баклава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Oct 2023 10:17:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png баклава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Музичко качување по „заспаната животинка“ на Скопје- „Нерези“ на „Баклава“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/muzichko-kachuvane-po-zaspanata-zhivotinka-na-skopje-nerezi-na-baklava-video/ Thu, 12 Oct 2023 07:10:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322040

Групата „Баклава“ Ви го презентира новото музичко видео за песната „Нерези“. Спотот е изработен од Марјан Јаневски, додека песната веќе позната од албумот „Од Скопје со љубов“, е авторство на Елена Христова. Токму за ова видео од „Баклава“ велат: -Ова видео е креација на Марјан Јаневски и ова ремек-дело од видео е подарок. И искрено на кој не се надевавме. Кога разбравме дека за нас, дотогаш ново име во фотографијата, направил видео на една од нашите песни, бевме скептични. Зошто баш таа песна? Како ли ќе ја долови таа елегија, таа опеана природа создадена од темен алт, кларинет и тишина, таа долга нумера што воопшто не се поклопува со стандардите на урбаната брзина која ни е секојдневие. И се изненадивме. - Како што ќе каже и самиот Марјан: каменот од блиску доаѓа. Но, овој пат во една прекрасна смисла на самата поговорка. Бевме маѓепсани од тој мир на видеото, од таа симбиоза на стиховите каде се спомнуваат скопските населби како протагонисти. Како битија. Песна за Водно, песна за скопското Нерези, но и Капиштец, Трнодол, Пржино, Црниче, Жданец… И за пчеличките. Песна за нашето Скопје, онакво какво го сакаме кога се качуваме на таа „заспана животинка“ за да си го видиме градот. Ма каков и да бил. Се надеваме дека Марјан Јаневски го чека светла иднина со својот талент. И благодарни сме му. Се надеваме дека и на гледачите ќе им се допадне, велат од „Баклава“. Песната од албумот „За Скопје со љубов“ под издавачката куќа CPL Music, Германија. фото:Јутјуб принтскрин]]>

За љубителите на баклава: Готвачите препорачуваат со „нутела“ крем https://arhiva.vistina.com.mk/za-ljubitelite-na-baklava-gotvachite-preporachuvaat-so-nutela-krem/ Mon, 11 Jul 2022 12:08:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258093

За љубителите на баклава и оние кои сакаат да пробат нешто ново, готвачите препорачуваат баклава со „нутела“ крем. За подготвување, потребни се: 500 грама кори за баклава, 400 г. „Нутела“, 200 г. печени лешници, 200 г. стопен путер и малку масло. За шербетот, потребни се: две чаши вода, 1,5 чаша шеќер и лажичка сок од лимон. Подготовка Лешниците се печат и се сечкаат. Потоа, се топи путерот и се меша со масло. Тавата се мачка со путерот. И кората, секој слој се мачка со путер, но потоа се мачка и со „нутела“, па се посипуваат лешниците. Врз тоа се става нова кора и сѐ тоа се повторува – путер, „нутела“, лешници… Баклавата се сече, па се пече на 200 степени, додека не порумени. Потоа се намалува на 100 степени и се пече уште 15 минути. Така испечената баклава се прелива со шербет и се остава сѐ тоа да се впие. Извор:Курир.мк]]>

Баклава со плазма, ореви и бело чоколадо натопена во сочен сируп (РЕЦЕПТ) https://arhiva.vistina.com.mk/baklava-so-plazma-orevi-i-belo-chokolado-natopena-vo-sochen-sirup-recept/ Fri, 27 Aug 2021 07:49:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216995

Со овој рецепт баклавата ќе биде готова за помалку од еден час. Баклава е десерт што обично се подготвува за прослави како што се слви и празници, но сега не треба да чекате посебна прилика за да ја направите. Затоа, подгответе уникатна баклава што досега не сте ја пробале. Прочитајте го рецептот подолу. СОСТОЈКИ: пакување на готови кори 2 јајца 200 гр мелена плазма 100 гр мелени ореви 100 гр бело чоколадо 50 мл маслиново масло 300 гр шеќер 100 мл вода 1/2 лимон 1 ванилин шеќер ПОДГОТОВКА: Истурете вода во тенџере и додадете шеќер. Исечете го лимонот и оставете го да зоврие околу 5 минути. Изладете. Измешајте ја плазмата со оревите, потоа додадете изматени јајца и растопено чоколадо. Раширете ја кората, посипете малку масло и размачкајте. Ставете го полнењето на дното низ ширината и завиткајте го во ролни. Се редат во намастена тава. Премачкајте со масло, исечете ги на помали ролни. Печете на 200 степени околу 40 минути. Прелијте ја печената баклава да впие од сирупот. Послужете ладно и засладете.]]>

