банско – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Jan 2024 10:41:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png банско – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Откако пред пет години ја „расипаа калимерата“, Весна Бејби и Елена Лука повторно „се блиски“: Љубовта е минлива, само интересите се вечни или нешто трето ги спои, за актерката и креаторката одново заедно „да бидат среќни“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-pred-pet-godini-ja-rasipaa-kalimerata-vesna-bejbi-i-elena-luka-povtorno-se-bliski-lubovta-e-minliva-samo-interesite-se-vechni-ili-neshto-treto-gi-spoi-za-akterkata-i-kreatorkata-odnovo-zaedno-d/ Fri, 05 Jan 2024 10:29:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333828

Една предновогодишна видео најава на Весна Бејби Петрушевска и неколку заеднички новогодишни селфи фотографии со Елена Лука ја изненадија македонската јавност.
Особено зачудени, па и шокирани беа оние кои се добро упатена во модата и модните кругови во Македонија. До душа, некои позитивно, некои негативно, ама сепак сите останаа вчудовидени кога повторно ги видоа заедно, дека одново се „во арните“, популарната македонска актерка и исто толку познатата македонска модна креаторка. Зашто само оние кои се длабоко навлезени во модните кругови  знаат дека Весна Бејби Петрушевска покрај актерството и радио и ТВ водителството се занимаваше и со уште некои работи поврзани со јавната работа, медиумите, модата… Имено, Бејби долги години беше во таборот на познатата македонска модна креаторка и градежник, во концернот ЕЛ“ на Елена Пандева, во јавноста многу попозната како Елена Лука. Координатор, дел од маркетингот, колумнист во нивниот портал „Фешанел“, задолжена за контакти и спојување на македонските познати личности и јавни фаци со брендот ЕЛ, па дури и самата плус сајз модел… Едноставно речено,  Бејби кај Елена Лука беше „дама за многу нешта“… Веројатно за добар хонорар за македонски услови, како што велеа добро упатените од внатрешните кругови! Оние кои своевремено биле сведоци на нивните блиски релации, велат дека Бејби имала прилично голема доверба и бенефиции кај „газдарицата“, но  и моќ, авторитет и стравопочит кај тогаш вработените.  Дама чиј збор, после оној на газдарицата секако, ќе биде главен и последен! Арно ама, по некое време газдарицата и нејзината „лева, десна… која и да е рака“, ја расипаа калимерата!? Уште на тогашната традиционална осмомартовска забава која Елена Лука ја приредува за своите вработени, Бејби никаде ја немаше.  Оправдано отсутна, намерно непоканета или подоцна избришана од фотографиите на социјалните мрежи…? Вистината за причината остана во малиот затворен круг?! Тоа значеше дека  дефинитивно „пукнала тиквата“, па „љубовта“ помеѓу работодавачката и извршителот на работите заврши, тогаш навидум засекогаш? Остана само дилемата дали Бејби се почувствува доволно силна, способна и моќна да и го „сврти грбот“ на Елена или од Елена „доби метла“ заради причини, само на  ним двете познати? Или можеби во прашање беше нешто трето, па двете дами пријателски се разделија, што познавајќи ги карактерите на обете, би било тешко остварливо, но не и невозможно? Нешто, што и тогаш Вистина.ком.мк пишуваше. Зашто иако пред пет години ја „расипаа калимерата“, Весна Бејби и Елена Лука сега повторно „се во блиски релации“... Љубовта е минлива, но интересите се вечни?  Или можеби нешто трето  повторно ги спои, за актерката и креаторката сега одново „да бидат среќни“ и заедно да ја дочекаат Новата 2024 година. Како и да е, познатата креаторка и популарната глумица  на полноќ за Нова Година заедно одбројуваа до десет близу Струмица, во еден познат бањско-рехабилитационен, хотелски комплекс со лековита, термална вода, во нивната прва, јавна, заедничка, славеничка пригода по петгодишната „пауза“! Фото: Вистина.ком.мк-архива/Инстаграм/elenaluka_private/vesnapetrushevska  ]]>

Цаки -„Кисми“ минатиот викенд заплака среде настап во Банско: Сцената што ја здогледа, на македоскиот пејач му ги насолзи очите (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/caki-kismi-minatiot-vikend-zaplaka-srede-nastap-vo-bansko-scenata-shto-ja-zdogleda-na-makedoskiot-pejach-mu-gi-nasolzi-ochite-video/ Tue, 15 Mar 2022 09:30:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243093

