бадник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Jan 2024 09:40:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бадник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник: Снеже Велков „на старост полуде“, ги измеша православните празници или побрза да ги слави Водици? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-plivashe-po-krstot-zashto-toa-ne-e-toj-praznik-ama-satisfaktsijata-e-pogolema-da-se-kapesh-na-badnik-snezhe-velkov-na-starost-polude-gi-izmesha-pravoslavnite-praznitsi-ili-pobrza-da-gi-slavi-vodits/ Fri, 19 Jan 2024 09:31:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334710

Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка Снеже Велков дефинитивно има ако не чудни, во најмала рака необични навики. Особено за поедини празници, кога навиката и преоѓа во ритуал, голем или мал - сеедно... Важно е да се остане посветен на замисленото и секако, да се реализира истото. Достојна на традицијата водителката остана и годинава. Летото оддамна заврши, новото е далеку, но не и за Снеже Велков. Празниците за и по Нова Година нудат низа неработни денови, што се згодна прилика да се замине некаде до дома, доколку се може. А кај Снеже очигледно се има и се може, па водителката за деновите на Рождеството Христово заврши на морето во јужното соседство. Прошетките крај брегот, благата морска клима и убавиот поглед на Егејското синило се доволни за сите да ги наполнат батериите, но не и за Снеже. Она што ја исполнува русокосата убавица е јануарска авантура во вид на зимско капење. Студената вода за сите смрзнувачка, за водителката предизвикувачка... Иако навидум слабичка и нејака, она што на сите други би им било тешка мака и ни за жива глава не би го направиле, таа го направи со невидена леснотија, па за миг русокоста и големата вода како едно се сплотија. Принципот едноставен, без многу филозофија: Одиш, влегуваш, се смрзнуваш, излегуваш... До душа, процедурата претходно малку покомплицирана, ама штом се сака - не е тешко. Го соблекуваш дресот, покажуваш мускули колку си „развиотка како мотка“, па правиш „Кип на слободата“ поза за селфи фотка, по што следи молитва за не дај Боже, па разгибување против грчеви и... Еден, два, три... Снеже  им се фрли во прегратки на морските бранови! Но, неееее... Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник! Снеже Велков со победнички кренати раце на излегување од ледената вода сподели бакнежи и ги остави сите во прашалници: Дали на старост полуде, случајно ги измеша православните празници или намерно побрза предвреме да ги слави Водици? Што и да е... “Нема голема филозофија, ама голема сатисфакција и насмевка и радост, а  најважно чуството на победа“ - што би рекла водителката! За многу години и Бадник и Божиќ отпосле и сега Водици! Или се' на се' - Среќни празници!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото: Инстаграм/velkovsneze]]>

Бадниковата паричка донесе радост во домовите, а еве кои беа среќниците од празничната трпеза на познатите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/badnikovata-parichka-donese-radost-vo-domovite-a-eve-koi-bea-sreknitsite-od-praznichnata-trpeza-na-poznatite-foto/ Mon, 08 Jan 2024 08:31:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334069

Православните христијани го прославија Бадник, радосен ден кога се собира семејството на трпеза, на која освен посни јадења центално место има бадниковото лепче со паричка. Делењето или кршењето на лепчето како чин е оној најзначајниот момет кога сите се во исчекување да видат дали паричката е кај нив, но и кај кого би била во дуриот случај. Македонските јавни личности преку социјалните мрежи упатија пораки за Божиќ и Бадник, па открија како изгледа нивната бадникова трпеза и кај кого се паднала паричката. Кај повеќето од оние што покажаа како изгладаше оваа света вечер кај нив, среќниците за 2024 година беа најмладите членови. Имаа среќа навистина или беа сценирани моменти за да немна лутење, знаат повозрасните, но неважно. Радоста секако беше најголема! Кај Суана Гавазова паричката беше во парчето кај помалата ќерка, а мама Сузе тоа го покажа на својот Инстаграм, а со тоа и паразничката трпеза. Најсреќна беше и ќеркичката на ракоментниот голман Борко Ристовски, која прва година од својот живот ја има паричката без да се лути бато Душан кој лани беше оној најсреќниот. И кај Даниел Кајмакоски иста состојба. Бебето Стефан се уште нема годинка, а веќе ја има бадниковата паричка за среќа. Кај Антониа Гиговска бебето Киан имаше не една туку две парички, веројатно по една од дома и една од кај баба и дедо. За овој Бадник, Киан имаше дупла среќа. Претстојната година ќе биде посреќна и за Андријана Јаневска која на своите „стори“ ја објави само паричката со кус коментар дека овој пат е кај неа. Среќничка беше и Ања Ветерова. Делот од скршеното лепче кое и припадна нејзе ја криеше паричката на која таа и се израдува. На паричка се израдува и Елена Најдоски која доби знак дека претстојната година треба да биде нејзина, за арно, за убаво! Според обичајот и верувањата, бадниковата паричка треба да се стави до икона и да се чува до следната година. фото: Instagram/Facebook printscreen]]>

