балкан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Dec 2023 12:57:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png балкан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Компјутерско чудо или маркетиншки трик: Во Србија „се роди“ Клеопатра – првата фолк пејачка создадена од вештачка интелигенција? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kompjutersko-chudo-ili-marketinshki-trik-vo-srbija-se-rodi-kleopatra-prvata-folk-pejachka-sozdadena-od-veshtachka-inteligentsija-video/ Thu, 28 Dec 2023 12:57:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332889

Живееме во ера во која се помалку се дружиме меѓусебе и поминуваме се' повеќе време на социјалните мрежи.Време во кое  читаме и учиме се помалку и помалку, бидејќи сме навикнати да имаме се на Google.Па, токму поради оваа причина, компјутерите стануваат попаметни од нас, а наскоро вештачката интелигенција, која се шири и зајакнува со брзина на светлината, ќе се кандидира за претседател и тоа во блиска иднина. Колку таа до денес напредувала покажува и фактот што ја добивме првата пејачка на Балканот која е создадена со помош на вештачка интелигенција и тоа во Србија. Млада дама е пресликана од најдобрите фотомодели, може да се пофали со одличен изглед, прекрасна насмевка, убаво лице и добар глас, што не е пресудно за денешните пејачки, но секогаш е плус ако таа го поседува и тој талент. Нејзините творци оваа „вештачака фолк дама“ ја нарекоа Клеопатра, а нејзината нова песна носи симболичен наслов „Прости ми татко, прости ми мајко“.Песната инаку е многу  емотивна, што би рекле: „Што друго да очекувате од вештачката интелигенција“, а квалитетот на песната исто така не е ставен на тест, бидејќи е доволно пристојно направена. Но дали е сето ова вистина или само добар маркетиншки трик и добро осмислена кампања, останува да видиме наскоро. Сепак, како изгледа и звучи наводно првата „вештачка фолк дама на Балканот“, погледнете во видеото: ]]>

„Зошто толкаво нетрпение“: Екс -девојката на Игор Џамбазов се врати во Македонија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-tolkavo-netrpenie-eks-devojkata-na-igor-dhambazov-se-vrati-vo-makedonija-foto/ Thu, 21 Dec 2023 11:09:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331979

Алпинистката и уметница Илина Арсова, позната и како екс- девојката на  шоуменот Игор Џамбазов, се врати во Македонија со повод. Имено, неодамна се одржа промоцијата со која веќе освојува нови врвови со нејзината сликовница наменета за најмалите насловена „Највисокиот врв“. Па така, за таа цел поранешната партнерка на Џамбазов кој и купи куфер со кој таа замина преку океанот  каде започна да работи како професорка на Универзитетот Тенеси сега по долго време конечно за првпат реши да се врати дома и веројатно зажали. Откако Илина замина од Македонија таа со своите фанови не престана да контактира преку социјалните мрежи, а за нив редовно подготвуваше и споделуваше фитнес видеа од нејзиниот активен живот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Сепак, сега кога се врати, повторно се соочи со напнатоста која е  секојдневен дел од овдешниот сообраќај, нешто што веројатно како и на многумина така и нејзе многу и пречи. Таа сподели фотографија од метежот за која напиша и малку подолг опис кој голем дел беше во прашална форма, а потоа објасни и по што се гледа културата на еден народ: „Зошто толку силеџиство, толку свирење и нетрпение? Каде ќе стигнете порано? По сообраќајот се гледа културата на еден народ“. Но, за познатата планинарка овој проблем не е само на Балканот, туку и во Америка и се јави револт со истиот интензитет. Па така за потсетување, таа еднаш напиша: -Жал ми е што ќе го кажам ова, но колеџ студентите се лоши во возење… Честитки за неколку исклучоци, но генерално се разгалени деца со големи модерни автомобили кои се паркираат на пешачки премин, се ставаат пред велосипеди и пешаци и баш им е гајле за тоа… се почувствував дека повторно сум на Балканот, револирана беше Илина. Без разлика каде и да е низ светот, веројатно секогаш ќе има и ќе владеат вакви непријатности.   Сообраќајната (не)културата некако сѐ повеќе доминира, а нервозата кулминира. Фото: Printskrin/Instagram/ilina_arsova]]>