Сашко Нојкиќ или попознат во јавноста како Цаки - „Кисми“  е пејачот со кого  забавата секогаш е загарантирана. Без сомнение тој важи за еден од најпознатите фолк пејачи во земјава и пошироко кој знае да направи штимунг за сечиј мерак. Освен со настапи во Македонија, тој во последно време е се поприсутен и во земјите од западна Европа, секаде каде што живеат и работат Македонци, како Швајцарија, Германија, Италија... Но, Цаки е еден од ретките наши естрадни уметници кој често има настапи и во соседна Бугарија. Таму како и во Македонија, со право го носи и прекрарот „крал на кафеаните“. Изминатиот викенд, Цаки ја промени локацијата, односно кафеаната, но не и државата. Имено македонскиот пејач имаше настап во познатотот зимско туристички ски центар Банско, каде што во локалот каде што пееше направи невидена атмосфера, фантастичен штимунг и незаборавна забава. Во еден момент од својот настап Цаки присуствуше на необичен призор, а сцената што ја здогледа го натера да заплаче, односно му ги насолзи очите откако виде што се случува на една маса. Имено едно момче од гостите реши да ја запроси раката на својата девојка и да ја побара за жена. Таа откако му го кажа судбоносното да, што наиде на многу емоции кај сите, а го возбуди и нашиот„крал на кафеаните“ Цаки. Пејачот едвај ги сопре свите емоции и додржа да ги сопре и солзите и сериозно да не заплаче... Заедно со братот на младоженецот. Инаку, неодамна Цаки имаше настап во една дискотека во Благоеврад каде што пееше качен на шанкот, а притоа во својот репертуар изведе и неколку македонски патриотски песни  но и македонската „фолк химна“ - „Македонско девојче“ во оригинална верзија и притоа напиша: „Вака се презентира и сака Македонија во Бугарија“! Многумина коментираа дека ова ќе му биде и последен настап поради добро познатите политички релации на двете држави, но веќе набрзо пристигна демантот, откако македонскиот пејач  повторно беше гостин во истиот локал и пак запеа македонски песни и одново порача:  „Нема поубаво девојче од Македонче“! Фото и видео: Фејсбук принтскрин/Caki Kismi]]>

Некои пејачки паѓаат на машки шарм, харизма, финансиска моќ… Знаете ли на што падна фолкерката Сања – „Барбика“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekoi-pejachki-pagjaat-na-mashki-sharm-harizma-finansiska-mokj-znaete-li-na-shto-padna-folkerkata-sanja-barbika-foto/ Tue, 19 Jan 2021 07:48:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133364

За пејачките од естрадата кружат разни гласини. Особено за фолкерките и нивниот љубове и интимен живот, па додека ги гледаат при нивните настапи по кафеаните, рестораните, локалите... подзагреаните гости погодуват, се нагодуваат, па дури и облози паѓаат кој ќе погоди „на што паѓа“ пејачката... Или подобро речено, на колку? Македонските фолкерки не се имуни на ваквите ситуации, иако рака на срце, јавно многу малку се знае за нивниот приватен живот, а уште помалку која на што паѓа? Веројатно како и сите други жени, згодните и сексапилни естрадни убавици паѓаат на машкиот шарм, привлечност, харизма, култура, џентлменски однос, финансиска моќ... или што би рекле, не се имуни и на полниот џеб! Арно ама, сексапилната струмичанка Сања „Барби“ Цинцева дефинитивно падна на нешто друго! Имено, атрактивната фолкерка најпрвин замина на планина, во Банско... Да дише чист воздух, да се релаксира и да ужива во белите спортови... Барби се опреми, па се качи на скии и тргна да се пушта во спуст по падината. И не стигна ни до половина, а веќе се најде испружена на белата покривка... Барби падна на снегот, па бргу сфати дека скиањето и не е така забавно, ако не го владеш  така добро како пеењето. Затоа пејачка реши да смени и локација и тактика, ама не и навика... Па Банско и Бугарија, бргу ги замени со Пехчево и Македонија... Можеби пехчевско Негрево нема ски терени како Банско, ама затоа има исто толку снег, чист воздух и убава природа за прошетки по снежните планински патеки.  Барби тргна да пешачи се' додека не се умори, па овој пат по своја волја реши да си „чучне“ на снегот! А, Бога ми и да си легне... во добро друштво, се разбира. Облечена во поинаков аутфит од оној за скијање, во хеланки, чизми и крзнена бунда, овде не и се закануваше опасност да падне и да се повреди... Освен, ако случајно не налетаат ловџиите, па така променета во крзнената бунда да ја помешаат со некоја волчица или лисица... Што е исто така невозможно зашто ловната сезона на крупен дивеч  заврши! Така што од паѓање, останува можноста Барби само да падне во нечии прегратки... А за такво нешто, престојот на планина не е неопходен услов! Фото: Инстаграм принтскрин]]>

