банкрот блуз бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Mar 2022 07:47:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png банкрот блуз бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Банкрот блуз бенд“ ја визуелизираа нивната блуз врзија на старата фестивалска тема – „Починка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bankrot-bluz-bend-ja-vizueliziraa-nivnata-bluz-vrzija-na-starata-festivalska-tema-pochinka-video/ Thu, 31 Mar 2022 07:46:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244913

Песната „Починка“ во изведба на „Банкрот блуз бенд“ доби и своја видео приказна. Спотот, кој е премиерно пуштен во етерот, е снимен на  во кафе-барот „Олд Скул“ во центарот на Скопје, а го режирал Димитар Маневски. По цели 30 години, Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе, обединети во легендарната македонска група „Банкрот блуз бенд“, се собраа повторно за да му оддадат почит на големиот писател и лингвист и да дадат свој придонес во одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Конески со убава македонска песна. Инаку песната за прв пат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, од легендарната словенечка џез пејачка Зденка Ковачичек. На стиховите на големиот Конески, автор на музиката е познатиот македонски композитор Љупчо Константинов. Харе, Пепи и Гиш со своето реобединувањесе вистинско освежување на македонската музичка сцена. Додека се надеваме дека наскор од нив можеме да очекуваме уште грст нови песни, проследете како звучи и изгледа „починка“ во нивната нова блуз верзија. ]]>

„Банкрот блуз бенд“ се враќаат на сцената со обработка на темата „Починка“, компонирана на стихови на големиот Блаже Конески (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/bankrot-bluz-bend-se-vrakjaat-na-scenata-so-obrabotka-na-temata-pochinka-komponiana-na-stihovi-na-golemiot-blaze-koneski-audio/ Tue, 15 Mar 2022 14:21:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243208

После 30 години, легендарните - Банкрот блуз бенд ( Сашо Гигов - Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски - Харе) се собраа повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески. Бендот направи обработка на неговата песна „Починка“, во нивен блуз стил. Новиот аранжман го потпишува Игор Атанасоски - Харе, а продукцијата е на Мите Димовски од  „Тра-ла-ла студио“. Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна“ – порачува бендот, а публиката се радува на нивното враќање на сцената! Инаку песната за прв пат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, од легендарната словенечка џез пејачка Зденка Ковачичек. Автор на музиката на стиховите на големиот Конески, е познатиот македонски композитор Љупчо Константинов. Додека ја чекаме новата кавер блуз верзија на „Банкрот блуз бенд“, слушнете како звучи оригиналот од пред 46 години. ]]>

Концертот на „Банкрот блуз бенд“ – распродаден https://arhiva.vistina.com.mk/koncertot-na-bankrot-bluz-bend-rasprodaden/ Tue, 22 Sep 2020 12:54:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168144

Утре,  23-ти септември (среда), во рамките на годинешниот „Блузен соул фестивал“, со почеток во 21 часот, во Куршумли Ан, публиката ќе има можност повторно на сцената да ги слушне “Банкрот блуз бенд” со пријателите, групата која гарантира врвна блуз атмосфера. Петар Ренџов, Сашо Гигов-Гиш и Игор Атанасовски-Харе, а ним ќе им се придружат и Елена Ставреска-вокал, Венко Серафимов-гитара, Никола Петровски – Џими-гитара, Сашо Георгиевски-харп, Гоце Стевковски-тапани, Мите Димовски-тапани, Дарко Мучев-бас, Сенад Усеин-труба, Кирил Кузмановски-саксофон, Сашко Николовски-тромбон. Се разбира согласно протоколот за организација на настани во време на Ковид-19 задолжително е носењето на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), одржување на физичко растојание и дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација. Билетите се продаваа онлајн и за жал, концертот е веќе распродаден.]]>