60 години на Балканот и во Холивуд: Споредбата на Бјела и Бред Пит е хит на социјалните мрежи, а ја сподели и познатиот актер (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/60-godini-na-balkanot-i-vo-holivud-sporedbata-na-bjela-i-bred-pit-e-hit-na-sotsijalnite-mrezhi-a-ja-spodeli-i-poznatiot-akter-foto/ Thu, 20 Jul 2023 11:05:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310963

Бред Пит неодамна го воодушеви светот со својот младешки изглед, а тоа послужи како инспирација за споредба со - Драган Бјелогрлиќ. Пит со своето присуство придонесе за возбудливото финале на Вимблдон во кое Новак Ѓоковиќ беше поразен од Шпанецот Карлос Алкараз. Холивудскиот убавец кој во декември ќе наполни 60 години, во оваа прилика изгледаше неверојатно младешки, а следеа и бројни комплименти. Ова послужи и како инспирација за споредување на Пит и Драган Бјелогрлиќ, односно животот во Холивуд и на Балканот. „60 години на Балканот и во Холивуд“, напиша тој во објавата на Твитер која брзо стана хит на социјалните мрежи. Овој смешен мем толку многу се рашири што набрзо стигна и до Бјелогрлиќ, кој го сподели на својата приказна на Инстаграм. „Гледам ова е хит“, напиша Бјела со фотографијата. За потсетување, Бјелогрлиќ е познат како режисер на филмовите „Монтевидео, Господ те виде“,, „Монтевидео, се гледаме“, „Сенки над Балканот“, но и за улогите во серијата „Подобар живот“ и филмот „Семејно богатство“. Неговиот последен успех беше „Тома“ за животот и делото на пејачот Тома Здравковиќ од 2021 година, за кого се снима и серија. Фото: Принтскрин/Твитер]]>

Најпознатиот српски макро од затвор напиша книга за елитната проституција на Балканот: „Спортистите најмногу ме прашуваа за Ана Кораќ и Маја Маринковиќ“ https://arhiva.vistina.com.mk/najpoznatiot-srpski-makro-od-zatvor-napisha-kniga-za-elitnata-prostitucija-na-balkanot-sportistite-najmnogu-me-prashuvaa-za-ana-korakj-i-maja-marinkovikj/ Wed, 24 Nov 2021 10:43:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228595

Макрото Михајло Максимовиќ, кој на пошироката јавност и стана познат кога беше уапсен за посредување во проституција, по што беше осуден и ја отслужи казната, напиша книга за елитната проституција. „Бев макро. Многумина велат дека долги години важев за еден од најпознатите и најуспешните макроа во регионот. Организирав проституција, која не се одвиваше во темни куќи или трошни станови, туку во ексклузивни простори и највисоки општествени кругови. Моите девојки беа најубави, дами со стил, со префинети манири. За да поминат еден час, ноќ или викенд со нив, политичари, бизнисмени, спортисти и други познати и непознати успешни мажи ми плаќаа значителни суми на пари“ - ја започнува својата приказна Михајло и продолжува: „Поради работата што ја работев, одговарав пред законот. Во затворот ја напишав оваа книга, ги опишав девојките кои работеа со мене, нивните искуства со клиентите, како и моето искуство со нив. Секоја буква од оваа книга е автентична. Во овој бизнис, ќе видите и самите, имаше повеќе од доволно неверојатни ситуации кои не можат да се измислат. Уште од првата страница, сигурен сум, ќе ви биде јасно дека оваа книга е жива вистина“ - вели најпознатиот српски макро. „Работев со анонимни девојки кои заработуваа ненормални пари, како и со познати девојки кои заработуваа пет пати помалку од нив. Познатата девојка не може да оди на секој состанок, има проблем со дискрецијата и затоа си ги стеснува можностите од 100 отсто на некои 15 отсто и работи со голем страв и грчеви. Ќе протече ли информацијата, дали некој ќе ја слика, ќе ја сними“ - тврди Михајло и нагласува дека не бил за тоа неговите девојки да одат во реални шоуа. „Спортистите често ме прашуваа за Ана Кораќ и Маја Маринковиќ. Покрај старлетите, имаше и актерки, пејачки, јавни личности кои на прв поглед изгледаат добро... Имаше девојки за кои никогаш не би рекле дека биле вклучени во тимот. Имаше девојки од сите професии. Од обични до јавни професии. Некои девојки ги дефинирав како надворешни соработници. Имавме редовен тим, девојки кои постојано беа во друштвто. Соработував и со оние други девојки и во тој круг имаше многу јавни личности. Тоа се девојки кои само понекогаш одат на состанок, бидејќи јавните личности не можат да си дозволат да се видат со секого. Тие се гледаат само со одредени луѓе, тоа е многу мал број на луѓе кои им одговараат“ - ги потенцира деталите бившиот макро, кој целата своја дејност и годините, како илќностите со кои работел ги опишал во тукушто издадената книга за елитната проституција во Србија и на Балканот, насловена со провокативен наслов: „Многуте лица на Марија Магдалена“.]]>

