бајки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Sep 2021 12:45:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бајки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мицкоски убедлив победник на дебатата, Заев разочаран, нервозен и отсутен од реалноста: Мицкоски му предочи поразителни бројки, Заев раскажуваше „бајки“! https://arhiva.vistina.com.mk/mickoski-ubedliv-pobednik-na-debatata-zaev-razocharan-nervozen-i-otsuten-od-realnosta-mickovski-mu-predochi-porazitelni-brojki-zaev-raskazuvashe-bajki/ Tue, 21 Sep 2021 12:44:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220037

Се случи долгоочекуваниот дуел помеѓу лидерите на двете најголеми македонски партии, Христијан Мицкоски - ВМРО - ДПМНЕ од една и Зоран Заев - СДСМ од друга страна. Оценката е дека Мицкоски кој е убедлив победник на дебатата со Заев, покажа дека има разлика и не се сите исти. Од друга страна, оценката за премиерот и претседател на СДСМ е дека беше разочаран, нервозен и отсутен од реалноста. Секој кој ќе го изгледа дуелот од почеток до крај, ќе констатира дека премиерот Заев регираше многу бурно и нервозно на фактите кои Мицкоски ги истакна пред целата македонска јавност. Однесување на Заев придонесе уште поголема недоверба и несигурност кај македонските граѓани. Тој буквално дезориентирано ја започна дебатата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно неподготвен, во дебатата почна да зборува со стари флоскули и обвинување кон ВМРО-ДПМНЕ, како тој да е во опозиција и да нема допир со вистинската реалност во Македонија и со трагичните настани и скандали кои се случија. И анкетите и коментарите на социјалните мрежи покажуваат дека Мицкоски бил подобар во ТВ дуелот со Заев, а според многумина ова е јасен доказ дека граѓаните се подготвени за промената која доаѓа по 17 октомври. По дуел на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, граѓаните на социјалните мрежи велат дека апсолутен победник е Мицкоски, односно оти професорски му одржал лекција на сите теми на Заев кој бил изгубен во просторот и во времето. И двајцата лидери очекуваат да победат со своите коалиции на претстојните локални избори.
Според Мицкоски, народот е понижен, покраден и разочаран, затоа и не им верува во политичарите. Народот точно знае дека е понижен, покраден, омаловажен и народот е комплетно е разочаран од тоа што се случува и не верува во институциите кои ги предводи оваа влада, изјави Мицкоски и посочи дека токму поради погрешните политики на СДСМ и Заев, како и лагите како таа од авион кога се сликаа дека сме добиле датум, повеќе не веруваат во политичари и е во апатија, нешто што мора да се промени после 17 октомври падот на оваа власт бидејќи не се сите исти. Мицкоски рече дека после падот на оваа власт ќе мора да ги градиме институциите од почеток. -Има луѓе кои ја сакаат државата и сакаат да оди напред и луѓе кои работат само за своите лични интереси, а спротивно на интересите на граѓаните и државата. Извор: Курир.мк]]>

„ИНАКУ“ распишува конкурс за најдобри бајки и илустрации за деца https://arhiva.vistina.com.mk/inaku-raspishuva-konkurs-za-najdobri-bajki-i-ilustracii-za-deca/ Mon, 13 Sep 2021 12:36:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218950

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност (ИНАКУ) распишa конкурс за Меѓународниот фестивал на бајката, односно за бајки и илустрации наменети за деца од градинка и основно училиште. На конкурсот може да учествуваат домашни и странски автори со неограничен број на свои бајки. Обемот на бајките треба да биде од една до десет страници А-4 формат.
Сите бајки треба да бидат задолжително со машки или женски лик – девојче или момче, или со двата лика заедно. Главните ликови треба да бидат децата кои се во центарот на вниманието и се’ се врти и случува со и околу нив. Тие како ликови имаат позитивни и негативни особини, а приказните треба да бидат необични, современи, духовити, оригинални и поучни. Бајките треба да бидат прилагодени на детската возраст. Целта е да се искреираат два детски лика – девојче и момче, кои потоа ќе бидат и илустрирани и со нив ќе се објавува серијал со најразлични ситуации и приказни. Покрај текстовите може да се испраќаат и илустрации (цртежи во боја, слики и слично) на двата главни детски лика – девојчето и момчето“, објаснуваат од „ИНАКУ“.
Бајките, илустрациите и имињата на главните детски ликови треба да се испраќаат до 1 ноември на мејлот [email protected], со назнака „За Фестивалот БАЈКА 2021“. Авторите заедно со своите бајки и илустрации треба да испратат и своја кратка биографија и фотографија. Најдобрите бајки и илустрации ќе бидат објавени во повеќе сликовници со главниот машки и женски лик за што авторите ќе добијат награда – уметничка слика и признание за најдобра авторска бајка и илустрација.]]>