бадникови поворки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Jan 2023 10:44:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бадникови поворки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Божиќен концерт на плоштад Македонија во Скопје: Ќе пеат Антониа, Ламбе, Димитар, Пере, „Златно славејче“… https://arhiva.vistina.com.mk/bozikjen-koncert-na-ploshtad-makedonija-vo-skopje-kje-peat-antonia-lambe-dimitar-pere-zlatno-slavejche/ Thu, 05 Jan 2023 10:40:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282910

На Бадник на плоштадот Маскедонија во Скопје ќе се одржи Божиќен концерт на кој ќе настапат познатите македонски изведувачи: Антониа Гиговска, Ламбе Алабакоски, Димитар Андоновски, Никола Перевски - Пере (Нокаут) како и детскиот хор на „Златно славејче“, кои ја отпејаа и третата верзија на „Вечниот Бог“. Во 11.30 часот ќе биде  формирана Бадниковата поворка која преку камениот мост ќе се упати кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Децата учесници во поворката ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото раѓање. Водители на настанот ќе бидат Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев. Во меѓувреме завршено е и снимањето на спотот за третата верзија на песната „Вечниот Бог“, кој го режираше Дејан Пројкоски, додека директор на фотографија е Горан Наумовски  и камера и продукција на Стојан Стојановски. Инаку, Бадникови поворки ќе се организираат и низ другите скопски општини и градови низ Македонија. Во текот на овој подготвителен период, се поставуваат и божикните пештери и подготвуваат малите божикни концерти што ќе се одржат на плоштадите во поголемите градови во Републиката, како и хуманитарните акции што најдоцна до 5-ти Јануари треба да снабдат што повеќе семејства со храна за празниците. ]]>

„Вечниот Бог“ со Антониа, Ламбе и Златно Славејче https://arhiva.vistina.com.mk/vechniot-bog-so-antonia-lambe-i-zlatno-slavejche/ Mon, 26 Dec 2022 10:07:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281544

Третата верзија на „Вечниот Бог" со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно Славејче - е снимена! Инструменти, вокали, хорче - мелодијата на најпопуларната божикна песна кај нас, со освежен аранжман, е комплетирана! За доживувањата во студио ќе Ви раскажеме деновиве низ видео, а сега вредно продолжуваме со работа во Охрид, каде што започнува снимањето на спотот. Каква божикна приказна скрои генијалниот ум на нашиот режисер Дејан Пројковски и неговите соработници, ќе видите за само неколку дена. 
 
Наближуваат Бадник и Божик, нашите обврски, но и радоста се множат! Низ цела наша држава, во 50 градови и населени места во тек се подготовките за Бадниковите поворки на радоста што на 6-ти Јануари ќе чекорат низ улиците на Скопје, Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебрца, Враништа, Ростуше, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево и Бардовци. Во тек се редовни проби, но и работилници за изработка на ѕвездички, за ниедно дете да не остане без божикна ѕвезда.
 
Да потсетиме! Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божикната пештера во која е претставен целиот настан на Божик.
Во текот на овој подготвителен период, се поставуваат и божикните пештери и подготвуваат малите божикни концерти што ќе се одржат на плоштадите во поголемите градови во Републиката, како и хуманитарните акции што најдоцна до 5-ти Јануари треба да снабдат што повеќе семејства со храна за празниците.
]]>

Бадниковата поворка ќе започне од црквата Св. Димитриј: “Бадник за сите – радост за сите” https://arhiva.vistina.com.mk/badnikovata-povorka-kje-zapochne-od-crkvata-sv-dimitrij-badnik-za-site-radost-za-site/ Fri, 03 Jan 2020 11:19:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127295