Ќе се шокирате кога ќе прочитате кои се вистинските имиња на овие балкански ѕвезди https://arhiva.vistina.com.mk/kje-se-shokirate-koga-kje-prochitate-koi-se-vistinskite-iminja-na-ovie-balkanski-dzvezdi/ Fri, 13 Aug 2021 07:32:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215130

Многу познати личности избраа различни имиња за јавноста, со цел да бидат позвучни и поприфатливи за публиката. Уште откако Минимакс и го даде прекарот Лепа Брена на Фахрета Јахиќ во средината на 1980-тите, започна трката на балканската естрада за да се најде позвучен и пооригинален псевдоним. Вистинското име на Ана Бекута е Гордана Надежда Полиќ. Своевремено, на Ана и се обраќаа како Гордана, а потоа го смени името и во во Надежда, бидејќи во тоа време имаше четири Нади на српската естрада. Фунтињора Фунта Лунга е вистинското име на Изворинка Милошевиќ. Сите го знаат славниот водител под прекарот Жика, но вистината е дека неговото вистинско име е Саша. На почетокот на музичката кариера, по совет на менаџерот и издавачката куќа, Ален Исламовиќ одлучи да користи уметничко име што звучи попривлечно за публиката. Кога се случи подемот на Divlje Jagode, групата во која пееше Исламовиќ, челниците дојдоа до идеја Алија да биде Ален. Во 2017 година, Исламовиќ потврди дека неговото вистинско име е Алија. – Тоа е точно. Нема ништо чудно во тоа, многу светски ѕвезди избираат друго име со кое се претставуваат јавно, најчесто некое што звучи попримамливо. Истото беше и во мојот случај, рече пејачот.]]>

Евросонг 2021: „Шмркање дрога“ и летање орли во кадар, многу повеќе геј отколку хит парада, Балканот солидно пласиран, Македонија на дното? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/evrosong-2021-shmrkanje-droga-i-letanje-orli-vo-kadar-mnogu-povekje-gej-otkolku-hit-parada-balkanot-solidno-plasiran-makedonija-na-dnoto-foto/ Tue, 25 May 2021 08:49:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203833

