банани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Nov 2023 12:34:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png банани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Банани за појадок? Еве зошто треба да ги прескокнете https://arhiva.vistina.com.mk/banani-za-pojadok-eve-zoshto-treba-da-gi-preskoknete/ Tue, 21 Nov 2023 14:00:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327958

Сигурно веќе знаете дека појадокот е најважниот оброк во денот, и за да не го пропуштите, многумина од вас кога се во брзање веднаш посегнуваат по банана. Колкупати и сте слушнале дека ако не стигнете да појадувате, треба да изедете барем една банана за да не бидете гладни? Изгледа дека овој совет, иако е широко распространет, воопшто не е добар за вашето здравје. Нутриционистите предупредуваат дека иако бананата изгледа како совршена опција за брз појадок, таа е далеку од тоа. Ако јадете само банана, без ништо друго покрај неа, вие одбирате храна што содржи 25% шеќери. Таа исто така е и умерено кисела, што воопшто не е добро за утрата. Најдобриот начин да го започнете денот е со појадок што ги согорува маснотиите, односно што ќе ве направи доволно енергични за да издржите до следниот оброк. Иако бананите ќе ви дадат краток набој на енергија, вие брзо ќе почнете да се чувствувате уморно и уште погладно од претходно. Тие се подобар избор за ужина отколку за цел оброк, бидејќи сами по себе не се доволни за започнување на денот. Чувството на умор и глад по јадењето банана за појадок може да се спречи ако го комбинирате ова овошје со храна што е полна со здрави маснотии, како авокадото. Исто така, со оглед на тоа што бананите спаѓаат во групата кисела храна, вие треба да ја неутрализирате нејзината киселина со цел да ги добиете добрите придобивки што нуди, како што се калиумот, хранливите влакна и магнезиумот – а не само шеќерот што ви дава краткотрајна енергија. извор:попара.мк фото:Shutterstock]]>

Необичен напиток против несоница: Ви требаат овие две работи за мирно да заспиете https://arhiva.vistina.com.mk/neobichen-napitok-protiv-nesonica-vi-trebaat-ovie-dve-raboti-za-mirno-da-zaspiete/ Mon, 05 Dec 2022 11:53:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278707

Бананите изобилуваат со бета-каротен, витамини од групата Б и витамин Ц и Е. Содржат многу хранливи влакна и препорачливо е да се консумираат секое утро. Бананите благотворно делуваат кај несоницата. Доколку патите од несоница, чајот од банана и цимет ќе ви помогне да имате убав сон. Подготовка: Излупете една банана и ставете ја цела во вода да се вари 10 минути. Потоа процедете ја водата и во неа додадете еден прстофат цимет. Зготвената банана можете да ја изедете, а чајот испијте го еден час пред да легнете да спиете. Извор:Курир.мк]]>

Три кила банани катаден за Кристијан Голубовиќ: „Белградските келнери ме гледаа бледо, не знаеа што тоа им барам за пиење, а јас побарав само малку поинакво кафе“ https://arhiva.vistina.com.mk/tri-kila-banani-kataden-za-kristijan-golubovikj-belgradskite-kelneri-me-gledaa-bledo-ne-znaea-shto-toa-im-baram-za-pienje-a-jas-pobarav-samo-malku-poinakvo-kafe/ Fri, 19 Mar 2021 10:41:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195062

Кристијан Голубовиќ  тврдеше во реалното шоу „Задруга 4“  дека всушност тој ги научил келнерите во Белград што е тоа фрапе од банана.
„Му велам на келнерот: „Дај ми фрапе со банана“, тој ме гледа бледо и ми вели: „Извинете господине, но ние го немаме тоа!“. Му велам, оди во супермаркет, купи килограм банани, имаш мраз, купи млеко, гледам тука имаш миксер и дојди  да ти покажам што е фрапе“ - раскажа Кристијан, и додаде:
„Откако му покажав како се прави фрапе, му велам: Од денес кога ќе ти побарам  фрапе да знаеш. Од тој ден натаму, тие секогаш имаа 3 килограми банани на шанкот, иако само јас пиев фрапе, а никој во градот не знаеше што е тоа!?“ - се пофали Кристијан.
]]>

Брза и евтина торта готова за 15 минути: Божествено е вкусна, а потребни ви се само 5 состојки https://arhiva.vistina.com.mk/brza-i-evtina-torta-gotova-za-15-minuti-bozestveno-e-vkusna-a-potrebni-vi-se-samo-5-sostojki/ Mon, 16 Nov 2020 14:20:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176360

Доколку сакате да му угодите на вашето семејство со вкусно задоволство, што брзо се подготвува, а на крајот е доста ефтино ние го имаме совршениот рецепт за вас. Станува збор за едноставна торта со банани и бисквити која е подготвена буквално за 15 минути, а во исто време е многу освежувачка и лесна. Потребни состојки: Кутија класични бисквити со путер 6 банани Половина литар слатка павлака 200 грама шеќер 200 мл. млеко Исецкајте ги бананите што е можно поситно или изгмечете ги убаво, а потоа додадете слатка павлака и шеќер и сè добро измешајте. Додека ја мешате состојката постепено додавајте малку млеко, сè додека не се претвори во компактен фил. Натопете го горниот дел од бисквитите во млекото, па наредете ги во плех за печење. Кога ќе редите истурете го добиениот фил од банана, а потоа покријте го со бисквити. Наредете на овој начин се додека не го потрошите целиот материјал или додека не ја добиете висината на посакуваната торта. Последниот слој треба да биде кремаст фил. Украсете ја тортата со рендано чоколадо, шлаг или кругчиња од банана. Оставете во фрижидер најмалку три часа и по можност преку ноќ! извор:попара.мк]]>