Под мотото „БАДНИК ЗА СИТЕ! – РАДОСТ ЗА СИТЕ!”, Здружението “Бадникови поворки” и оваа година, ги повикува граѓаните на 6-ти јануари – Бадник, да земат учество во манифестацијата настани, што се организираат во чест на Празникот на Христовото Раѓање – Божиќ. Според овогодинешната програма, најпрво од 10:30 до 11 часот, Здружението “Бадникови поворки” ги повикува сите семејства со деца, да дојдат пред црквата Св.Димитриј во Скопје за да подигнат бесплатни ѕвездички за децата и да учествуваат во формирањето на најголемата бадникова поворка предводена од Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм), Давид Темелков и Златните славејчиња. Според објавениот распоред на настани, во 11:15 часот, поворката предводена од македонските музички ѕвезди, ќе се упати кон Соборниот храм каде што оваа година, ќе се случи и најавеното обединување на Старите скопски бадникари со Бадниковите поворки. По тој повод, како што најавува Здружението, во дворот на храмот ќе биде изложено најголемото бадниково колаче високо дури 3 метри и тешко над 100 килограми, ќе бидат доделени признанија и подароци на бадникарите со најдолг стаж, а во рамките на божикниот концерт што го подготвуваат гореспоменатите музички ѕвезди, ќе биде промовирана и најново возобновената божикна песна “Христос се роди денес” во интерпретација на Вера Милошевска – Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”. Со пакетчиња за децата, благословени бадникови колачиња за возрасните и пригодна музичка програма, ќе го заокружиме овогодинешното чествување, и со најголема љубов ќе ве испратиме дома, за благословот да го понесете во своите домашни огништа – стои во поканата од Здружението. Освен во Скопје, традиционално и оваа година, во речиси исто време, Бадникови поворки на радоста ќе се одржуваат во уште 39 градови и населени места во Македонија. “Вечниот Бог” ќе се пее, и радост ќе се сее, низ улиците на Битола, Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Дебар, Велес, Штип, Крушево, Куманово, Струмица, Богданци, Виница, Ростуше, Луково, Велгошти, Кривогаштани, Гевгелија, Валандово, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Ресен, Могила, Демир Капија, Кавадарци, Пробиштип, Радовиш, Неготино, Кочани, Делчево, Македонска каменица, Дојран, Вратница, Брвеница, Старо село, Беловиште, Рогачево и Теарце, каде распеаните коледарчиња ќе бидат исто така дочекани и дарувани со најголема љубов, почит и пригодни пакетчиња.

Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ возобновија уште една божиќна песна – „Христос се роди денес“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubojna-i-tradiciskiot-oddel-pri-dmbuc-ilija-nikolovski-luj-vozobnovija-ushte-edna-bozikjna-pesna-hristos-se-rodi-denes-video/ Sat, 14 Dec 2019 14:34:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123974

Традиционално, и оваа година, како што наближува Божиќ, се интензивираат активностите на Здружението „Бадникови поворки“, чија што цел е, да го подготви нашиот народ за достоинствено празнување на Христовото Раѓање – Божиќ. Една од најважните активности на Здружението, која се практикува веќе 4-та година по ред, е возобновување на православните божиќни песни кои што некогаш се пееле на ова наше поднебје, а денес се згаснати и останале само во сеќавањето на повозрасните граѓани. „Христос се роди денес“ е насловот на овогодишната каланда односно божиќна песна која потекнува од некогашна Смирна. Станува збор за стара песна од нашата православна традиција, која нашите повозрасни граѓани ја пееле на ден Бадник во попладневните часови. Најпрво децата од рано наутро со песната „Вечниот Бог“ или „Дева денес“ оделе од куќа на куќа и го најавувале Христовото Раѓање, за попладне тоа да го направат возрасните, токму со оваа песна „Христос се роди денес“. Од втората половина на 20-тиот век, традицијата на пеење на оваа песна, згаснува, за оваа година, на иницијатива на отец Партениј од Бигорскиот манастир, одново да се врати и да го радува нашиот православен народ. Довербата да ја овековечат во студио, им припадна на група Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. – За мене, оваа е втора година по ред, како сум дел од Бадниковите поворки, и втора година како заедно со целиот мој православен народ, свечено и достоинствено, низ цела манифестација на настани, се подготвуваме да го празнуваме „Христовото Раѓање – Божиќ. Особено сум почестена што токму јас како бренд на Љубојна и една поголема група прекрасни луѓе од традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, го добивме благословот на отец Партениј од манастирот Св.Јован Бигорски, со чија што љубов и посебно чувство на естетика, се сплотивме и ја возобновивме оваа четврта каланда или коледарска песна која ќе остане за навек, а носи наслов „Христос се роди денес“ – вели Вера Милошевска – „Љубојна“. – Оваа песна е со византиски происход. Тоа може да се забележи од раскошниот и специфичен начин на изведба. Ние како наследници на богатата византиска традиција, треба да се гордееме што имаме вакво богатство во наследство, додава аранжерот Владимир Димовски. – Лично посакувам, како што децата со голема радост и свечен тон ја пеат „Вечниот Бог“, така возрасните повторно да почнат да ја пеат „Христос се роди денес“ – изјавува Тимко Чичаковски, како еден од учесниците во проектот. ]]>