Тестот за дрога на пејачот Дамиано Давид на италијанска рок-група „Мансекин“, која победи на Евросонг 2021 е НЕГАТИВЕН , соопштија од  Европската радиодифузна унија - ЕБУ . „Вознемирени сме што неточните шпекулации кои создадоа лажни вести го засенија духот и постигнувањата на изборот и имаа нефер влијание врз групата“.  Не се користела дрога во Зелената соба и го сметаме случајот за затворен. Уште еднаш им честитаме на ‘Мансекин’и им посакуваме огромен успех“ - стои во соопштението на  ЕБУ. Фото: Профимедиа Обвинувањата за дрогирање во зелената соба за време на финалето во саботата се појавија откако на еден кадар од ТВ-преносот гледачите забележаа дека како Давид да шмрка кокаин од под масата, иако дрогата никаде не се гледа. На кадарот се гледа како Давид се наведнува кон масата, а за тоа тој рече дека се наведнал оти еден од членовите на бендот ненамерно скршил чаша крај неговите нозе, покрај кои имало стакла! https://www.youtube.com/watch?v=wRLN34s2l7Y&t=1s Во секој случај и годинешната Евровизија беше на работ на скандал, кој сепак не се случил, или се случил но ЕБУ направи се' за да го „заташка“, иако „допингот“ во музиката колку јавно и да е забранет и „нелегален“, дури и да го имало,  никако не може да влијае на песната и пласманот!? Зашто во уметноста и во музиката не е како во спортот, а креативноста и уметничкиот порив не се прашање на мускули, сила и кондиција!? Како и да е, ова не беше единствената контроверза што можеше да се види во ТВ преносот. На финалната вечер на која Швајцарија заврши на трето место, нивниот евровизиски претставник со еден непримерен и провокативен гест привлече исто така огромно внимание. Претставникот на Швајцарија на годинешниот натпревар за песна на Евровизија, Гјон Тирс освои најмногу гласови од стручното жири со што по завршувањето на гласањето на сите жирија на земјите учеснички беше во значително водство, добивајќи најмногу 12-ки. Така, во еден момент откако и стручното жири на Албанија му даде 12 поени, 22-годишниот претставник на Швајцарија ги поздрави Албанците, на начин со кој најмногу ги навреди Србите, но и дел останатите балкански земји, учеснички на Евросонг, меѓу кои и Македонија. Имено, младиот Швајцарец покажа двоглав орел со рацете, а неговиот потег брзо предизвика реакции на социјалните мрежи. „Скандал на Евровизија“, „Скандалозен потег на младиот Швајцарец“ беа само дел од коментарите за неговиот непримерен гест. Но, очигледно ништо не е случајно, зашто неговото полно име Гјон Мухаремај и тој има албанско потекло. Неговиот татко е од Косово, а неговата мајка е од Албанија. Гјон во конечниот пласман се пласираше на третото место со песната „Tour L’ Univers“. Се на се', годинешниот Евросонг 2021 музички не донесе ништо ново. Одново доминираа старите вредности кои и понатаму се покажа дека се по вкусот на публиката: стариот добар рок ен рол, кој не е мртов, што покажа и изборот на победничката песна на Италија или традиционалната француска шансона отпеана во стилот на легендарната Едит Пјаф, која ја донесе вицешампионот Франција. Останатото во рамките на веќе слушнатите поп и ар ен би ноти на поголем дел од останатите земји учеснички и нивните изведувачи, со по некој етно-фолк мотив кај некои поединци. Генерално, могу повеќе обид за визуелна атракција, сценски перформанс, шокантни костими и однесување, отколку понуда на музички квлалитет. Полека но сигурно, станува евидентно дека ЛГБТ заедницата, вклучувајќи го годинава и нашиот преставник, Евросонг го сфаќа како поле за самопромоција на себе, сопствената определба и своето лоби, па Евровизија од година на година, многу повеќе заличува на геј отколку на хит парада, како што тоа беше некогаш! Секако за пофалба е беспрекорната организација и напорите на домаќинот и ЕБУ во услови на екот на корона пандемијата се' да функционира беспрекорно, а визуелно да направат шоу кое ги помести досегашните граници, благодарение на искуството, умеењето, знаењето, но и рапидно брзиот напредок на технологијата. Од Балканот сите наши соседи освен нас, се пласираа во финалето. И Албанија, Грција, Бугарија, Србија, сите освен ние! И не само тоа, туку имаа и многу забележителни и впечатливи настапи и песни, а Грција (10), Бугарија (11) и Србија (15) се пласираа меѓу првите 15 од вкупно 26 земји во финалето или од севкупно 39 земји учеснички на годинешната Евровизија. Македонија со Васил Гарванлиев во конечниот пласман заврши на поразителното 35-то место!   https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/poznato-e-na-koe-mesto-bila-makedonija-vo-polufinaleto-na-evrovizija/ Очигледно, таму горе на сцената не доволно да се пофалиш чии корени имаш, дали си геј или стрејт, дали си сограѓанин или соселанин со премиерот на твојата држава или личен пријател со неговата сопруга?! Таму треба пред се' добра песна и осмислен настап! Се' друго, како што видовме е апсолутно неважно... Па дури и контрапродуктивно! Фото: Јутјуб/ Фејсбук и Инстаграм принтскрин]]>

Се’ би дале само да бидат понежен пол: Овие познати балкански пејачи станаа жени! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-bi-dale-samo-da-bidat-ponezen-pol-ovie-poznati-balkanski-pejachi-stanaa-zeni-foto/ Mon, 25 Jan 2021 10:33:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186551