Мелита со нова секси фотографија за вашата фантазија: „За небитните се зборува кратко, за битните секогаш“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/melita-so-nova-seksi-fotografija-za-vashata-fantazija-za-nebitnite-se-zboruva-kratko-za-bitnite-sekogash-foto/ Tue, 19 Jan 2021 07:36:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130487

Откако ги сумираше впечатоците од минатата година, па преку Инстаграм интервјуто проговори за љубовниот живот, ќерката, политиката, љубомората… некогашната водителка Мелита Ракиќевиќ реши да замине на зимување. Познато е дека расната убавица  многу повеќе и лежат кафеаните, кафулињата и лаунџ баровите отколку жичарницата и ски лифтовите, па затоа Мели повеќе ја користеше понудата на поволности на хотелот, отколку ски стазите и снегот. Покрај хотелската соба, спа центарот и базенот исто така се одлична локација не само за опуштање и релаксација, туку и за понекоја фотографија што ќе ја надополни и онака „скокотливата“ фотобиографија на Мелита! Онака, како што само таа знае и може да си приушти, од зимата во познатиот ски центар од мноштвото споделени фотографии, една сепак се најде во „епицентар“! Очекувано, повторно се работи за секси фотографија која ќе ја разбранува вашата фантазија... Зашто на неа Мелита е доволно разголена, со што на голем дел, особено од  од машката популација ќе им ги отвори вратите на нивната имагинација, па ќе ги потсети на нејзините најпознати пози... Фотографски, се разбира! Историјата, па макар била таа и дел од неечија биографија, можеби е добро понекогаш да се повтори или барем да не потсети на минатото... И неа и нас! Впрочем, како што и самата Мелита напишала покрај споделената провокативна фотографија: „За небитните се зборува кратко... За битните секогаш!“      ]]>

Тони Зен го има најдоброто друштво за уживање на снегот во Банско – наследникот Јасен (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-go-ima-najdobroto-drushtvo-za-uzivanje-na-snegot-vo-bansko-naslednikot-jasen-foto/ Fri, 17 Jan 2020 07:55:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129438

Тони Петковски или на јавноста познат како Тони Зен  целосно е повлечен од јавниот живот, односно експонирањето пред очите на јавноста, а исклучок се неговите настапи како диџеј. Имено, тој не сака многу да се експонира во медиумите со својот приватен живот, па така претходната година како бомба одекна веста дека Зен тајно се оженил и станал татко. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gordost-na-tato-toni-zen-za-prvpat-go-pokaza-sincheto-jasen-foto/ Тони во 2019 година заплива во брачните води со неговата животна избраничка Валентина, а како што пишуваа тогаш медиумите нивната свадба се случила во кругот на најблиските пријатели. Иако диџејот не е многу активен на социјалните мрежи кога станува збор за приватност, сепак овој пат направи исклучок. Имено, периодот многу македонски јавни личности го искористија  за да заминат некаде на зимување и да уживаат во студените денови. Така некои заминаа во Банско, некои на Копаоник, а други се одлучија за нашето Маврово и Попова Шапка. Тони батериите ги полни во соседна Бугарија, поточно во Банско, а тој го има најдобро друштво, односно сопругата Валентина и синот Јасен. Диџејот овие прекрасни моменти ги забележи со неколку фотографии, па со најубавите направи колаж кој го сподели на својот „Инстаграм“ профил. Освен што Зен се качи на скии, во раце го зема и своето синче, па тато уште од мал го учи наследникот на скијање.]]>

