балкански етно фјужн фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Jul 2022 12:22:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png балкански етно фјужн фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Започнува 16-тото издание на балканскиот етно фјужн фестивал „Локум фест“ во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuva-16-toto-izdanie-na-balkanskiot-etno-fjuzn-festival-lokum-fest-vo-bitola/ Thu, 21 Jul 2022 12:22:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259659

Во пресрет на шеснаесетото издание на Балканскиот етно фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција” 2022, возбудата расте како кај организаторот така и кај публиката.Најавени се имињата кои ќе настапат оваа година, и останатиот дел од програмската соддржина. „Локум фест“ е првата фестивалска манифестација во Македонија која својот зародиш го има во старата битолска чаршија, како обид да се сврти вниманието кон истата. Битолската чаршија синоним за занаети, еснафи, мултикултурализам и секако за кафе со локум како синоним за средба, со години се празни, а објетите ги јаде времето. Амбиенталната архитектура, сведок на едно време, се повеќе се стилизира или распаѓа, а со тоа и нашата врска со минатото.Отаму и е мотивот и идејата за фестивал кој ќе ги спои во еден концепт:музиката, традицијата, креативните индустрии и културното наследство.
Музичкиот концепт е јасен во својата намера да промовира македонски ансамбли кои негуваат стилови на традиционална музика за што сведочи долгата листа на досегашни учесници како: „Чалгија саунд ситем“, „Баклава“, „Љубојна“,Тони Китановски и Черкези, Кинг Велинов и Кочани оригинал оркестар, Вања Лазарова, Драган и Ратко Даутовски, Влатко Стефановски итн.
Од региониот на „Локум фест“ настапиле бројни ансамбли од етно-фјужн музика од Унгарија Полска, Словенија, Србија, Хрватска, Албанија, Грција, додека светските имиња доаѓаат од Индија, Египет, Јапонија, Бразил, Данска, Шведска, Финска и др.
Ова година започнува на 21.07 на платото на Офицерски дом со македонската етно група „Монистра” кои одбележуваат 20 години постоење, за да продолжиме со фантастичните момци од Бретања-Франција, PLANTEC ,чија што звук е спој на традиционална  и електронска музика. За наредниот ден на 22.07 на истото место  промовираме ладино албумот на американката Сара Ароесте „Монастир” посветен на Битола, со музичари од Израел и Македонија, а вечерта да ја завршиме со играње и пеење на балканска музика со познатата храватско-шведско-македонска група „Афион”.
Традиционално фестивалот се сели во старата битолска чаршија каде се предвидени работилници за музичко новинарство и промоција на магазинот „Етноумље”, со гостите од Србија, како и Саем на ракототворби со ЗУР „Македонски ракотоворби” и изложбата подготвена од нашите партнери Државен архив – одделение Битола, насловена како„Данабаш низ архивскиот материјал – Раскошот и проклетството”. Музичкиот дел секако ни ги носи нашите стари пријатели и чувари на традицијата, Пензионерското пеачко друштво „Сирма Војвода” од Битола,тајфата „Антико” и специјалните гости ,  џипси – ска бендот „Gipsy Groove”.
„Локум фест“ од  неодамна е членка на Европската фестивалска мрежа за Балканот „MOST” што значи нејзино европско легитимирање и далеку побогаа програма. Фестивалот е финансиран од Министерство за култура како проект од национално значење, и секако од Општина Битола, која дава силна поддршка. „Локум фест“ е еден од ретките фестивали кои сеуште смело стои на браникот на одбраната на културата од се поголемата естрадизација на истата промовирајќи трајни вредности наместо само забава. Културата може да биде забавна, но културата не е забава.Токму и таков однос треба да имаат оние кои ја субвенционираат културата, а потребна е и дебата и интервенција во законот за спонзорства и донации каде јавниот интерес во културата е изедначен со естрадата.
]]>