„OFFest“ продолжува со уште два концерти https://arhiva.vistina.com.mk/offest-prodolzuva-so-ushte-dva-koncerti/ Wed, 04 Nov 2020 13:18:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174549

По фантастичниот концерт на импресивната Silvia Perez Cruz, се најавуваат уште две фестивалски вечери на 19-то издание на  „OFFest“. Продолжувајќи ја традицијата на претставување на домашната сцена на  „OFFest“, на 7 ноември (сабота) во Макдонската филхармонија ќе настапат Добрила & Дориан Дуо и „Баклава“. На 10 ноември (вторник) истата сцена е резервирана за еден голем дует, предводен од величествениот мајстор на иранското кеменче Kayhan Kalhor, добитник на Греми и актуелен носител на специјалната награда за животно дело на Womex. Овој брилијантен музичар од курдско потекло, којшто се смета за клучна фигура во толкувањето на персиската музичка традиција, во Скопје ќе настапи во придружба на турскиот виртуоз на инструментот баглама Erdal Erzincan. Влезниците за овие две вечери на  „OFFest“ 2020 се веќе во продажба преку продажната мрежа Mktickets.
]]>

„CNN“ ја смести баклавата на листата на 50 најдобри десерти во светот https://arhiva.vistina.com.mk/cnn-ja-smesti-baklavata-na-listata-na-50-najdobri-deserti-vo-svetot/ Mon, 19 Oct 2020 12:20:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172068

Американската телевизиска куќа „CNN“ создаде листа од 50 десерти за кои смета дека се најдобри на светот, а на листата се најде и еден од омилените десерти на Балканот – баклавата. Тие ја опишале баклавата како десерт со повеќе слоеви и напоменале дека станува збор за прелиен колач. Исто така, потсетиле дека баклавата е наследство на Отоманското царство. Левант, Балканот, Кавказ и Северна Африка се местата каде што овој десерт е исклучително популарен и од „CNN“ нагласуваат дека станува збор за делови од светот во кои владееле Османлиите. Турција е наведена како „духовен дом“ на баклавата. Телевизиската куќа истакнува дека во оваа земја се служи исклучително вкусна баклава исечена во облик на дијамант и истата се прави од ореви и се прелива со меден сируп. Нагласиле и дека баклавата е само еден од познатите десерти кои се сметаат за оставина од Отоманското царство, но со причина е најпознат. Како причина за тоа „CNN“ ги издвојува едноставните состојки и заклучува дека баклавата е токму еден од највкусните десерти во светот. извор:точка.ком.мк]]>

„Баклава“ во МКЦ: Концертна промоција на новиот албум „IV“ https://arhiva.vistina.com.mk/baklava-vo-mkc-koncertna-promocija-na-noviot-album-iv/ Mon, 24 Feb 2020 17:01:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=132211

