балада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Nov 2023 13:47:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png балада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панче Касапски ја визуелизираше макфестовската балада која не само што одлично помина, туку и ќе остане – „Помини“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/panche-kasapski-ja-vizuelizirashe-makfestovskata-balada-koja-ne-samo-shto-odlichno-pomina-tuku-ke-ostane-pomini-video/ Fri, 10 Nov 2023 13:46:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326454

Еден од најперспективните македонски композитори и изведувачи од новата поп генерација, пејачот Панче Касапски го претстави својот нов видео запис за баладата „Помини“ која премиерно ја изведе годинава на Фестивалот за забавни мелодии Макфест 2023 во Штип. Спотот е направен на познати локации во Стокхолм, Шведска, изработен под директна палка на Мерт Арслани. Композитор и аранжер на оваа прекрасна балада е самиот Касапски, текстот е на Робин Зимбаков, младата пејачка Лара Иванова ги пее пратечките вокали, а миксот и мастерингот е на Роберт Билбилов. „Помини види колку те сакам, помини види колку се лажам дека без тебе сѐ уште можам, а добро знам дека ти си ми под кожа“ е дел од текстот на баладата што ги освои срцата и симпатиите на публиката. Касапски за првпат на македонската музичка сцена се појави на Макфест во 2013 година и оттогаш бележи голем успех со бројни хитови, како „Наивно“, „Намини ноќва“, „Уште си ми ти“, каде Касапски се потпишува како композитор. Значаен успех Панче Касапски постигна со авторската композиција во соработка со Лара Иванова во дуетот „Само сврти се“. Оваа песна беше на врвот на сите топ листи во Македонија. Тандемот Касапски-Иванова ја продолжуваат традицијата на создавање автентичен македонски поп сензибилитет, преточен во современ светски звук актуелен на денешното време и светската поп продукција и композиција. Во продолжение погледнете го видео спотот за макфестовската „Помини“: ]]>

„Имав забранета љубов од детството“: Ѓоле Ѓогани најтажната балада ја посвети на жената што ја сакал (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/imav-zabraneta-lubov-od-detstvoto-gole-gogani-najtazhnata-balada-ja-posveti-na-zhenata-shto-ja-sakal-foto/ Tue, 07 Nov 2023 10:42:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325756

Ѓоле Ѓогани, фронтменот на групата „Ѓогани фантастико“ и голема ѕвезда од деведесетите, на медиумите им е познат по својата интересна емотивна приказна. Во првиот брак беше со пејачката Слаѓана Делибашиќ со која има две ќерки. Кога ја заврши љубовната врска со Слаѓа, со која остана во одлични односи, се појави Весна, атрактивна русокоса со која и денес е во брак. Сепак, малкумина знаат дека неговото срце и припаѓало на неа пред жените кои му го одбележале животот. Ѓоле Ѓогани размислувал за забранетата љубов од младоста, која го инспирирала да ја напише песната „Забранета љубов“. По четириесет години повторно ја сретнал и иако не сакал да го открие нејзиниот идентитет, со навестување на тага во гласот ја раскажал приказната за девојката на која родителите и забраниле да се омажи. ‒ Имав забранета љубов од детството, но нејзините родители не сакаа да ни дозволат да ја имаме нашата љубов. Толку ја бранеа што на крај ја омажија против нејзина волја за друг. Ја запознав на 8 март, по четириесет години. - Не ни знаев која е, ме праша дали може да се фотографира со мене. Јас препознавам само некои очи, но имаше илјада или повеќе луѓе. Некако чудно и срамежливо застана, како да сакаше да ми каже, а јас брзав и сакав да продолжам понатаму. Таа објави заедничка фотографија на Фејсбук и напиша: „Ви благодарам, ова е мојата желба да се видиме повторно после тоа“. – Така настана песната – изјави Ѓоле за „Блиц“ и откри дека песната има автобиографска приказна, додека спотот е целосно снимен. ‒ Спотот го снимавме во Сараево и мал сегмент во Белград. Сè се снимаше околу шест дена и е филмска приказна. Инаку, Весна прекрасно и емотивно ја испеа оваа песна, нејзиниот сензибилитет и солзите во спотот се реални. Нема лаги и измами, плачеше на снимање и не можевме да ја смириме - ја откри емотивната природа на сопругата која со години му е поддршка. Фото:Принтскрин/Зорана Јефтиќ/Јутјуб]]>