Мафини со боровинки од три состојки: Без брашно и совршен вкус! https://arhiva.vistina.com.mk/mafini-so-borovinki-od-tri-sostojki-bez-brashno-i-sovrshen-vkus/ Wed, 19 Aug 2020 13:50:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164040

Ова е рецепт кој ќе ве остави без здив Состојки: 4-5 банани 180 г путер од кикирики 150 г боровинки Подготовка: Во голем сад здробете ги бананите со виљушка. Колку се позрели бананите толку повкусни и послатки ќе бидат колачињата. Во здробените банани додајте путер од кикирики. Наместо кикирики можете да користите и путер од бадеми, лешници и слично. Во смесата додајте боровинки и добро измешајте. Ставете ја смесата во калап за печење мафини, па печете 18-20 минути на 180 степени Целзиусови. Оладете ги мафините пред послужување. извор:попара.мк]]>

Фит десерт со боровинки, мусли и чиа семе https://arhiva.vistina.com.mk/fit-desert-so-borovinki-musli-i-chia-seme/ Fri, 16 Aug 2019 12:30:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102604

Дали овој рецепт ќе ви биде десерт или појадок вие ќе си одлучите, само да ви кажам дека ова е навистина едно здраво и корисно уживање сместено во чаша. Подготовка 1. Најпрво го потопуваме чиа семето во јогуртот заедно со медот. Промешуваме и оставаме барем 1 час да се згусне. 2. Боровинките, мусли со овошје и семиња, медот и чиа семето зедно со јогуртот ги блендираме во Нутрибулет/блендер. Откако смесата ќе ја измазниме ја ставаме во чаша. 3. Половина од претходно подготвениот јогурт со чиа семе го делиме на два дела. Во едниот дел ставаме 1 мала лажичка од смесата со боровинки, а половината ја оставаме бела.Ова и не мора да го правите, јас го правев заради нијансирање на слоевите, односно за поефектен изглед на десертот. 4. Врз слојот од боровинки го ставаме светло виолетовиот слој, па редиме мусли со овошје и семиња, па белиот слој со чиа семе. 5. Го оставаме барем ½ час да се накисне и омекне муслито. Но ако сакате да ви биде крцкаво може веднаш да го уживате. Забелешка Можете да користите засладувач по желба и по вкус, ако не ви е доволно благо да си додадете или одземете. Јас додадов во една од делот со јогурт уште малку мед, сакав да ми биде послатко. Не мора да чекате 1 час за да згусне чиа семето, може и да бидат 15 минути, или додека да го подготвите делот со боровинки, со тоа што откако ќе ги наредите слоевите, тогаш да го оставите да се згусне. И најдобро е да биде одложено во фрижидер. извор: Моирецепти.мк]]>

Ги фрлате бананите кога потемнуваат, правите голема грешка! https://arhiva.vistina.com.mk/gi-frlate-bananite-koga-potemnuvaat-pravite-golema-greshka/ Mon, 24 Dec 2018 13:15:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64464

Јапонските научници во презреаните банани пронајдоа една интересна состојка… Колку повеќе темни дамки има бананата на себе, толку е позрела, а таквите банани се најздрави за подобрување на имунитетот, бидејќи содржат TNF (Tumor Necrosis Factor), супстанца која се бори против абнормалните клетки. Јапонските научници открија дека TNF од бананите помага во лекувањето на рак токму поради зголемувањето на имунитетот. Сосема е извесно дека консумирањето на вакви зрели банани може да послужи како превентива од одредени болести и тумори. Во текот на ова истражување е откриено дека и содржината на овошјето се менува со тек на време кога овошјето станува позрело. Зрелата банана станува пожолта, има потемни дамки и и се зголемува нивото на антиоксиданти. TNF, освен зголемувањето на имунитетот, го зголемува и бројот на белите крвни зрнца. Ако сакате да имате посилен имунитет, кој ви е особено неопходен во овој период од годината, јадете една до две зрели банани со дамки.]]>

Бананите не ги јадете за појадок: По нив, нема да ви биде добро во текот на целиот ден https://arhiva.vistina.com.mk/bananite-ne-gi-jadete-za-pojadok-po-niv-nema-da-vi-bide-dobro-vo-tekot-na-celiot-den/ Fri, 19 Oct 2018 13:02:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53706

Нема никаков сомнеж дека бананите се здрави. Содржат многу калиум, магнезиум и влакна. Меѓутоа, експертите не ги препорачуваат за појадок. Бананите содржат 25% шеќер кои нагло го зголемува нивотот на инсулин. Последица: стануваме уморни и брзо огладнуваме. Така што, ако наутро на работа за појадок изедете банана, тоа негативно ќе се одрази на нивото на вашата енергија. Освен тоа, сигурно набрзо ќе бидете гладни па ќе барате некои грицки по канцеларијата, или ќе заминете веднаш до продавница по некоја „брза храна“. Меѓутоа, имаме и добри вести: ако не сакате да се откажете од банана наутро, тогаш се комбинирате со здрави маснотии, зачини или билки кои не го подигнуваат инсулинот во небесата. На пример, со масло од кокос, бадеми, или чиа семки. Така ќе се неутрализираат киселините од бананата, а ќе бидат и искористени предностите од калиумот, влакната и магнезиумот, без да ви скокне шеќерот.]]>