Кога Снеже Велков готви за Бадник: Македонската водителка сама си измисли рецепт овој пат, а еве го и крајниот резултат (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-sneze-gotvi-makedonskata-voditelka-za-badnik-sama-si-izmisli-recept-a-eve-go-krajniot-rezultat-foto/ Sat, 06 Jan 2024 08:03:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127596

Новогодишните и Божиќните празници се најубавите бидејќи целото семејство се собира дома и во семејна атмосфера се радува на овие денови. Македонската водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков често знае да се најде во кујната и да направи разни специјалитети, а се тоа да го сподели на социјални мрежи со назнака: #КогаСнежеготви. Така и  за Бадник, денот пред големиот празник Божиќ, Снеже направи бадникова магија. Имено, таа направи специјална пита, а на социјалните мрежи се пофали дека сама си го измислила рецептот. „Кога сама си замислувам рецепти најдобро ми излегуваат. Бадникова магија ја нареков ова слатка вкуснотија. Најдоброто од се' е дека е комплетно безбеден и јас да го јадам (со оглед на моите алергии на се' и сешто). Му се радувам ептен. Рецептот ми е од око: „Брашно околу 300гр.(Може интегрално пченично или обично)+пециво *Сок од јаболко 100% околу 500мл. *мешано суво овошје исечкано(грозје, урми, смокви, кајсии и сл.) *едно јаболко исечкано *зачини: цимет и каранфилче Измешајте со дрвена лажица,ставете на хартија за печење во тепсија и готово!?? Не се додава ни грам шеќер ниту масло“ - напиша Снеже во опсиот на фотографијата од крајниот резултат. Но, ако мислевте дека тука завршува нејзината празнична авантура по сопствена рецептура, бидете убедени дека сте во заблуда, зашто Снеже се' уште не ја завршила својата готвачка процедура. Имено,  кога сме веќе кај јаболките,  како бонус на рецептот следи уште едно кулинарско изнендаување во вид на слатко дополнување од водителката, пардон - од готвачката. Овој пат ова е „нешто (многу) поконкретно“ и без импровизација, а и не бара кој знае каква кулинарска вештина и имагинација и се вика божиќна „Фитнес туфахија“. „Посна Лесна Без шеќер а блага Лична како оригиналот ама без грижа на совест Не дебелее Милина Замената за шеќер е стевиа речиси без калории Протеинот и е од @herbalife_macedonia_official Ако немате мелени лешници можете и со ореви Декорирајте со сецкани бадеми или ореви Одзгора за шмек посипете со агаве или мед и... Нека Ви е наздравје!“ - порача вредната водителка од домаќински ков, Снеже Велков!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Веруваме дека задоволна од готвењето и следниот пат ќе измисли некој нов рецепт со кој ќе се пофали на социјалните мрежи. А и вие, пробајте па кажете, ако одлучите уште денес истиот да го подготвите! фото: Принтскрин/velkovsneze]]>

Наташа Малинкова откри како се слави Божиќ во нејзиниот дом: „Секогаш се радувам на деновите кои за мене имаат посебна магија“ https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-malinkova-otkri-se-slavi-bozikj-vo-nejziniot-dom-sekogash-se-raduvam-na-denovite-koi-za-mene-imaat-posebna-magija/ Sat, 06 Jan 2024 07:51:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127903