Андријана Јаневска влезе во финале на интернационалниот музички натпревар на „Зада рекордс“ со баладата – „Broken hearted me“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-vleze-vo-finale-na-internatsionalniot-muzichki-natprevar-na-zada-rekords-so-baladata-broken-hearted-me-audio/ Wed, 12 Jul 2023 12:39:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310002

Она што лично деновиве ја израдува Андријана Јаневска, а и нејзините фанови и следбеници е веста дека стана единствениот изведувач од Македонија кој влегол во финалната селекција на Zada records – мала продуцентско-промотерска и издавачка куќа во сопственост на композиторот Норман Зада. Како што велат имаат значителен буџет за промовирање нови таленти, а  овој натпревар им го олеснува учеството и им дава можност на идните ѕвезди да заработат пари и да добијат значително признание дури и ако не победат. натпреварот лесно може да се претвори и во ТВ шоу. Ќе бидат доделени пет награди: 25.000 долари за првопласираниот, 10.000 долари за вториот и 5.000 долари од трето до петто место. Андријана Јаневска на овој натпревар конкурирала со песната   испеана на англиски јазик: „Broken hearted me“, балада стилски налик на оние кои ге пееа една Мараја Кери или Витни Хјустон, со која успеа да влезе меѓу малкуте финалисти. И додека таа го очекува понатамошниот исход со нетрпение, ние пред да и посакаме успех во ова натпреварување, а зошто не и победа на нашата Андријана Јаневска, слушнете како звучи нејзината балада „Broken hearted me“ во продолжение: ]]>

Калиопи и Жељко Самарџиќ ја имаа својата македонска промоција на заедничката дует балада „Знам“ во скопска „Аудиокултура“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-i-zhelko-samardhik-ja-imaa-svojata-makedonska-promotsija-na-zaednichkat-duet-balada-znam-vo-skopska-audiokultura-foto/ Tue, 25 Apr 2023 12:45:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299338

По белградската промоција која се одржа на 19-ти април, нашата Калиопи Букле и српскиот пејач Жељко Самарџиќ денес, вторник, 25 април 2023 година точно напладне, во скопскиот аудиобар  „Аудиокултура“ ја имаа и македонската промоција на нивната заедничка песна, дует баладата „Знам“. Пред рекорден број новинари, претставници на медиумите, соработници, пријатели и гости, македонската поп дива и српскиот шармер ја раскажаа својата приказна за 40-годишното пријателство преточено во заедничка песна. Калиопи честа и задоволството да го отвори дружењето со седмата сила му го препушти на својот гостин, секако откако модератоторот на настанот, нопвинарот Иван Беќковиќ претходно ги воведе колегите во промоцијата. Калиопи раскажа дека песната настанала сосема случајно и спонтано, по еден нејзин концерт во Будва, по кој таа и Самарџиќ се слушнале и седнале да се видат и дружат, бидејќи тој со своето семејство бил закотвен во блиското пристаниште во Котор, со својот глисер. Заедничката селфи фотографија му ја испратила на својот некогашен сопруг, а доживотен пријател и соработник Ромео Грил, со пост покрај истата дека „овие двајца чекаат од него заедничка песна“. Ромео тоа го сфатил сериозно и  така од неговата креативна душа и музичка работилница се изродиле стиховите и музиката, кои како што спомена Калиопи, кај неа, а и кај Жељко будат посебни емоции, зашто во нив има дел од нивните животни вистини. Откако заврши говорниот дел, видеоспотот за „Знам“ иако веќе виден, беше уште еднаш пуштен на големиот екран, по што следеше вториот дел од промоцијата во која на двајцата уметници им се придружи авторот Ромео Грил, кој за оваа, како и за белградската прилика беше специјално допатувал од Швајцарија каде што живее. Откако и тој ги евоцираше своите спомени и ги искажа зборовите на задоволство што 40 години соработува со уметник како што е Калиопи, а сега и со Самарџиќ, следуваше заеднуичко фотографирање и новинарските изјави за медиумите на двајцата изведувачи, секој одделно. Промоцијта генерално побуди голем интерес и беше одлично организирана, а бројните ТВ и радио екипи, новинарите од печатените медиуми и порталите со своето бројно присуство ја удостоија македонската поп дива Калиопи која беше добра домаќинка и какоми Жељко, остана долго да разговара со сите нив.    ]]>