Голема божиќна манифестација на 6 јануари https://arhiva.vistina.com.mk/golema-bozikjna-manifestacija-na-6-januari/ Mon, 31 Dec 2018 07:59:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65629

Божиќни песни, претстава, пакетчиња, колачиња и чајчиња ќе бидат дел од големата божиќна манифестација што ќе се одржи на 6 јануари (недела) во 11.00 часот на платото пред Св. Димитриј во Скопје, во организација на „Бадникови поворки“. На манифестацијата ќе настапат и пејачите Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, „Некст тајм“, Димитар Андоновски, Вера Љубојна и дечињата од „Златно славејче“, актерите Дејан Лилиќ и Снежана Конеска – Руси, како и филмското училиште „Тинтири-минтири“. За годинашната прослава на Христовото раѓање, гореспоменатите пејачи ја снимија песната „Небо и земја“ чија премиера се очекува деновиве.

Македонската естрада со „Небо и земја“ во „Бадниковите поворки“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-so-nebo-i-zemja-vo-badnikovite-povorki-foto/ Wed, 26 Dec 2018 08:53:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64961

Минатата година беше возобновена манифестација „Бадникови поворки“, која на 6 јануари се случуваше низ улиците на сите градови во Македонија како возобновена православна традиција која свечено, величествено и достоинствено го најавува Христовото раѓање. Дури по тој повод беше снимена и песната „Вечниот Бог“, која ја изведуваа македонските музички ѕвезди меѓу кои беа и Лозано и Димитар, како и Елена Ристевска, Викторија Лоба, Тамара, Даниел Кајмакоски, Некст Тајм, заедно со Златните славејчиња. Годинава манифестацијата продолжува да живее, а речиси истата екипа ја снимаше новата божиќна песна и видеоспотот за неа, кој премиерно треба да биде промовиран наскоро. „Небо и земја“ е насловот на божиќната песна што ја снимија македонските пејачи: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Стефан Филиповски (Некст тајм), Димитар Андоновски, Викторија Лоба и Вера Милошевска-Јосифовска од групата „Љубојна“.
 
View this post on Instagram
 
Со моите драги колеги снимавме преубава божиќна песна “Небо и земја” за која снимаме спот утре и задутре... Едвај чекам да ја чуете , а без Отец Партениј, Сестра Касијана и браќата и сестрите од @bigorskimanastir и манастирот во Рајчица немаше да се сплотиме сите за убава цел-да шириме љубов и позитивна енергија пред празниците... Трета година, трета песна... наскоро концерт, на Бадник 6ти јануари да запееме заедно за благословена идна година, пред црквата Свети Димитриј во Скопје. @stefan_filipovski @dimitarandon #veraljubojna @vlatkolozanoski @victorialoba @luboyna

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

„Со моите драги колеги снимавме преубава божиќна песна ’Небо и земја’, за која снимаме спот утре и задутре… Едвај чекам да ја чуете , а без Отец Партениј, Сестра Касијана и браќата и сестрите од Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица немаше да се сплотиме сите за убава цел – да шириме љубов и позитивна енергија пред празниците… Трета година, трета песна… наскоро концерт, на Бадник, 6 јануари да запееме заедно за благословена идна година, пред црквата Свети Димитриј во Скопје“, напишала Еленаа, споделувајќи фотографија на Инстаграм.
Ова е трета божиќна песна од нашата естрада и доаѓа по двете верзии на „Вечниот Бог“, која заедно со новата „Небо и земја“ како  и останатите бадникови песни, коледарските дружини во „бадниковите поворки“  ќе ги пејат и овој Бадник… Свечено и величествено, за радосно и достоинствено најавување на Христовото раѓање.

