балет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 Feb 2023 10:30:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png балет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шок на балетска претстава – Режисерот збеснал и фрлил кучешки измет по лицето на новинарката https://arhiva.vistina.com.mk/shok-na-baletska-pretstava-rezhiserot-zbesnal-i-frlil-kucheshki-izmet-po-litseto-na-novinarkata/ Wed, 15 Feb 2023 10:23:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288975

Марко Геке, најнаградуваниот балетски режисер од Германија, направил хаос на претставата кога ја измачкал со кучешки измет по лицето на театарската критичарка Вибка Хустер. Новинарката Вибке Хустер напишала рецензија за една од неговите драми, но режисерот очигледно тешко го поднел тоа. За време на втората пауза на претставата се случил скандалот кога Геке зел измет од куче што бил во хартиена кеса и го намачкал на лицето на критичарката. По овој настан балетски директор е суспендиран. Германскиот дневен весник Франкфурт Алемајн Цајтунг (ФАЗ), каде што Хустер работи како новинар, објави дека полицијата го истражува случајот. Државната опера на Хановер соопштила дека Геке веднаш бил суспендиран бидејќи неговата „импулсивна реакција“ била против правилата за примерно однесување. Тие изјавиле дека тој „крајно ја вознемирил публиката, вработените во куќата и пошироката јавност и со тоа му нанел голема штета на Државниот балет“. - Балетски директор Марко Геке ги прекрши сите принципи на државната опера во Хановер со својата импулсивна реакција врз новинарката Вибке Хустер. Со тоа на најекстремен можен начин ја вознемири публиката и јавноста и сите вработени - стоело во соопштението. Директорот на балетската трупа е суспендиран од работа и му е забрането да се појавува во театарот. Раководителите од Геке побараале тој да им се извини на новинарите. Фото: Принтскрин/Pihabay]]>

Праизведба на современиот балет “Пепелашка” во Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/praizvedba-na-sovremeniot-balet-pepelashka-vo-makedonskata-opera-i-balet/ Sat, 12 Nov 2022 09:27:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275569

На 19-ти ноември со почеток во 19 часот за првпат на сцената на Македонската опера и балет ќе се изведе современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти. Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), репетитори: Саша Евтимова и Билјана Пашариковска. Во насловната улога ќе настапи: Христина Наќевска, во улогата на принц ќе настапи Мирослав Митрашиновиќ, Вила Ангел: Саша Евтимова, Маќеа: Марија Јосифовска Ристовска, Сeстри: Ендру Кук (Англија) и Кристијан Јангос, Татко: Драган Кочоски , Мала Пепелашка: Гала Кочевска. Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.]]>

По повод светскиот ден на балетот: Раскошната балетска класика „Рајмонда“ во НОБ https://arhiva.vistina.com.mk/po-povod-svetskiot-den-na-baletot-raskoshnata-baletska-klasika-rajmonda-vo-nob/ Mon, 31 Oct 2022 13:36:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273625

По повод Светскиот ден на балетот кој оваа година се одбележува на 2.11.2022, на сцената на Националната опера и балет на 1 ноември 2022 (вторник) во 20 часот, ќе се изведе еден од бисерите на балетската уметност, раскошната балетска класика „Рајмонда“ од Александар Глазунов. Безвременски балет кој е израз на целосната убавина на класичниот танц. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Прекрасните костими и спектакуларната сценографија се на гостите од Украина, Гана Ипатиева и Андреј Злобин. Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Балаж Лочеи (Унгарија), Абдурахман: Васил Чичиашвили (Грузија), Илијана Данилов, Христина Наќевска, Наташа Трендафилова Гицев, Игор Веланоски и Ендру Кук (Англија). Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари, 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа.]]>

Безвременскиот балет „Лебедово езеро“ в петок на сцената на НОБ https://arhiva.vistina.com.mk/bezvremenskiot-balet-lebedovo-ezero-v-petok-na-scenata-na-nob/ Wed, 23 Mar 2022 13:51:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244123