Со огромно задоволство ја најавуваме концертната промоција на новиот албум на македонската world music сензација - БАКЛАВА. Албумот е насловен „IV“ и истот ќе биде достапен и на винилно издание, кое ќе може да го набавите на промоцијата. Закажуваме средба на 28 февруари, во сала Фросина во МКЦ. Билетите можете да ги набавите на билетарница во МКЦ или оnline преку bileti.mkc.mk. Набавете си билет навреме, втор концерт нема да има. За новото издание, БАКЛАВА вели: „По неколку години создавање конечно излегува четвриот албум на групата Баклава. Јубилеен со своите четири страни. Богат со 13 песни, огромна екипа, различни жанрови и е вртење сосема нова страница. Создадовме светска музика. Вложивме многу. И мака и љубов. Сметаме дека ова е најдобриот албум што сме го направиле до сега и сме многу благодарни на сите што го градеа со нас и сите што го поддржуваа на каков било начин. Ова ремек-дело е наше дете. Без разлика дали тоа ќе ви биде смешно или раздразливо, ние го сметаме за свое, исто како да сме го родиле. И можеме да ви порачаме, дека покрај тоа што ги сакате вашите деца, и покрај тоа што ве радуваат или нервираат додека растат, чувајте ги. Чувајте ги додека можете. Дајте им корен и дајте им крилја… Описно, овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги, е токму она расположение што ви ја предзвикува некоја од 13-те бои: TURQUOISE (Тиркиз), ПУРПУРНА, CHOCOLATE (Чоколада), РУЗМАРИН, ПЕНДОЛИРА, СИНА, РУБИН, СРЕБРЕНА, СИВА, БЕЛА, НЕВЕН, ФЛАМИНГО, СЕНКА. Пеено е претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски, хрватски, влашки, латински… Музиката на скоро сите песни ја напиша Елена Христова. А стиховите Сибо. Отсвирено е на многу инструменти, а свиреа големите мајстори: Елена Баклава – вокали, Сибо – деф, перкусии и ел. тамбури, Дејан Теодосиевски – виолончело и пијано, Драган Стојковски – бас гитара, тамбурут и ел. тамбури, Гого Клинчаров – тамбура,Игор Стевковски – тапани, Александар Николовски – труба, Џенгиз Ибраим – канон, Петар Христов – ак. гитара, кларинет и саксофон, Трајче Ристов – тарабука,Јордан Костов – хармоника, Ваљон Адеми – виолина, Тино Скендеровски – хармоника и програмирање, Гордан Спасовски – пијано, Гоце Стевковски – тапани, Гоце Наумов – тапани и перкусии, Амон Мра – усна армоника, Лазе Стерјовски – хармоника. Гости ни беа неповторливиот Дарко Рундек и прекрасните Суперхикс (или секој посебно со љубов): Петар Младеновски – ел. бас и вокал, Борис Минов – ел. гитара, Александар Спасовски – труба, Симе Златков – саксофон и вокал, Бранко Илиевски – тромбон, Дарко Попов – тапани, Гоце Лалковски – скреч. Се снимаше во различни студија: “Tralala”, “Enterprise”, “Alshar”, “Chicken Madness”… Елена, која најчесто беше и аранжер, покрај неа беа и продуцентите Мите Димовски, Тино Скендеровски, Ивица Јанкуловски, Andreas Hz, Дарко Спасовски, Горан Кан, Бојан Угриновски… Мастерингот за LP на крај го направи Мите Димовски. Фантастичниот дизајн на омотот и целата естетика воопшто е на Нерсес Малакјан. Огромна благодарност им должиме на Арс Ламина и Берин, кои ќе застанат зад материјалното издание во облик на грамофонска плоча. И на своите најблиски што издржаа и поддржаа. Ова е голема тема, за да ја објасниме монохроматски. Слушајте и уживајте. Четворката не е само звук“.]]>

Излезе четвриот албум на групата „Баклава“, едноставно насловен  IV https://arhiva.vistina.com.mk/izleze-chetvriot-album-na-grupata-baklava-ednostavno-nasloven-iv/ Mon, 13 Jan 2020 13:13:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128680

По новогодишните и Божикните празници, излезе четвриот албум на групата „Баклава“, едноставно насловен  IV. Од 8-ми јануари, албумот го има на најважните дигитални платформи во светот: Spotify, Apple Music, iTunes, TikTok, Google Play/YouTube, Amazon, Pandora, Deezer, Tidal, Napster, iHeartRadio, ClaroMusica, Saavn, Anghami, KKBox, MediaNet, and Instagram/Facebook! Од бендот се уште не откриваат дали и кога би можел да излезе албумот и како физичко издание. Албумот содржи вкупно 13 песни, меѓу кои и: „Невен“, „Рубин“, „ Chocolate “ (feat. „Суперхикс“), „Рузмарин“ (feat. Дарко Рундек), за која е снимен и видео-спот. Песните од новиот албум претежно се испеани на македонски јазик, но има и понекоја строфа и на турски, хрватски, влашки, латински… Музиката на скоро сите песни ја напиша Елена Христова, a стиховите Сибо. Отсвирено е на многу инструменти, а свиреа големите мајстори: Елена Баклава – вокали, Сибо – деф, перкусии и ел. тамбури Дејан Теодосиевски – виолон-чело и пијано, Драган Стојковски – бас гитара, тамбурут и ел. тамбури, Гого Клинчаров – тамбура,, Игор Стевковски – тапани, Џенгиз Ибраим – канон, Петар Христов – ак. гитара, кларинет и саксофон, Трајче Ристов – тарабука, Јордан Костов – армоника, Ваљон Адеми – виолина, Тино Скендеровски – армоника и програмирање, Гордан Спасовски – пијано, Гоце Стевковски – тапани, Гоце Наумов – тапани и перкусии, Амон Мра – усна армоника, Лазе Стерјовски – хармоника…]]>