Сцената е исполнета со личности чиј изглед отстапува од стандардното и традиционалното. Приказните за мажи кои станале жени, привремено, делумно или целосно ја шокираа јавноста и си поиграа со традицијата и стереотипите на нашите простори. На оваа фотографија која кружи на социјалните мрежи, можете да ги видите: Азис, Боки13, Сестри, Наташа Маза, Невен Цигановиќ, Славко Калезиќ, Електра Елит и Божо Вреќо. Фотографија која предизвика вистинско цунами од коментари. Некои беа многу негативни, додека имаше и понекој позитивен каде ја пофалија нивната храброст да се појават во јавноста. Некои од пејач(к)ите тотално го сменија полот, како  Наташа Маза и Електра Елит, додека други користеа женска гардероба, обувки на високи потпетици и силна шминка на сцената, но и во приватниот живот. Ќе го споменеме само оној, кој беше пионер на Балканот и прв го шокираше целиот регион. Популарниот бугарски пејач Азис веројатно беше првиот на овие балкански простори што го воведе овој тренд. Изгледаше многу мажествено, но се облекуваша и однесуваше како жена. Кај нас секско најпознат беше и остана Боки13. Особено после аферата „Рекет“, која се уште ја чека својата финална судска разрешница. Тој како и Азис сега направија неверојатни трансформации и од облекување во женска гардероба премина во вистински мажи. Барем навидум! Фото: Социјални мрежи]]>

На Балканот ќе се снима “Contagion 2” https://arhiva.vistina.com.mk/na-balkanot-kje-se-snima-contagion-2/ Tue, 19 May 2020 12:41:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150462

Како што пишуваат светските и балкански медиуми, актерот Мет Дејмон би требало набргу да дојде во Србија, а причината е снимањето филм, чија тема е инфекција со страшниот вирус. Кога беше прогласена пандемијата на коронавирусот, филмот “Contagion” (Зараза) на Стивен Спилберг, инаку снимен во 2011 година, стана светски хит. Темата на филмот е вирус што потекнува од Кина и убива луѓе во светот. Многумина рекоа дека сцените од филмот се идентични со сцените за кои сведочат луѓето во 2020 година. Се вели дека пандемијата на коронавирусот ја инспирирала филмската екипа да снима продолжение, а добар дел од филмот треба да се снима на Балканот. “Продолжението на филмот “Contagion”, најверојатно, ќе почне да се снима на крајот од 2020 година, поточно во декември. Со оглед на тоа што последиците од коронавирусот во првите неколку месеци во Европа се многу сериозни, продуцентот и режисерот решија да не го снимаат вториот дел од филмот во Америка, туку во одредени делови на Европа, претежно во Италија, а одредени сцени ќе се снимаат во Белград, но и во Црна Гора”, вели извор за “Ало”. “Имајќи предвид дека голем број странски филмови се снимаа во српската престолнина и дека имаат искуство во работењето со нашиот народ, тимот што работи на проектот “Contagion 2″ (Зараза 2), кој е работен наслов, реши без размислување одредени сцени да се снимаат во Белград. Тимот од првиот дел од филмот ќе се појави на сетот, а главен актер ќе биде Мет Дејмон, чиј лик беше имун на вирусот во првиот дел од филмот”, заклучува изворот.
]]>

ДАРИО ја опеа радоста во прегратките на животот и тагата во неговите канџи, во – „Еј, животе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-ja-opea-radosta-vo-pregratkite-na-zivotot-i-tagata-vo-negovite-kandzi-vo-ej-zivote-video/ Fri, 03 Apr 2020 08:24:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143037

