балканска музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Nov 2017 14:39:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png балканска музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Балкански ѕвезди на битолскиот „Фестивал на музика од светот“ https://arhiva.vistina.com.mk/balkanski-dzvezdi-na-bitolskiot-festival-na-muzika-od-svetot/ Wed, 01 Nov 2017 14:39:23 +0000 http://vistina.mk/?p=2342

Балкански ѕвезди ќе настапат на годинашниот „Фестивал на музика од светот“ во Битола, кој ќе се одржи следниот викенд, на 10 и на 11 ноември во големата сала на Центарот за култура – Битола. Првиот ден е резервиран за домашните имиња „Љубојна“ и специјалниот гостин Џамбо Агушев, а следниот ден ќе настапат босанскиот лирски тенор Божо Вречо и составот „Џипси грув“, кој изведува автентична балканска ромска музика. Од Центарот за култура најавија дека се подготвени за ова деветто издание на фестивалот, кој е еден од најпосакуваните и најпосетувани музички манифестации во градот во текот на годината. Селекторот на фестивалот, Оливер Јосифовски рече дека годинава фестивалот е насочен на музика од Балканот. „Таканаречната ’балканската музичка струја’ е така густа и содржајна и на сите светски фестивали ги очекуваат сите тие имиња со големо нетрпение и внимание. Во Битола ќе настапат бравурозни имиња, како Божо Вречо, нов изведувач на севда-музиката, со неверојатна експресија, и составот ’Џипси грув’, момци кои сакаат да докажат дека Балканот е простор полн со крвоток и дека во политички контекст треба слободно да се испочитуваат сите стилови на овој простор“, рече Јосифовски. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.]]>