволства во прашање, зачинувајќи ја својата теза со цитат од туѓа мисла: „Подобро ќе умрам од страст, отколку од досада“ - порачува Мелита. Останува уште јавно да видиме кој е следниот што ќе заврши во жешките прегратки на страста заедно со неа или можеби со „крвав загриз“ како опомена од убавицата, дека ја „преминал границата“?! Фото: Инстаграм принтскрин/melitameli]]>

„Во сенка“ на сопственото совршенство: Мелита во себе носи сексапил и еротика, но Барбара зрачи со малку поинаква „естетска егзотика“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-senka-na-sopstvenoto-sovrshenstvo-melita-vo-sebe-nosi-seksapil-i-erotika-no-barbara-zrachi-so-malku-poinakva-estetska-egzotika-foto/ Mon, 12 Jul 2021 09:12:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210598

Мајка и ќерка на летен одмор. Бивша и сегаш на ТВ водителка, едната добро познат лик и трендсетерка, другата ново лице, пејачка која допрва почнува да ја гради својата кариера... Мелита и Барбара Ракичевиќ, се почесто заедно. Малечката сега е веќе доволно голема за да може да и прави сериозно друштво на мама. Така гледаат на работите оние кои се семејно или емотивно врзани за нив двете, ама оние отстрана, на нештата гледаат и малку поинаку! Имено, Мелита и Барбара својот летен одмор го минуваат на Егејското крајбрежје, во еден од најпознатите грчки ресорти, каде уживаат во секој миг од своето слободно време, пртетворајќи го одморот во незаборавно доживување и спомен за паметење. Разбирливо, море, плажа, песок, сонце, освежување, морска храна... и задоволството не може да биде поинко освен фантастично! Мелита која така достоинствено и гордо држи до себе одново го сподели сиот свој телесен раскош собирајќи ги „влажните машки погледи“ на плажата, но се чини дека очите овој пат, особено на помладите момчиња, беа вперени на друго место. Во неизмерната убавина на нејзината млада ќерка, која прерасна во вистинска убавица. Секасапилот и привлечноста кај Мелита е наспорна, но се чини дека Барбара има нешто што тоа го надминува, некаква суптилна нота на шарм и заводлива убавина, а во исто бреме младата убавица се' уште во себе ја носи онаа детска наивност и чистина, што и дава посебна доза на поинаква допадливост. Нешто што и самата Мелита јавно го признава кога е во прашање убавината на нејзината „мала сирена“... Или што би рекла самата за својата ќерка: „Совршенство“! И додека Мелита во себе носи неспорен сексапил и еротика, Барбара зрачи со малку поинаква „естетска егзотика“... Или како понекогаш што се случува „ученикот да го надмине учителот или детето  родителот“, во овој случај  многумина се согласуваат дека Барбара ја „засени“ Мелита... Секако на неизмерна радост на мајката, што генетиката се' повеќе доаѓа до израз, па овој пат во прв план изби нескротливата убавина на ќерката, пред телесниот раскош на трендсетерката! Фото: Инстаграм принтскрин/melitameli/barbara_rakicevic
     ]]>