балсамико сос – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Dec 2023 13:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png балсамико сос – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Рецепт на дeнот: Пикантно бело месо во балсамико сос https://arhiva.vistina.com.mk/retsept-na-denot-pikantno-belo-meso-vo-balsamiko-sos/ Tue, 12 Dec 2023 13:49:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330849

Белото месо можете да го подготвите на милион начини, а ова е еден од најдобрите рецепти. Лесен е, а вкусот е фантастичен. Кога имате бело месо и компири за ручек, нема човек што ќе одбие. Белото месо е класифицирано како суво, па затоа е важно како го подготвувате, а најдобар начин за тоа е да го испржите или да го динстате во сос. Денеска ви носиме рецепт за зачинето пилешко во ароматичен сос од булјон и балсамико. Подготовката е едноставна, а месото е неверојатно сочно.
Потребни состојки:
  • 1 пилешко филе
  • 2 лажици брашно
  • 2 јајца
  • 30 гр пармезан
  • ½ китка магдонос
  • 1 лута пиперка
  • маслиново масло
  • 30 гр путер
За сосот:
  • 250 мл булјон
  • 1 лажичка балсамико оцет
  • 1 чешне лук
  • 1 гранче мајчина душица
  • сок од лимон
  • ½ магдонос
  • 30 гр путер
Подготовка:
Скршете ги јајцата во сад, посолете и побиберете, додајте сечкан магдонос, пармезан и ситно сечканата лута пиперка. Сè добро измешајте. Белото месо исечкајте го по должина и отворете го (да се добие форма на пеперутка), потоа покријте го со проѕирна фолија и мавајте го со чекан за месо. Валкајте го во брашно, па во зачинетата смеса со лута пиперка. Во тавата истурете маслиново масло и растопете го путерот, па пропржете го месото. Извадете го белото месо и истурете го булјонот во истата тава. Кога ќе почне да врие, додадете балсамико оцет, мелено лукче, сечкана мајчина душица, сок од лимон, сечкан магдонос и путер. Мешајте додека не се растопи путерот, па вратете го белото месо. Прелијте со сосот и динстајте уште 2 минути. ]]>