Марија Цветановска македонската забавно-музичка сцена ја обои во нова боја со фестивалската балада – „Засекогаш твоја“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-cvetanovska-makedonskata-zabavno-muzichka-scena-ja-oboi-vo-nova-boja-so-festivalskata-balada-zasekogash-tvoja-video/ Thu, 13 Oct 2022 06:29:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271189

Марија Цветановска има 18 год и доаѓа од Битола. Со пеење се занимавам од  свои 8 години. Годинава ја  започнувава и својата соработка со познатиот композитор Григор Копров, кој воедно е автор на нејзината нова песна „Засекогаш твоја“. Песната беше создадена за потребите на настапот на марија на фестивалот „Охрид Фест 2022“ на кој  оваа млада пејачка ја добива и наградата за најдобра интерпретација. На музиката од Григор Копров, аранжман на песната направил  Владимир Дојчиновски Дојчин, а текст го напишал на Огнен Неделковски... Се' на се'  екипа познати, признати и проверени мајстори на својот занает што  направија оваа песна во старт да биде гарантиран хит. Периодов беше снимен и спотот за ,„Засекогаш твоја“ кој го реализирал Виктор Апостоловски, а дрон камерата ја управувал  Саше Богоевски, додека машката главна улога во видеото ја има Симеон Тасев. Спотот е снимен на повеќе локации во околината на Битола, ресен и Преспа, а официјално беше промовиран деновиве на Јутјуб. „Благодарност до целиот тим кој стои позади овој голем проект, се надевам песната ќе добие добри критики и ќе биде прифатена од јавноста, а очекувајте уште многу нови проекти и добри хитови“ - порачува Марија информирајќи дека веќе следниот викенд ќе настапува и на најреномираниот македонски фестивал на забавна музика „макфест 2022“ во Штип. Во меѓувреме проследете ја визуелизацијата на песната од „Охрид фест 2022“ на Марија Цветановска, насловена „Засекогаш твоја“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Давид Темелков во битка со самиот себе во баладата – „Штом бидеш без мене“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-vo-bitka-so-samiot-sebe-vo-baladata-shtom-bidesh-bez-mene-video/ Sat, 02 Apr 2022 06:35:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245158

Со завршувањето на двогодишното затишје во музичката индустрија заради коронапандемијата и со доаѓањето на пролетта, конечно на виделина излегуваат песните кои Давид со својот тим ги создаваше за време на lockdown-от. Овој пат по низата неколку енергични песни, Давид ни носи балада која не е само љубовна песна, туку песна со порака. Да се пренесе на публиката искрена емоција преко љубовна песна не е нималку лесно, но за него тоа било само дополнителен предизвик. Како што вели и самиот оваа песна му прирасна за срцето на прво слушање и нетрпеливо го чекал денот кога ќе ја сподели со својата публика, па затоа и овој пат ја превзема одговорноста за режијата и сценариото. „Со големо нетрпение чекав да ја споделам со вас оваа љубовна балада како и новиот видеоспот. Секој од нас во себе проживува борба помеѓу срцето и разумот, борба која не е нималку лесна ни едноставна. Во светот во кој живееме понекогаш е тешко да избереме што е исправно, не е едноставно да се одлучи помеѓу срцето и разумот и исто така верувам дека тоа не се само мои битки, туку и битки во секого од нас. Оваа песна ме заинтригира на прва и во мене разбуди слики кои ме инспирираа да ги преточам во спот бидејќи и самиот сум многу често во позиција да морам да победам во битката со самиот себе. Верувам дека во секого од нас се крие сила која се покажува во вистинскиот момент. Оваа песна е само потсетник и охрабрување дека ја имаме таа сила во себе и дека треба да ја искористиме“ - вели Давид заблагодарувајќи им се на соработниците и екипата која учествувала во реализцијхата на новиот проект. „Голема благодарност на уште една убава и плодна соработка на нашите партнери и пријатели: Warrior Spirit, Cammeo Taxi, Pappar bistro & bar, Dicta, ELFS, Monte Caffe и Adriatic Scuba.< За борбените кадри особено им заблагодарувам на момците од АСК DOGS и АТ WARRIORS за големата посветеност и професионалност! Споделувајте, Лајкајте, Коментирајте, а јас пред сé се надевам дека ќе уживате!“ За каква песна и спот станува збор, дознајте во видеото што следува. ]]>