Дарио Панковски е еден од ретките македонски музички поп ветерани, кои се' уште се активни на домашната естрадна сцена. Познат како пејач, а уште повеќе и самиот како автор, кој можеби твори полека, песна по песна, една-две во годината, но како по правило, се' што ќе напише или станува хит или останува евергрин. Така, ланските (2019) „Ишала“ и „Горе, горе“,  беа повеќе инстант хитови, брзи песни за забава и танцување кои во себе го носеа мирисот на Ориентот или шмекот на латино ритамот, проткаени со духот на Медитеранот, зачинети со магијата на Балканот. Најновата песна, која вчеравечер (02.април, 2020 год.) Дарио ја провираше на социјалните мрежи и Јутјуб каналот е една од оние што ќе остане... Песна за навека. Една од оние негови песни што со текот на времето стануваат евергрини и со годините само добиваат на вредност. „Еј животе“ е балада со типично балканска душа во себе, тамбурашка поп песна која со грст емоции од срце ќе се пее подеднакво гласно и на концерт и во кафеана. Песна за текот на животот низ годините и сето она што тој ни го носи, ни го дава и зема, песна за сета радост силно гушната во неговите прегратки и сета тага цврсто зграпчена во неговите канџи...  Едноставно, песна со уникатна вредност и значење, универзална приказна за животот и пораката која тој ни ја праќа, која важи за век и векови! Нешто како логично продолжение на неговата „Зајди јасно сонце“, исто така евергрин - балада испеана пред години, со грчки бузуки мелос во себе. Музиката и текстот на „Еј животе“ се авторско дело на самиот Дарио Панковски, а аранжманот го потпишува уште еден проверен ветеран, Кристијан Габроски. Во недостаток на вистинско видео, а ќе биде вистинска штета да не се сними спот за ваков  „бисер“ што претендира да прерасне во евергрин, покрај премиерното слушање на песната, ви ги нудиме стиховите на „Еј, животе“, кои веројатно ќе допрат многумина од вас:   „Еј, животе“ Од црн плиш тешка завеса секое утро се подига пред нас, Друг ден, друга улога, публика нова, а истата е таа стара претстава Победа денес, слава, ловори, а утре тага од горки порази, ги играме тие неколку чина година по година А како одат години, се’ некако се пократки, Рефрен: Еееј животе, колку бол ни нанесе, зарем мора вака тешко да е, еееј животе, а колку радост донесе, ма прекрасен си покрај се’, Еееј животе, до кога никој не знае, затоа ноќва другари стари, со полни чаши за нас да наздравиме! Не научи дека треба да се љубиме, и да сме силни кога некој губиме, на секој нов ден, на секој миг да му се радуваме. А како одат години, чашите ни се попразни. Еееј животе, колку бол ни нанесе... https://www.youtube.com/watch?v=NwTvRrVIopA    ]]>

Вака изгледа првата жена од Балканот која ќе работи со „кралот на Инстаграм“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-izgleda-prvata-zena-od-balkanot-koja-kje-raboti-so-kralot-na-instagram-foto/ Mon, 04 Nov 2019 11:35:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116298

Ула Шемоле  е првата Балканка која ќе работи во друштво на  мултимилионерот Ден Билзериан. Оваа балаканска инфлуенсерка пред еден месец добила понуда која не се одбива. Имено, Ула наскоро ќе стане дел од најпопуларната забава на светот. Станува збор за забава која ја организира милтимилионерот Ден Билзериан, кој е познат како „крал на Инстаграм“. „До соработката дојде преку социјалните мрежи. Дан и јас имаме неколку заеднички пријатели, ми прати понуда и тука сме каде што сме“ вели возбудената Словенка. Кралот на „Инстаграм“ го следат околу 30 000 следбеници, а на неговиот профил може да видите фотографии со скапи автомобили, па фотографии со голи девојки или фотографии со оружје. Девојките кои позираат со кралот на „Инстаграм“ се супермодели, згодни инфлуенсерки и порно актерки. На прашањето како изгледа кастингот и кои се предусловите за да бидете дел од јатото на Ден, Ула вели: „Не постои кастинг. Не можеш никаде да се пријавиш. Најважни се друштвените мрежи и контактот“ вели инфлуенсерката. Таа открива дека еден ден со „кралот на Инстаграм“ е полн со адреналил, спорт, забава и интересни луѓе. Често има гласини и негативни коменатри за голите девојки на „Инстаграм“ профилот на Ден, а Ула вели дека таквите коментари не ја интеренсираат. „Тоа се прекрасни девојки кои многу добро заработуваат. Многумина не ја знаат вистинската смисла за оваа работа, па измислуваат се и сешто“ вели Ула и додава дека Ден е нејзин тип, но дека сака да работи со него бидејќи може да научи многу работи., Од соработката во овој проект таа очекува: „Повеќе работа, повеќе патувања, многу повеќе забава и да ужива во прекрасниот живот“. Ула додека живеела во Словенија работела како танчерка, менаџерка на ноќен клуб, се фотографирала за „Плејбој“ и работела како менекенка. На „Инстаграм“ ја следат околу 50 000 луѓе и секојдневно се дружи со најпознатите инфлуенсерки.  ]]>