Националната опера и балет ја најави изведбата на безвременскиот балет  „Лебедово езеро“ на 25 март 2022, со почеток во 20.00 ч. Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина, во улогата на Одета / Одилија ќе настапи гостинката од Бугарија, примабалерината Марта Петкова, во улогота на принцот Зигфрид ќе настапи Васил Чичиашвили (Грузија), а Ротбарт е Балаж Лашеи (Унгарија), Па де труа: Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ендру Кук (Англија). Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Сценографијата и костимите се на Украинците Андреј Злобин и Гана Ипатиева. Ода за моќта на љубовта! Балетска класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19  или потврда за прележан КОВИД-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест. Задолжително е носење на заштитна маска, велат организаторите.
]]>

„Госпоѓиците од Авињон“ на сцената на Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/gospogjicite-od-avinjon-na-scenata-na-makedonskata-opera-i-balet/ Wed, 02 Mar 2022 13:17:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241401

Балетската премиера на „Госпоѓиците од Авињон“, балет во девет слики ќе се одржи на 09.03.2022 – 20.00 часот.

Музика: Калиопи Букле
Кореографија и режија: Олга Панго
Либрето и драматургија: Сашо Димоски
Асистенти на кореографот: Горан Божинов, Саша Евтимова
Костимограф: Раде Василев
Сценограф: Валентин Светозарев
Мултимедија и дизајн: Емил Петров
Дизајн на светло: Милчо Александров
Дизајн на шминка: Златица Поповска
Улоги:
Олга Коклова – Александра Мијалкова
Дора Маар – Мими Поп-Алексова Атанасовска
Ева Гуел – Ивана Коцевска
Мари-Терез Валтер – Саша Евтимова
Франсоаз Жило – Христина Наќевска
Поштарот – Мирослав Митрашиновиќ
Слаткарот – Балаж Лашеи
Пријателот – Агим Бафтии
Чевларот – Ендру Кук

Епифанија

Бивајќи загледан во еден свој сон во Пикасовата слика „Госпоѓиците од Авињон“, врз платното слета една мува. Мувата, еднакво љубопитна колку и јас, почна да зуи насекаде по сликата, да прелетува од еден до друг нејзин крај, да ја испитува со кураторска прецизност. За разлика од мене, мувата имаше можност да го допре платното, на нејзината текстура да ги остави своите отпечатоци врз боите и низ формите. Допирајќи ја сликата, мувата одново ја создаваше, зуејќи.

Во тој миг од сонот го скицирав текстот „Госпоѓиците од Авињон‘“ – Сашо Димоски, либретист

Три изведби на омилената божиќна балетска бајка „Оревокршачка“ https://arhiva.vistina.com.mk/tri-izvedbi-na-omilenata-bozikjna-baletska-bajka-orevokrshachka/ Mon, 20 Dec 2021 06:47:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231917

По повод новогодишните празници, MOБ  и оваа година на големата сцена ќе ја изведе омилената божиќна балетска бајка „Оревокршачка“, а поради големиот интерес, најавени се три изведби на 24, 25 и 28 декември со почеток во 20.00 часот. За првпат балетот „Оревокршачка“ бил поставен на сцената на Националната опера и балет (тогашна МНТ) на 2 декември 2001 година, од тогаш до денес редовно се изведува на нашата сцена за време на новогодишно-божиќните празници. Оваа година е јубилејна, 20 години од првата изведба на балетот „Оревокршачка“ пред македонската публика. Со величествената музика на Чајковски, по кореографија на Василиј Иванович Ваинонен од Русија, пренесена од: Михаил Крапивин (Русија), сценограф  е неговиот сонародник Анатолиј Нежњи, а костимограф е Љупка Ристовска. Балетот „Оревокршачка” е волшебна, новогодишно-божиќна бајка, мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред Нова година, секоја година! Во главните улоги  настапуваат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Бобан Ковачевски, Ела Канер (Турција) во претставата на 24 декември. Ивана Коцевска, Балаж Лашеи (Унгарија), Ела Канер (Турција) во претставата на 25 декември. Христина Наќевска, Балаж Лашеи (Унгарија), Ела Канер (Турција) во претставата на 28 декeмври. Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл при Националната опера и балет и ученици од  ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.]]>

Современата балетска претстава „Гранд хотел“ гостува во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/sovremenata-baletska-pretstava-grand-hotel-gostuva-vo-skopje/ Fri, 19 Nov 2021 13:55:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228142