Андријана Јаневска одново во соработка со странски автор, овој пат ја отпеа баладата – „Longings“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-odnovo-vo-sorabotka-so-stranski-avtor-ovoj-pat-ja-otpea-baladata-longings-lirik-video/ Tue, 23 Mar 2021 12:37:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195605

Македонската виолинистка, пејачка, автор и педагог Андријана Јаневска, не престанува да биде активна во професијата. По последната своја авторска песна „Летај“, чиј комплетен автор (музика, текст и аранжман) е самата таа, а која ја промовираше неколку дена пред карај на 2020-та година, сега одново отпеа нова тема. По ланското учество во проектот „Togeather is beautiful “ на „Планетарниот оркестар“ во кој учествуваа музичари од СИТЕ 197 земји во светот, а таа беше претставена како виолинистка од Македонија и соработката со американскиот музички продуцент и ДЈ – Jawfre, во необичната тема, во модерен техно-денс ритам, отпеана на на англиски јазик со наслов „Take me“,  Андријана Јаневска одново соработува со еден странски автор. Имено, овој пат во прашање е нејзината нова песна „Longings“ отпеана на Англиски јазик, во соработка со германскиот композитор Tonio Th. Fruehauf. Тема која всушност преставува една прекрасна акустична балада, обоена само со звуците на клавирот и сугестивниот моќен и прецизен вокал на Андријана. За песната е направено и едноставно лирик видео во кои се испишани стиховите, а овој свој најнов проект Андијана Јаневска самата го најави и промовираше деновиве на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Во продолжение преслушајте како звучи македонската врвна музичка и вокална уметница во изведбата на темата „Longings“: ]]>

ДАРИО ја опеа радоста во прегратките на животот и тагата во неговите канџи, во – „Еј, животе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-ja-opea-radosta-vo-pregratkite-na-zivotot-i-tagata-vo-negovite-kandzi-vo-ej-zivote-video/ Fri, 03 Apr 2020 08:24:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143037

Дарио Панковски е еден од ретките македонски музички поп ветерани, кои се' уште се активни на домашната естрадна сцена. Познат како пејач, а уште повеќе и самиот како автор, кој можеби твори полека, песна по песна, една-две во годината, но како по правило, се' што ќе напише или станува хит или останува евергрин. Така, ланските (2019) „Ишала“ и „Горе, горе“,  беа повеќе инстант хитови, брзи песни за забава и танцување кои во себе го носеа мирисот на Ориентот или шмекот на латино ритамот, проткаени со духот на Медитеранот, зачинети со магијата на Балканот. Најновата песна, која вчеравечер (02.април, 2020 год.) Дарио ја провираше на социјалните мрежи и Јутјуб каналот е една од оние што ќе остане... Песна за навека. Една од оние негови песни што со текот на времето стануваат евергрини и со годините само добиваат на вредност. „Еј животе“ е балада со типично балканска душа во себе, тамбурашка поп песна која со грст емоции од срце ќе се пее подеднакво гласно и на концерт и во кафеана. Песна за текот на животот низ годините и сето она што тој ни го носи, ни го дава и зема, песна за сета радост силно гушната во неговите прегратки и сета тага цврсто зграпчена во неговите канџи...  Едноставно, песна со уникатна вредност и значење, универзална приказна за животот и пораката која тој ни ја праќа, која важи за век и векови! Нешто како логично продолжение на неговата „Зајди јасно сонце“, исто така евергрин - балада испеана пред години, со грчки бузуки мелос во себе. Музиката и текстот на „Еј животе“ се авторско дело на самиот Дарио Панковски, а аранжманот го потпишува уште еден проверен ветеран, Кристијан Габроски. Во недостаток на вистинско видео, а ќе биде вистинска штета да не се сними спот за ваков  „бисер“ што претендира да прерасне во евергрин, покрај премиерното слушање на песната, ви ги нудиме стиховите на „Еј, животе“, кои веројатно ќе допрат многумина од вас:   „Еј, животе“ Од црн плиш тешка завеса секое утро се подига пред нас, Друг ден, друга улога, публика нова, а истата е таа стара претстава Победа денес, слава, ловори, а утре тага од горки порази, ги играме тие неколку чина година по година А како одат години, се’ некако се пократки, Рефрен: Еееј животе, колку бол ни нанесе, зарем мора вака тешко да е, еееј животе, а колку радост донесе, ма прекрасен си покрај се’, Еееј животе, до кога никој не знае, затоа ноќва другари стари, со полни чаши за нас да наздравиме! Не научи дека треба да се љубиме, и да сме силни кога некој губиме, на секој нов ден, на секој миг да му се радуваме. А како одат години, чашите ни се попразни. Еееј животе, колку бол ни нанесе... https://www.youtube.com/watch?v=NwTvRrVIopA    ]]>

