баги комуникации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 May 2023 10:40:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png баги комуникации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Изложба на македонски музички плакати во Галерија МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozhba-na-makedonski-muzichki-plakati-vo-galerija-mkts/ Fri, 26 May 2023 10:40:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303823

Во рамки на четвртото издание на „Скопски Градски Фестивал„ Баги Комуникации организира изложба на македонски музички плакати. Изложбата ќе биде отворена на 26 мај, во Галерија МКЦ, со почеток во 20 часот и граѓаните ќе можат да ја погледнат до 5 јуни. „На изложбата ќе бидат претставени 40 плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении и истата е своевиден пресек и документ на македонскиот музичкиот дизајн, велат организаторите. Инаку „Скопски Градски Фестивал„ за своите 4 години постоење сериозно го зазема своето место на мапата на културни настани кои вреди да бидат посетени. Фокусирајќи се на концерти од различни жанрови како џез, рок, етно, фјужн, фестивалот нуди богата и квалитетна програма за вистинските музички познавачи и љубители. Веќе за следната година, кога се најавува јубилејното 5 издание на Фестивалот од Баги Комуникации најавуваат збогатување на програмата и со други културни форми и содржини.

Влезот на изложбата на македонски музички плакати во МКЦ е бесплатен за сите посетители.„Скопски Градски Фестивал„ е поддржан од Министерство за култура и Комерцијална Банка.

]]>

Овој петок ќе се одржи првиот „Скопски градски фестивал“ https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-petok-kje-se-odrzi-prviot-skopski-gradski-festival/ Wed, 09 Sep 2020 12:30:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166368

Во организација на Баги Комуникации, овој петок (11 септември) со почеток во 19 часот, на Плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ) ќе се одржи првото издание на “Скопскиот Градски фестивал“ (Skopje City Festival). Програмата на фестивалот е концепирана по урнек на градските музички фестивали во Европа и светот. Тој е еднодневен фестивал, концепиран како градски музички фестивал каков што му е потребен на Скопје, со програма од различни музички жанрови и учество на македонски уметници. На првото издание на СГФ граѓаните на Скопје, но и сите кои ќе се одлучат да го посетат, ќе можат да ја погледаат музичката комедија “Телефонот“ во режија на австриската режисерка и кореограф Uschi Horner а ќе учествуваат двајца оперски пеачи и двајца музичари. Еден од најпознатите етно музички состави кај нас, “Баклава“ токму на првото издание ќе го прослават јубилејот – 15 години музичка кариера. Биба Додева пак ќе има концертна промоција на својот најнов музички проект, албумот “Незаборавни” Дека Фестивалот ќе понуди содржина за сите доказ е и настапот на македонски пијанист Бобан Мирковски, како солист кој ќе ги изведе композициите “Рапсодија во сино“ (George Gershwin) и “Атараксија“ (Љупчо Мирковски) а ќе настапи под диригентска палка на Љупчо Мирковски во придружба на Биг Бенд. „И покрај тоа што Фестивалот ќе се одржува на отворено, заради следење и почитување на протоколите за одржување на настани на отворено, пуштени се ограничен број на вленици по цена од 200 денари. Истите може да се купат онлајн и на сите продажни места на www.kupikartizase.com“ – најавува организаторот Баги Комуникации. Заради зачувување на здравјето на учесниците и посетителите, апелираме на почитување на мерките за заштита. Носете маска, држете дистанца и уживајте во првото издание на Скопскиот Летен Фестивал.  ]]>