Кога ќе се здружат „Баклава“ и Дарко Рундек, песната мириса на „Рузмарин“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-kje-se-zdruzat-baklava-i-darko-rundek-pesnata-mirisa-na-ruzmarin-video/ Thu, 04 Jul 2019 13:01:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96171

„Баклава“ и Дарко Рундек го претставија заедничкиот проект. Станува збор за темата насловена „Рузмарин“, чии автори се Елена Христова (музика) и Дејан Сибиновски (текст).

Снимањето се одвиваше во студија во Скопје и во Загреб, а за миксот и мастерингот се погрижи Мите Димовски во неговото студио „Тралала“.

Во создавањето на „Рузмаринот“ учествувале и Дејан Теодосиевски на виолончело, Драган Стојковски на бас и тамбура, Александар Николовски на труба, Петар Христов на кларинет и на саксофон, Јордан Костов на хармоника,Валон Адеми на виолина, Игор Стевковски на тапани,Трајче Ристов на дарбука и Сибо на даф.

Сибо воедно се потпишува и како режисер на видеото, кое го реализираше заедно со Огнен Ацевски и продукцијата „Моментс“. Песната ќе биде сместена на претстојниот, четврт по ред албум на „Баклава“, кој симболично ќе го носи насловот „The Four“, а ќе ги наследи првенчето „Баклава“ (2007), „Калемар“ (2008) и „Me mankas mucho“ (2011).

Кога ќе се здружат „Баклава“ и Дарко Рундек, песната мириса на „Рузмарин“, а звучи и изгледа вака:

https://www.youtube.com/watch?v=rLPXoqGA6TY]]>

Вевчанскиот карневал со „Баклава“, „Архангел“, Неша – „Галија“… https://arhiva.vistina.com.mk/vevchanskiot-karneval-so-baklava-arhangel-nesha-galija/ Fri, 04 Jan 2019 10:50:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66190

од 12 до 14 јануари, славното и автентично Вевчани е голема отворена сцена за најголемиот европски фестивал на сатирата и една од најголемите културни знаменитости во Македонија- ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ! Благодарение на вевчанските василичари, нивната специфична порака и надалеку познатата вевчанска гостопримливост, живее вековната традиција на карневалот познат ширум светот по неговата архаичност и уникатност! И оваа година со манифестацијата збогатена и со музичка програма, Вевчани е подготвено да ги пречека сите посетители во единствениот спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава, за заедно да ја испратиме изминатата година и да ја пречекаме новата со желба да биде посреќна и побериќетна, соопштија организаторите. Меѓу првите најавени изведувачи за тридневната манифестација е легендарната македонска рок-група „Архангел“, етно-составот „Баклава“ и Ненад Неша Милосављевиќ, фронтменот на легендарната група „Галија“, кој ќе ги донесе најголемите хитови од нивната 40-годишна дискографска кариера, a сите детали ќе бидат познати на денешната прес-конференција.]]>

„Невен“ – нов звук од „Баклава“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/neven-nov-zvuk-od-baklava-video/ Wed, 29 Nov 2017 09:24:00 +0000 http://vistina.mk/?p=5128

Македонската музичка група Баклава го објави спотот за песната „Невен“ кој е направен во синемаграф стил, спојувајќи ги видеото и фотографијата. Музиката ја потпишува Елена Христова, додека текстот на Дејан Сибиновски-Сибо. Вокалите се на Елена, а во песната учествуваат музичарите Дејан Теодосиевски (чело и пијано), Драган Стојковски (тамбура и бас), Гоце Наумов (тапани и перкусии), Јордан Костов (хармоника) Амон Мра (усна хармоника), Дејан Сибиновски-Сибо (деф). Видеото е снимено на скопски локации каде е застапена бруталистичката архитектура спојувајќи ја невообичаената костимографија во која ја гледаме Елена, со острите црти на овој правец, на еден уникатен начин. Песната ја води една оптимистичка порака: Невен не венее!, кога најчесто се соочуваме во тмурните есенски денови, размислувајќи за стареењето и нашата конечност. https://www.youtube.com/watch?v=XZaL-D0bG8M]]>