Митевски и Дац со ретроспектива на младоста и животот во – „Уште ми фалиш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-so-retrospektiva-na-mladosta-i-zivotot-vo-ushte-mi-falish-video/ Thu, 17 Oct 2019 10:12:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113122

По наградите кои ги собраа со темата „Цреши охридски“ на фестивалот „Охрид фест - Охридски трубадури“, Александар Митевски и актерот Драган Спасов - Дац се појавија и на годинешниов „Макфест 2019“. И не само што влего во финалето, туку нивната „Уште ми фалиш“ за малку не победи, туку го освои вицешампионското второ место, а тие на своето конто додадоа награда од три илјади евра. Автор на музиката и аранжманот е Александар Митевски, додека стиховите заедничко дело на Митевски и Драган Спасов - Дац, а миксот и мастерингот на песната ги направил Бобан Василевски.  Митевски и Дац и со оваа песна ја продолжиле нишката на современи шансони, срцепарателни балади кои со тек на времето како по некое непишано правило стануваат евергрини.... Безвременски песни за сите генерации. Особено за оние повозрасните, кои низ стиховите на песните како што е „Уште ми фалиш“ прават ретропективна на својот живот и својата младост, на сите остварени и неостварени љубови, желби, мечти, младешки сништа... без оглед кои се и што се, колку се познати или успешни, исполнети и реализирани личности. Токму такво е и одлично осмисленото видео за песната, за чија визуелизација се погрижила екипата од „Пикадо креатив колектив“. Едноставно, драмски, без расфрлање со голем буџет, но мошне ефектно, со приказна која во потполност ги следи и кореспондира со стиховите на песната. А, во видеото избор на познати и признати, успешни македонски, пред се' скопски фаци. Од познати уметници, градски луѓе, бизнисмени, артисти, угостители, композитори, професори, новинари, малостопанственици... чии лица ќе ги препознаете во видеото, а нивните имиња можете да ги прочитате на подолгиот список во одјавната шпица на спотот. Вистински „олстарс“ на успешни луѓе, скопската урбана елита која не е лесно да се собере на едно место во функција на приказната и нејзината визуелизација. Браво за идејата и нејзината реализација, која можете да ја проследите во видеото за „Уште ми фалиш“ во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=genLcmIahNw  ]]>

Наталија Славева и нејзиното момче се – „Непобедливи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natalija-slaveva-i-nejzinoto-momche-se-nepobedlivi-video/ Thu, 15 Aug 2019 12:33:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102399

Наталија Славева има нова песна. Балада, насловена „Непобедливи“. Нејзино ново враќање откако по петгодишната пауза лани се врати на „Макфест“, а сега еве ја одново во македонскиот етер.
Автор на песната е Иле Спасев, а самата Наталија го потпишува своето коавторство во стиховите на истата. Баладата „Непобедливи“ е визуелизирана со видеоспот кој го изработила скопската видеопродукција „Фабрика“ под режисерската палка на нејзиниот сопственик Маријан Огненовски.
Во него пејачката се појавува заедно со своето момче Александар при крајот на видеото!
Истото е снимено во ексклузивниот простор на „Гарденија спа ресортот“  во Велес, а како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=t55nZX0psRs]]>