Божиќна покана: Сите се фатија да китат елка, само Лозано и Димитар Андоновски се фатија директно за бадниково гранче?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bozikjna-pokana-site-se-fatija-da-kitat-elka-samo-lozano-i-dimitar-andonovski-se-fatija-direktno-za-badnikovo-granche-foto/ Fri, 07 Dec 2018 08:44:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61835

Три недели пред Нова година е вообичаен период кога се китат новогодишните елки, се украсуваат домот, градот, дуќаните, фирмите... И речиси сите во овој период се фаќаат за лампионите, украсите и сијаличките, само тие двајца, македонските поп ѕвезди Влатко Лозановски и Димитар Андоновски се фатија директно за бадниковото гранче. Ја прескокаат ли тоа пејачите Нова година и директно Ве канат на Божиќ?
Она првото - никако, а она второто - секако! Нова година ја сакаат, почитуваат и слават обајцата. Па, Лозано впрочем и ја пее песната во новогодишната реклама на македонски, на најпродаваниот безалкохолен пијалак на светот, се сеќавате нели?
Но, за нив  Божиќ е нешто друго. нешто посебно, многу подлабоко, исконско, нешто свето... Минатаа година беше возобновена манифестација „Бадникови поворки“, која на 6 јануари се случуваше низ улиците на сите градови во Македонија како возобновена православна традиција која свечено, величествено и достоинствено го најавува Христовото раѓање. Дури по тој повод беше снимена и песната „Вечниот Бог“, која ја изведуваа македонските музички ѕвезди меѓу кои беа и Лозано и Димитар, како и Елена Ристевска, Викторија Лоба, Тамара, Даниел Кајмакоски, Некст Тајм, заедно со Златните славејчиња.
И би...  Бадниковите поворки на 6-ти јануари продефилираа низ улиците на сите градови во Македонија, а централната манифестација во се одржа во Скопје. На нив учество ќе земаа околу 7000 дечиња кои всушност ќе ја сочинуваа најголемата коледарска дружина во Македонија, но и во православниот свет воопшто. По обвинувањата за верско делување по училиштата,  Државниот просветен инспекторат изврши истражување и анализа и утврди дека такво нешто немало, а манифестацијата продолжува да живее.
Годинава, односно за Божиќ 2019 год. првата божиќна покана доаѓа токму од домот на Влатко Лозаноски. На социјалните мрежи осамнаа фотографии од него и неговиот колега Димитар Андоновски со реплика од божиќната пештера со чинот на Хрисовото раѓање и следниов постиран текст:
„На точно месец дена до најблескавиот период од годината, кога ќе славиме Бадник и Божик, Ви ја подготвивме ПРВАТА БОЖИКНА ПОКАНА. ? Зошто ПРВАТА БОЖИКНА ПОКАНА доаѓа од домот на Влатко Лозаноски, ќе дознаете утре во утринските програми на националните телевизии, а нешто подоцна во текот на денот и овде, на нашата фејсбук страница којашто од денеска, одново станува расадник на радосни вести, каков што е и впрочем празникот што не' обединува сите! ? P.S Засега, ќе го задоволиме Вашето љубопитство со неколку фотографии од снимањето“.
Очигледно „Вечниот бог“ и останатите бадникови песни, коледарските дружини во „бадниковите поворки“  ќе ги пејат и овој Бадник... Свечено и величествено, за радосно и достоинствено најавување на Христовото раѓање. Затоа и македонските музички ѕвезди Лозано и Димитар блескаат први... Со првата божиќна покана!  