Современа балетска претстава од Белград „Гранд хотел“ во продукција на „Мадленианум“ опера и театар, гостува во Скопје на 21 ноември (недела) со почеток во 20 часот во Салонот на Националната опера и балет, во рамки на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености 2021“. Претставата е во кореографија на Александар Илиќ, а во режија на Александар Николиќ. Композитор е Ана Крстајиќ, костимограф Александра Каровиќ, сценограф е Жорж Драушник, додека асистент сценограф е Рања Жиропаџа. Играат Мојца Мајцен, Огњен Вучиниќ, Бранко Митровиќ и Јакша Филиповиќ. Билетите за претставата се во продажба на karti.com.mk, а ќе може да се купат и пред почетокот на претставата на благајната на Националната опера и балет. Претставата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.  ]]>

Премиера на балетската претстава „Жизел“ https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-baletskata-pretstava-zizel/ Fri, 29 Oct 2021 12:54:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225269

На сцената на  Македонската опера и балет на 30 октомври со почеток во 20.00 часот, после 22 години со обновена верзија ќе се одигра балетската премиера „Жизел“. „Жизел“ – магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам. Адаптацијата на кореографријата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, според кореографијата на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Пасариќ е хрватска примабалерина со богата домашна и меѓународна кариера, како и поранешен директор на Балетот на Хрватско народно казалиште (ХНК) во Загреб. На премиерата со оркестарот на Национална опера и балет ќе диригира маестро Иван Еминовиќ. Костимите се дело на нашиот долгогодишен соработник, познатиот костимограф Александар Ношпал, кој за оваа балетска премиера заедно со Михајло Стојановски ја изработија и сценографијата. Репетитори се Горан Божинов, Александра Мијалкова, Лора Тарчуговска и Билјана Пашариковска. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење на заштитна маска.]]>

Балетската претстава „Лa, Лa, Лa…!” на 22 септември на сцената на MОБ https://arhiva.vistina.com.mk/baletskata-pretstava-la-la-la-na-22-septemvri-na-scenata-na-mob/ Thu, 16 Sep 2021 12:45:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219447

На сцената на Националната опера и балет на 22 септември со почеток  во 20.00  часот ќе се одигра балетската претстава „Лa, Лa, Лa…! во кореографија на Саша Евтимова;Музика: Македонски евергрини; Идеја за костими: Саша Евтимова; Светло мајстор: Милчо Александров Настапуваат: Женски ансамбл: Ангела Велевска, Мила Ниновска, Христина Наќевска,Симона Митовска, Ангела Богатинова, Бојана Христовска, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска, Мартина Димовска Машки ансамбл: Игор Веланоски, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Јан Кисилев, Никола Орсо Модерен балет за оние што сонуваат за среќа и едни времиња во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот освен една стара музичка миксана лента. Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време. Музиката е таа која не води на незаборавни патувања. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19  или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење на заштитна маска. Билетите се пуштени во строго ограничен број!]]>

Балетот „Сви марш на плес“ на сцената на МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/baletot-svi-marsh-na-ples-na-scenata-na-mob/ Mon, 26 Jul 2021 12:54:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212661

Во рамки на 42-то издание на манифестацијата „Скопско лето“, Дирекцијата за култура и уметност со гордост ви ја најавува изведбата на балетската претстава „Сви марш на плес“ која ќе се одржи на 26-ти јули (понеделник) во салонот на Македонската опера и балет, со почеток во 20.30 часот. Како што велат организаторите, во претставата учествуваат танчери и уметничка екипа од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Кореограф е познатиот и веќе докажан Игор Киров, драматург е Горан Головко, музиката е на групата „Бијело дугме“, а светло мајстор е Амир Ахиќ. Балетскиот ансамбл го сочинуваат Бранко Митровиќ, Јакша Филиповац, Лука Живковиќ, Енди Шротер, Емир Фејзлиќ, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Зулејха Кецо и Ана Кузмановиќ. Балетската претстава „Сви марш на плес“ не води во измислен свет во кој песните на култниот екс-ју бенд „Бијело дугме“ стануваат основа за раскажување приказни за едно време и една генерација. Инспирација за атмосферата во претставата, танчарите добиле од спотовите на бендот – енергични, разиграни, целосно во духот на светските трендови на тогашната рок-сцена. Балетската претстава ќе се одигра согласно протоколите за одржување на настани со ограничен број на публика. Продажбата на билети е он-лајн на karti.com.mk и пред почетокот на настанот]]>