Новогодишните и Божиќните празници се период кога целото семејство се собира во домот и уживаат во празничните денови. Некои уште почетокот на годината заминаа некаде на зимување, некои празниците ги дочекаа дома во кругот на најмилите и најблиските. Македонските јавни личности преку социјалните мрежи упатија искрени честитки со желба за мир, здравје и спокојство. Некои од нив го покажаа новогодишниот амбиент во домот, а за Бадник се пофалија со бадниковата трпеза која ја подготвиле. Македонската пејачка Наташа Малинкова за време за празниците влезе во кујна, се фати за работа и покажа каква е домаќинка. Имено, таа на социјалните мрежи се пофали како подготвува пита за Бадник кој традиционално се наоѓа на бадниковата трпеза. Малинкова разбирливо Божиќ го поминуваа дома во кругот на семејството, кое воедно и е нејзината најголема поддршка. Таа открива како се прославува Божиќ и Бадник во нејзиниот дом. „Отсекогаш периодот од Нова Година, па до Божиќ ми бил еден од омилените во годината. Секогаш се радувам на деновиве и за мене имаат некоја посебна магија. Како малечка палевме оган во дворот пред нашата куќа. Игравме, се радувавме и пеевме песни за Коледе. Сега овие денови имам прилика многу да патувам низ Македонија со настапите и да гледам како се слави Коледе и Божиќ низ градовите. Навистина е магично. Во мојот град, во Кавадарци многу се слави Коледе. Се палат големи огнови, се пее, се собираат многу луѓе“ - вели пејачката. Малинкова откри дека сама ја подготвува посната бадникова вечера. Пејачката откри како ги прославуваат празниците во нејзиниот дом. - Најчесто имам настапи за Бадник и Божиќ. Меѓутоа во текот на денот со семејството сме сите собрани дома и сите по нешто помагаат околу подготовките. Вечерта наздравуваме и откако ќе вечераме се собираме во дневната соба и си прераскажуваме како било претходната година. Најчесто малата Емилија има многу прашања па одговараме на нив“ - кажа во една прилика Малинкова. ФОТО: Инстаграм/natasamalinkova]]>

Ова се обичаите за Бадник и Божиќ https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-obichaite-za-badnik-i-bozhik/ Sat, 06 Jan 2024 07:31:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334006

Бадник се прославува ден пред Божиќ и претставува последен и најстрог ден на божиќниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Еве какви се обичаите на Бадник и Божиќ. Бадник Бадник името го добил по гранка од даб – Бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, малку од нив се одржале до денес. Денес обичаите се прилагодени на времето во кое живееме, па бадникот најчесто се купува на пазар навечер или на самото утро на Божиќ, се носи дома и се става покрај икона. Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир. Во некои краеви на Србија, за ручек се пие и чаша црно вино со семе од дрен, за среќа и радост во текот на цела година. Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со житарици и сушено овошје. Обичајот за сечењето на бадното лепче се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле гранки од бадник и ги однеле во пештерата да запалат оган и да го стоплат бебето Исус и неговата мајка. Вечерта на Бадник Вечерта на Бадник, домаќинот на куќата со синовите ги внесува бадникот, сламата и печеницата. Сламата се посипува низ цела куќа, а посебно таму каде што се служи вечера. Бадникот се поставува на огништето и се пали, потоа се пали и свеќа и домашните едни на други си го честитаат празникот, читаат молитва, а потоа се почнува со вечерата која е посна и се ужива во семејниот мир. Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога. Во градовите обичајот е изменет, па така не е необично да се видат многу луѓе собрани крај црквените порти како заеднички палат бадник, се веселат и пеат православни песни. Божиќ Божиќ е највесел православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и се слави три дена. Божиќното утро почнува така што во рана зора се слушаат ѕвона од сите православни цркви и храмови; се облекува свечена облека и се оди во црква на Божиќна литургија; луѓето се поздравуваат и отпоздравуваат со зборовите Христос се роди и Вајстина се роди. Меѓутоа, во градовите, состојбата е малку поинаква и многу граѓани литургијата ја гледаат на ТВ екраните. Обичај е првиот човек што ќе ни влезе дома на Божиќ да е положајник, пријател на куќата кој треба на домот и домашните да донесе здравје, среќа, благосостојба и мир. Симболично, положајникот ги претставува тројцата мудреци кои ја следеле ѕвездата од Исток и кој родениот Исус го дарувале со темјан, злато и мириси. По тој повод, постојат многу ритуали кои положајникот ги прави – ја отвора вратата од печката или шпоретот, го распалува огнот изговорувајќи ја бројаницата: – Колку искри толку среќа, колку искри толку пари… привикувајќи така благосостојба за домот во кој дошол. Потоа, домаќинката на куќата го дарува со соодветен подарок. Фото: Freepik]]>

Православните христијански верници во Македонија викендов ги слават Бадник и Рождеството Христово – Божиќ https://arhiva.vistina.com.mk/pravoslavnite-hristijanski-vernitsi-vo-makedonija-vikendov-gi-slavat-badnik-i-rozhdestvoto-hristovo-bozhik/ Fri, 05 Jan 2024 11:07:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333891