Гавазова е опасна жена во било која шема: Пејачката го топи снегот под скиите во Банско (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/gavazova-e-opasna-zena-vo-bilo-koja-shema-pejachkata-go-topi-snegot-pod-skiite-vo-bansko-foto/ Wed, 15 Jan 2020 07:46:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128960

Ако во лето на социјалните мрежи изобилуваат фотографии од плажа, месец јануари е периодот кога изгледа како буквално секој да заминал на зимување на планина. Снежната белина е во прв план, а најчеста дестинација на познатите Македонци е Банско во Бугарија, но не е исклучено ниту нашето убаво Маврово и Попова Шапка. Скијањето не е спортска активност за која е создаден секого, но оние вештите кои притоа се и големи љубители, не се симнуваат од скиите, интензивирајќи го адерналинот. Пејачката Сузана Гавазова заедно со сопругот и ќерките моментално е во Банско каде е препуштена на комплетно уживање, ослободена од сите обврски, мисли, па дури и од шминката... Облечена во скијачка спортска опрема, Сузе покажа дека е опасна жена и додека скија и доминира на патеката. Сопругот Јасмин е таму за тоа да го долови со камера, а ќерките да ја бодрат мама за уште едно спуштање... Вечерта пак, тука се многуте барови и ресторани, каде пејачката во романтична атмосфера и храна го завршува исполнетиот ден со саканиот. Ако се уште не сте испланирале каде и кога ќе го поминете вашиот зимски одмор, веруваме дека многуте фотографии од планинските предели ќе ве мотивираат да ја направите својата агенда што побрзо.]]>

Сите видоа каде зимуваат Љупка и Мелита, ама никој не знае, која со кого!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/site-vidoa-kade-zimuvaat-ljupka-i-melita-ama-nikoj-ne-znae-koja-so-kogo-foto/ Tue, 14 Jan 2020 08:52:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128719

Највеселите празници поминаа, а периодот по Божиќ голем број од луѓето го користат за зимски одмор. Меѓу сиот обичен свет и тие - македонските јавни личности, а меѓу нив пак - две убавици! Едната некогашна ТВ водителка, сега Инстаграм убавица, а втората актуелна инфлуенсерка, модна блогерка и модел... Мелита Ракичевиќ и Љупка Митрова - секоја на своја страна, на свој начин, по свој избор , со своја придружба на зимување - на сосема различни дестинации! Прашањето е тогаш што ги поврзува зимава овие две убавици? Љупка Митрова реши зимскиот одмор да го мине летно... На плажа! Бидејќи оддамна е познато декана кумашинката на Заев парите не и се проблем, згодната струмичанка одлета за Дубаи. Истата онаа дестинација на која Мелита минатата година „баеги си поседи“... Штом стигна, еве ги и првите впечатоци во вид на споделени фотографии на блогерката... и тоа од плажа. Исправена на песочниот брег или легната на песокот, Љупка го распослала сиот свој сексапил на жешкото арапско сонце... Костимот за капење уникатен - боја на месо, кој совршено се совпаѓа со тенот на нејзината се уште неисончана кожа, па кога се сонча чиниш атрактивната струмичанака на песокот е само „по гола кожа“... Истата приказна и крај базенот. Привлечна, пожелна, секси, Љупка ќе ви го разубави денот! Сега сите видоа каде и како зимува Митрова, ама никој не виде со кого? Особено откако Љупка објави скокотлива фотографија од хотелската соба на која позира во провокативна поза, но она што ве става во недоумица, е дали расната струмичанка е гола или на себе носи  понекое  парче долна облека? Одоговорот на обете дилеми го знае само Љупка и... оној што ја фотографирал. Или можеби Љупка сепак суптилно откри со кого се сонча и „шу праи“ во Дубаи? Мелита зимува во Банско! Повеќе одмора отколку што скија или ако повеќе сакате повеќе и лежат кафеаните, кафулињата и лаунџ баровите отколку жичарницата и ски лифтовите! Ама ако... Секој има право да одмора како сака, колку сака и со кого и сака и може... А, на Мелита очигледно и се може. И да биде на планина на снегот и да ги проба бугарските специјалитети и да се опушти раскомотена во хотелската соба... Со шампањско или чаша вино покрај каминот, Мелита ужива во сиот раскош на зимската идила, откривајќи се' освен едно: Во чие друштво ужива, силиконската убавица? Претпоставки безброј, вистинскиот одговор само еден... Со оној што ја фотографира!? А дали е тоа истата онаа личност од совозачкото седиште на Мели, знае само таа... и евентуално, рецепционерот на хотелот!      ]]>

