балканизам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 May 2019 12:32:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png балканизам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како дел од неговиот „Балканизам“: Нешо и Валери заедно – „Ќе биде“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-del-od-negoviot-balkanizam-nesho-i-valeri-zaedno-kje-bide-video/ Wed, 15 May 2019 12:31:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88099

Во пивницата „Паб“ во Велес деновиве се одржа промоцијата на првиот соло-албум на велешкиот рапер Нешо. Покрај изданието насловено „Балканизам“, беше промовирано и видеото за новиот сингл кој се вика „Ќе биде“, снимен во дует со колешката Валери Димовска.
Исто како во насловната тема од албумот , Нешо и овде го отсликал нашето мачно и сиво секојдневие, истовремено потсетувајќи нè и на нашиот вечен оптимизам дека надежта последна умира и дека со мотив, работа и истрајност, кога- тогаш - „ќе биде“!
Стиховите се на самиот Ненад Ставровски (Нешо), нејзин родуцент како и впрочем на целото издание е  Темелко Андреев, а песната е збогатена со гитарата на Оливер Тевчев. 
Визуелизирана со видео со тешки, но и успешни приказни за инспиративните личности кои секојдневно со нови сили ги надминуваат препреките, како што се ракометарот Столе Стоилов или ликовната уметница и поетеса Розе Мојсовска, која слика прекрасни слики со уста.
Покрај насловната тема и „Ќе биде“, на „Балканизам“ се сместени и соработките со матичната екипа „Авторизација“, со диџеј Попај, Кацар, Кискин, Бојан, Влади Ортографија и со Темелко Андреев или Авторот, кој се погрижи за музиката како и за комплетната продукција на изданието.
За ова одлично првенче на Нешо доаѓаат само пофални зборови од сите страни и веќе јасно е дека целата велешка екипа допрва уште повеќе ќе ја освојува нашата музичка сцена, а како изгледа и звучи дуетот со Валери за „Ќе биде“, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=jHCA6KVdncI]]>

Нешо (ќе го) промовира „Балканизам“ https://arhiva.vistina.com.mk/nesho-kje-go-promovira-balkanizam/ Thu, 02 May 2019 10:13:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85595

Најавен со истоимената тема, деби-албумот „Балканизам“ на велешкиот рап-уметник  Нешо ќе ја доживее својата промоција на 10 мај во пивницата „Паб“ во родниот Велес. Музичарот и член на хип-хоп групацијата „Авторизација“ на претстојниот настан премиерно ќе го претстави и видеото за дуетот со својата колешка и сограѓанка Валери Димовска – „Ќе биде“.
Освен Валери, на албумот гостуваат и колеги како што се Кацар, Влади Ортографија, Кискинов, Авторот и Бојан, како и матичната екипа „Авторизација“, а продуцент на материјалот е Темелко Андреев. „Сè што сакаме да склопиме таа вечер на 10 мај е прекрасна дружба под отворено небо заедно со диџеј Попај зад грамофоните…. Ќе имате можност од таму поставениот штанд да си изберете и по некоја маичка или дуксер ’БАЛКАНИЗАМ’ изработени квалитетно од македонскиот бренд ’REVOLUTION’!“, пишува во соопштението за промоцијата, а за сите новости следете го настанот на Фејсбук.]]>

Нешо го истури сиот свој гнев опејувајќи го нашето гнило секојдневие во „Балканизам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nesho-go-isturi-siot-svoj-gnev-opejuvajkji-go-nasheto-gnilo-sekojdnevie-vo-balkanizam-video/ Thu, 28 Mar 2019 13:41:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79909

Зад името Нешо, всушност се крие велешанецот Ненад Ставровски, рап арстист, вокал  и член на велешкиот рап/хип-хоп бенд „Авторизација“.
Групата постои од 2009 година, а до сега има повеќе синглови и видеозаписи и еден албум, нивното првенче „Убитон“.
Музиката и аранжманот се познатиот велешки продуцент Темелко Андреев, кој ги направил и миксот и мастерингот на темата.
Стиховите ги напишал самиот Нешо, кој во своето обраќање до јавноста преку својот Фејсбук профил, по повод неговото соло првенче напишал:
„Со ова прекрасно ремек дело започнав да го презентирам мојот прв соло албум „Балканизам“ кој јавно изјавувам дека ќе испадне во етер во втората половина на месец април 2019. Но тоа не е се , во моментов снимаме видео спот за песната "Ќе биде" заедно со Валери Димовска. Прекрасна песна која верувам ќе ве изненади како што ве изненади оваа, а самоуверен сум дека спотот ќе ве изненади , знаејќи кои ликови гостуваат во него... ама тоа е  изненадување! Благодарение на мојот пред се брат и незаменлив продуцент Темелко Андреев кој се грижи звукот да не му фали ни едно влакно !!!! Морам да спомнам за нашиот изгледот во овој видео запис  се погрижи Револушн... Една љубов до секој еден ...“!
Покрај нешо во вокалната изведба на „балканизам“ му помогнала и навивачката група „Гемиџии“ од Велес, додека снимањето и продукцијата ги потпишува  Sidechain Production.
Зад изработката на видеото кое ги визуелизира стиховите на темата одново стојат самиот Нешо и Темелко Андреев, на кои им се придружил и Дарко Спасовски зад камерата, а кадрите се снимени на неколку различни локации во нивниот роден град, Велес.
Како звучи првиот соло обид на Нешо да го истури сиот свој гнев врз нашиот „Балканизам“ и низ стихови реално да го опише нашето гнило секојдневие, проследете во продолжение, додека текстот на темата можете да го најдете под видеото: https://www.youtube.com/watch?v=cIlVqO91jX4  ]]>