Православните христијански верници во земјава во сабота, 6-ти јануари  го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ (недела, 7-ми јануари). Одбележувањето на Бадник ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Кум на годинашното одбележување е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2024, а Здравичар е актерот Атанас Тановски, кој на платото пред Соборниот храм на 6 јануари ќе ја каже здравицата во пресрет на Божиќ. Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората и чајот, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божиќ е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата. Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ. Фото: МИА]]>

Доаѓаат Бадник и Божиќ– денови на благослов, благородност и најрадосен празник https://arhiva.vistina.com.mk/doagaat-badnik-i-bozhik-denovi-na-blagoslov-blagorodnost-i-najradosen-praznik/ Wed, 03 Jan 2024 13:30:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333524

Бадник се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Бадник се слави еден ден пред Божиќ и со коледарските огнови и со малите деца коледарчиња се најавува Рождеството Христово. Бадник претставува ноќ на мирот, радоста и на сплотеноста. Овој празник е поделен на два дела – периодот од полноќ до пладне на 6 јануари е Коледе, а од пладне до полноќ се слави Бадник. Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и божиќните пости. Божиќ е најрадосниот празник за Македонците. Првиот ден е секогаш 7 јануари и се празнува три дена. Луѓето се поздравуваат со: „Христос се роди!“, а се отпоздравуваат со: „Навистина се роди!“ Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божиќ, кој започнува да се слави со Бадник. Денот наспроти Божиќ се празнува со низа обичаи. Со традиционална бадникова посна трпеза, со желби за многу здравје, среќа и бериќет во претстојната година и годинава православните христијани ќе ги дочекаат божикните празници, претежно во кругот на најблиските. Бадникови гранчиња Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ, најголемиот христијански празник. Обичаите за Коледе-Бадник почнуваат во ноќта пред празникот, со палење големи коледарски огнови, кои горат до доцна во ноќта, со песна, оро, греана ракија и вино, како и неизбежната погача. Во раните утрински часови, најмладите коледари во духот на традицијата ги пеат своите бадникови песни и ќе ни го најават раѓањето на Исус Христос. Со традиционалните коледарски песни, малите дечиња од рано утрината по стариот добар обичај одат од врата до врата на христијанските домови, чин што според црковните верувања, го навестува скорешното Христово раѓање. Вредните дечиња за својот труд и испеана песна добиваат костени, бонбони, јаболка, портокали и симболично пари. Продуктите што ги добиваат коледарите треба да бидат посни, бидејќи сè уште трае божиќниот пост. Бадникова трпеза Во Македонија традиционално се собира семејството на вечера на Бадник. Се приготвува богата трпеза исклучително со посна храна, со што симболично треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Специфичната традиција за македонската прослава на Бадник е во секоја куќа да се меси кравајче, пита или погача, во кои се става паричка. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравајчето на онолку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел ја бараат паричката во лепчето и оној што ќе ја најде ќе се смета за најсреќен во годината што претстои. Бадник е верски празник кога, според традицијата, семејството се собира на посна, богата вечера. Се вади од сè по нешто како адет, но и за бериќет, годината да биде богата. Според верувањата и обичаите, на богатата бадникова посна трпеза ќе се најде и лепчето со паричка, а оној што ќе ја најде, се верува дека ќе има среќа и здравје во текот на годината. За вечера на Бадник се приготвува посна вечера од повеќе видови јадења. Меѓу јадењата, најпочесно место заземаат посниот грав, питата со зелка или со праз, посните сармички, рибите, урмите, сушените смокви, бадемите, нескршени ореви (постои верување дека ако оревот кога ќе го скршите не е црвлив, ќе имате бериќет во претстојната година), јужните овошја (мандарини, портокали), јаболката, костените и баклавата. На масата треба да стои и запалена свеќа украсена со бадниково гранче. Обичај е по вечерата, посната трпеза да не се раскрева, туку заедно со храната се остава така сè до утрото, затоа што постои верување дека дедо Боже ќе дојде преку ноќта да се нахрани. Со Божиќ е поврзана и поговорката „Пред Божиќ, зад Божиќ, дома да си“, што има посебно значење дека за време на овој голем празник секој треба да биде дома и во кругот на семејството да го прослави овој голем христијански празник. Извор: Курир]]>

Еве кај кого падна паричката на Бадниковта вечера кај македонските јавни личности (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kaj-kogo-padna-parichkata-na-badnikovta-vechera-kaj-makedonskite-javni-lichnosti-foto-2/ Sat, 07 Jan 2023 08:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283043