Познатите Бугарки го прифатија предизвикот на светските старлети: По танга бикини на снегот во Банско и Пампорово (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-bugarki-go-prifatija-predizvikot-na-svetskite-starleti-po-tanga-bikini-na-snegot-vo-bansko-i-panporovo-foto/ Wed, 23 Jan 2019 14:07:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68907

Еден од најпознатите бугарски топ модели Николета Лозанова се соблече по долна облека на снегот во бугарскиот ски центар  Пампорово, по теркот на  неколку познати светски дами, старлети и модели, пишува бугарска ХотАрена.
Кратко откако Лозанова пристигнала во ова зимското одморалиште, Петја, позната како Пенелопа од "Денот и ноќта на Софија", го стори истото на терасата на својот хотел.
За жал фотографиите веднаш потоа исчезнаа, но не и оние на нејзината колешка, Калина Кузманова.
Колешката на Пенелопа, Калина Кузманова, која исто така учествуваше во „Денот и ноќта на Софија“, одлучи да се фотографира без облека на снежните падини на Пирин планина во Банско.
Всушност, вистинскиот тренд го покрена оригиналната идеја за: „долна облека / капење во снегот“ на Кендал Џенер и Кортни Кардашијан.
Непосредно пред Нова Година, Кендал се сликаше со крнена шапка и мини бикини на снежната површина, потоа и нејзината сестра по неа го стори истото, но и искрено призна дека ја копира.
Топ моделот Сахара Реј, исто така, не пропушти да се „кликне“ речиси гола во снегот со оправдување: "Сите го прават тоа"!
Сите, па и Бугарските ѕвезди... Додека нашите на снегот се' уште само скијаат или... прават снешко!]]>

Бугарската пејачка Гери Никол го стопи снегот во Банско: Скијачите на стаза – во екстаза (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskata-pejachka-geri-nikol-go-stopi-snegot-vo-bansko-skijachite-na-staza-vo-ekstaza-foto/ Wed, 19 Dec 2018 09:35:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63919

Сексапилната и контроверзна бугарска пејачка  Гери-Никол го стопи снегот на скијачките патеки, пишува "Бугарија денес".
Пејачката се оддаде на зимски спортови  неколку дена, а флуоресцентниот циклама костим ја оддаваше оддалеку.
Но, Гери не би била тоа што е - атрактивна и провокативна, па затоа и се расоблече  запрепастувајќи ги скијачите на смрзнатата  патека во познатиот ски центар Банско, кои на минусни температури се прашуваа како не и е ладно?
А како да и биде кога пејачката е позната по тоа што  „и врие крвта“... а неретко и хормоните!
]]>

(ВИДЕО) Кој не би посакал вакво доживување: Она што и се случи на Ружица Антиќ во Банско не се купува ниту со пари! https://arhiva.vistina.com.mk/video-koj-ne-bi-posakal-vakvo-dozivuvanje-ona-shto-i-se-sluchi-na-ruzica-antikj-vo-bansko-ne-se-kupuva-nitu-so-pari/ Mon, 15 Jan 2018 08:05:52 +0000 http://vistina.mk/?p=9630

Познатиот македонски кошаркар Перо Антиќ заедно со сопругата и синчињата, овој месец јануари го користат за одмор и зимска рекреација на познатиот ски-центар Банско во Бугарија. Таму се сместени во еден од полуксузните хотелски комплекси, кој се наоѓа длабоко во Пирин планина. Како и многуте, така и тие се активни корисници на социјалните мрежи, а пак Ружица како поактивен член, редовно објавува интересни фотографии и видеа од тамошниот престој.
Па така, освен што го покажа преубавиот апартман каде престојуваат, Ружица на својот профил објави и едно несекојдневно видео, од кое ќе посакате и вие да сте на нејзино место.
Имено, на стаклената врата од нивниот апартман им дојде една љубопитна гостинка, која сопругата на Перо успеа да ја сними без да ја преплаши. Станува збор за преслатка дива лисица која сакаше да ѕирне и да се замеша со луѓето.

A post shared by Ruzica Antic (@ruzicaantic) on

Веруваме се сложувате дека вакво доживување не се купува ниту со пари!]]>