Според верувањата кај оној кај кого се паднала паричката ќе има среќна и бериќетна година. Многумина од македонските јавни личности на социјалните мрежи се пофалија кај кого се паднала паричката оваа година на Бадник. Кај Теа Трајковска се падна кај Теа, а таа се пофали на „Инстаграм“ и напиша: „Ми се падна паричката сеа уште да ми тргне во животот“. Македонскиот голман Борко Ристовски оваа година славеше Бадник со сопругата и синот, а паричката се падна кај синот Душан. Тамара Тодевска се пофали дека паричката оваа година се паднала кај неа. Водителката Лила Филиповска покажа како изгледала трпезата за Бадниковата вечер. Калиопи се пофали со Бадниковата трпеза. Во домот на  Сани Урдаревиќ , паричката се падна кај нејзиниот сопруг Никола Урдаревиќ. Викторија Лоба покажа како изгледала трпезата за овој голем празник. Водителката Елена Стефановска ја покажа Бадниковата трпеза од Маврово каде што престојувала. Во домот на пејачот Филип Пецовски паричката се падна кај Филип. Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ се пофали дека паричката се паднала кај синот Павел. Оваа година во домот на Сузана Гавазова паричката се падна кај нејзината ќеркичка Емелие. Вера Мештеровиќ на нејзиниот „Инстаграм“ се пофали дека оваа година паричката се паднала кај нејзиниот син Андреј. Среќни празници. фото: Инстаграм]]>

Вакво нешто не сте виделе: Лидија Вукиќевиќ се надмина за бадниковата трпеза (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vakvo-neshto-ne-ste-videle-lidija-vukikjevikj-se-nadmina-za-badnikovata-trpeza-foto/ Fri, 06 Jan 2023 08:15:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127789

Актерката Лидија Вукиќевиќ секоја година изненадува со изгледот на својот дом за новогодишните и божиќните празници. И овој пат Лидија својот стан на Бежанска коса до украси бајковито, почитувајќи ја традицијата и обичаите кои се поврзани за Бадник. Со фотографиите од прекрасно украсениот дом, актерката го честита празникот. -Среќен Бадник и Божиќ- порачува Лидија, додека на фотографијата покрај божиќната декорација, се гледа да подготвила бројни јадења и погача.]]>

Бадник: Ден на очекување на радосната вест за Христовото раѓање https://arhiva.vistina.com.mk/badnik-den-na-ochekuvanje-na-radosnata-vest-za-hristovoto-ragjanje/ Fri, 06 Jan 2023 07:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233995

Бадник е денот пред Божиќ. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање. Македонскиот народ со многу внимание го празнува Божиќ, денот на Христовото раѓање. Обичаите што се изведуваат на овој празник се остатоци од минатото, но поголемиот број од нив се исчезнати, а ние денес за нив дознаваме од записите на собирачите на македонски фолклорни и етнографски материјали како што се браќата Миладиновци, К. Шапкарев, Е. Спространов, В. Икономов, М. Цепенков и многу други. Особено од минатото се останати богати обичаи и верувања поврзани со Бадник или Коледе, денот што му претходи на Божиќ. Истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, со раѓањето на новото сонце што значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна Христијанската црква овој ден го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите свети Августин одговарал: „Ние го празнуваме не како неверниците поради сонцето, туку поради оној што го создал сонцето“. Иако обичаите што се изведуваат на Бадник и Божиќ во некои детали меѓусебно се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, сепак, во основа се изделуваат неколку заеднички елементи, како што се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, потоа коледарскиот оган заедно со дрвото Бадник, како и коледицата проследена со многу коледарски песни. Богатата трпеза со исклучително посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл. според верувањето, има цел врз принципот на имитативната магија да обезбеди богат род на земјоделските култури. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така, заедно со храната да остане целата ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божиќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. Во Кукушко се подготвувала вечера и за дедо Боже, трпезата се поставувала во дворот, а домаќинот го поканувал: „Поели дедо Боже да вечераме.“ На Бадник софрата се става врз слама за спомен на јаслите од Витлеемската пештера во која е роден Исус. Подоцна со оваа слама се врзуваат овошките со верување дека таа ќе ги штити од болести и штетници и дека ќе дадат богат род. На Бадник, во повеќе краишта на Македонија се меси кравајче, пита или погача во која се става сребрена пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои. Оној што ќе ја најдел парата ја ставал во грне или чаша со вино од која сите пиеле за здравје и среќа. Парата ја земал тој што ја нашол или му ја давал на домаќинот и за тоа добивал подароци. Во некои краишта овој обичај се изведува на Василица.]]>